Криза со станбеното прашање

Дискусија во 'Брак' започната од hrizantema007, 29 август 2012.

  1. hrizantema007

    hrizantema007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    25
    тотално сум разочарана,не сакам никому да кажам,ми треба утеха,совет,,иако знам дека ништо не можи да ме утеши....пред 6 месеци се омажив...и живееме во стан.но локација ни површина не е по мој вкус,но сепак беше наше катче,,реновиран и убав..цело време а и пред да се земеме правев планови колку мож=е да се продаде,да се купи куќа.или поголем стан......и синоќа дознав дека тој стан и не е платен од свекрвата и свекорот,,почнале да плаќаат учество во минатото.....и сега компликации околу тоа,банката не признава ништо што било платено........дошло до тужби...или да се плати колку што кошта или да се напушти станот........ова е тотална катастрофа з амене...што ќе бид екога ќе дознаат моите..а мажот ми веќе има кредит за автомобил,и ред други кредити.....што ќе биде не знам,а јас невработена....он им атетка која му понудила да живееме во нејзиниот празен стан додека да земеме друг кредит за стан или куќа.за некоја година,да се исплати прво колата..само таа знае за ова...но што ќе бид екога ќе дознаат другите???веќе не ми се живее.........се оди како малер откако сме заедно,,дури помислуваме на тоа дека не сме еден за друг затоа вака се случува....ради тоа бил цело време нервозен,,а јас не знаев што е...нон стоп само на тоа мисли,,мислел сам ќе среди па не ми кажувал,,али сега кога згусна ситуацијава,,мораше да с еотвори и да ми кажи,,страв му беше како ќе го прифатам тоа...............а јас пред него смирено прифатив,му реков да не се нервира,ќе се среди,,,нека виде што ќе биде,,па ако не биде ништо,,немам намера да го плаќам станот,ќе земам кредит,станбен ако треба.и ќе купам или изградам убава куќа.па нека плаќам цел живот.......неговите убаво го зезнале.......не покажав слабост пред него,му пружив поддршка..но многу мие страв.......не знма што ќе биоде,,,кога станав денеска мислев дека кошмар сум имала,али сепка тоа синојќа било вистина:((((((((((((
     
  2. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.208
    Допаѓања:
    16.781
    Пол:
    Женски
    за мене веќе нема спас.....

    ^^ Секако дека ова е проблем, но не е ни приближно решавачки за вашата љубов и живот. Сигурно нема да останете на улица. Само треба да го прифатите фактот дека немате стан и дека можеби ќе треба да живеете со свекор/свекрва или со мајка ти и татко ти. Нема да бидете ни први ни последни. И јас живеам со свекор/свекрва, немаме лично свој дом, не знам ни кога и дали во иднина би имале, здравје Боже, како биде нека биде. Но не значи дека за тоа јас сега треба да паѓам во депресии, да мислам дека ми нема спас и да се разочарувам уште повеќе. И јас се водам сеуште како невработена и сите тие проблеми се стресни, но во ниеден момент немам помислено дека заради тоа не си припаѓаме еден на друг со маж ми или дека треба да се разведам, да се самоубијам или не знам што.
    Помири се со реалната состојба и со нови сили продолжи напред.
     
    На Valentina.Vaki и AIT им се допаѓа ова.
  3. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    885
    Допаѓања:
    754
    за мене веќе нема спас.....

    Работата секако не е убава, но јас најпрвин помислив дека нешто стварно лошо ти се случило...во смисолк дека маж ти те малтретира или нешто слично. Сигурно не е сеедно сега некој да те сели од стан, ама помисли дека на маж ти му е уште потешко него на тебе. Он е тој кој што е зезнат од неговите родители. Можеби и они немале услови да плаќаат, неможе човек да ги окриви...Муабетот ми е дека оваа работа се средува. Среќата неможе да зависи од тоа дали имате стан или не. Вакво нешто наеднаш е шок, но не е крај на светот. Биди сигурна дека љубовта и поддршката се најважните работи во бракот. Мораш да го поддржиш твојот маж, да го охрабриш, и да се увериш самата себе дека можете да бидете среќни и во стан под кирија, или уште подобро тетка му ви понудила стан додека се снајдете. Па одете таму...никој од нас неможе да знае што ќе се случи за некоја година. Битно на улица нема да останете. Ќе се сместите во тој стан, па за некое време и ти ќе најдеш работа, па ќе се отплатат кредитите полека, и се ќе си дојде на место. И нема што ќе речат другите...што има да речат...не си се мажела ти за станот...ти си мажена за твојот сопруг, а он е сеуште покрај тебе и ти покрај него. Не се разведуваш после 6 месеци па твоите да се разочараат...Све ќе се среди, малку трпение, посмирено погледни на работите, помисли дека се доаѓа во животот па и неубавите работи. Затоа мора и во лошо да останете заедно и да ја споделувате судбината.
    Не се депиримирај, ќе видиш дека оваа криза ќе помине, и ќе видиш колку поубаво ќе биде кога заеднички ќе се изборите за да купите стан, и заеднички ќе ја градите вашата среќа.
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  4. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.055
    Пол:
    Женски
    за мене веќе нема спас.....

    Мразам луѓе кои бегаат од проблемите во врската и бракот и сите невољи и ги препишуваат на неслогата.Не е фер и разумно да се разделите сега кога најмногу си требате еден на друг.Приберете се, седнете ко луѓе и разговарајте.Турнете ја гордоста и лутината и прифатете ја понудата на тетка му.Многу е великодушна и во моментот подобра опција нема.Со самото тоа дел од проблемот барем привремено е решен, не сте на улица.Последно нешто што покрај вакви проблеми ви треба се кавги неповрзани со ова.Велат немаштијата носи неслога , но нели бракот е за во добро и во зло , богатство и сиромаштија.

    Инаку за ваква тема потреба немаше.Го разбирам твојот проблем, но не ни прави проблем нас тука со неред.
     
    На Dvolicen и ljubam им се допаѓа ова.
  5. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.350
    за мене веќе нема спас.....

    хризантема кога го прочитав насловот посмислив дека си болна од нешто и дека умираш или дека со маж ти е толку лоша работата што веќе нема каде. сега кога прочитав ми олесна и имам чуство дека проблемов и не е така голем така да смири се. луѓето имаат губено милиони евра па се враќачле во живот а за еден стан големо чудо. чим не ви се допаѓа одете си нека се снаоѓаат неговите си тужбите. чим тетка му е спремна да ви помогне бидете благодарни и одете таму додека да се средите. и што кога ќе дознаат твоите да не ти се налутат што си ти крива i? ехее какви не работи се случуваат во животот ајде смири се и најдете заедничко решение. ти посакувам среќа.
     
  6. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.956
    Пол:
    Женски
    за мене веќе нема спас.....

    тоа е така како што е, нема назад. неможеш да го смениш тоа. за жал грешка на другите вие да ја плаќате.
    едно нешто за што ќе те прекорам, а тоа е помислата како се ви оди наопаку и не сте еден за друг.
    како можеш да помислиш такво нешто. па вие не се карате од љубовни проблеми. тоа што ви оди наопаку во животот не значи дека не треба да сте заедно, и не значи дека цел живот ќе биде така.
    не сте единствен млад брачен пар кој е со една плата и без сопствен дом. верувајте во себе, бидете силни. седнете на маса лист хартија и сите можни комбинации да си ги направите. со плачки нервози и кавги проблемите нема да ви се решат.
    Ќе биде тешко не велам не,...но што ќе добиеш со нервозата.И зборовите: ВЕЌЕ НЕ МИ СЕ ЖИВЕЕ. таткоти и мајка ти цел живот крв и пот вложиле во тебе,за ти на првиот самостоен камен што те сопнал во животот вака да речеш? немој те молам,не си во право.
    И немаш потреба да ставаш страв во себе што ќе речат твоите. Зошто уште толку сум по сигурна дека ако им кажеш на твоите ќе се изнајде некое решение.

    ...пробај поразговарај со нив. и како што реков обавезно седнување на маса и сите планови и можности да се увидат.
    ајде биди силна
     
  7. hrizantema007

    hrizantema007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    25
    за мене веќе нема спас.....

    фала ви многу за подршката.....ќе се обидам да се смирам.....јас не сум навикната вака до сега,,моите никогаш не остануваа должни никому,,колку што имавме толку се ширевме,,,и моите родители така го има аземено станот,и го исплатија ,,,не дојде до ова....како воие луѓе воопшто не мислеле на своите деца се чудам,биле опуштени,,,не им било гајле дека станот не е на нивно име,и дека може да ги бркаат еден ден....проблемот е што со нив сме заедно,,не е ова само наш стан,,мој и на сопругот.....не мие јасно како без ум живееле.......но мислам дека е време да ги земам конците во мои раце,и со помош на бог да успеам,,,,,,не можам веќе да сметам на нив./....,за сега син им плаќа за нивните грешки..........

    и мажот мие многу разочаран,не ми кажувал за јас да не се грижам,,сакал сам да го среди проблемот,и откако ќе го средел ќе ми кажел...луѓе со еден збор може за еден момент да останам на улица.....добро што теткаму има друг стан што сака да ни помогне......да не е таа,ќе плаќаме кирија ради нив!!!!
     
  8. la-lita-e

    la-lita-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    150
    за мене веќе нема спас.....

    Имате опции-да одите кај тетка ти,да си најдете стан под кирија или да одите со вашите да живеете. Разделувањето заради тие проблеми не е опција,и кога си сам не си заштитен од вакви проблеми,не треба одма како кукавица да бегаш од гнездото штом видиш дека има проблем. Биди силна жена,дај му надеж на мажот,барај било каква работа,да носиш нешто дома и помогнеш бар за дома трошоците а тој да ги исплаќа кредитите. Кредитот не е шала. Лесно е да кажеш ќе зимам кредит и ќе направам куќа,свесна ли си колку ќе ти испадне таа куќа и колку после ќе плаќаш? Ќе работиш и живееш само за кредитот. Не сакаш тој товај да го носиш. Заработи,малку по малку ќе направиш куќа,со свои пари со свој труд. Ќе си купиш место,аха сме заработиле и сме тргнале настрана ајде да ѓи дотераме ѕидовите и така така малце по малце ќе биде.Тетка ми има кредит,работи како луда а е 60+ и се кога ќе се јави или ќе дојде на гости се жали,пари нема кредити за плаќање уште толку и толку години треба да работам за да го исплатам..нон стоп тоа и во умот,од кога знам за нејзе. Главата горе и мисли решение,барај работа,разговарај со твоите,може ќе ти помогнат,ќе ти понудат решение,поарно од тебе да дознаат него од други. И не заборавај шо си дала збор-во добро и зло,здравје и болест,богатство и бедност. А да му ја летнеш штом затропат проблемите на врата.
     
  9. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.401
    Пол:
    Женски
    за мене веќе нема спас.....

    Прво треба да бидеш среќна дека имаш опции, некој ги нема. Второ немаш појма што е да не мислат родителите на своите деца. Бар донекаде биле со него, сега ова што зезнале зезнале. Ама ко што ти рекоа не е нерешавачка ситуацијата. Чим не сакате да го отплатите станот, тогаш привремено кај тетката и лека полека ќе почнете свој дом, кој вие ќе си го создадете. Многу ми звучеше драматично ова, сепак ги имате основните намирници за живот, и она сугестиите дека не сте на друг не ви се во ред. Во ова заедно сте влегле и заедно ќе излезете доколку само вие сакате. Многу парови почнале брак па заминале под кирија и се и функционираат. Смирено со ладна глава.. на форумов се сомневам ќе го најдеш решението за твојот проблем, најдобро со сопругот искрени муабети, затоа сте партнери, овде само можеш да се олесниш ако си кажеш..
     
    На imelda и silk им се допаѓа ова.
  10. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    885
    Допаѓања:
    754
    за мене веќе нема спас.....

    Мислам дека ова баш не ти е во ред. Твоите никому не останале должни, а овие демек немале гајле...Не е баш така...Ќе плаќаш колку што имаш...А знаеме сите колку се има денес, неможеме комуналиите да си ги платиме а не па станови и кредити. Од кеф сигурно не оставиле некој да ги брка од станот после толку години. Мислиш лесно им е и на нив сега на стари години ова да им се дешава...?
    Они го исчувале нивниот син до сега, а сега да ги осудувате не е фер. Дојде време да немаме леб да јадеме, и ова што вам ви се случува, се случува на многу фамилии во Македноја,верувај. Можете да одите кај твоите да живеете, доколку не сакаш да живееш кај тетка му... Но да распаѓате фамилија за ова... :?: малце ми е нејасно....
     
    На slavica999 и imelda им се допаѓа ова.
  11. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.277
    Допаѓања:
    5.155
    за мене веќе нема спас.....

    Мене нешто друго ми боде очи во оваа приказна. Како бе Хризантема не ти кажувал?!?! И самата велиш дека уште од старт си кроила планови дека не ти одговара ни по локација ни по квадратура и сакаш или поголем или куќа и тој да молчи да не ти каже дека тоа НЕ Е негов стан туку на неговите кои имаат нерасчистени сметки.
    Ако ти кажал пред брак , знам дека би се размислувало со друг памет ама овака апла кажано знам дека боли и си ставена во небрано.
    За твоите родители што ќе кажат и помислат воопшто да не се секираш затоа што како нивна ќерка нормално ќе ти дадат подршка и утеха па можеби и некоја солуција да се реши проблемот.
    Друго што не ми е јасно, како банката не признава уплата на рати?!? Па тие пари сигурно на сметка се уплатувани и си стои се црно на бело во евиденција...али ај тука не навлегувам.

    Можеби ова за ВАС е првиот сериозен проблем во бракот ама гледај ја посветлата страна. Сакаш-нејќеш ќе го решавате стамбеното прашање. Ако не дошло до ова кој знае кога би се решавало ова прашање. Знам дека е тешко во денешни услови да купиш стан или градиш куќа кога почнуваш од чиста нула а многу потешко за земеш кредит и плаќаш рати и камати во ова време кога скоро никој нема сигурна - запечатена работа до пензија па да знаеш дека имаш сигурен месечен приход.
    Мислам дека немаш право да се лутиш на неговите родители затоа што толку успеале во животот да му пружат на твојот маж. Колку и да ти изгледа и звучи дека биле не домаќинско семејство си знаела и претходно кога си била во врска со него и си решила него да го земеш за маж а не да се венчаш со неговото семејство.
    Можеби звучам арогантно и ќе превртиш очи додека ме читаш ама верувај дека те разбирам. Убаво кажа Љубам дека неможеш тука да го решиш проблемот, освен што можеш да добиеш утеха и патоказ накај мт да седнете заедно и да го решавате проблемот.
     
    На imelda и ljubam им се допаѓа ова.
  12. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.320
    Добродошла во светот на возрасните. Каде со волја и разбирање се решава се, и најмалку ќе ти помогне сега да споредуваш вака беше кај мама и тато а јас не сум навикната на ова, па родителите на мажот се лоши не мислеле на нивните деца и да им го исплатат станот. Еве, и тие живеат во тој стан, нивно гнездо е како и твое, ако биле себични и не мислеле на своите деца бар за нив сигурно не сакале да се бркани на улица на овие години. Како што ти спомнаа и другите, имате тетка која ви понудила каде да одите привремено, па сите заедно ќе соберете сила, ќе придонесувате и ќе создадете нешто ново. Или искористете го моментот на неплаќање ќирија и со маж ти штедете за свој стан каде вие сами сакате да е. Многу млади брачни парови немаат поддршка ни од мама ни од тато, а камо ли од тетка па пак успеваат да се снајдат, и кога плаќаат ќирија, ја плаќаат за нив, а не заради некој што не им обезбедил на готово да седнат негде, ако ме разбираш.

    Амбициите со ќе земам кредит и ќе изградам убава куќа додека и сама си невработена малку ги олади оти и сама знаеш дека не е изводливо во оваа ситуација, и ако на тоа рачунаш пак ќе те читаме дека си разочарана катастрофално. Наместо тоа, и наместо да се туфкаш што те снашло, најпрво смири се полека, па фокусирај се и размисли како можеш да помогнеш за сите да се извадите од оваа ситуација, која не е убава за цела фамилија од која си дел сега, не само за тебе лично. Ако неможеш да се вработиш со тоа што си завршила факултет, тражи било каква работа засега, ем ќе те тргне од времето што го имаш да мислиш и да се нервираш дома за како требало да биде, ем колку-толку ќе земеш некој денар и сама ќе се осетиш подобро со тоа.
     
    На tessie, blond, cecilia и 2 други им се допаѓа ова.
  13. hrizantema007

    hrizantema007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    25
    фала ви многу за советите,мислењата.......во право сте,тука не можам да најдам решение,нити барам.....сакам само да се олеснам,,,бидејќи му дадов збор на сопругот дека нема никому да кажам,ни на мојата фамилија,ни на никој друг....ќе видиме некако да се разреши ова.....тешко изводливо ќе е,,но еве чекаме ново рочиште па да видиме што ќе биде,ама по неговите кажувања,,селењето ќе биде неизбежно!
     
  14. hrizantema007

    hrizantema007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    25

    и јас тоа го знам дека се постои во документи,,но сега испаѓа дека таа бакнка каде што уплаќале веќе не ни постои...а овие па немаат никаов документ дека плаќале..освен две глупави ливчиња,што не значат ништо,освен некое решение.........итн........многу е тешко......верувајте ова не ни го помислував дека ќе ме снајди...........ама еве и тоа дојде..од оваа кожа не се излегува!!
     
  15. Palchica

    Palchica Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2012
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    86
    Јас мислам дека ептен е добро што се отвори оваа тема. Не постојат само вакви „кризи“ туку и кризи од друг тип поврзани со станбеното прашање.

    Да речеме: Што би направиле вие да ви е исклучително важна локацијата на станот, а на вашиот сопруг да не му е? Треба да купувате стан и тој вели „ Јас за 50.000 евра ќе земам 100 квадрати во (на пример) Чаир и ќе се ширам во 5 соби“, а вие велите „јас пре ќе живеам во Центар во гарсоњера, бидејќи околината ми го диктира животниот стил и мене и на децата, градинки, школи, безбедност, транспорт и сл. (а сте ограничени на сумата која може да ја платите)...
     
  16. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.956
    Пол:
    Женски
    ^друго е кога е во ист град.
    Што му фали на Чаир ако можам да си дозволам да има трособен стан.


    Но........
    Ама уште полоша варијанта што ја знам-вистинска приказна.
    Кога парите се ограничени, мажот сака да замине во помал град, а жената и децата се израснати големи,тука учеле се социјализирале имаат живот пријатели школо факултет спорт,љубов-дечко,од своето раѓање живеат во Скопје. И се свесни дека со минимален кредит може да успеат и да останат тука. Но,не...мажот се заканува со развод.
    Се и сешто има во денешно време за жал.
     
  17. ivinakit

    ivinakit Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    575
    Пол:
    Женски
    како си правела планови да го продадеш станот, кога тој бил на неговите родители и тие живееле заедно со вас во станот, каде беа тие во товите планови, каде мислеше да ги испратиш?

    сигурно тие не го зеле станот и не плаќале за да им го земат на крај, сигурно после некое време финансиите им се намалиле и неможеле да ги сносат трошоците па затоа и престанале да плаќаат, пробајте да ги најдете сите документи, тие работи се чуваат, исто сакаа да му направат и на татко ми, тој имаше земено кредит преку фирма за изградба на куќата, но по некое време го отпуштија без основ и додека се влечеше по судови за да биде вратен на раб, неможеа со мајками и кредитот да го плаќаат, после неколку години го вратија на раб и му беа исплатени сите плати, тогаш од еднаш исплати се, но излезе проблем бидејки не му ги признаваа почетните рати, туку само тие задни платени и го дадоа на суд, но бидејки ги чувавме сите документи лесно ги добивме.

    друга солуција која ми текнува во моментот, доколку можете да го продадете станот, со дел од парите да го вратите долгот, а со дел да планирате што понатаму, секако доколку може да се покрие тој долг.
    ништо не правиш ако само се жалиш, седнете сите и размислете заедно што и како ке правите, сепак имате каде да одите, без да се оптоварувате и со кирии, исплатете ги кредитите што ги имате и земете нов за стан или куќа.
     
  18. hrizantema007

    hrizantema007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    25
    знам дека се тоа се чува..но еве овие ништо немаат од тие документи само 2-3 уплатници и толку...а од тоа покасно ама баш ништо,,затоа знамд ека спорот е веќе изгубен....а инаку јас мислев и на неговите,не само на нас,,јас планирав со тиа пари да купиме кука,,,исто и тие да одат со нас,,ке си имаат своја соба..итн......исто како сега сано што ќе си бевме пошироко...итн......ама штета....сега не знам што би можеле да направиме.....освен кредит да се земе да се купи станот..да седиме туак некое време,,после да се продаде,,да се исплати тој кредит,,па да земеме нов во меѓувреме за нешто друго.не знма навистина,тотално сум збунета...........не знам како од банката не сфаќаат некои рабпоти,едноставно те бркаат од дома па прави што сакаш........катастрофаааааааааааа жива.......бар на рати нешто да можи,,а и не го признавале тоа уплатеното...немале доказ..таа банка веќе не псотоела,,и се било уништено од тогаш..............не ми е јасно што навистина се случило......само знам дека тешко ќе има излез од ова...единствена утеха што има каде да се сместиме но и тоа не е крајно решение кога знаеш дека тоа не е твојот дом!
     
  19. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.320
    Чекај малку. Се знае кредит како иде. Ако не се исплаќа редовно, по договор до колку се дозволува да се закасни или испушти некоја рата, банката го зема тоа што го гарантира тој кредит, без разлика што некои рати биле платени таму на почетокот. Таа банка пропаднала, ок, новава банка ги земала и инвестициите и долговите, и макар што сигурно ништо не е уништено, освен ако не е изгорела некоја архива при пожар, ако знаат дека долгот го земале, знаат колкав е до каде е и дека не е исплатен по тој договор, и тука се тужбите ако не друго за неплатени рати кои оваа банка секогаш ќе ги прикаже како доказ зашто ви го зема станот. Значи уште кога свекорот и свекрвата немаат ништо ни како доказ колку платиле па да бараат да банката малку им отстапи и дозволи да рестартуваат со отплата, како нов договор, со камата пресметана на неплатените рати итн, таа е завршена работа. Нема што да се нервираш и да очекуваш солидарност од банка, они се бизнис не социјални работи.
    А ако веќе размислувате да земете кредит и да отплаќате стан зашто овој а не како што викаш некаде на пошироко уште сега, отколку сега кредит за овој стан па да се продаде, па да се отплати па поново кредит за друг?
    Ако сакате проблемот да остане во фамилијата ќе се снајдете и за тоа, кажете на пример ваму ќе поседиме да заштедиме, кај тетка нели, нема кој што да мора да знае и да ви се меша. Не би било лошо ни да одите по таа опција, да поседите додека не отпркнете фамилијарно финансиски, да соберете нешто во готово за да наредниот кредит би бил помал и со помалку ризик да не дојде повторно до банка да ви зема имот.
     
  20. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    4.810
    Допаѓања:
    33.371
    Пол:
    Женски
    Мене ми боде очи ова со уплатнициве. Банката каде што се води кредитот има историја на плаќање на тој кредит. Се е во база на податоци се е компјутеризирано, па не е ова ресавска школа. Друго , банката пушта опомена пред тужба за неплатен кредит, па тужба па после го зема станот со извршител. Не е ова каубојски филм па оп троп на врата и дај те го станот. А дека маж ти не занел што се прави дома или те лаже или е глуп.

    Друго, со кој памет ти си планирала да продаваш стан кој не е твој зашто не ти се свиѓа локацијата? Извини, ама ти во Монако да не си живеена до сега па сега не ти одговара? Тропнал прв пробем на врата и оп троп развод. Браво бе. Аферим, ашколсун. Што мислеше дете кога се мажеше дека , ти ќе дојдеш, станот ќе им го продадеш и ќе царуваш во царштината?? Не оди тоа така. А сега ти фино лепо или кај тетка му на маж ти ќе си одиш ( секоја чест на жената што ви пружа рака зашто малку се денеска такви, обично се тргаат) или стегни заби и под кирија. Кога ќе сте сами вие двајца ќе си знаете дали сте или не сте еден за друг.
     
    На MacenceEna и tessie им се допаѓа ова.