А што @Jas! Треба секојдневно да го гледа со други за да се разведе бидејки со една што го видела и притоа се признаено со повеќе жени од негова страна е пу пу не се важи не ми е јасно?! Со сила ќе се прави будала и ќе оди на го брка низ парковите со други бидејки се тоа што проживеа малку беше?! А тој кутриот.. од страна "лав" а со нејзе на телефон "бајче" просто човек да се сожали врз него и неговото однесување кон нејзе нели. Иако со други си се шета на крај и се јавува и плачи као демек па се прави светец. Аха да. Јас.. не знам овој твојот до каде ќе тера, од една страна други девојки од друга страна не му се седело сам во стнот. Нож со две острици богами да не поверува човек а толку е очигледно. Мислиш сам е дома?! Аха да секако.
Да убаво кажуваш за компромисот, ама тој јасно и кажал дека доколку таа сторила такво нешто тој одма би се развел од неа. Каде е тука компромисот? Само силна жена, може да створи дом и да воспита деца, а не некоја мекушка што на се ке потклекнува додека се струполи. За мене ова е мајка, жена ДАМА.
Коа кажете криза на што уопште мислите? Пари или љубов? Сега пак ќе одговорам на темава на дуни ветре мислење. Криза со пари, парите важни се за многу нешта да, но не и за љубовта, пара како пара доваѓа и оди. Кој останува? Фамилијата! Многумина од оние кој ги познавам се жалат на загуба, и заради тие пари напуштаат фамилија, ризикуваат и одат по странство. Сега на секому е важна парата и ајде чао поздрав, не си битен. Не љуѓе, да немате криза научите што е љубов, возвратете со љубов, искреност и доброта, па после пишувајте за криза. Не сум во брак, но делам исто мислење со дечко ми и затоа успеавме, колку и да беше тешко на почетокот, ние сепак успеавме.
Браво за вас. Дај Боже и повеке да успеете и се да имате, но треба да се разбере и дека семејство од ветер не се храни. Некој мора да заработи за да не прокркорат цревата и да настане нервоза, а од тоа кавги и разделби. И секако мажот да ја има пресечено папочната врвца.
Најдобра лекција во животот ми биле мајка ми и татко ми, нивните грешки не планирам да ги повторам. Не планирам да се омажам без љубов, или со љубов или засекогаш сама. Несакам подоцна децата да страдаат заради глупите одлуки на нејзините родители. Кај мене мајка ми не ме ни пита дали ќе ми е добро, право се разведоа, и подоцна почна да го напаѓа татко ми.
Здраво дечки! Јас да Ви се пофалам до каде сум ,што сум, одамна ме нема, поточно од кога барав совет од Вас па си добив тоа што и си барав ! Сега сум мајка на три златни деца, сопруга и живеам подобро од било кога во мојот брак. Јас сум жена со карактер и разум и горда сум на тоа. Мојот сопруг ме сака, го сака и третото дете и секој ден му кажува колку го сака и дека тоа е неговиот живот. Среќен е со три деца и го покажува тоа. Многу пати се покаја за тоа што го бараше од мене и среќен е што не сум попуштила во моментите на притисокот од неговата страна. А јас толку многу го сакам бебето, не се опишува со збор, тоа е љубов неизмерна , љубов со секоја воздишка, со секој поглед и секоја мисла. Среќа е неизмерна и бескрајна кога сите три деца ми се во скут, до срцето, во душата.......тоа е љубов, смислата на животот, тоа е светот!!!
Здраво, Ве читам долго време и решив да се зачленам и да Ви ја кажам мојата животна приказна. Во брак сум 2 години со сопруг кој навистина многу го сакам. Додека бевме во врска и тој ме сакаше, ми покажуваше и докажуваше на секој начин. Откако ме запроси живееме заедно со неговите родители. Кога зборувам со маж ми, за нив не смеам лош збор да кажам. И тие се фини со мене, ме сакаат на нивен начин и ме почитуваат, лош збор ми немаат кажано, иако тоа е така затоа што јас не сакам да замерам со нив па постојано премолчувам. Ова што го пишувам тука на маж ми не можам да го кажам тој не ме разбира. 2 години не работиме никаде, неговите ни даваат пари кога ќе прашам зошто? затоа што сме биле млади имало време(имаме по 24 години), а и требало да се работи некоја пристојна работа, а пристојна работа не се ни бара. Целиот ден го минуваме заедно сите, кога шетаме јас шетам со свекрвата, а маж ми со татко му, искрено ми здосади! Како да немам маж, постојано сме со нив на гости, на излегување, на јадење.....секаде. ајде и тоа ќе го прифатам, но маж ми постојано е со татко му како тој да му е жена, со мене изгуби муабет. Пробувам неколку пати да зборам со него дека сакам да му бидам жена, да оформиме наше семејство, да бидам домаќинка, мајка, сопруга...а тој мисли дека неговите ни ги сакам и тогаш е спремен очите да ми ги извади, демек сум сакала да ги разделам од него... Што се случува луѓе, како вие гледате на оваа ситуација?
@katevvv1 Епа што те запросил кога немал можности? Премногу сте млади за да живеете таков „пензионерски“ живот и да сте цело време со мама и тато. Ти кажи му него дека немаш ништо против неговите, напротив дека супер се, ама дека сакаш малце приватност со маж ти. И најди си сама некоја пристојна работа, има многу огласи на интернет и вработи се. Така барем ќе поминуваш некое време надвор од дома и нема многу да ти здосадуваат, а маж ти нека види малце како е без тебе дома.
@larrachi Лар, подобро прашање е што таа прифатила, кога ја запросувал? Навистина, со кој памет, човек би се оженил, а да не е вработен, во случајот, да не работат и двајцата. Или неговите се многу богати, па и се видело прилика, ќе шетаат тие двајца по светот, а од дома ќе им даваат пари. Но, there was a catch Тие им даваат пари, но за возврат условена им е слободата Епа, сега, мое мислење, сами се впуштиле во ситуацијата, бидејќи им одговарала, а сега веќе не, ама заклуч
Тие не се богати, ти е се пензионери, ние никаде не шетаме, шетаме низ центар до гости и тоа е нашето шетање. Кога се омажив со него , за него се омажив имавме планови заедно да го средиме животот. А на ваков начин само се оддалечуваме, не сакам да го напнувам бидејќи тој ми се остро спротивставува. Да мора да избере некој од нас сигурно тие ќе бидат, што да кажам за тоа што не го интересира дете да има??? имало време а мене душата ми гори на улица бебе кога ќе видам. Не знам дали ова е доволна причина за да се повлечам од бракот, две години само си молчам, не знам како понатаму.
@katevvv1 Не велам дека животот пред бракот треба да биде 100% среден, ама пак во вашата ситуација, не бил ни 5%. Воопшто не сте ја, или не си ја размислила работата. А молчењето во овој случај не е злато. Седни со мажот, разговарај, кажи ги твоите аспекти на размислување, види и тој како размислува. Значи, без карање, контрање, туку само смирено и рационално. Сепак, ако тој остро ти се спротиставува, редно е да поставиш некаков ултиматум. Не може на младите години да живееш како пензионер само затоа што на твојот партнер му одговра уште мама и тато од дома да му даваат пари, а тој да не ни работи
A da zbornes megju redovi so svekrva ti? Ako ja imas taa blizina zosto da ne.. Da i se ispovedas deka se oddalecuvate i deka od den na den nemate nisto zaednicko? Ako taa e ZA da Vi uspee brakot ke se distanciraat malku od Vas kako par i ke Ve ostavat sami. Mozebi se osekjaat odgovorni sto ste bez rabota a so toa i bez pari pa mislat deka ete dobro Vi pravat.
Таа не е живеела со свекрва и свекар и не знае како е, и двајцата велат, што убаво вака заедно си живееме, се е заедничко. А јас молчам затоа што знам дека нема кој да биде на моја страна. Денеска цел ден го молев маж ми да излеземе заедно да прошетаме не можеше, а со татко му пред половина час излезе. Јас не можам да се оддалечам од него, а и не можам лош збор за неговите да кажам, тие за него се најдобри, а јас морам да ги почитувам. Вреди ли да се растури бракот од ваква причина?
Вреди и тоа како вреди Ама тоа да ти е крајно решение не прво Прво ке седнеш прво со него се убаво ке му објаснеш ,ако си блиска со свекор свекрва и со нив ке седнеш ке разговараш и напомени му дека немаш намера да се караш дека сакаш само да разговарате ако ништо од ова не вроди со плод време е да се запрашаш што бараш ти таму
Вреди ли да се растури бракот од ваква причина?[/QUOTE] По мене не вреди Многу жени патат од маж,свекор,свекрва,а ти се најдобро кажа за нив Некако не ми е сватлива причината за да си го растуриш бракот Стрписе,мислам дека се ќе се среди
Ова делува како ти да си верена со мајка му, не со него. Ви треба темелен разговор. Разглоби му се што те мачи. Со убаво и мирно. Не го врти муабетот кон неговите , концентрирај се само на вас. Кажи му дека сега сте најпродуктивни за работа, сега е ред да стварата нешто ваше. Ако и понатаму имате различни гледишта, тогаш проблемот е многу голем. Јас на твое место би седела кај мајка ми. Верени сте, не сте мажени. Не би сакала да ме гледа свекрвата.
Ти немаш проблем со неговите и се што опиша туку со него. Ти со него пред брак што се договараше? Што мислеше дека ќе ви се смени ако ти една вечер облечеш невестински а он одело и пред сите роднини сте најзаљубениот пар на свет а свадбата ја плаќаат нечија мама/тато? Јас него го разбирам. Он така замислувал да живаее со било која да си тера работа а мама/тато да плаќаат. Џабе ќе ги замараш неговите со твоите замисли/размисли. Подобро најди си работа и замини си со тек на време со убаво/арно ако гледаш ништо не се менува. Нејќе дете,мчади сте,нејќе работа малди сте и ти молчиш и тоа е брак??????
Извини со кој памет прво си решила да се мажиш без денар во џеб?зарем се живее од воздух?кај двајцата не вработени,кај без денар во џеб па уште свадби мадби,зимања.Ај за годините не коментирам затоа што доста млади се зимаат. Во врска неможе да се преживее и да се изгура без двајца невработени,а не пак во брак.Премногу избрзано,не убаво размислено и донесено заклучок. Па те читам уште дете сакаш,не си играјте играчки деца,тоа дете нема потреба да трпи ради вашите брзи ставови. Морате ако сакате да останете во брак,да работите било што за почеток,да се оделите и да бидете самостојни. Па послем тоа ке планирате што и како ке правите понаткаа во животот. Вака ако останете,животот го изгубивте во нервози,глад,и сиромаштија.
Сите сте во право, фала што оставивте ваши размислувања. Тешко ми е се чувствувам како вишок, кога се сетам некогаш сите наши планови... а денес ништо од тоа. Тие ме сакаат, но на нивен начин. Јас кога би била родител ќе бидам пресреќна ако го видам моето дете среќно вљубено. А не ова да немаме место и време за односи. А и мојот, толку му е тешко да свати дека сум негова сопруга, а не сестра па така во очите на другите среќно ќе си живееме. Паника, страв и ужас...тоа е се што чувствувам