да се надоврзам само Ако некој прости нека прости , ако некој не сака нека не простува . Секој нека си одлучи како сака . Познавам и што простиле и што не простиле и никој не умрел од тоа! Само ми оди по живци мешањево од типот: - Јас да сум одма развод му барам ( а она можи рогови до внебо и набил ) и од типот: - Не се разведувајте ради децата! Кој како сака нека си одлучи понатаму , само без глумење Деви Марији!
Па затоа што кога коментирав во темата Снаиите и Свекрвите , ти и една група ми се нафрливте дека зш не сум била мажена и не сум осетила на своја кожа , не сум требала да давам било какви коментари на таа тема! Зошто даваш ти коментари овде кога не си осетила на своја кожа и не си била во таква ситуација ?
a ti si osetila na svoja koza pa komentiras ovde?sekoj e ovde da si kaze mislenje.svoj stav.a ne dali osetil ili ne osetil na svoja koza.
Не случајно прашав зошто,очекував дека ова ќе напишеш. Едно е да напишеш свое мислење,што мислиш како ти би реагирала а друго е да пробиваш некого да убедиш. Плус ова што пиша не е вистина. Не еднашка се десило кога е некој издемантиран или е побарано од него да не осудува,да не пробува да убедува со сила,да протолкува баш дека му е укажано да не коментира.
Е како објасни? И јас сакав да дадам мислење мое како би реагирала , јас никогаш никого не убедував! На пр Ти и таа група од мажени снајки ми цитиравте дека не сум осетила на своја кожа , и дека не можам да коментирам бидејки не сум се снашла во таква ситуација . Ова беа зборовите! Зошто ти даваш совети кога не си ги осетила проблемите на своја кожа? Или снајките се секогаш во право во таа тема ?
Да,секој ќе си одлучи за себе,за свој живот си е,само мене овие коментари ми се пошо другарки,колешки,познанички и слично цело време го тераат муабетот како леле овој мојов изгледа друга има и се уверени,и пак леле бе ќе го напуштам и нема и после пак истата приказана,само зборат,замараат,абе работава е или разведи се и не мрчи или ќути и трпи!
а ти си осетила штом коментираш??? Како прво не знаеш зошто ја прашувам ,и не се мешај ,никој не те ни праша нешто!!! Ете си заработи и лајкчиња хахахааа
Ti ako pisuvas za da dobivas lajkcinja e navistina zalno.Na svoja koza ne sum osetila,no zatoa imam mnogu primeri od okolinata,rodnini,prijateli.Ne treba da osetam na svoja koza za da imam moe mislenje.
Исто и јас! Али некои мислат дека САМО ако имаш осетено на своја кожа можеш да коментираш! Тоа ми беше поентата ,али ти се умеша како страчка во џам у муабетот ,без да знаеш за што се работи ! Патем те гледам дека си член од 2012 година и уште не си научила/наместила кирилица да пишуваш?!
Ја нема членкава да каже што се случило. Според мене имало плачки од двете страни, па оправдувања, па лигавења, па ветувања итн. Членкава и така не беше спремна да дознае за неверството, а најмалку пак за напуштање на говедарот. Интересно ми беше коа прочитав дека сака и да го истепа и да го гушне. Душа мила напатена. Ке си и врви животот во лаги и измами, се додека тој не си ги собере парталите и замине кај друга, а бидејки е јак маж, прво ке се осигура дека другата ке го прифати, па ке одите кај неа, па ке и признае на сегашнава жена. Исто интересно ми беше и делот кај што покрај разведената, брцал и неколку други ко неизживеан тинејџер, што јас и мн не верувам, ама нејсе. Друго интересно ми е што и рекол “ јас да сум на твое место ке се разведам“ и феминкава наша паднала во несвест од искреноста, добродушноста и ферската негова игра, ама се тоа во наводници, а уствари типов сака да и каже инридектно да се разведат, дека возот веке заминал и туку што не пристигнал на новата станица, ама не е сигурен за релацијата и брзината со која патува. И така. Нашава феминка нека простува уште некое време, нека се грижи за децата и нека мисли дека тој ке се смени, се додека реалноста не ја трене во лице и додека не си и заминат годинките во сомнежи, јадови и празни ветувања. И така додека ја плеска нашава феминка тој ке мисли на позите од разведенава и нејзините тукушто откриени вештини, на нејзините тангици и стенкања. Зар не е животов интересен. Една кратка приказна од мој колега Постар е од мене 6 год. Кога јас бев прва год на фаџ, тој беше 5та. На 20 год се оженил и има две деца. Женава негова тогаш студент во пва год останала бремена и ајде брак, дете, заедница итн Таа го остава детето во градинка ( посшто свеки не помагала) и оди да аботи. Мажов студира а таа го финансира. Заврѓува тој студии и најдува работичка. Тера така 2 год, па после најдува одлична работа каде станува шев со многу висока плата. После 2 год ја вработува и неговава жена во истата фирма, ама само за да му се исплател патот со кола ( бензин и 8 патарини дневно). Нејзината плата е само за патни трошкови, зошто фраерот морал да оди со кола, дека му се здосадило да патува со автобус. Ако пак таа се откаже од работа, тоаш тој ке продолжел да оди со кола на работа, ама дома пари немало да дава. После 12 год брак, говедарот седнува да плаче и да кажува колку ја сака негоата колешка од работа, а женава знае за нивната афера. Во меѓувреме таа за овие години останува и без мајка и без татко. Нема каде да се врати а има две деца. Цела младост ја жртвува за него. Напушта студии и го студира него, го храни и облекува, деца му чува, идиот мајка му трпи и на крај останува со прстот во уста. Да ја напушти работата не може, зошто тешко ке најде нова, а да продолжи да оди тамо знае дека швалеката на говедарот е во иста канцеларија со него, на исти патувања со него итн. Ано ама овој говедаров е љубоморен и на жена му. Таа почнала да се здружува со потесен круг на колегшки и колеги, но имало некој од обезбедувањето кој и ја знаел ситуацијата и кој бил посебно внимателен со неа. Овој говедаров од маж е љубоморен на тоа внимание и му се заканил дека обезбедувачов ке летал од работа ако уште еднаш и прозборел на напатената душа-негова жена. На факс беше најмирен и најпаметен од сите, ама ете неизживеаност СЛЕПЕЦ Така жени. Помош секому- жтрва никому. Освестете се.
Ги исчитав сите Ваши мислења. Ви благодарам на сите за искреноста , несебичноста и пред се за многуте различности. Верувајте, кога сте во ситуација како мојата многу вредат различните (објективни) размислувања. Одлучивме да се разделиме. Во деталите нема да навлегувам. Во вторникот им кажавме на родителите, а вчера и на децата. Идната недела ќе започнеме и официјална постапка за развод. Ќе продолжам да Ве читам со големо задовлство во оваа и останатите теми, а ќе пишувам колку што ќе имам можност. Уште еднаш голема благодарност до сите кои оставија свое мислење
@Jas! Знам дека не е битно веќе ништо но ете ме интересира дали он покажа бар малце каење,дали се обиде да те разубеди од разводот?
Јас сум со став дека кога се' во што сме вложиле максимално и завршило ради непромисленост на другата страна, нема простор за жалење за било што. Глава горе, има некаде некој што знае да сака и цени во вистинска смисла. Тие што не знаат, на крај ќе завршат со такви како нив, тоа ќе им е најголемата казна.
Да, се кае и сака уште една шанса, ветува многу работи, ме убедува дека не значело ништо, но јас преку некои работи не можам да преминам ниту сега ниту во иднина. Не можам и не сакам да живеам во сомнежи и стравови. Немаме што повеќе да си дадеме еден на друг. На крај прифати дека ова е најдобро решение за двајцата.
Немој да се каеш ... не ми се верува јас поддржувам развод ама за таков сој и тоа малку е ... сескрши ли она што го држи бракот животот оди понатаму. Ако веќе и живеете оддвоено, лепо фино нашминкај се, дотерај се, многу риби има во морето. СЕГА Е РЕД ТИ ДА БИДЕШ СРЕЌНА !