1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Криза на идентитетот

Дискусија во 'Психологија' започната од yawn, 16 октомври 2010.

  1. yawn

    yawn Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    699
    Што кога не се препознавате себеси,не знаете какви сте всушност,се ви е испомешано во глава и ги слушате само туѓите мислења и совети ?! На раб од нервен слом !!!
     
  2. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    13.419
    Криза на идентитетот е кога се срамиш од самиот себе си. Од родителите, што си по националност, вера, етничка припадност, колку години имаш.
     
  3. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Слушање на туѓи мислња и совети не е криза на идентитет, туку немање свое јас. Поминување повеќе време со себеси, правење на различни нешта за да откриеш што ти се допаѓа, оформување на лично твои мислења за нешто, ке ти помогне да си го најдеш своето јас.
     
  4. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    според мене ти се плашиш дека твоите мислења нема да бидат прифатени и дека ако решиш некој проблем на свој начин ке се обвинуваш себеси а секако е полесно да обвиниш друг некој што ти дал совет и си го послушала отколку себеси да се обвинуваш ... темава е психолошка ... и џабе дека бараш совети од нас кога во себе ке си мислиш ај овие многу знаат се прават паметни и слично ... Можеш сама да си ја чукнеш главата и да се освестиш ... да научиш да сркаш што ке здробиш и да научиш кога животот ке ти удру шлаканица да го свртиш и другиот образ ... не на секоја пречка да бараш помош од друг па кога ке паднеш да му речеш ти си крив/а зашто ти не си способна сама да се сносиш со тешкотиите. Потруди се ,размисли ,секој човек се гради себеси врз база на воспитувањето од дома и врз принципите кои ке ги стекне со тек на животот ,искуството и направените грешки .

    Одвои време за себе ,преиспитај се себеси и реши се да го смениш начинот на живот . :)
     
  5. Anggie

    Anggie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    36
    Хм.... јас го имам овој проблем. Се плашам да не згрешам(и мислењево кога го пишам), многу сум затворена и секогаш молчам заради тоа. Се опушам само пред ептен блиски луѓе. Си го знам проблемот, го знам решението ама неможам да си помогнам самата себеси.
     
    На violetblue му/ѝ се допаѓа ова.
  6. marica88

    marica88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2010
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    5
    хелп ве молам..... се препознав себе си!!! се наогам во катастрофален период. Хаос на љубовно поле, хаос со факсот..... со родителите исто караници.....
    не можам да се стабилизирам... не можам да си ѓи средам работите во животот.....
    советувајте ме нешто од каде да почнам.... Едноставно незнам што во животот да го ставам на преден план..... дали да побарам помош од психолог, психијатар?
     
  7. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Сметам дека луѓето денес,посебно младината обидувајќи се да го фатат ритамот на модерниот живот го губат својот идентитет.Да го губат од причина што работи кои ги сакаат,кои се дел од нив, поврзани со нив тие се одрекуваат од нив,а зошто,за да не бидат поинакви од друштвото.Еве младините денес и да читаат книги им е срам да признаат,се прават дека се главна шема и дека читањето книги е губење на време.Луѓето се прават нешто што не се,се одрекуваат од своето потекло,од својата материјална ситуација т.е. сакаат да бидат други.Мислам дека токму тука се губи идентитетот,живеејќи во илузија,не прифаќајки се себе си со своите позитивни и негативни страни доаѓа до криза на идентитетот.
     
  8. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    а некои заради тешката материјална ситуација работите кои ги посакуват и им се потребни неможат да си ги дозволат, се повлекуваат, отуѓуваат, патат од недостик на самодоверба и безволие за живот.
     
  9. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.639
    Допаѓања:
    240
    Пол:
    Женски
    Никогаш не имав криза на иддентитетит.
     
  10. Noname7

    Noname7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    2
    Јас имам сега моментално криза на идентитет ,чуството е блјак ,не се препознавас себеси незнаес што чуствуваш незнаеш што е правилно а што не ,јас немам свое јас многу е тешко
     
  11. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Фала Богу не сум доживеала вакво нешто ! :tmi:
    Сигурно е многу тешко..ама јас сепак мислам дека се е до нас.Од се можеме да се извлечеме ако имаме силна желба.
     
  12. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Кога ќе загледате околу вас ќе видите колку многу имаат криза на идентитетот, не се тоа што се, или се преправаат, или самите не си се препознаваат.
    Така е кога се живее по туѓи мислења. Живееш за другите и стануваш нивни роб.
    Тогаш е тешко да го пронајдеш своето јас да бидеш тоа што си.
    Многумина патат од оваа глобална `болест`, поради општеството во кое се наоѓаме и нашиот менталитет.
     
  13. Noname7

    Noname7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    2
    Не секогаш е поради тоа што сакаш некого некој да имитираш или да бидеш супериорен во општеството, зборуваме за губење на личноста , до тој степен да неможеш да се осетиш самиот себеси , јас ткму така се цуствувам нема јас карактер незнам како да комуницирам , од здраво како си незнам како треба понатаму , прицината беше таква да станам тоа што му дозволив на мојот дечко кој ме изневери 4 пати да ме згази да ме уништи , јас го обозавам буквално му се предадов дусата му ја дадов ,почнав хороскопи да читам за неговиот знак па се правев таква за да му се приближам и на крај повторно ми го забоде со другата , и сега јас останав без се :(
     
  14. verica81

    verica81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    55
    Не разбирам дали сега уште сте заедно или не ? Ако не сте поубаво за тебе ке си го најдеш идентитетот.
     
  15. Noname7

    Noname7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    2
    Беке не сме заедно, и подобро е така во право си , но тој процес за враќање повторно јас старата е маку тежок но ке отидам и на психијатер и се надевам дека ке бидам во ред .
     
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Луѓето кои не ги поминуваат,најчесто се нарекуваат-глупави. Сериозно, како може да не бидеш толку самосвесен?! Кризите на идентитетот ја поткрепуваат самосвесноста. Убедена сум дека не постои човек кој не минал низ ниту една. Мислам да не се лажеме,силом прилике ти се случува барем три пати. Пубертет, адолесценција и пензија или доцни средни години те рани години на старост.

    Ако не се случуваат, не те тераат да дејствуваш реактивно, следствено на тоа, не напредуваш, не се менуваш, не се престројуваш. Незнаејќи кој си знаеш многу повеќе за себе,отколку мислејќи дека знаеш се за себе.
    Годините ја носат мудроста.
    Се случува. Не отстапувам од идеите,целите, желбите, во суштина се истите,со тоа што се менуваат според условите, зрелоста и искуството.
    Се на светов се случува циклично,мора да се случи криза за да се случи промена,на жалост,страшно е кога промената не е на подобро. За карактерна личност кризата не претставува лабилност, претставува само уште еден отскок кој правилно ќе го насочки,кај лабилните обично е пропратено со крах, разочарувања, стихијно однесување.

    Така што,да, сум поминала,поминувам и ќе поминувам. Не ме плашат, само се повеќе учам за себе, колку и да делува ко парталава психологија. Учам што сакам, како сакам, зошто сакам, поставувам нови идеали, проста е математиката, докажуваш хипотези, само ве молам,немојте ко вицот со математичарот, физичарот теоретирач и физичарот практичар,со тоа што вие ќе бидете математичарот, тоа ич не чини! :D
     
    На zhap4e и anuskaNESTLE им се допаѓа ова.
  17. crtanfilm

    crtanfilm Нов член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    79
    Сериозен психички проблем. не е нормално да се изгубиш себе за подолго време и да не знаеш каков си или да се препознаваш во други. Мои глупави ,,другарки,, викаат дека минуваат низ ова па после им доаѓа на сечење вени, фрлање и глупости |(
     
  18. Squirrel

    Squirrel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    433
    ме ’пука’ често во последо време. Некако одсекогаш за себе знаев и сонував да бидам професорка по математика. Ми оди да,ама од друа страна пак никогаш не најдов време да и се посветам целосно, за што сум крива самата јас, но од друга страна пак морам да учам и по друи милио предмети кои воопшто не ме интересираат. И така запаѓам ја запоставувам и ме фаќа сериозно страв дека нема да успеам. А, тоа ме тера во очај, вистински очај. Се лутам на себе си премногу.

    Ме фаќа страв и од себе си, од мојот карактер и постапки. Но,тоа и о оправдувам сега се формирам сваќам некои работи и мислам дека тоа ќе можам на го надохнадам.

    Но, од неуспот во кариерата што одсекогаш ја гледав како дел од себе си страшно многу се плашам.
     
  19. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Незнам што ми е, постојано мислам дека сум друга.
    луѓето мислат дека сум најпаметна и најзрела, но се чувствувам глупаво, навистина глупаво. :tmi:
    незнам што ми е, како да не се разбирам себеси...

    ќе помине периодов се надевам
     
  20. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    149
    мислам дека тоа е поериод додека некој се запознае самиот, додека открие што всушност сака, и кој е нормално. Дур тогаш нема да потпаѓа под туѓи влијанија, ќе има цврста самодоверба, цврсто ќе стои на своите ставови. И тогаш ќе стане комплетна личност. Иако нели целиот живот се запознаваме самите и се повеќе се изненадуваме од некои наши одлуки и постапки. Сепак човекот учи додека е жив :)