Џои никој не е сигурен. Тие се две различни работи. Мислам нема потреба да одиме на карта,јас сум простила ама ете пак тие и тие што тврдат дека не биле, неможат да бидат сигурни дека не се. Те цитирав тебе дека последна ова го праша а истото повекемина го спомнаа.
1 000 000 посто сигурна, се се дознава ало треба да немаш ниту еден неврон во главата,па да мислиш дека не те вара,во спротивно се е јасно,а инаку тоа најчесто го зборат јадни жени па како демек не бе супер ми е дечко ми /маж ми, а нешто длабоко во потвеста ја копа дека не е така,ама полесно и е да замижи очи и да заборави,само до кога?
Па затоа и прашав дека многумина тврдат дека ако се изневерени сигурно би дознале. Јас прашувам како 'си' сигурна дека досега не си била изневерена? Никој неможе да биде сигурен во ништо.Затоа нема потреба некоја да се оценува овде како глупа,слаба кога токму во мегувреме може и твојот маж 'тебе' да те изневерува
Личноста си напиша што имаше и исчезна никаде ја нема .Сега вие едни меѓу други ќе се испокарате кој простил па зошто,кој не простува,па зошто не простува
Може Прво,можеби одма неможеш да дознаеш ама со време се си се дознава,како можеш да бидеш сигурен,па чудно понашање,ладност,отуѓеност,индиферентност,сл.Ако си имун на овие работи алал ти вера.Второ не сум била во брак,и можеби неко работи не ми се познати,ама сите тука коментари на оваа тема ми се боље спречи него лечи,така да не морам се да осетам на моја кожа за да делам совети,од она што гледам окулу мене можам да донесам генерализиран суд.И трето,ајде да речеме не се знаело дека бил/била изневерен/изневерена/потоа кога се дознало,многу преминуваат преку тоа ,опростуваат што е кај нив работата?
Веројатно секој има своја причина поради која опростува.Причина која за околината е неразбрана и несватлива. И дефинитивно не е исто да раскинеш брак и врска.Врска од 2-3 год не се споредува со брак од 20-30 години.
Не е исто врска од 10 и брак од 10 години,која е разликата само еден потпис,и дека сме се"заколнале'' на вечна љубов?Дали е врска или брак сеедно е ,и сега незнам кој претходно имаше пишано како скршена вазна неможеш да ја лепиш пошо нема да биде истата,така да и 50 години нека е брак,кога ''пукнал'' тој момент дали од едната или другата страна треба да се стави крај.Причина за опростување?СЛАБИЧ.
Мислам дека зависи и од тоа дали е брак или врска, колку време трае бракот, деца и тн., а зависи и од човекот. Мислам дека било да е жена или маж не верувам дека нема да забележи дека нешто не е во ред, во врска барем е така. Еднаш имам пробувано сама себе да се убедам да поминам преку нешто ама не можев. Брак да е, тешко мене ама тешко и на тој, може ете за децата, и да преќутам ама ќе биде брак секој на своја страна, нема шанси да не си го истерам и јас ќефот со некого. Па како би му било на тој негов проблем.
Е како е исто? Во врска ке те изневери и раскинуваш.Освен спомени не оставаш ништо назад.Немаш деца за кои треба да решавате,немате имот кој треба да го делите,немате заеднички бизнис...ова се само прости примери.Детали има мал милион со кои ги разграничуваме врската од бракот. Не оправдувам ни во првиот ни во вториот случај.Само ти посочувам дека во брак не е плукни залепи.Денес дознавам и готово утре се враќам кај мама и тато ко да ништо не оставам зад мене.Мало сутра.
Сите во темата познаваат некој кој простил неверство, ама тие лично никогаш не би простиле. Што убаво си се собравме на форумот сите домаќинки, самостојни, никој не изневерува, никој не простува неверство, никој не абортира, никој не дава смока на дете, никој не живее со свекрва, секој што има проблем е трол... сите СОВРШЕНИ . Уште и реалноста да беше таква, убавини. А во реалноста повеќе се разведуваат поради свекрвата, психичко и физичко насилство, алкохол, коцка, неработник маж, мамин син... Милион примери околу мене има од изневерени и мажи и жени, па никој уште не е разведен поради тоа . Знам, сите околу мене се без достоинство. Јас не сум изневерила и 100% сум сигурна дека не сум изневерена, па не осудувам друг. И плукнете си во пазуви и кажете не дај Боже оти ако ви дојде такво нешто на врата, сигурна сум дека 1000 оправдувања ќе си најдете да не се разведете и нема баш да сте така ладнокрвни како сега што се чукате во гради. Плус многу е различно врска од брак, посебно брак со деца . И без разлика дали е трол или не, такви примери има насекаде, па мој совет за @Jas! е убаво да размисли пред да реши било што, дали ќе му прости или ќе го остави.
Реално гледано во брак влегуваме за да одгледаме деца и да зградме заеднички живот, а деца не се гледаат добро со пеглање на страна, ниту живот како што треба, стабилен, хармоничен, една поткрепа и прибежиште од секојдневните борби. Ни мажите ни жените ќе прифатат полигамија, ни сега ни во иднина. А искушенија во светот многу има така што чувајте си ги жени мажите и мажите вас, зш во суштина секоја жена е иста и секој маж е ист, сите имаат исти желби и потреби.
Мислам не ме разбра на што целев,тргни ги на страна деца,имот,бизнис,сл.Збориме за љубов или брак од интерест е тоа е веќе друго не би ширела тема.Зборот ми е не треба да се мисли леле во брак сум и сега ај па заради децата,па што нека си видат каков родител имаат не кога се мали ,ама кога ќе пораснат,треба да си знаат.Имот,заеднички бизнис,,,веќе тука мислам да станува збор за др.тема.Да останам со него затоа што сум стекнала тоа и тоа,со него,и треба да се подели,па затоа ќе го трпам.Безмислено ми е ама секој со свое,жално е што се мешаат љубов,имот деца,тоа ми изгледа како некој уцена.