Благодарам на поддршката! Се согласувам дека животот оди понатаму. За се останато ќе треба многу време и сили. Мене и досега изворот на среќа ми беа децата.
Време ти треба ? Од едно макотрпно искуство ти кажувам сакаш верувај сакаш не, сето време на овој свет да ми го дадеа и да го запреа времето за мене ќе беше малку. Јас бев и релативно помлада од тебе. Ниту маж ми стана и се врати ниту мене некој тие години ќе ми ги надомести, ни тие ни овие. Наравоучение - немој да бидеш како мене, цел мотор во животот ми е детето, дете, работа, дома. Сета енергија ја насочив кон тоа, сета животна сила. И јас се навикнав, се сама терам, тешко толерирам мониторинг над глава во приватен живот. Станав и сурова и премногу реална и за мене не постои НЕ МОЖЕ ТОА ! МОЖЕ И ЌЕ БИДЕ И ОБИЧНО БИВА. А за да не бидам раат кога едно нешто ќе постигнам наоѓам друго нешто ако не најдам многу ми тешко. Се бев нашла во ситуација и сега што ќе правам јас ? Како без тоа, навикната сум на тој адреналин ... за работа зборувам. Од време на време знам дека е погрешно ама она и да бидеш премногу цврст не е добро, затоа се е навика, не дозволувај да се навикнеш ДЕЦАТА И САМО ДЕЦАТА. За мене можеби и е доцна, јас се оформив така, не можам да прифатам од маж било што. Јас знам што се сум прегазила и едноставно таква сум, што викаат мажите што мене ми парираат се изумерени изгледа хаха Немој да бидеш како мене.
@Jas! Поздрав и поддршка од мене..Го читав твојот проблем од старт..Прво ќе го бранев мт во смисла нов бизнис,притисок,па сепак ок сопруг бил без агресивни испади..Ама женската интуиција е неприкосновена..Жалам за разврската на проблемот..Многу трезвено,елегантно го произнесе епилогот..Сега би те фалела тебе и твојата самодоверба,одлучност..до недоглед.. Не има неколку членки што го чекориме истиот пат.. Тешко е со небеса ама ќе се издржи.. Те позз и пишувај и понатаму..
Здраво Ве читам, и постојано си мислам дека многу е полесно да делиш совети, отколку нешто да преземеш. Има мн кои имаат како мојот проблем,јас сум повредена и психички и физички. Само навреди, пцовки, колку пати рака фрлена на мене, немам деца само имам надеж дека ке се подобри. Страв ми е од етикетата РАЗВЕДЕНА јас навистина сакам да сум среќна во бракот, верувајте дека многу вложив во овој краток брак.... Зошто е така неправеден животот.... Зошто?
Тебе ти треба швалер хитно. Така ке си добиеш внимание а и полесно маж ти ке се разведе од тебе кога ке дознае. Шала на страна, побарај си ја среката кај друг. Тогаш ке видиш дека етикетата РАЗВЕДЕНА нема да ти биде битна, туку СРЕКНА. Да не ти солам памет ама да се плашам од развод нема никогаш, а ке се плашам од несрекен живот и болест. И не прашувај зошто животот ти е таков неправеден, ти си неправедна и плашлива и ти си сама виновна за твојата болка и несрека. Годините си одат а ти си тонеш.
Мн пати бев решена за крај, неговите мн ме почитуваат, го гледам татко му колку ја сака мајка му и си велам ајде ке биде подобро. Моментално 3 дена не зборуваме, а верувај ми нема причина како ке сака тој така ке биде, нема причина за ниту една неправда што ми ја има направено. Сепак сакам да бидам среќна, не сакам да ми пропадне бракот.... Не знам како да го спасам, јас не сум храбра за развод.... Некако ке заборавам што поминало,само да биде фер кон мене
3 дена не разговарате ? Како може да не разговарате не сте вие во врска па, не се гледаме 1 или3 или 10 па, нема да разговараме и секој сам ќе си спие ... Јас имав многу краток брак ама никогаш нема да заборавам еден совет КОЛКУ И ДА СЕ КАРАШ ПОСЛЕ 10 ЛЕГНУВАШ ДА СПИЕШ СО МАЖ ТИ И СЕ СМИРУВАШ, УТРЕ ВОЈНАТА НЕКА ПРОДУЖИ ЗА КАКВА ГОД БУДАЛАШТИНА ДА Е, зш на крај по некое време сите кавги ни изгледаат блесаво и банално. Второ правило маж ми пред мене стануваше и одеше на работа, ако не можам да станам кафе да пиеме заедно и да го испратам пак ќе дојде до спална ќе ме пољуби па, ќе оди на работа. Негово правило - легнуваме да спиеме заедно колку и да има садови или што ја знам што, тој миеше некогаш за да се заврши се и да легнеме во исто време. Чувајте и негувајте си ја топлината во бракот, а со тоа и љубовта. И жената треба да знае да си го врти мажот и да му оди и таа по ќеиф некогаш и тој на неа. И ќе ми текнело мене за др маж, нема шанси, едвај чекаше дома да си дојде, што ќе ти е некој друг, а не е дека немало кавги и кај нас имало ама се се решава кога се сака. Кога ќе кажеше нешто почитував и моето било почитувано.
А зошто се разведе? Ако ти е многу лично прашањево не мораш да одговориш. Само малку се збуинив дека пиша краток брак, а од др страна го покажуваш како нормален и добар.
Се е ова многу убаво кажано,но оди реализирај го со некој како него? Тој си тера по свое, мене нервите ми попуштија, веќе и јас по свое. Сакам дете да имаме, а тој гајле си нема какво дете,каква иднина. Свои интереси си гледа. Само кажи, на ниедна ваква судбина...совет не помага, само вака да ве читам и да се тешам
Само тролчиња читам и се чудам што читам Абе ова луѓево немаат попаметна работа, па само отвараат профили , ова изгледа од топлото немаат што друго да прават па си тролаат
А, бе какво кревање раце, раце едвај се крева од мртов човек па, и таму едвај се креваат раце. Кај ќе ни беше крајот ако така лесно се откажувавме од се. Е, судбина може е учи нешто од неа и работи да биде подобро. А, да и ќе заборавев да ти пишам,уживај малку со маж ти додека сте сами, почни да го слушаш се што ќе каже, не се карај, лета магарето лета,црн е ѕидот, црн е, тешко е тоа ама не може да си дозволите да се карате само и да не разговарате со денови. Трудна остани кога работите ќе легнат на свое место со маж ти, а не направи дете па, разведувај се. Белким не си трол да си губавм врмее да трескам по тастатурава.
Ццц, 22 години и крена раце, судбина... Значи судбина ти е да си со таков дебил од човек, кој не планира никаква иднина и те мава како стока. А ти со дууури 22 години и БЕЗ дете (поолеснителна околност, здравје) се помири со твојата "судбина" и ќе трпиш се и сешто, дури и за дете размислуваш, само да не си РАЗВЕДЕНА. Епа ај поарно биди ТЕПАНА и ти и идното невино детенце, отколку разведена. Оти верувај сега можеби успеваш да скриеш дека си тепана, ама нема вечно така да е. Не викам одма дека сите мора да се разведат, ама или покажете заби на такви особи или заминете си. Што трошите време и нерви на такви простаци не знам. А ако си трол, и јас не знам што си го трошам моето време, ама ај.
Не прочитав дека ја тепа, инаку некако можеби и таа премногу заби покажува ако не разговараат со денови, остави феминизам во брак не е секој ист ама секој сака почит и некогаш ќе се повлече. Ако тип како мене можел на моменти да слуша и еден збор да е закон можат и др жени, до душа и тој мене ме слушаше и заби сум знаела да покажам кога треба ама кавги да не разговараме со денови па, јас ќе пукнам нема да можам да издржам не сум го земала зш не сум го сакала.
Ама не верувам дека маж ќе седне и ќе се глупира хаххахахха или деца се мајтапат со нас, ние пиши па, пиши хаххахаха глупости хаххахахха