Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Криза со станбеното прашање

Дискусија во 'Брак' започната од hrizantema007, 29 август 2012.

  1. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    Кој ти вели тоа дека се чека?
    Може малку неколку месеци, ама и тоа не верувам.Мада ајде нека е така.Имам близок кој пред година дена тука некаде полагаше Ц.Си има работа и затоа не се замара многу за Д.Баш утре ке прашам па ке ти кажам дали се чека.Тоа со лиценцата и чипот се решава ако одлучиш да возиш.А за пари зошто ке ти се?
    Колку пари требаат?
    Од почеток нека ти требаат 200 евра да ти се најдат за јадење.Плус газдата може да ти позајми.А за цигари ке си носи шоферот една штека, и јадење може да си носиш.Овошје, грицки,сокови.За ручек,вечера ке си купиш.Ако земаш плата 1000 евра па ке одвоиш 100-150 евра за јадење.Мада не се истрошува толку пример за недела ДВЕ.Ајде на месец нека истроши 200 евра за јадење.800 МУ СЕ чисти пари.хАХА ДА НЕ ЗНАЕМЕ КАКО ИЗГЛЕДА во денот гледам минимум 5 хаха.И да сум машко ја би возела, да не треба да се товара-истовара.Плус може овој месец или другиот и да се возам :rock: :beer: :?:
    Не се крши или расипува така лесно, во ЕвропА ИМА АВТОПАТИ и тоа какви, не ко тука.А маж ти не верувам да е толку несмасен па секој месец да крши нешто.Ајде одговори ми ти како шоферска жена работиш нешто или си ги гледаш децата и си уживаш? :D
     
    На kukla21 и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  2. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.313
    Допаѓања:
    170.934
    не работам си ја прчам и си уживам со дечињата биди срекна да возе кај некој плакач у спротивно ке возе за сливи
    после положено ц ке чекаш госпоѓо 2 години за да имаш право да полагаш за е и коа ке полагаш за е пак 500 е ке си плесниш ке си платиш и за лиценца и за чип карта е за тоа ти требаат пари почетно
    се гледа далеку си од ова ти
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  3. stefanija70

    stefanija70 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2014
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    970
    E ne mozam da svatam, dever mi izarsna 2 deca vo 45 kvadrati koi SAM gi kupi,t.e so soprugata, pa duri koga golemata trgna vo sredno kupija pogolem stan, go prodadoa stariot, pak krenaa kredit kako i za prviot stan. Negovite deca lazea i odea vo 45 kvadrati, jas za sive godini sto gi poznavam me sum go slusnala da se zali deka tolku mnogu mu e tesno. Da napomenam deka svekor mi i svekrva mi ziveat vo kuka na 2 kata i ne pomislile da se smenat ili da ja prodadat, pa mozat i dvata sina da gi obezbedat. Duri eden period bea vo film i kiradzii da zemat na vtoriot kat. Nivno pravo, nivna kuka. Sto sakaat toa ke pravat. Dali e vo red? Oni si znaat.i jas moze taka ne bi napravila na moi deca, ama lugeto se razlikuvaat. Sto mapravivte ova demek vo 40 kv ne mozes da rastes deca. Neka se zivi i zdravi samo,,i kako sto nekoj pisa pogorw fokusirajte se bar tie legalno da gi dobiete, a posle zdravje i da gi zgolemite.
     
    На mimiiiii, SexiLy, Daydream и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    @ALISA0000 Си ме изнасмеала.Хаха.Епа сливи, подобро сливи отколку ништо.:rofl:
    Знам јас дека си ја прчиш ова простете на изразот,ама ако си ја прчиш зошто ја напаѓаш шоферската работа.Ем ти ваља, ем не ти ваља.Се гледа дека сум далеку ептен хахаха.Ке треба и јас маж шофер да си најдам да си ја прчам како тебе.Уствари и Миа нека си ја прчи бе.Зошто ем работи ем ја напаѓате аман.Реин бриши не, отидовме оф-топик многу.И да нисам госпоѓа, него госпогица.Смири хормони малце.Не зборуваш на дете од 10 години.Се разбирам јас колку толку.И да се 2 години во прашање не се брзам никаде.Ни пак зависам од тоа.Едната поминала уште една не е проблем.Мада нема одма да почне да вози.Си има работа. :P
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.313
    Допаѓања:
    170.934
    срцко далеку од тоа дека не е платена шоферската работа муабетото ми беше за да почне си има процедура и требаат пари и да почнеш со таа работа избегавме многу виножитка ке ни е** мамата
     
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.980
    Допаѓања:
    267.934
    Море и боса ќе трчам бе Облаче, како не сфаќаш? Ти не би да притрчаш ако ете, добиеш на лото? Што глумам не знам само :) Ако сакаш - објасни ми. Може живеам со свекор, свекрва, јатрва, девер, золва, 7 деца и 4 кучиња, ама продавам тука мудроли... имаш право, никогаш не се знае.
    Ај кога ќе успеам во намерата, ќе те викнам на вселување и купопродажен договор ќе ти покажам, чесен збор ти давам.

    Нејќе никој да се мачи, ама маката е полезна драга. Лешинарството не е.
    Без мака... нема наука. Не ми треба мене никој ни да ме велича - ништо, ми треба со скината гаќа во дневна да си седам и ако не ми чини да не отворам врата. И секако, ова не може свекрвата да ми го овозможи.

    Не знам како да ти кажам, живеам во Македонија, како и скоро сите вас, и ни еднаш бре до сега не сум била огорчена ради вакви работи.
    Озбилно ќе те поканам во мојава “бајка“ и ќе те запознаам со моите 'бајковити“ пријатели, да ти ја покажеме реалноста, сите без стан - работат на проект стан, сите со стан, работат на проект бебе.
    Можда сме многу организирани... кој би знаел.

    Ах, и да - не викам дека лаже, викам дека си ја кажува субјективната мака. Има голема и непремостлива разлика меѓу како ние субјективно ги гледаме нештата, а како објективно.
     
    На jovanovska94, Daydream и stefanija70 им се допаѓа ова.
  7. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Tocno deka roditelot ne e dolzen da prepise nisto na svoite deca.Tocno i deka ima pravo da bira na koj kolku.
    Nemozam da go razberam ona procenuvanje na koj treba pomalku,na koj poveke.
    Normalno mi e da "opravduvanje"za na edniot deka dobiva poveke e deka toj ke gi gleda na starost.Cisto od pricina sto,ako razmisli covek,ke ima i toj troskovi po niv.
    Sekoja druga podelba na bilo koja osnova mi e nelogicna.
    Mozebi vo idnina ke go smenam ovoj stav ako se izvetrean stareejki(ne daj boze),no dve deca moi ne bi mozela da dvojam.Toa isto mi doaga kako ajde kazi sega koj poveke sakas.
    I da odgovoram deka ednoto go sakam poveke,naveduvajki za mene opravdani pricini.
    Ne,ne,ne.Dali edniot pobogat drugiot posiromasen,i dvajcata ke gi sakam so ist intenzitet.
    Druga logicka neednakva podelba gledam edinstveno vo konsultacija so niv.

    Site znaeme da se udirame vo gradi kako navodno se sami sme si postignale i ne cekame,nitu sakame od starite,ili kako sto nekade procitav,nema da lizeme gzovi na starite,no daleku od preterano jasno e deka ne e se taka crno na belo.
    Edno e da pisuvame kako bi sakale da bide,sosema drugo dali mozeme taka da bide,treto e dali za cel zivot taka ke bide.
    Zivotot sto nosi nikoj ne znae.Da ne vikame ura na prvata cigla.Da se nadevame deka site ke uspeeme da gi naredime,no ponekogas smelosta i uspesnosta doaga tokmu potpomognata od ona sto barem znaeme deka imame grb i vtora opcija,ako zaskripi.
    Nema sigurna rabota,nitu imalo.Nitu pak nekoj uspeal da sobere ucestvo za stanben kredit za tri pa i pet godini brak.
     
    На kjukli, cresa-jagoda, Luna91 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.980
    Допаѓања:
    267.934
    Што се смееш бе Реин, што е смешно? Епа нека не прават ништо бе, ништо не можат они, треба дедо да даде... го знаеш вицон - ќе даде Бог?
    Дедото му вика на зетот - зете, како со работа?
    - Ќе даде Бог!
    Ама, а кола бе кога ќе купите?
    - Ќе даде Бог!
    Абе зете, а кај ќе живеете?
    - Ќе даде Бог!
    И прашува бабава - мажу, абе зетов како ти се чини?
    - Абе златен е зетот, колку ме почитува, цело време бог ме нарекува...

    Па подобро да се сели и сам да создаде, него да чека од друг.
    Кој што си сеел, тоа ќе си жнее.
    Јас од моите не очекувам, од на дм уште помалку, ако се заебам по пат со замислава, ќе ве известам и ќе барам совети.
    Сега за сега, гледам дека сите со овој проблем - избрзале.
    Те цитирам само за болдираната реченица.
    Грешиш.
    Или не знам какви луѓе познаваш.
    Дали ова моево семејство е лудо и секој потта си ја јаде за да направи нешто сам, дали моиве пријатели се луди не знам. Знам дека родителите знаат да ни купат понекогаш нешто, ама станови и куќи не им купувале на овие што ги спомнав.
    Сите сами создадоа, сами самцати.
    И не знам зошто брак па штедење.
    Зошто да не штедат прво, да направат некакви услови, па брак?
    Онака, малце обратно, не е ли полесно и помалце стресно за сите?
    Не секогаш треба.
    Ама и па вас ве гледам чудни, ем нема плата, ем сиромаштија, ем никој нејќе да најде начин да се подобри нешто?
    Епа ќе се позајмам бе (јас така направив инаку), и ќе почнам со нешто.
    Од небо ништо не паѓа.

    не ми кажувај ти мене еве го дома мие шоферот со мк пасош мора да праве влез и излез во мк неможе да остане да работе таму 3 месеци
    -
    може,со соодветна работна дозвола.

    Иначе на шоферите кои јас ги познавам барем, дел од сумата им се исплаќа пред да тргнат на пат - дел кога ќе дојдат.
    срцко далеку од тоа дека не е платена шоферската работа муабетото ми беше за да почне си има процедура и требаат пари и да почнеш со таа работа избегавме многу виножитка ке ни е** мамата
    - за се треба пари, и мора од некаде да се почне. Со седење и плачење... аир нема, нели?
    И да добијат поголем стан што понатаму? Свекорот ќе јаде печеница, а они немаат ни за посебна?
    Не е толку наивно, Винтер, не е.
    Мора да се засукаат ракави :)

    Инаку избегвме, ама не толку - парите се тие кои најчесто ги прават ваквите проблеми.
    Имаш пари - имаш стан, ич не те боли свекорот колку има ;)
     
    Последна измена: 21 октомври 2015
    На eloves, jovanovska94, Daydream и 3 други им се допаѓа ова.
  9. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Da be @CameliaMiller site do eden niz temava site se sami pravat.I odat na raboita,i sami bebinja cuvaat,i sami stedat,se sami samcati.
    Ova nekako mnogu neblagodarno mi izgleda.
    Eve jas izgleda imam ograniceno glediste i poznavam samo poinakvi luge.
    Jas pisuvam za prosecniot makedonski drzavjanin,koj za zal e bil ogranicen da pecali samo vo makedonijava.
    Ne spomnav deka nema opcija za stedenje pred brak ama ete ti kazi mi,kolku mozes da zastedis za 4 godini so plata pa i do 400€?
    Ete neka e i poveke,edinstveno ako licnosta ne mrdnala ni na odmori,ni na kafe,ni po garderoba,avtomobil da ne spomnuvam,osven ako ne dobil od negovite ama zaboravil pa i toa si go prepisuva kako da si go zarabotil sam,samcat.
     
    На kjukli, cresa-jagoda, Luna91 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.980
    Допаѓања:
    267.934
    Не сите, ама гледам дека вешто ги избегнувате сите кои успеале. А има такви низ темава ;)
    Просечниот македонски државјанин, генерално, има поголем проблем од станбено прашање, Галапче.
    Има една апатија во него, една неволност, една желба со книшка работа да најде, и тоа директорска... абе те молам. ДМ има фирма, и бара работник веќе скоро година, се работи за тешка работа физичка, ама и мн. добро платена. Абе еден еднинствен не сака, ме разбираш? Сите пре ќе се задоволат со 12 000 плата, ама да не се помачат. Не знаеш колку мажишта исподојдоа да видат, кој камен у бубрег имал, кој кичма го болела, кој нежна кожа на раце имал..... Др. работник еден, веќе 4 год работи, го премоле дм да се усоврши во еден сегмент и да му ја покачи платата, ама не, него му е арно чирак да биде (баш така му доаѓа подај додај работава) и да работи за 16 000. Епа нема и аре и паре.
    Што мислиш, јас каде печалам? Во Странција бев на шетање, само пари за позајмица вратив, зборувам за др. кои беа со мене, сите од овде, сите за недвижнини штедеа. И тука познавам куп луѓе, кој работи 2 работи, кој вози камиони, кој отвора свои дуќани и др. бизниси....

    Сакам да ти кажам пример за еден познаник, на моите родители.
    Неговите родители успеаа од 2 стана и 2 куќи во наследство, да продадат се и да останат со 1 и 1 стан, долгови до гуша. И тој стан го продадоа и освен куќа ништо немаа. Деца 4.
    Синот нивен додека имаше пари од продажбиве, не мрдаше со прст.
    Сега секој ден работи, сам свој газда би се рекло иако не е баш газда :), ама секој ден во 5 сабајле искача од дома, работи, се килави, и на таа трошна куќа направи спрат сам - неговите ни за леб немаат.
    Не е дека е невозможно. До упорноста е.

    Можеш со две плати по 400 евра за двајца луѓе, во најмала рака за учество. И да - претходно кажав, со години не бев на одмор, кафе ми беше мисловна именка, чорапи и гаќи крпев, облека не купував освен ако веќе немав што да облечам, автомобил од 1992 возевме, некогаш немавме за гориво и пешки дм на работа одеше, и од неговите освен долг (не од аздис, за здравје на едниот родител) ништо друго не добил. И пак ќе кажам, не очекувам никој да ми поверува, полесно е да се самосожалуваш, него да фатиш мотиката.

    И кога немаш деца Галапче, можеш 3 раб да работиш, ноќе, дење, 2 дена споено.
    Затоа е попрактично да не шеташ и да не живееш 5 години, да оствариш нешто, па во веќе остварено да раѓаш. Позаебано е и деца да имаш и ни најмалце обезбедена иднина - барем јас така гледам.
    И после... касно ќе било за деца.

    А никој овде не помислил како ќе им е на тие деца, со 20 000 денари не можеш ни на екскурзија да ги пратиш... ама, или детето ќе биде фрустрирано, или ти ќе работиш и ноќе, или ќе даде бог :)
     
    На jovanovska94, Daydream, stefanija70 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Go odnese cel muabet vo drug pravec,a pocna za sosema nesto drugo.
    Ne izbegnuvam da gi iznegiram tie sto uspeale.
    Ima i takvi,no veruvam deka sekoj ima barem nekakva pomos,za koja sme neblagodarni da priznaeme.
    Se ostanato za kakvi se luge postojat,na koi ne im se raboti mi e sosema jasno.
    Najdi mi eden covek sto postoi a nema da se pravi sam zasluzen za se sto ima.
    Nikoj od nas ne se rodil sam.Da ne mi go zabegas pak muabetot,gi trgam na strana tie sto porasnale vo domovi.
    Ete tie se sami postignale.
    Site drugi ako ne drugo,barem po eden par gaki sme izlezeni od doma ama sme neblagodarni.
    Ama moze pa ti ne poznavas takvi luge.:)
     
    На kjukli и Luna91 им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.980
    Допаѓања:
    267.934
    Galapce, сите имаме помош, инаку не би можеле да опстанеме како вид.
    Ама едно е помош, друго е ликсурење по повеќе, ме разбираш?
    Ај сега, сите сме од мајка родени, па во најмала рака и должиме нели, што не родила.

    Ама едно е бре да кенкаш зошто не ти дале повеќе... и уште клетви, оговарање... да ти се згади.

    Сума сумарум, мислам дека се што ти е дадено е добредојдено, ама треба ништо да не очекуваш.
    Очекувањето е тука проблем - ај ќе направам јас семејство, па ќе ми даде тато/свекорот.
     
    На jovanovska94, stefanija70, Nausicaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.125
    Допаѓања:
    20.287
    Пол:
    Женски
    Браво бе, им смисливте што треба да работат на цела фамилија (facepalm) Золвата (стана главна во муабетиве иако никој не ја знае) сеуште е греота и не мора да најде работа оти е тешко во МК да се најде работа, а снаава кифли нека меси ако сака да заработи. Хахаха... комедии.... море се ми е смешно, веќе ситуацијава излезе цела од контекст, ама најсмешно ми е како луѓето перцепираат... двојни аршини, за еден жал за друг строг. Што знам, очекувам човек да биде доследен во своите мислења, а не да ги менува во зависност од претходните мислења само за да оди контра. Лудници :rofl:
     
    На eloves, kjukli, Luna91 и 10 други им се допаѓа ова.
  14. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Де кажи што е битна золвата во целава приказна? Сериозно не ми е јасно што ја спомнуваш, кога ни таа нема решено станбено прашање. Тоа што можеби е мрза е друго прашање - ние за станбеното дискутираме.

    @galapce јас реков дека нема г'з да лижам за да ми дадат нешто. Или се грижам за некој, или не. Нема кај мене се грижам од корист! Емоциите не си ги контролирам преку материајлни добра. Не барам, ама ако можам - ќе дадам. Еве и свекорот мој не ми дал ништо, ама кога беше болен јас му реков на мм да го донесе кај нас дома, да го гледаме. Така да не е коректно само да се генерализира.
     
    На jovanovska94, Daydream, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  15. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.829
    Допаѓања:
    5.558
    После прочитани 10 страни сакам да прашам дали членката со својот сопруг отишла кај свекорот и дали го како што таа образложи овде зашто и е тесно и дека се 4 члено семејство, а свекорот има поголем стан да им го даде тој на користење, доколку го направиле ова што им одговорил свекорот? Не може бидејќи....? Значи мора да има некој причина, не може туку така да не го дава. Доколку пак не сте прашале како што треба туку чеката тој самиот да ве понуди со станот мислам дека е ваша грешка и треба семејно ти сопругот и неговиот татко убаво да се напиете кафе и да му ја образложите ситуацијата. Ако тогаш ви рече не може не ви го давам тој стан од инат, добро пеки зол човек е. Исто што не е разјаснето, вели членката со свекрвата имала супер однос додека била жива, епа зошто тогаш не сте и предложиле на свекрвата кога таа живеела во овој поголемиот стан да се смените со неа? Еве велиш дека доагала кај вас помагала, значи гледала во колкав простор живеете а таа во 60 м2 сама, зашто со неа не сте го направиле тој муабето тогаш или и со свекорот заедно? Мене ми изгледа дека има многу нерасчистени семејни односи, што е факт, ама изгледа вие не саката да си ја погазите гордоста и да отидете кај свекорот да го замолите да ви излезе во пресрет за ваква замена. ситуацијата изгледа како да чекате тој да дојде да ве моли вас. За золвата нема ни да коментирам зошто е спомната па и целата нејзина приказна....:^)
     
    На eloves, Luna91, jovanovska94 и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Edie.S

    Edie.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    395
    Пол:
    Женски
    Малце оф топик али дневница за возење камион е 50евра. Ти јади со тие пари, спиј у хотел, што сакаш прави толку е. За каснење на плати, од газдата зависи тоа, нема генерализација.

    И може со македонски пасош, но ко што кажа една феминка само 3 месец имаш дозволен престој во странство после треба да чекаш да поминат шест, па пак отпочеток.
    Така да, многу подобра варијанта е со бугарски. Еден месец возиш, еден си дома.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Kukle jas napisav moe mislenje po ona sto mene mi bodi vo oci,ne generaliziram,rekov postojat isklucoci,valjda ne ocekuvas vo diskusija na forum da tagnuvam koj smetam deka se izdvojuva od toa sto go pisuvam.
    Posle ke se javi uste nekoj,deka i toj se sam samicok postignal i nema kraj.
    Sto treba da mi dade svekorot?
    Mi go dal maz mi,se drugo e ako saka,sekoe ngovo delo,ili nedelo e odraz na negovo roditelstvo.
    Nekoj duri i nema sto da dade,i toa e kako rezultat na splet na okolnosti ili duri i ne griza.No nemora i deteto da bide kako roditelot,i obratno.
    Zabegavme von temata.
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.980
    Допаѓања:
    267.934
    Жаки, малце некако не ни го сфати муабетот со Реин, ама нема везе :) На долго и широко е.
    Муабетот е дека ако оваа не работи (жената што пишува тука) ќе биде сожалувана (како што е и сега, ради малата плата). Ама не е сожалувана золвата, чија приказна не ја ни знаеме, а и феминката од муабети ја знае :)
    Не брзај пред да заклучиш нешто.
    Ни мене не ми е јасно како може да седи дома и да не работи, ама додека не пише, не можеме да знаеме :)
     
    На jovanovska94 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.125
    Допаѓања:
    20.287
    Пол:
    Женски
    @CameliaMiller ич не се однесуваше на муабетот што го правевте со Реин, читав страници уназад и добив заклучок од тоа како течеше дискусијата. Јас реков, золвата ја жалат тука, ама таа да пишеше сите ќе ја нападнеа. Којзнае како е вистината, убаво едно време си почнавме да си пишуваме сопствени мислења и сопствени искуства и планови за како ние во иднина би правеле... пак врти сучи се навратува муабетот... снаата - золвата - мажот - свекорот.... ехееее се отепаа од икање дома луѓево и ушите им жежат со денови... па сите фатија страни ко пари ќе добијат поебдниците на крајот. Сите си ги кажавме мислењата, на крај краева, почна банално да станува, па уште ме цитираа како кутра била золвава, што имало работа да бара, тешко било во Мк, незнам што, а 10 страни уназад истите тие кажуваат дека човек треба да се снаоѓа како знае и умее. Кој што кажал не е ни важно, само кога инаетот расте се кажуваат и глупави и смешни работи. Пак ќе речам не се однесува на поединци, туку општо на повеќето тука. Да не пишуваш некое време и само да читаш наназад, комедии е дискусијава :D
     
    На Sky-butterfly, fairy88, anel и 4 други им се допаѓа ова.
  20. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Во последните три месеци вредноста на синдикалната минимална кошница бележи пораст. Според податоците од Сојузот на синдикати на Македонија, минатиот месец на едно четеричлено семејство за да го истурка месецот му биле потребни 32.234 денари, во кои спаѓаат трошоците за исхрана, домување, хигиена, превоз, облека и обувки, култура, здравје. Во вкупнaта поторшувачка кошница, најголемо учество имаат трошоците за храна и пијалоци односно 13.453 денари, а потоа комуналните сметки и одружувањето на домот за што на едно четеричлено семејство во септември му биле потребни 10.387 денари.

    [​IMG]

    Синдикалната минимална кошница во август изнесувала 32.196 денари, а во јули 32.182 денари. Од друга страна просечната нето плата изнесува 21.861 денар.Тоа значи дека на едно четричлено семејство под претпоставка дека едниот член зема просечна плата, месечно за да ги подмири основните животни потреби му недостигаат 10.373 денари . Од друга страна минималната плата годинава изнесува 9.590 денари односно 8.050 денари за текстилците.

    Според последната публикација на Државниот завод за статистика “Анкeта за приходи и услови за живеење”, објавена годинава, во 2012 година се зголемил процентот на граѓаните кои со вкупните месечни приходи не можат да ги покријат основните животни потреби, односно вкупно 68,1 отсто од анкетираните се изјасниле дека многу тешко или тешко им стигнуваат месечните приходи за да ги покријат потребите. Процентот на испитаниците кои се изјасниле дека месечните примања им се доволни и лесно можат со нив да ги подмират потребите изнесува само 2,3, отсто.

    Ниските приходи ја продлабочуваат сиромаштијата

    Статистичката Анализа за лаекен индикаторите изработена врз основа на висината на приходите на населението и по европски стандарди покажува дека сиромаштијата во 2013-та година се намалила за 2 процентни поени. Според т.н Лаекен индикатор на Државниот завод за статистика, во 2013-та година стапката на сиромаштија изнесувала 24,2 проценти, а во 2012-та била 26,2 проценти. Во апсолутна бројка, пред две години 500.400 луѓе живееле на прагот на сиромаштијата, а претходната 2012-оваа бројка била 540.000 луѓе. Ако се направи споредба со вкупното население кое според пописот од 2002 година е нешто повеќе од два милиони жители, тогаш повторно се добива резултатот, дека една четвртина од населението во земјава живее во сиромаштија. Според податоците од Светска банка, над 180.000 луѓе во земјава живеат со 40 денари дневно. Според социолозите, загрижува податокот за т.н Gini коефицинет односно мерката за нееднаквост во распределбата на приходите, кој во во 2013-та година изнесувал 37 отсто, и бележи минимален пад од 1,8 процентни поени во однос на 2012-та година. Според аналитичарите овој показател говори дека сеуште е голем јазот меѓу богатите и сиромашните.

    -Џини коефициентот е сеуште висок, тој говори за една друга ситуација, а тоа е колку економскиот раст е подеднакво поделен во сите општествени структури. Според овој коефицинет ние сме во групата на земјите кои што имаат исклучително висока нерамномерна распределба на приходот, што говори повторно за потребата од нивелирање на можностите за сите видови и на приходни и на демографски и на сите други социјални групации во општеството. Тоа значи тој економски раст што се остварува, однсоно бенефитот или придобивките се гледа дека не е редистрибуиран подеднакво на сите групи во општеството. Зборуваме за нееднаквост од аспект на приходните разлики, односно оние кои што заработуваат најмалку имаат и најмалку пристап до можностите што ги нуди тој економски раст, а бенефит имаат групации кои што имаат многу повисоки приходни групи, и оттаму е оној јаз меѓу оние кои што имаат најниски и највисоки приходи, вели универзитетскиот професор Маја Геровска-Митев.

    Од опозициската СДСМ сметаат дека клучно е да се развие средната класа и да се намали нееднаквоста помеѓу граѓаните преку праведна распределба на доходот и извлекување на најзагрозените граѓани од сиромаштијата. За најзагрозените категории на граѓаните СДСМ преку проектот “Визија за Македонија”, презентираше неколку мерки и решенија за излез од сиромаштијата, преку промени во социјалните трансфери за социјалните случаи, но и за оние што се во ризик да влезат во сиромаштија, пензионерите, децата со и без родители.

    -Нашата визија е да ја искорениме нееднаквоста. Социјалните трансфери не само што се недоволни туку и не се исплаќаат транспарентно. Ако сте четеричлено семејство кое што прима единствено социјална помош во овој месец и таа сума е 5.700 денари државата ќе ви дополни со плус 6.300 денари за да овој месец имате на располагање 12.000 денари за вас и вашето семејство или да можете минимум од трошоците да ги покриете и со тоа сметаме ќе ги извлечеме граѓаните од сиромаштија. Во 2006 година над 66.000 граѓани примале социјална парична помош.Во 2013-та година за кога има последни податоци социјална помош примаат 31.000 домаќинства, тоа е половина од примателите на социјална помош се укинати.Дали се подобри квалитетот на живот, дали се подигна стандардот на живот во Македонија, дали двојно се зголеми вработеноста?Не, што значи на овие луѓе бесправно им е уканато ова право од страна на државата, изјави Мила Царовска, претседателка на Совет за социјална политика од СДСМ.

    Во Предлог Буџетот за 2016 година за социјалните трансфери се предвидени над една милијарда евра, а во нив е пресметано зголемувањето на пензиите и социјалната помош за по 5%.Минатиот месец Претседателот на Владата, Никола Груевски, во Њујорк, САД, во своето обраќање на Самитот на Обединетите Нации за одржлив развој, изјави дека Владата активно работа на поддршка на социјално ранливите групи и поттикнувањето на вработувањата.

    – За социјално ранливите ги зголемивме социјалните трансфери за над 50 отсто, воведени се и зголемени финансиски надоместоци за ранливи категории, а посебно за децата без родителска грижа, а работодавците ги ослободивме од плаќање на давачки за плата за нивно вработување во период од 5 или повеќе години. Преку странските инвестиции и поддршката на приватниот сектор невработеноста во нашата земја е намалена за над 11 отсто. За вработување на млади лица до 35 годишна возраст, државата ги плаќа придонесите за социјално осигурување и персоналниот данок, изјави премиерот Груевски.

    Стандардот на македонецот е само 35 отсто од стандардот на европеецот

    Последните Леакен индикатори за сиромаштија покажуваат пораст на процентот на население кои не можат навреме да си ги платат сметките за комунални услуги и ратти за кредити, и со тој проблем во 2013-та се соочиле 40, 3 отсто од граѓаните , наспроти 39,5 проценти во 2012-та година. Речиси 54 проценти од граѓаните во 2013-та не можеле да се овозможат да платат јадење со месо, риба или вегетаријанска храна два пати во неделата, наспроти 53,2 проценти во 2012-та. Висок е процентот на луѓето кои не можат да си дзволат еднонеделен одмор во текот на годината. Се продлабочува прагот на сиромаштијата кај четиричлените домаќинства каде стапката на сиромаштија е 24,8 отсто, минимален пад е регистриран самохраните родители со стапка на сиромаштија 20,9 отсто и кај домаќинствата со три и повеќе возрасни. Во 2013-та година највисока стапка на сиромаштија од 49,9 проценти е измерена кај домаќинствата на двајца возрасни со три и повеќе издржувани деца. Државните надоместоци ја амортизираат сиромаштијата кај невработените која во 2013 е намалена на 43,7 отсто. Намалување на процентот на сиромаштијата е регистрирано кај оние што земаат пензија и што добиваат социјална помош. Стапката на сиромаштија кај вработените е непроменета и изнесува 11,1 отсто. Според аналитичарите загржива фактот што и натаму е висока стапката на сиромаштија кај децата.

    Според методологијата на Светска банка за сиромашен човек се смета секој кој живее со помалку од 100 денари дневно. Податоците од Европскиот завод за статистика за паритет на куповна моќ, покажуваат дека стандардот на просечниот македонец изнесува само 35 отсто од стандардот на европеецот, што ја прави Македонија трета најсиромашна земја во Европа.

    Ј.С

    http://faktor.mk/2015/10/19/zhivotot-na-makedonetsot-standardot-narechen-zhelba/
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.