Може најдобронамерно да ве прашам како можете да бидете во иста куќа, да делите кревет откако ќе дознаете дека ве преварил? Мене би ми се згадил воздухот да го делам со него. По мене неверство не е само криза во брак.
Леле @joy1 . Еднаш мислам дека пишуваше за мајка ти дека поминала преку тоа.Не знаев дека вие сте биле сведоци. Ти се висхитувам на ведриот дух и позитивноста,после се.
Еве и јас не сум мажена сеуште,може не сум компетентна да зборам,ама ај да си кажам мое мислење. Јас да се најдам во таква ситуација,не дај боже,не би го простила тоа,ма не едно и 5 деца да имам. Си имам достоинство и се почитувам доволно самата себеси и не би останала во таков брак. Познавајќи каков карактер сум,и во врска не би простила,а не па брак За мене исто нема со една ме изневерил,па ќе му простам,пу пу не се важи само една била,а ако ме изневерил со 5 нема да му простам. Кога се повеќе е потрагично,ама неверство си е неверство без разлика дали е со една или повеќе. Кој изневерил со една/еден ќе дојде и до 5.Или може знаете некој што престанал на бројката 1? Па и да престанал ја не би можела така да продолжам,после цел живот ќе мислам како тој бил со некоја,ја допирал и неа и којзнае што друго,додека бил и со мене . И мене ми се гади од такви,ако веќе ти е во план да бидеш со друга/друг иди,ама кажи си пред време ете тоа е фер,а не ова што го направил дотичниот "фраер" Ние можеме да си кажеме само мислење,а ЈАС е таа што ќе си одлучи сама,нека размисли убаво,за да не се кае после. Него темава замина во правец дали би простиле неверство,а не криза во брак
И јас сум дете од нездрав брак. Мајка диктатор, татко пијаница. Едвај чекав да си заминам. Мислев со мм ќе имам ако ништо друго мирен живот. Хахаахахахахахах, остана на си мислев. Мојов барем не шета, не оди нигде без мене. Ни кај другар. На нет не седи, фб има, а не го користи. За неверство сум 99% сигурна дека не би ми приредил. Поминавме многу работи заедно, и добро и лошо. Уште поминуваме. Незнам колку пати овде само имам кукано, плачено, колку пати имам барано совет. Работите не се одлични, но барем солидни се. Некако се прилагодуваме. Повеќе јас на неговите потреби, отколку тој на моите, но што е тоа е. Не сакам децата мои да гледаат и слушаат се што јас сум видела и чула. Ни да растат без еден родител. А разводот е најдобро решение, кога несогласувањата од било која причина не може да се решат. @joy1 како остана нормална жити се???? Јас откако се омажив, се иструв со апчиња, едвај психата ја излечив. Уште имам трауми дека караниците со мм ќе завршат како караниците на моите.
Прочитај повеќе. Со стресот (зборам за некој поголем) доаѓа до пореметување на хормоните, кои доколку не функсионираат како што треба може да се создадат туморни клетки. Стресот, односно начинот на живот се водечки фактори за рак. (примеров погоре ми е потврден од странски доктори)
Јас сум дете на разведени родители, кои се тепаа, пцуеа и караа, па и пред други. Живеевме во постојан страв. Се разведоа кога јас имав 7,а брат ми 4 години. На почетокот плачев понекогаш, но потоа се навикнав. ПОЕНТАТА ми е дека најголема грешка е дека не се разведувате ради децата, и затоа што биле мали! Колку се помали децата, т.е. не се пубертетлии, толку полесно ќе пројдат. И разводот ќе ги боли, но нема да го доживуваат сиот психички стрес и негативна енергија. И кога ќе пораснат, сами ќе разберат некои работи.
Темава од "криза во брак" дефенитивно премина во "превара" .. ама од превара да премине во "тешки болести" и "како се создава ракот" ?! Мислам дајте доста е навистина!
Кризата во бракот не е стрес? Кој води до болештии !? Девојката си пиша за последиците од живеење во кризен брак. И некој се направи паметен да и рече дека од стрес (ете поради криза во брак, проблеми, ете и превара) не може од тоа да се оболиш. У реду е популарен член нема потреба да се нервираш за форумска тема побогу, и ако си модератор или кој и да е друг нека ги избрише офф топик мислењата.
Стресот и те како може да биде фактор број еден за создавање поволни услови за многу болести меѓу кои и ракот. Ако некој се теше што голта и замижува пред измами, дека стресот не е предизвикувач на невролошки и општи симптоми се лаже. Секоја акутна или хронична болест има невролошка основа на континуирани стресови, нервози и фрустрации. Живот кој е исполнет со константни препукувања, тензии и викања, во име да се зачува брак на папиру за мене е промашен живот. Кога нема мир во домот и сигурност покрај партнерот, ветер во магла таков хорор од брак. Се останато паѓа во вода!
Темава уште малку ќе ја направите Дијагностицирање на болести за време на развод и после развод или во некој таков стил. А ако нема некоја болест закачено ќе препрашаме стотина пати А како ти остана нормална и неразболена ајде биди ненормална и болна. Уф бре
Ликов го нема да се јави денес, а? Koлку што па ја имам "читано" рак се добива од чувство на вечна жртва, освен генетски фактори, надворешни фактори и така натака. А рак на бели дробови па баш се добива од потиснати емоции према партнер, страв да се сака со ПОЛНИ ГРАДИ повторно, за да не стане повторно жртва, но себе си си се доживува како жртва на партнерот. Затоа или остануваш и надминуваш, градиш се одново, буквално надминуваш и го пушташ во минатото или си заминуваш колку и да боли, ама и да не останела, ако не можела да го надмине тоа, и раздвоени, истото ќе се десело. Баш ми е жал за оваа животна приказна... не знам што да кажам, ама ете го примерот... Наравоучение - од его ќе направиш се, и ќе заминеш ако треба, и ќе го убиеш, и ќе го вреѓаш, ама ако не ја пуштиш емоцијата, џабе е. За себе единствено, не за тој што го направил нештото. (да се разбереме, сите имаме его, тоа е здрав дел од нашата личност, но има луѓе со големо его и луѓе со мало его, тука е проблемот. Егото не чува од штетници. Големото его ќе рече, кретен, си одам, бла бла бла, чува емоција, малото его ќе рече, останувам, и пак чува емоција, а здравото его што и да одлучи, ќе ја пушти емоцијата и ќе ја надмине ситуацијата и ќе продолжи да живее здраво)
Ја читам темава и гледам дека некои многу паметни делат совети разведи се. За секој проблем има решение а раводот е најлесното. Ама за кого? Ако веќе си вложил во нешто толку години од својот живот, енергија, љубов, одрекувања и слично нема толку лесно да се откажеш од сето тоа. Плус кој помисли на децата? Ќе им кажат дека дека се разделуваат зошто не се согласуваат? А утре таткото ќе се појави со новата жена и децата нема да сфатат? Не се многу мали. Човекот направил грешка и треба да ја исправи како знае и умее. А прочитав дека и она требало да го изневери за да му врати?! Не правам таков грев јас. Штом си се заколнал на љубов пред Бог на тој човек тоа значи дека си го направил тоа од што искрено си го сакал. Не дозволувај да станеш како него ГРЕШНИК.
А како ке исправиш неверство жити мајка! Како ќе го избришеш чувството на пониженост на валканост на предавство кон мајката на твоите деца . ( во овој случај). Можеби нив бракот им бил веќе во криза кога он почнал да си спие одделно. Мене тоа ми е прв сигнал. Понатака е веќе решено. По мене типов си имал со таа додека спиел одвоено од жената па му текнало што направил, се вратил во кревет кај неа се докажувал барал повеќе од обично за да се испере да се оправда. Ама џабе. Женската интуиција е нешто страшно.
Ако човекот се покае и побара прошка и сака да си го зачува бракот ќе направи се што може. Човекот е грешник и тоа неможе да се заборави или исправи. Не ни требалоо да го направи тоа што го направил. Нема оправдување, тоа е грев. Најголем грев е тоа што ако се дознае децата најмногу ќе страдаат и ќе остави трајни последици врз нив.
Брак кој останува да постои заради децата не е брак туку измачување. Колку и да бара прошка да моли да плаче, освен лоботомија на мозокот на женаѕа ништо не може да го избрише од паметот она што го направил. Тука имаш нездрава срсдина во која замисли пак страдаат децата. Додека некој не пукне!!
@eleni27 а што можев како 6 годишно дете да направам тогаш или да сменам?Да побегнам од дома?Да се самоубијам? Таа ситуација направи да немам доверба во машкиот род,да ја изгубам својата самодоверба,да се повлечам во себе си.Го мразев и го сакав во исто време.Дека нели татко е.И како 6 годишно дете неможеш да расудуваш поради која причина лежи друга жена до татко ти. Мајка ми беше цврста како карпа.И како таква и умре.Никогаш не ни рече:Мразите го татко ви.Никогаш не не вртеше против него.Можеби и јас затоа омекнав пак. Од друга страна на сестра ми остави тоа страшни последици за кои јавно нема да пишувам. имале и потоа доста кризи,кавги кои ете останаа цел живот зад затворени врати.Зошто остана со него,како издржа незнам.Дали поради нас две?Веројатно Залудно е сега се.Он си продолжува со животот ,а нејзе веќе ја нема
me interesira shto mislish ako vo prashanje e situacija kade shto lichnosta ne bara proshka tuku koristi nekoj vid opravdanie za deloto shto go storil. chisto onaka...