Не реков дека тоа може и треба да се заборави само ако и на двајцата им значи тоа што го имале треба ДА СЕ ПОТРУДАТ да го надминат заедно. На тој ако му е до бракот и до децата не требало воопшто да иде кај други ама веќе ако тоа го направил се покајал нека покаже. Во тој момент кога жената дознала сигурно сакала и да го удри и да му се развика и да се расплаче ама знае дека децата ќе настрдаат најмногу. А вистинска мајка ќе направи се за доброто на своите деца. Таа што се обидела да растури семејство е исто виновна како и сопругот на жената. И таа некого изневерила. Самото неверство не носи добро на некој, туку само лошо.
Нема оправдување за неверство, прељуба. Тоа е ГРЕВ, како што кажав претходно. Ама жената никде не спомна дека имале несреќен брак па сега сопругот ја изневерува. Баш напротив добив впечаток дека имале складен брак со љубов и две дечиња и одеднаш последните неколку месеци сопругот направил тоа што направил. Ако и двајцата сакаат да го зачуваат бракот и семејството ќе се потрудат да го надминат проблемот. Ако не сакаат џабе е се. Само ми е жал за дечињата.
А како да покаже?? А тоа што пак ќе го направи? Што пак ќе изневери? Ако толку му стало до бракот кога била кризата наместо да си се теши со таа требало да седне и да разговара со жена му. А не да оди на сеанси за тешење не со една туку со повеќе. Ајде бе нема тука ни покајување ни простување. После неверство брак неможе да опстои. Само вештачка фарса на семејство.
^Среќа Никот ти е добар вака симулативно, но теоријата дека жената треба по секоја цена да голта кнедли секој пат кога ќе го погледне тоа ѓубре од маж, воопшто не ти ја оправдувам. Имено која теорија ја раскажуваш во ваков баш дисфункционален брак? Дисфункционален велам, зашто да бил функционален немало да се случи тоа што се случило. Друго, која жртва една преварена жена и во исто време измамена треба да ја даде за еден бездушник, кому искушението, да го наречам такво му дошло како добро дошло?! Кој брак, кој мрак, која жртва и алтер его, со таков дебил од маж? И шо треба сега според тебе да направи жена му? Да му се извини ако не таа на него и да бара таа прошка од него, бидејќи сака да го растури својот 'стабилен' брак во кој притоа единствени жртви се децата? А како таа ќе легне до него, притоа да води љубов со него, кога во истиот момент на првиот допир нејзе ќе и се враќа филмот во боја на измамена и ниска жена! Ма дај ти се молам, ниту еден маж без разлика не заслужува да му се положува толкава жртва во име на нешто што веќе не постои и е срушено во истиот момент кога алфа мажјакот решил да потклекне на таков евтин предизвик и притоа се она што се вложувало кроз минатите години да го турне во вода! Мене не ми е јасно како би се фиксирале за некој, кому не му е стало што и колку се градело во минатото, во текот на 'среќните брачни моменти', кога истиот тој сето тоа го шутнал на страна. Децата нема потреба да се мешаат во ваков дисфункционален однос и по ниту еден основ не треба да се причина број еден за останување и притоа подржување на истиот!
Со мм многу често правиме муабет за хипотетички ситуации вклучувајќи и неверства. И дебатираме до немај каде. Мм вика и да те изневерам ако ми простиш тоа значи никогаш повеќе да не го спомнеш. И ова навистина ме замисли. Си викам ајде да речеме поради икс причини ќе простам, ама како изгубената доверба ќе се врати. Може навистина повеќе никогаш нема да го направи тоа, ама познавајќи се знам дека сама ќе се јадам и ќе се сомневам во секое негово излегување, зборување на телефон, итн. И што ќе ми е таков живот? Значи лесно е да зборуваме од страна, недај боже да не снајде незнам како баш би реагирале? Последно што слушнав дека женет човек со дете, не ја изневерува жена му, (читај не се е*е), ама многу му одел муабетот со две - три жени, па додека жена му седи дома тој оди на "муабет". И може навистина е само муабет, ама мене и ова ми е неверство. Штом мм дома не е среќен, исполнет и не сака со мене да прави муабет, пиши пропало. И знам монотонија убива, деца, работа, проблеми, ама затоа совеста треба да биде присутна. За мене довербата, разбирањето и компромисот се основа за добар брак. А дека на никој не му е идеално е повеќе од јасно, ама се да е во граници.
Пола од вас што не би простиле неверство, може мажите веќе ве изневеруваат. хаххааа Речете Бог да чува, да не ве снајде
Абе,ајде што сега треба да ги подржуваме мажите што вараат?Глупости,ем згазена,ем уште да се простува неверство,или па да се оправдува,абе ова на сон ти пројде,сигурно да,инаку во спротивно,не би знаела што да кажам освен да некој друг ти става зборови во уста.
Луѓе имам една многу блиска личност која мноогу ми се доверува ..Во брак се 11 години и имаат мало детенце..Таа нормално како и секоја жена (домаќинка) готви,пазари,чисти и сл..И кога ќе сака да излезе неможе..Од него..одма прашања : Каде,со кого..у реду разбирам чисто прашање..Но тој е катастрофаа...На детето ако ме верувате му нема сокче купено како татко,а да го прошета НИКАКО..ама апсолутно,не се замараа за него..Си излева со ергени другари пие по кафани..а кутрата дома КУВАРИЦА..незнам како да помогнам (како сестра ми е )
И сакаш да кажеш дека би можела да поминеш преку тоа и да глумиш среќна жена и сопруга? Неверство не е криза во брак. Неверство е крај на брак. Отишло се по ѓаволите. Кога едниот партнер побарал утеха кај друга личност блискоста ја снемало, љубовта ја снемало. Се понатаму и каење и се е само пусти страв да не се остане сам, да не се оди со развод ради икс причини. После тоа нема љубов, нема доверба. Како вазна која е залепена кога ќе се скрши и се држи се додека трае лепакот.. а потоа пука на парчиња. Додека се децата дома и така и така.Ама децеата ќе си пораснат, ќе си фатат свој пат и остануваш сам со таа личност. И сваќаш дека не ја поднесуваш, потиснатата омраза , гнев, бес излегуваат на виделина.
Kaj procita ziti se deka ke pominam preku toa.i na kraj kraeva zborime na pretpostavka,sto bi bilo kad bi bilo,dur ne se izgorime od oginot ne znaeme sto i kako bi napravile.zatoa da ne se junacime premnogu.i prethodniot pat pisav deka duri i da ostanam od x pricini,nisto ne bi bilo isto,i ne bi mozela da zaboravam i da veruvam odnovo.ti nesto loso me razbra..
Неколку пати кажав и пак ќе повторам дека прељубата е ГРЕВ а човекот што прави е ГРЕШНИК. Во секој случај треба да се знаат двете страни за да се донесе заклучок. Знам случаи каде што мажот не изневерува ама ја малтретира жената максимално како слугинка да му е па и трпат насилство. Тоа е ѓубре од маж. Маж што не ги цени ни жената ни децата ни домот не треба ни да ги има. Во овој случај жената нигде не кажа дека тој лошо се однесувал со неа. Од кај знаеме што како им било дома. Се спомна некоја колешка а што ако таа го уценувала и слично. Не знаеме многу работи за да донесеме правичен суд. По кажаното човекот избегал од праввиот пат ама тоа не значи дека ако сака да се смени ќе се смени. За некои има надеж ама за некои не. А што ако било обратно жената да го изневерила мажот со неколку други дали и тогаш поолемиот број ќе беаа ајде одма разведи се?! Не сум на ничија страна зоштоо не ги познавам лично и не им ја знам целата ситуација, најубаво си знаат самите тие.
Moze zatoa shto zaslepeno gledala na brakot !!!Moze I da imala pregolema doverba vo soprugot..shto znaesh!!!Ne sekogash rabotite Se gledaat od realna perspektiva taka??
^^ Жити се Според тебе разводот го прифаќаш онаму каде постои насилство и малтретирање, а во ваков дискутабилен случај споменуваш оддавање на жртви за нешто што завршило истиот момент кога мажот решил магла да фати со првата што му се нашла на патот?! Маж присилен на неверство и притоа уценуван, дај молим те не биди смешна, зашто тажно е да се чита. Која жртва, кој ѓавол треба да се поднесе, кога ете другиот сето тоа што го имал го ризикувал и го ставил на коцка?! Нема ни оправдување, ниту потреба да се биде нечија жртва, кому очигледно не му било гајле ни за жена, ниту за деца!
Кој рече дека таа го уценувала да легне со неа? И ова што го пиша нема никаква смисла. Има случај на моја пријателка која имаше проблем со колега од работа, кај што тој цело време и досаѓаше и вртеше на телефон во ниедно време и праќаше секакви пораки за на крај да стигне и да и направи профил на фб и со нејзини слики и слично, и доаѓаше пред зграда со кола по неколку саати и дремеше надвор. Буквално животот и се смени. Притоа дечкото на пријателкава што се заедно многу години не се пресмета лично со него туку стигнаа и до полиција и судови. Уште еднаш ќе повторам не го оправдувам неверството, не гледам ништо добро во тоа.
А кој е тука уценуван? Или така ти би се тешела, под силум прилике се случило тоа што се случило? Мажот ни најмалку не е крив, виновна е жена му што сака да го распадне совршениот брак со уште посовршениот маж! Свашта?!