Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Криза со станбеното прашање

Дискусија во 'Брак' започната од hrizantema007, 29 август 2012.

  1. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Можеби свекорот вака се однесува бидејќи сега има би имал четири стана место три но еден стан отишол на отплаќање на долговите на синот па поради тоа синот сега нема лице да разговара со татко си и да бара повеќе од него.

    Гледате колку е лесно да се извадат работите вон контекст? Во целата таа приказна за дисфункционално семејство има некој недоречени работи, впрочем од родена сестра не би очекувала да ја каже целата вистината (ако не и оди во полза) а не па од виртуелен лик на анонимен форум. Вака е најлесно-имаме зол свекор, невработена золва (која што е апсолутно небитна во приказната ама ајде да ја сатанизираме затоа што после разводот се вратила дома кај татко и, аууу вештерка) но од друга страна имаме намачено семејство со мали деца и уште помали примања. Јасно е каде ќе отидат симпатиите.

    Извини вака, ама ти свесна си во која држава живееш? На 20 години тешко е да најдеш работа, а на 50 е тотално невозможно!!! За чистачка не те викаат а не па за нешто друго.
     
    Последна измена: 20 октомври 2015
    На Bozica1980, stefanija70, jovanovska94 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Никој не ја брани золвата, само многу е глупо да се спомнува во конотација во која не и е место. Ниту золвата зела стан, ниту некој и дал, а ете на тапет. Да беше сапуница ова, немаше ни споредна улога да има. Статиста може.
     
    На jovanovska94, CameliaMiller, stetoskop и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. VladeMila

    VladeMila Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    430
    Допаѓања:
    8.515
    Пол:
    Женски
    Ne su mnogu po kompjuterive pa za da ve citiram,ama ke se pronajdete vo postov,Sto trebase da cekame da napravime po 50god ,da sozdademe nesto(mesto za ziveenje)a pri toa mi otisol vozot za deca,pa na kraj da osteneme ogorceni i isfrustrirani.Epa kazete mi vie so 20.000plata sto bi napravile poprvo,koj kredit da go zemam za da ne cekame od tato,mama,svekor svekrva.pa mene pola i poveke od platata mi odi za hrana za bebeto,i tretman-terapija za 1mi dete,a kaj se pelenite i gradinkata,da ne zboram za smetki i za jadenje.Znam ke recete ne se pravdaj site istoto go imame,moze go imate,jas tuka si go kazuvav mojot problem.
    Tocno ne znaete koja e vistinata,pa ovaa se pravda,dosta i e toa sto i go dal,pak ke recam mene licno nisto ne mi dal,mu dal na mm da go koristi stanot,Drugo jas ne barav,samo rekov kako ne mu e zal na svekorot da ne gleda stisnati kako sardini,prethodno pred da otide svekrvami da sedi vo prazniot stan mu rekov na mm zosto da ne odime tamu da sedime i taka e prazen(ke recete eve ovaa bara)za koj stan i toj dal nesto pari za renoviranje posto na svekorot ne mu stasale.
    E sega mm treba da si napravi muabet so tatkomu,veke i nego ne muse rasprava,nemoze da se nervira i da prai stresovi,kapak mu dojde i svekrvata sto pocina,a mn.dobro si ziveese so majka mu.
    Tesen prostor,maloto saka da trca,nervozi,on se nervira,ja se nerviram sto on se nervira,
    Pa sto ne ti dadat tvoite,pak ke pisam momentalno ne se vo moznost da mi pmognat,da mi dadoa pari kolku da opremam 2sobi,no toa ne e dovolno ni za krediti,a kaj e ucestvoto.

    Ke recete od kaj znae sve za zolvata,a ne ja poznava,epa od svekrva mi i mm,pred da pocine svekrvami dojde kaj nas so placenje,dosol svekorot i i placel.se zalel od kerkamu i ne mu se vrakalo doma,a mm i vika vie ste si krivi vie si ja napravivte takva kakva sto e.
    I posto sum jas losata snaa,na denot na pogrebot mu vikam na mm,da i pruzi raka na sestramu,soocustvo da si izrazat,on mene mi vika glej si ja tvojata rabota,ona e kriva sto majka mi otide od doma,najdi mu se na covek dodeka e na noze,podaj mu cas voda,a ne ona od doma ja izbrka.
    I na kraj nikoj ne rece da ne ja pomaga tatkoi da ja zali,ta kerka mu e so vnuce,samo ne e fer.
    Sto e najtragicno i mene ne mi se naoga krajot,tolku sto mie zal za svekorot,84god,trca odi vo nabavki,go nosi deteto i go vraka od skolo,mu pravi za jadenje,ama ete pak go zboram.
    Uste nesto, ne sobiram poeni,nepravam lice,a i da go pravam toa jas sum samo snaata.
    Sekoj so svoite problemi i razmisluvanja.
     
    На cresa-jagoda и anakonda88 им се допаѓа ова.
  4. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Ај кажи што е битна золвата во приказбата жити мајка?!
     
    На stefanija70, jovanovska94, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    173.782
    Е битна е,она седи во 100м2...а не треба -бидејќи им а„само “ едно дете...(facepalm)
     
    На Nausicaa, kukla21, stefanija70 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. VladeMila

    VladeMila Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    430
    Допаѓања:
    8.515
    Пол:
    Женски
    Sto vie be luge,koj rece da ne sedi vo 100kvd,kaj go procitavte toa,jas samo rekov deka ima uste 1 stan koj stoi prazen.
    Ne izvrtuvajte muabeti
     
    На ocicka2014, kjukli, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.870
    Допаѓања:
    267.239
    1. Ти рече - замислете да кажеше дека е невработена.... епа што имам да замислувам, ете золва и е невработена, а оваа ја утепа од зборење како не работела. Зошто да ја жалиме таа што тука се жали, ама не и золвата?
    2. Стартната позиција не те прави повеќе или помалку човек, само што најчесто тие што се помачиле, знаат што значат 40 квадрати, ма и 10 квадрати. Овие непомачениве, обично се трудат во животот да поминат за се полесно, голем дел од нив стануваат лешинари (о, да, сакаш и примери од мојот личен живот?).
    Не е поентата некого да мачиш, ама не е ни нормално за се да му викаш ,,чекај, јас,,. Го правиш паразит.
    Еве хипотетички, да речеме, женава го добива станот од 100кв. Никогаш не купува уште еден. Кое дете ќе го добие? Или ќе го делат на 2 од 50? И се вртиме во круг... раѓаме деца на 18, цел свет ни е крив што немаме.
    3. Јас знам, повеќе од еден. Ама, работат бе Реин. Со магистратури работат во стоваришта, чистат по туѓи куќи за викенд, навечер преведуваат, прават семинарски, плетат, месат кифли за слави. Да не ти кажувам што се прават. Цела плата им оди на рата, живеат со “екстра“ заработеното. Имам пријатели кои по бродови со години работеа за учество. Ама тие па не се надеваа дека “детенцето ќе порасне, ние ќе се снајдеме“. Имам другар кој со мене замина во Странција, 6 месеци јадеше леб и мачканица, паричка не потроши на ништо. Изгради куќа тука, Реин.
    Има начини. Ама не се лесни.

    4, А јас па само тука видов луѓе што очекуваат нешто, нивна должност е да раѓаат. Во мојот секојдневен живот, дали познавам 2-3 такви.

    Па јас го коментирам нејзиниот проблем, за нештата кои таа сама ги потенцира. Не е тешко бе мила. Сама кажува дека ради децата и е тесно. Прво арно и било, во 40 кв. со несредени документи.
    Јас не ја прашав колку има, сама си кажа. Како и се останато - сама си кажа. Не прашав јас да расплинува детали - го коментираме тоа што сама одлучи да сподели.

    А иначе болдов - немам бе пари за ништо, битно ќе испородам деца, ајмо весело. Како бе така размислувате, да ми е да знам? Јас бре кармин не знам дали да купам зошто е знам дали пари ќе ми стигнат до крај на месец, не па дете да родам а да не знам кај и со што ќе го чувам. Ете, не сфаќам.

    Повеќе, повеќе, повеќе..... лакомост! И јас сакам повеќе, не знам, да раѓам за да добијам, изгледа вака не заслужувам, не сум доволно изжртвувана...
    Никој не рече дека тебе ти е лесно, не ти е.
    Ама сите ти кажуваат дека си требало на време да мислиш, а не си.
    Сега пошто гледаш колку е саатот, на свекорот очигледно му е помила ќерката (или пожал за внучето без татко, најверојатно), наместо да очајуваш, смислувај решение.
    Не сакам да ти давам идеи оти очигледно е дека погрешно ќе ме сфатиш, ама, тоа е што е, крив прав, ништо тука не можеш, посебно што маж ти не сака да се стресува, а не е твое ти да ги оправаш овие работи.

    Ти дадов еден предлог погоре, што моја другарка го изведе во 35 квадрати - гипс картон и мало сопче доби, колку за спиење.
    Тоа е секако привремено решение, додека не се сетите како да си ги подобрите условите.
     
    Последна измена: 21 октомври 2015
    На Daydream, Nausicaa, kukla21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.076
    Допаѓања:
    66.896
    Пол:
    Женски
    Не се согласувам дека го правиш паразит. Вистинските вредности не се учат само со мачење и со рмбање, да речеме имаат семејството семеен бизнис, имотни луѓе, па детето уште рано може да се научи со работа, ама не мора да значи дека ќе биде паразит, дека само ќе троши и ќе чека од неговите. Се е до воспитување и до родителите, до нив е какви вредности ќе му всадат на детето.
    Ако не успеат да направат нешто повеќе ќе го продадат децата станот и ќе ги поделат парите. Сепак нема без ништо и на улица да ги остават.
    Ова да го прават за рата да извадат, а депозитот каде е? Не секој е способен на брод да оди, не секој успева да најде начин да отиде во странство. Да беше лесно немаше да постои државава, напуштена ќе беше. Си ја видела анкетата на фемина? Покрај толку иселени и 16.000 бараат начин да се иселат и не сакаат тука да живеат. Зашто станбеното прашање е ужасно тешко да се реши. Зашто до гуша треба човек да се заглави, да не може да спие навечер дали ќе има ратата да ја плати. Или киријата.
    Мнозинството се борат, тоа е реалноста, па ако родителите оставиле нешто, помогнале, тоа е само плус, а не е паразитско чекање. Барем за мене. Не во оваа држава. Која не е земја на можности.
    А тешко било? Е нели ако се сака се се може? Епа женава ако сака има да најде работа и сама да се избори, а не да седи кај татко и без работа. Има сам бре да се избори човек, не кај тато да се враќа и да бара помош.
     
    На Mishela, kjukli, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.870
    Допаѓања:
    267.239
    Реин, не да го тераш да се мачи, туку да го научиш да не очекува!! Значи - детето од мало се учи - ако заслужи (биде послушно) ќе добие награда, не може бе да не напише домашно и да го носиш во кино... оти ти е дете. Или да бараш изговори ,,учителката многу бара,,. Да, и да имаат милиони, треба да го научат да работи - и кога е тешко да работи повеќе. Кога ќе пропадне бизнисот да копа ровови - оти нема откажување. Затоа се прашувам какво е воспитувањето на оние кои на готово добиле каков било стан, а сакаат поголем, зашто тато има. Може таткото на детенцето мало да има милијарди, тоа не значи - на пример, дека ќе му го купи цело Џамбо за да не се осеќа повредено.

    А кажи ми како три семејства (старите плус две деца со семејство) ќе живеат и најдат дом од еден стан од 100кв?
    Во просек (во Скопје) тоа се некаде по 33 000 евра (во најдобар случај!) по семејство, па освен 30кв гарсоњери, никој ништо нема да добие. И каде одиме? Тесно ми е, имам 2 деца...

    Реин, дадов примери. Абе да не сум прошла низ сето тоа лично, да ми кажувал некој, ајде. Знам јас што е сепарациона анксиозност, знам што се плускавци, знам што е да си сам на светот и знам дека секој е способен, ама не секој има доволно голема желба и упорност.
    Иначе, 1000 денари е мин. да чистиш нечија куќа, копање е во просек 1500 ден. на ден. Ама боли кичма од тоа.

    Со имање една работа од 10 000 денари (секој) и плачење, не би рекла дека е борба.
    Кога работев како келнерка одамна (истовремено студирав, редовно), работев и плус две работи.
    Со недели не знаев како изгледа мајка ми. Ама се си има своја цена.
    Еве овие после 8 работни саати доаѓаат дома и тешко им е.
    На нивно место ќе смислам што повеќе можам да работам, оти и во 100 кв. 20 000 ден. се малце.

    Супер е ако сака родителот да помогне - ама ако не сака - одма е лош, чиниш минативе 30 години, комшијата ги израснал....
     
    На Daydream, Nausicaa, bittersweet и 3 други им се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.076
    Допаѓања:
    66.896
    Пол:
    Женски
    А двете деца на кого да ги остават? На комшиите? Или дадилка да плаќаат, па едната плата на неа да и ја даваат? И мажот да работи две работи, жената една (во другото време да ги чува децата) пак не можат да заштедат за стан да си купат. Како ќе купат стан? Еве објасни, колку и што да работат за да купат стан. И да ги земеш во предвид трошоците за децата и лекови и ова и она.
    Да, за мене родител што има, а не сака да помогне е лош родител. Зборам за ситуација во која децата се на место, а не некои што го малтретираат на некаков начин или самиот тој ги научил и воспитал како паразити, па не работат ништо.
    Добар родител да си ги гледа децата како се мачат, а има да помогне е оксиморон.
     
    На kjukli, cresa-jagoda, Sky-butterfly и 6 други им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.870
    Допаѓања:
    267.239
    На дедото бе Реин. Или - има работа од дома. Месиш кифли за други, преведуваш, пишуваш семинарски....
    Јас би им дала предлог мажов камион да вози по Европа. Еднаш на 3-6 месеци дома.
    Супер плата имаат, не стан, куќа ќе купат.
    Башка шофери бараат во секое време, и за тука, и за надвор.
    И контакт ќе му дадам, ама да сака.
     
    На Daydream и stefanija70 им се допаѓа ова.
  12. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    ^ апсолутно @CameliaMiller , тоа и мене ми беше зборот.

    @RainBow а какви се тие всадени вредности кога и покрај пружената помош, повторно очекуваш некој да ти даде?

    Самата @VladeMila рече дека не сакала да чува деца во 50 години. Деца можеш да раѓаш и на 20, ама и на 30.

    Примери, еден куп. Познавам жена, многу блиска пријателка, мажот алкохоличар, две малолетни деца. Се разведе, купи стан (каков- таков), постарото дете студира. Таа знае како и било, но, ете, се изборила.
    Друг пример, семејсто кое имаше добар бизнис, преку лето по два одмори тераа, зимувања, куќата- палата, две коли. Денес, седат во стан кој е како поранешната дневна соба. Како дошле до тоа дереџе? Тие си знаат.
    Иако се офф- топик, кажуваат доволно.
     
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.076
    Допаѓања:
    66.896
    Пол:
    Женски
    На 84 годишен дедо да остават две деца, а притоа дедото го чува и едното од золвата. :D
    Значи пак сами не можат, мора помош да бараат.
    Кифли ќе меси, семинарски ќе пишува и стан ќе си купат.:rofl:
    Изгледа решението е само надвор да се оди, во државава не ја бива човек да се оправи. Колку и да работиш тука не можеш да заштедиш сам за стан, ете тоа е реалноста. Да одиш ваму да поработиш, таму да поработиш, затоа изгледа толку народ се исели. А останатиот или ќе се дели од семејството со месеци, ќе си ги гледа децата како странци, или ќе се тиска со родителите ако сакаат да му помогнат.
    Тоа е тоа.
     
    На okcenzi, Mariangel, kjukli и 7 други им се допаѓа ова.
  14. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.765
    Допаѓања:
    23.985
    Пол:
    Женски
    ^^
    Ај дај ми мене број, те молам.
    Тетин ми вози камион низ Европа, се мачи, не му ни плаќаат ко шо треба.
    Нема бугарски пасош, инаку.
     
  15. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.230
    Допаѓања:
    170.230
    за да оде шофер ете од прва рака да ти кажам му треба бг пасош и комплет документи бг а и тоа си кошта пари
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  16. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.641
    Допаѓања:
    8.502
    Пол:
    Женски
    Ете јас ти кажувам од најпрва рака дека не треба бугарски пасош.
    Мој прв братучед вози низ цела европа камион и не нема бугарски пасош.
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.230
    Допаѓања:
    170.230
    не ми кажувај ти мене еве го дома мие шоферот со мк пасош мора да праве влез и излез во мк неможе да остане да работе таму 3 месеци
     
    На cresa-jagoda и Eli23 им се допаѓа ова.
  18. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    Па и јас мислам како тебе Алиса се вози камион со МК пасош ама ако има мали тури од недела две три месец и нешто, повеќе од 3 месеци секако дека не може.Инаку баш добар предлог за да биде шофер, ама треба да положи прво а за тоа треба пример пола година да дели по 5 000 од платата и да бидат 30000.Башка се полага прво Ц а после и Д треба.Тоа ке му дојде 40000-50000 некаде.Значи треба една година да дели по 5000 а тоа дали е возможно.Зависи и како ке вози какви тури ке има значи отприлика од 500 евра до 1000-1500 може за месец ипол.И значи не ја напаѓајте веќе женава, ем со две мали деца што сиг.ги носи во градинка работи и се мисли како и дали ке има пари за да го поминат месецот,не знаеме колку часа дневно работи таа, а притоа се ја чека нејзе да зготви па измие, да усиса,да испере, испегла,исчисти,сиг и пазарува.Па плус и децата да се носат во градинка и после работа да си ги гледа.Тоа не и е работа неа нели?
    Се ладии таа ако работи пример 8-10 часа дневно.Не бе ич не се уморува.
     
    На cresa-jagoda и Luna91 им се допаѓа ова.
  19. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.230
    Допаѓања:
    170.230
    од кога ке положиш за Ц треба да помиен години па да имаш право да полагаш за Д после ти треба лиценца за шофер плус пари ти треба и чип картича и тоа плус пари барем мене не ми кажувајте да има пари во шорелкот ама мораш прво да дадеш а да кажам и не се сите скроени за шофери не знаете како изгледа толкав шлепер а не па да седнеш да го возиш оштетеш несто ке го плакаш а не е фар од 100 евра абееее туѓ есап што е убаво да се праве чудо едно ама ај јбг И да напоменам кај нас леб е 25 ден а оди европа храни се и види колку ке си у печалба па и ако купиш цигари хм хм хм ја наредивме
    офф тропик избегав скроз од темата ама морав да се објаснам
     
    На cresa-jagoda и MilaP им се допаѓа ова.
  20. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    8.409
    Пол:
    Женски
    @CameliaMiller Мојот последен пост воопшто не станува смешен, напротив баш има поента да видите дека сите вие што се удирате во гради, ке притрчате да се вселите некој да ви даде стан и тоа без размислување.Доста се правите јаки и глумите нешто, сите сакаме да имаме помош од најблиските, материјална и морална, само некои имаат среќа и ја добиваат, некои се родиле со помалку среќа.

    Кој сака во животот да се мачи? Никој, јас лично не сакам, а не сум ни сретнала таква личност која со душа чека да се мачи цел живот за себе, а камо ли утре на децата да остави нешто. И што демек утре ке си нечиј херој и ке те велича некој, аха важи, кога ке раскажуваш како едвај си успеала да купиш стан од 50м2 и на децата не си во способност да им пружиш ни една соба.

    Децата се учат на други начини да бидат свои, добри и вредни луѓе, нема да ги направиш не способни и да ги осакатиш, ако му пружиш помош, во случајов стамбен простор.Ниту ке ги направиш подобри луѓе, ниту пак ке бидат нешто повеќе од оние кои во старт биле подгурнати од родителите.

    Кога ве читам тука си помислувам дека живеете во некоја подобра земја, каде секој што сака може да има, а не дека живеема во иста.Бајки на форумов, а реалноста сосема друга.

    И не мислам дека феминката има причина да лаже и да си ја прикажува приказната во своја корист, сепак оваа е анонимен форум и можеби за многумина единствено место каде што можат да ја кажат вистинската страна од секој проблем во нивниот живот.
     
    На zarah, Mariangel, kjukli и 6 други им се допаѓа ова.