Steta sto ova e Makedonija, so substandardni plati i golema nevrabotenost pa poatojat vakvi temi. Inaku, tesko e, ama ne i neostvarlivo sam da napravis nesto. I jas otplakam i tek ke otplakam stanben kredit i super mi e. Non stop sme vo minus, nekogas mi e preku glava, ama pa gurame i vaka. Medjutoa cuvstvoto deka sum vo svoe, deka nikomu nisto ne dolzam e povredno od se. Ne moram da trpam nicii hirovi, ne mora da mislam za nekoj drug dali jadel i sl. Se sto pravam e za soprugot i decata. I mi trebase vreme i na mene da svatam kolku e ubavo vaka i da ne si ja trujam dusata so toa kij komu kolku dal i kolku jas sum napravila, dali rucek sum prakala i ne znam sto veke. Sekoj svoeto neka si go gleda. Ako mene svekorot i svekrvata mi doagaat na gosti i koga imav zdravstveni problemi ne krenale tel da prasaat da ne mi treba nesto, nego prakaat pozdravi preku mm, sto mi e mene gajle dali nim im treba nesto vo ime na mekoja kvazi pocit i vodpitivanje drn drn,a vamu pozadi grb ke se molam pobrzo da umre ... Makedonstina tipicna. Ne, i jas odam povremeno na gosti,neka si bidat zivi i zdravi lugeto, ama kako se postavile takvi i ocekuvanja od mene moze da imaat. Otugenost vo semejstvo, da, taka e, ama pai mnogu pomalku glavobolki.
Значи синот на гости е, па треба да се радува и на тоа мало просторче, додека керката е дома така? Двојни аршини
Ама еднолично ги гледате работите еј. Значи еве моите седат во стан од 100+ квадрати и доаѓа до развод и јас си одам дома (кај моите). Во меѓувреме, брат ми и вака и така седи во стан од 40м2. Си доаѓам јас дома (кај мајка ми и татко ми) и снаа ми почнува да се пролакомува како јас се луксузирам кај моите?!
И себичниот татко твој остава еден стан празен а голем, и го дава најмалиот на брат ти и двете внучиња ама на КОРИСТЕЊЕ. И од кај знаме дека ти баш како золва не си кодошот против братот?
А бе многу работи не знаеме тука. Може кодошот е братот, може кодошот е снаата, можеби и золвата. Не ги оставила не улица, па сега сите олоши, а они од рајот излезени. Што не барале поголем стан уште во старт кога знаеле кои им се фамилијарните планови. Еве јас и без дете барав стан со детска соба. Значи се планираат некои работи. Не сега да ја гледаат сестрата како закана откако таа се вратила дома. Не гледам ни зошто воопшто е спомната. Станот ниту она го поседува, ниту она е причина што овие не седат во поголемиот. Ова само укажува на тоа колку снаава е огорчена кон золвата која наводно не ја познава.
За некои е сосема нормално и природно, родителот цел живот да се грижи за детето. Законски, обврзан е до 18 години, но, според најголем дел од снаите тука, родителите на мажот треба да се грижат, најмалку за неговиот престој и до 48, ако е потребно. Од друга страна, сосема се бездушни родители, кои децата ги изведуваат на прав пат, па после полнолетството ги оставаат сами да се снаоѓаат низ животот. Баш заради овој менталитет, преблизок однос, многу млади остануваат осакатени, цел живот чекајќи од родителите. @fairy88 самата напиша дека во 50тина квадрати не знае како да го распредели мебелот за едно дете, @kukla21 однапред планира детска соба. И уште многу други родители, кои свесни за ситуацијата со платите во оваа држава, планираат колку квадрати имаат на располагање, па според тоа планираат семејство. Можеби има некоја причина која снаата не ја знае, па свекорот така да ги дели децата.
Со болдот не се согласувам.Секој кога би имал можност во прва прилика би си го средил стамбеното прашање.Не гледам некој да сака цел живот да се стиска и да чека друг да го рани. Кога останав бремена бевме со маж ми на плата од 200 еу и живеевме со свекрва и свекор.Маж ми има спрат од неговите исто како деверот.Само што деверот имаше стабилна работа во платена фирма, и одеше по терени(што е многу поплатено) па можеше да го спреми неговиот спрат и кога се ожени веднаш да се оддели.Маж ми од друга страна цело време работеше,ама нестабилна и слабо платена и не можеше да го опреми станот.Тоа што му беше таква работата не беше по негова вина,така го служеше среќата. Кога останав бремена(прв пат) ми се погоди баш период кога ја менев работата,а знаеме колку е можно бремена жена да најде нова работа.Значи се венчавме и живеевме со неговите.Јас си знам како ми било.Со една плата и со бебе на пат.Плус тоа не легнавме целосно на неговите.Пола плата дававме за јадење и сметки(јасно дека тоа беше дел,не да се покрие се).Гениколошките прегледи мислиш државно не се наплаќаат,ама сите знаеме дека се наплаќаат по 400ден испод рака и со витамините плус,едвај врзувавме крај со крај. Да не разглобувам многу,свекрвата не беше лоша,далеко од тоа ама си имаше некои мушички во главата и знаеше да те за срце закачи.Сум ќутела оти сум под нејзин кров и од почит.,Не сме седеле таму од ќеф или да сме биле мрзливи,такви ни биле околностите.Секогаш сум сакала сама да стварам и да не лежам на друг. После тоа се случија други работи,го изгубив бебето од стресови и неможност да си дозволам подобар третман на приватно. Тогаш се решивме со маж ми конечно да ја напуштиме државата.Да останевме во Македонија никогаш немаше да успееме да се одвоиме и да застанеме на нозе.Не викам дека и тука цветаат рози,никој не ти дава пари без работа.Првате две години беа најтешки.Курсеви за јазик да платиш,после стан да обезбедиш,мајка ми се разболе од рак и исто стресови до бескрај.Да платиш кауции,да го опремиш станот комплет со нов мебел,за сето тоа пари требаат.Фала богу застанавме колку толку на нозе. Станот ми е мал тоа го кажувам,ама среќна сум и што го добив,оти да добиеш стан на твое име,па и прв пат е исто како на лото да си добил.Следниот кога ќе го барам ќе биде многу поголем за секој да си има своја соба и да не треба стално да се преселувам. За свекрвата/свекорот сум благодарна што ни помогнаа додека бевме во Македонија.Затоа кога јас бев сама таму и кога им требаше финансиска помош,со еден збор им ги дадов последните пари кои ги имав во мене,не го ни прашав маж ми дали треба да им дадам.А, сигурна сум дека и тој ќе го направеше истото за мојата фамилија.Се вратив назад само со платената карта и празни џебови. Воопшто не ми е криво што сум помогнала,да не бидам погрешно сватена.Зборот ми е тркалото се врти,тие ни помогнаа колку можеа и ние им помагаме колку можаме.И да дојде ред да дадаме пак ќе дадеме, не е проблем. Тие што чекаат на родителите во Македонија,не ѓи ставајте во ист кош.Не може никој да ме убеди дека со месечни примања од 400 еу се мрзливи и недомаќини.Да имаш 1000 еу месечни примања со 4 члено семејство,па мора многу да го стиснеш газот ако сакаш да подигнеш стамбен кредит. Затоа кога кажа феминката дека имаат мали примања,јасно ми е колку им се можностите да дигнат кредит за поголем стан.Затоа и јас викам дека свекорот не е во ред што не им помага.Гледам разни коментари во врска со проблемот.Почитувам различни мислења,мое мислење е дека не се осакатени оние кои чекаат да им се даде нешто,што веќе постои.Едноставно немале среќа да застанат самостојно на нозе.
Крив е родителот што има, а не дава. Еднаш се живее. Зошто да ти се стиска детето и да се изложува на стресови.
Окцензи, едно нешто ти промакнува Стариот никому не дал ништо на хартија - сеуште! Значи ни на синот, ни на ќерката. И пак ќе ти кажам - може младиве има причина што живеат во 40 квадрати, а не 60 или 100, а таа причина нас не ни е кажана Предвреме го колнеш човекот, полека, ова е само трачарски муабет, ништо конкретно сеуште Па ете, си се снашла, си преземала нешто, нели? Дали тука, дали таму, не си седела дома да се љутиш на свекрвата. Извини, ама мене не ме прави помалку човек од дотичната феминка што сеуште не раѓам итн. Не го правам тоа затоа што немам каде, и не гледам зошто се затрчала да проширува фамилија. Ете, не можам да си објаснам, па јас утре дете да родам или ќе треба со свекрвата во двособен стан да живеам или под кирија. Ете, нема. А др. син има 120 кв. Да му земам 60 или?
Како што ти викаш дека не може феминката да се меша во распределбите на становите,која си ти да кажуваш дали таа требала или не требала да се проширува со фамилијата. Јас не гледам дека таа да сака да исфрли некој од станот за да го земе или да земат стан во кој некој веќе живее.Станува збор за празен стан,кој е поголем.Кога веќе стои еден стан празен,зошто тоа да не е помалиот.Точно тоа е одлука на стариот,ама мое мислење е одлуката што ја донел и им го дал помалиот стан, не е во право.Со болдот се согласувам во целост. И да превземавме нешто,ама не е земи пасошот во џеб,куферот и оди си.Има уште куп млади кои сакаат да ја напуштат државата,ако им се укаже прилика.Треба да те послужи и среќа.Да не се залажуваме дека е лесно како што пишуваат по огласите на порталиве дека се бараат еден куп работници за странство.Ако немаш човек тука да те пречека и оправи, тешко дека ќе успееш.
@fairy88 јас не ги ставив сите во ист кош, туку некои, а за воља на вистината, такви има многу. Сумирано од многу, буквално многу примери, син кој има наследство од родителите, не го одбива, туку комотно се сместува во истото, наместо самиот да се потруди да стекне нешто свое. Ќе речете, зошто да не? Епа баш затоа што е полесно да отидеш на готово, отколку да си го испотиш газот. Од она што го прочитав, не можам да кажам дека таа е во право. Кога премногу работи се испомешани, лесно е да обвиниш друг. Тие за 4 години брак, со несредено стамбено прашање, се решиле и таа родила две деца. Лично мое мислење е дека е себично, во 40 квадрати, во кои, како што напишав претходно, живееш како под кирија, да се одлучиш да родиш две деца и притоа да обвинуваш друг дека не сака да ти даде иако има, бидејќи ти е тесно, но, не е себично да помогнеш некому, со нешто минимално. Колку и да биле времињата поразлични, стан не се купува така лесно, а уште помалку три, со не баш така мала квадратура.
А зошто толку го величате мачењето? Зошто да се мачиш кога веќе некој се потрудил да ти помогне? Ако си човек на место и од тоа што ти е дадено ќе гледаш да направиш нешто, а ако си паразит и да немаш ништо ќе живееш на товар на твоите цел живот. Мачење, па мачење. Пак ќе кажам, ако си научен на лежи лебу да те јадам и ништо да немаш пак ништо нема да направиш во животот и да имаш нешто или ќе останеш на тоа или и тоа ќе го изгубиш. Толку лупање во гради не сум сретнала во реалноста да бидам искрена. Тоа е. Луѓево и двајцата работат, ама ете, толку им се платите, а ги направивте најголеми ништожници и мрзливци. Да речеше дека не работи жената мислам на клада ќе ја распневте.
@RainBow баш напротив, јас никого не направив мрзлив. А, зошто пак, да не се потрудиш од даденото да направиш многу повеќе? Наместо од почеток да градиш, имаш помош и тоа е супер, но знам многу примери, каде нема ни минимален напредок, каде работите не мрднале од истата точка, со години. Ми падна во очи што таа ја знае премногу за работи кои не се однесуваат на неа. Некои прашања се решаваат многу порано, пред да биде тесно. И да, свекорот им помогнал, но останало на тоа.
Браво за напишаното Ако јас се мачам,зошто и моите деца да се мачат.Секогаш викам кога ќе се роди детето тука ќе биде на скалило плус пред мене,нема да е странец.Ќе го знае перфектно јазикот и уште други поволности. Во врска со имањето,ако му дадам на синот не го правам паразит.Со памет во глава може повеќе да постигне од мене,без памет ќе го изгуби и тоа што го добил. Некој успее на синот/ќерката милиони да остави,па јас за еден стан треба ли толку да се чукам во гради А, на кој да оставам ако не на децата.Во гроб да носам неможам.Или можеби треба се да продадам и после да ги истрошам без врска парите, за да сфатат дека они треба сами да печаат и да не бидат паразити и лежат на мој грб.
А да не ми го извртуваш муабетот, м? Феминката може уште 4 деца да ги роди, па ќе решаваме како да живее во 100квадрати, замисли золвата живее во 60 квадрати со 1 дете, а оваа во 100 со 6. Не е фер, нели? Абе може не е во право, ете, ама можеби овие не заслужиле ни 40 квадрати, нели? Па од жал им ги дал, а ете, не заслужиле. Можеби стариот има некои поголеми очекувања од нив, или само они смеат да имаат очекувања од него? Јас сум од тие млади што се вратија од странство, и одлучија тука да си ја градат иднината. Ете не лелекам како немам кај да живеам и некој ми должи, а сум повозрасна од мн. мајки тука. И исто имам право на стан од старите како и секоја што родила и “има право“, нели Не е лесно никаде, ама не е невозможно. Се се може кога се сака Па заслужено ќе и беше, она во секој пост потенцира дека золвата не работи, наместо да се сожали над неа. Јас не би го нарекла тоа мачење. Детето треба да направи повеќе од родителот, а не да остане на тоа ниво, или полошо, уште пониско. Почетен старт овие имаат (40 квадрати) кои многу луѓе тука ги немаат. Се надевам нема да се лути членката @anina што ќе ја спомнам, ама нејзината свекрва не само што не им дала 40 квадрати, туку неа бремена од дома ја избркала. Па ете, Анина има куќа сега, ама па не должи ништо на свекрвата.
A на неа да се сожали? А зошто би се сожалила? Зошто вие се сожалувате на возрасна жена со дете која не работи? Овие другиве ем работат ем се плукаат, а оваа ќе ја жалиме. Добро. Ајде хипотетички ќе земеме две индивидуи. Две амбициозни индивидуи. На првата и е решено станбеното прашање, наследила стан, од тука може да тргне нагоре да работи, да си реновира, да си купи можеби поголем стан. Додека втората нема од родителите, сама создава, си плаќа образование, работи, се мачи, години ќе и требаат додека стигне на нивото на кое првата е веќе одамна. Дали првата индивидуа е помалку човек или? Или вторава е сто пати подобра зашто се мачела сама во животот? Тука некако не ве разбирам која ви е поентата. Плус, не сите имаме исти можности во животот, за образование, за надоградување. Некој од мама и тато му е платено школото, факултет, да оди во странство да се образува, некој нема средства, па од старт е поназад. Во нашава земја јас немам еден, единствен пример да кажам дека млади си купиле сами стан, земале сами кредит да исплаќаат. Или родителите им помогнале за депозит, па за опремување, или им дале спрат од куќа, или им дале стан откако им ја срушиле куќата и им дале неколку стана, па семејно ги распределиле.. Или живеат кај нивните додека соберат некој денар да не фрлаат на кирија, па пак се потпомогнати од родителите. Ама од некаде помош има. Имам пример каде што родителите на девојката продадоа куќа, па земаа еден голем стан за неа и маж и, еден помал за нив двајца. А сами, бла, бла, тие муабети само тука на форум ги имам прочитано, како фикција да чита човек. Плус, не сакам ни да спомнам колку се долни муабетите за како се накотиле, па не знам, случајно да го направиле може требало да го абортира зашто немале услови. А во темана за абортус се збори само да се роди, па после ќе се средат некако работите. А ваму се котат. Ееееее, луѓе, не се фаќа крајот. И тешко дека имаат почетен стан, како под кирија да се, само што не плаќаат. утре да му текне може да ги избрка, така што не би рекла баш дека имаат, кога не е на нивно име.
Золвава да пишеше во темава дека не работи, има дете и живее со татко и, не плаќа ништо, имаше партали да ја направите... вака ја сожалувате, кутрата па разведена била, па душичка мила, не и се работело, па татко и ќе си ја гледа дома си е. А за братов, неспособен, работи, и уште кај татко му во гарсоњерата живее, говедо невоспитано. Па и деца раѓале, сељаци тешки. Не како золвава кутрата, разведена , со детенце, кај татичко си живее, што е крива таа? Шо знам, малку ми се муабетиве. Па снаава невоспитана, некултурна, бара подобар живот за семејството, наместо да ќути таму... Не и е срам да работи за 10 000 и деца да раѓа? Треба или 1000 евра или да ќути таму и како говедо да биде етикетирана на форумов, како неспособна и ненормална. Којзнае како е вистината, се истепавте тука за луѓе кои не ги ни знаете, и одма психоанализи на сите.
Според тебе никој не треба да се меша во броењето на имовина,оти не е негово.Ама од друга страна не гледаш зошто феминката се затрчувала да проширува фамилија.Значи и ти навлегуваш во нечиј приватен живот и се мешаш. Јас мислам дека не треба и тебе да ти е гајле кој колку деца има. Ти си одлучила да чекаш да се средиш се,па после деца,можеби имаш стварно услови ако почекаш да постигнеш нешто во животот. Со мали плати не гледам што повеќе ќе чекаш и каква посветла иднина би те чекало. Золвата оти не работи да се сожали за неа,тука ем работат двајца ем немаат оти се минимални плати со две деца и не се за жалење.Овие се недомаќини, котат се во стан од 40 квадрати,а немаат место цццц Дал де не викам не.Само што можел повеќе да помогне,а се упорно враќаме на зборот дека несака. Сега како што е поставен проблемот,стариот не го оправдувам.Можеби има уште нешто што не е искажано, е тоа е друго.