1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Криза на средните години

Дискусија во 'Психологија' започната од I I, 7 февруари 2017.

  1. I I

    I I Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2016
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    617
    Пол:
    Машки
    Под криза на средни години се подразбира оној период од животот, кога стануваме свесни дека младоста исчезнува и полека влегуваме во период од животот коj се нарекува старост. Оваа доба со себе носи брзи одлуки, импулсивно однесување, промена на работното место, а сето тоа е поради промена.
    Низ кризата на средните години поминуваат и мажите и жените, иако е повеќе изразена кај жените и се нарекува климактериум. Жените кризата на средните години ја поминуваат низ напори да ја одржат својата виталност и да ја задржат својата убавина. Мажите не мораат да прават такви напори. Маж кој во средните години има убав автомобил и сметка во банка, сеуште се чувствува посакуван кај младите девојки. Реакциите кои се јавуваат во оваа доба се нерасположеност, мрзоволност, раздразливост, комплексни облици на однесување карактеристични за личностите кои се наоѓаат во оваа доба. Исто така и пасивното гледање на телевизија, заљубување и убедување дека е можно повторно да ја доживее “љубовта на својот живот“, склоност кон алкохол, средства за смирување. Секој маж и секоја жена поминува низ оваа развојна криза. Меѓутоа интензитетот на оваа криза не е кај сите ист.

    Постојат најмалку два фактора кои овозможуваат оваа криза полесно да се надмине. Тие два фактора се : мудрост и способност за радост и смеење. Мудрата личност не чека да се соочи со кризата на средните години. Таа многу порано се подготвува за овој период и промените кои настануваат, но истовремено учи како да се ослободи од “херојот младост“ и во себе да изгради “херој на средовечноста“. Во кризата на средните години од голема важност е и партнерскиот однос. Ако помеѓу партнерите сеуште постои блискост и нежност, тогаш тие партнери ќе имаат “полесна“ криза на средните години, за разлика од партнерите каде што односот е лош, таква ќе е и кризата на средните години. Корисни совети: патувања, различни диети, хируршки зафати, “нов меден месец“. Овие совети можат многу да помогнат, но многу е поголем бројот на луѓето кои се наоѓаат во кризата на средни години, се чувствуваат безволно и тажно. Познатиот Јунг, посочува еден универзален совет за сите овие кои се наоѓаат во кризата на средните години:
    Ние не можеме да го живееме нашето попладне, според програмата од утрото, бидејќи она што наутро било вистина, навечер ќе е лага. Секој кој во своето попладне од животот ќе носи закони од утрото….. ќе плати висока цена…. пореметување на својата душа“.


    Би сакал да слушнам ваши мислења околу овој биолошки феномен. Кои се манифестациите во реалноста, какво е влијанието на брачниот партнер во кризата на средните години и сл.:)
     
    На Love...music, Victorian, elimkd и 3 други им се допаѓа ова.
  2. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.677
    Допаѓања:
    14.127
    Пол:
    Женски
    Како тоа не мораат? Како ќе му помогне автомобилот на мажот да не биде грд?
     
    На N.2106, blueeparadise, Victorian и 5 други им се допаѓа ова.
  3. NOVAVON

    NOVAVON Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2016
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    439
    Пол:
    Женски
    Понекогаш брачниот партнер со критички став може да предизвика втурнување на другиот партнер побргу кон оваа криза. Сепак индивидуално е себедоживувањето. Некогаш е и убаво да раздрма ваква почетна криза,чисто може да послужи како мотив да смениме нешто кон подобро,поудобно за самите нас. Но ако се претера во умислувањето дека пак сме херои од младоста тука искрснуваат сериозни проблеми и внатре во личноста и со околината. Се во животот е прикладно доколку е во умерени граници.
     
  4. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.506
    Пол:
    Женски
    Браво за темава, навистина редно е да поразговараме за нешто озбилно и неизбежно, со кое се соочува во текот на целиот живот секое човечко суштество(y)
    Од своето раѓање, па се до неговата смрт, човекот поминува низ неколку кризни периоди а тоа се, нели сите ги знаеме, предшколскиот период, школскиот, адолесценција, тинјџерството, младост, средна возраст, зрели години, старост...и со секој премин од една фаза во друга, промената или кризата е неизбежна.
    Бидејќи темава е криза во средните години, ајде да кажеме зошто е таа фаза некако најболна, најдепресивна!?
    Фазата на средни години ни донесе зрелост, мудрост, искуство но едно сознание дека некако неприметно сме дошле во ќорсокак, како да се движиме во едносмерна улица, од која на жалост нема шанси за назад.
    Во тој период размислуваме што сме направиле, дали воопшто имаме време за некои други одлуки, за други промени, гледаме кои прилики сме ги пропуштиле, ја бараме младоста во сегашноста..и така размислувајќи, на површината на душата ни излегуваат разни стравови, незадоволства од начинот на живеење на претходните фази, се преиспитуваме дали доволно сме се покажале добри во улогата на мајки, сопруги, домаќинки.
    Физичкиот изглед почнува да се менува, биолошкиот часовник чука се побрзо и си зима свој данок( ги знаеме промените да не ги набројувам).

    Машките средни години се разликуваат по тоа што мажите гледаат што успеале во материјалниот дел, што створиле, што имаат..затоа има многу мажи во средни години што сакаат да купат нова поубава кола, нова младалачка гардероба, па и да најдат помлада партнерка;)

    Како ќе се надмине кризата во средни години е индивидуална работа во која треба заеднички, со срце и душа, со трпение, разбирање, заедничка љубов и отворен разговор да се потпомагаат еден со друг брачните партнери...Тие што немаат партнер треба да се обидат да не паднат во депресија, да не се осамуваат и повлекуваат во себе, да се прифатат и да се сакаат, оти реприза во животот нема, тоа е што е:)
     
    На N.2106, mira.mira, Victorian и 5 други им се допаѓа ова.
  5. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    464
    Допаѓања:
    3.689
    Пол:
    Женски
    Па не би рекла баш дека е така. Мажите денес повеќе паничат кога ги фаќаа оваа midlife crisis.
    Бркањето 20 години помлади девојки, фарбањето коса, младешкиот стил на облекување и киснењето по теретани на 40 и кусур години е слика за стравот од стареење кај мажите. Очајно се обидуваат да останат какви што биле десетина години наназад. На некои им успева, и браво за таквите. Ако ме прашувате мене, реално и мажите и жените се најубави и најпривлечни на прагот на 40-тата година од животот.
     
    На Victorian, Bozica1980, evangelina.ina и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.622
    Допаѓања:
    32.758
    Пол:
    Машки
    Мала корекција на воведниот пост - средовечната криза нема никаква врска со менопаузата - првово е чисто психолошки, а второво физиолошки феномен.
     
    На N.2106, daylight, Love...music и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Afroditaaa

    Afroditaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2017
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    961
    Пол:
    Женски
    А кои се тие средни години ?
     
  8. Stariot

    Stariot Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    131
    Пол:
    Машки
    Хмм, не мислам дека има некоја криза (на овие години). Повеќето одлуки веќе се донесени, нема дилеми околу многу прашања. Сте расчистиле многу проблеми. Децата се веќе големи и стануваат возрасни и одговорни личности. Кариерата е оформена и доста стабилна. Што се однесува на она"нов автомобил", не мислам дека е нешто битно, секој во секое доба сака нов автомобил...:?:
     
    На krEM4Eto му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    77.337
    Кој никако не исклучува психолошки промени истотака.
    Иако менопаузата кај повеќето жени настапува покасно од ова доба...
     
    На Bender Rodriguez и baba Rada им се допаѓа ова.
  10. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    5.880
    Krizata na sredni godini e neminovna i mislam deka zapocnuva od 40 godini pa natamu. Vo nekoi slucai moze da bide progresija na licnosta vo fizicki i duhoven razvoj. Jas na primer pocnav poveke da se poglednuvam vo ogledalo i da koregiram nesto sto mi smetalo kaj fizickiot izgled a sto zaviselo od mene, tezinata, oblekata, shminkata, stilot. Taka si gi bendisav i sum svesna za ovie godini.No isto taka stanav netolerantna na odnosi komunikacijata so lazni prijateli, nekvalitetni druzbi od navika, negativni lugje koi me optovaruvaat so nivnite problemi a ne baraat reshenie za niv, za kukachi, za lugje koi me iskoristuvale zatoa sto jas sum im dozvolila samo zasto sum gi znaela od mladosta. Sega ne pravam kompromisi i sum direktna, toa sto mi smeta kazuvam vo ochi. Na toj nachin vo zivotot mi se filtriraat vistinskite prijateli. Ne go gubam vremeto na raboti koi ne se iskreni sakajki da smenam nesto i da ja opravam rabotata. Stanuvam povnimatelna so parite i pocnuvam da gi cenam. Primenuvam pravilo na reciprocitet i sum oslobodena od griza na sovest. Nekako sum poveke svrtena kon svoite potrebi za razlika od porano.Kako da mi otcukuva se pomalku vreme na taksimetarot od zivotot i sakajki da go iskoristam toa vreme za svoe pokompletno ziveenje. Normalno ima reakcii od okolinata vo stil ne mozeme da te prepoznaeme i fizicki i psihicki. Me fakaat na momenti migovi na potreba za kompletna samotija , migovi na taga za nekoi emotivni odluki no se trudam da si gi prostam sebe si , kako del na sopstvenoto sozrevanje. Go gledam svetot so poinakvi ochi i se povrzuvam poveke so majka priroda.
    Cudno seuste imam potencijal i da ljubam i da se razmazuvam na soodvetna podloga koja dolikuva na moite godini.
     
    На Val-Dim, Love...music и baba Rada им се допаѓа ова.
  11. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.622
    Допаѓања:
    32.758
    Пол:
    Машки
    Муабетот ми беше, да не ги мешаме психолошките промени во менопаузата (кои се предизвикани од физиолошки промени во организмот) со оние на средовечната криза (кои се од психолошка природа) - зашто се работи за целосно различни работи.
     
    На daylight, Emy867 и Love...music им се допаѓа ова.
  12. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.293
    Lele 2 saat sabajle a jas tek ke pisuvam.

    Prvite promeni na sebe, svoeto odnesuvanje gi primetiv nekade okolu 43god i pozitivno me iznenadija.
    Vo pogled na lepota i doteravki veke od moj 35 sum zaboravila ili sum zazela drug stav.
    Sum pisuvala za svojot stil vo druga tema, a lepota voopsto ne me zasega, brcki pa uste pomalku.
    Okolu mene zeni koj od mali bile uceni deka oblekata i sminkata ne gi pravi podobri. Deka drugi kvaliteti ne izdvojuvaat i pravat posebni. Taka da so kogo si takov i postanuvas.
    Znam koja sum i kakva sum i toa si go ljubam, ne mi treba garderoba i sminka nitu pa necja garderoba i sminka me ocaruva.

    Sredba so toa "do kaj sum i sto postignav".
    Da, imam i imav i sigurno uste dolgo ke se preispituvam".
    Na moj 40 resiv da zavrsam nesto drugo i toa go napraviv. Nekoj rekoa "kriza na sredni god". Mene toa vo toj moment nekako me navredi ama ne me pokoleba.
    Za mene najubavi godini.Mladi luge, drugi moabeti, smeenja, sali. Kompletno nesto novo koe mislam deka zivotov dve mi go napravi. Nekako toj mlad svet tamu mi go razubavuvase denot i me izdvojuvase od tie isti luge so nivnite sekogas isti prikaski, kako bese koga dojdov, kredit za ova, kredit za toa, ovde na odmor, tamu na vikend.....na rabota vaka, taka.
    Koga ucev imav mnogu malku vreme da se srekavam so tie luge, a i toa sto go imav pocna da mi odbiva dusava da go trosam na niv. Koga zavrsiv skolo svativ deka ne e do vremeto, jas se promeniv.
    Eden den taka si pieme kafe so mm i mu velam lele pola zivot otide, pa se podzamisliv pa si vikam mozda ne e pola mozda e i poveke od pola, a sto postignavme, dali imame dovolno da ne zavisime od nikogo i da go odigrame zivotot onaka kako sakavme.
    Posto vreme se vide deka nema mnogu resiv da se posvetam 99% na sebe. Napisav na livce so sakam da pravam i se pustiv vo pogon.
    Se sretnuvam so site luge i ponatamu no mnogu poretko. Postanav mnogu postrpliva, slusam, klimam so glava i se trudam da gi svatam, znam deka koga me lazat ima pozadina zosto toa go pravat, sigurno ne se custvuvaat ugodno da ja kazat vistinata, a jas i ne baram.
    Pominaa vreminjata koga ke dojdam doma od gosti i si go pustam filmot koj sto rece, zosto rece vaka, a ne e taka i takvi mi ti raboti. Dovolno sum vozdrasna znam deka se netreba da znam, a i sekoj si ima svoja pricina zasto izbral taka da mi kaze.
    Najveke sto nejkev vo zivotot e da sedam doma i da odbivam drustvo. Taka majka mi i nekoj nejzini priatelki pravea i si vikav "jas nikogas, prva ke bidam za drustvo, sekogas prva".
    Ama nebilo taka, bioloski ne ti se saka. Doma mi e najubavo, ako treba i na odmor nemora da odam, doma sakam, sama mi e najubavo.
    Cudo kako odednas sakam mnogu raboti na koj sum mrcela vo minatoto.
    Pocnav da si imam zanimacii/hobi i cela sum si posvetena na niv.
    Mislam deka svetot se vrti okolu mene i jas sum najvazna, a mm vika " ne si ti od sega takva, uste pred da se zememe bese takva, ama nikogas ne go priznavase toa".
    Kako i da e citanjeto mi stana opsesija, si pisuvam po nesto, si bojam, vezbam (od sekogas 3-4 pati nedelno),skianje, klizanje, prosetki.... i sekogas sama.
    Cesto razmisluvm za penzija i seuste mislam deka togas ke sakam poveke da setam pa taka si napisav eden kup mesta na listata kade sakam da odam.

    Nekako e kasno i vtor pat nemam vreme da go citam textov.
     
    На Val-Dim, mira.mira, Love...music и 2 други им се допаѓа ова.