Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Криза со станбеното прашање

Дискусија во 'Брак' започната од hrizantema007, 29 август 2012.

  1. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    @CameliaMiller ти имаш високот образование, околу 27 години и сериозна врска од 6-7 год. Работиш, уживаш и делиш совети со лупање во гради. Сеа слободно лути се ама ич не ми гајле.
    Кажи ми ти колку имаш заштедено до сега за свој стан? Кажи ми колку има дечко ти заштедено? Ако не е тајна по колку заработувате двајцата? Дали додека зи ја земаш платата помислуваш и на твоите да им платиш пола сметки или бар храна да купуваш? Пошто нели не се должни после 18 год ништо да ти дадат, а сигурна сум дека уште те хранат.
    Кажи ми дали ако остаанеш непланирано бремена ( сте се напиле, пукнал кондомот) ке го абротираш тоа бебе на 27 год, зошто нели ти немаш сега свој стан?
    Дали при таа несакана бременост ти ке одиш кај свекорот и свекрвата да живееш? Дали ке одиш кај твоите? Дали ке го гледаш сама и дали знаеш колку кошта да го гледаш сама без помош од страи ? Дали знаеш колку кошта една дадилка, ако ти работиш во смени,а градинките само до 16 часот? Дали знаеш дека на една трудница во месецот и се потребни најмалку 50 евра за витамини и тестови? Дали знаеш колку кошта едно бебе секојднено?
    Дали знаеш дека за да земеш кредит и со учество, сепак соодносот треба да е најмалку 2:1 т.е ако земеш кредит од 50000 евра треба да оставиш хипотека од 100000 евра? Кажи ми како некој кој нема ништо на свое име ке земе таков кредит? Кажи ми дали знаеш колку време просечен македонец треба да работи и колку во просек месечно да штеди и за колку год би добил стан од 60 м2 во кеш да го купи?


    Ништо од ова не мораш да ми одговориш, само размисли и доста веке со тоа дека треба секој да ринта и да заработи. Абе ринтај колку сакаш, тие се заработките кај нас од 10000-22000 ден зема просечен македонец. И не мора секој да се мачи, ако 5-6 феминки се изјасниле дека се помачиле. Зошто секој да почнува од нула, кога веке има некој кој може да му помогне. Еве јас и мм со примања минимум од 1000 евра ( сега веке само со неговите 600 евра) успеавме да земеме 70 м2 со учество од 10000 евра и хипотека на куќата. Значи имавме и кеш а и хипотека мора да оставиш, а во таа куќа живеат неговите. Рата е 200 евра, а сметки уште не знам пошто сеуште средуваме, ама и тие ке бидат околу 200 евра( вода, струја, греење интернет, телевизија, телефони), а рачунај бебе е на пат и колку тоа ке бара, потоа е храна итн. Ете просечно за греење во зимскава сезона нас ке ни требаат околу 100 евра, околу 30 евра струја, вода веке стигна и до 15 евра, интернет и телевизија и телефони 50 евра, одржување на влезот и хигиеничарка 10 евра. Храна најосновно пак ти е 150 евра. Вака кога ке погледнеш ке речеш не е страшно, ама кога ке почнеш да даваш е тогаш ке видиш дека ни 5 денари нема да ти останат.
    Знаеш ли дека трудница никој не вработува, а ако веке си вработена, слободно ке ти најдат мана за да леташ од работа или пак ке ти го направат мизерен работниот ден за да си заминеш сама? Не срцка, не сите работат во државно. Кај приватниците е друга песна.

    Еве мојот пример е тој.
    Накратко ке пишам за брат ми. Плата му е мислам 480 евра со скратено работно време т.е од 5-6 часа во денот, па оди и на др работа за уште нецели 200 евра, доработува уште 2-3 часа. Од еден крај на друг оди, со мотор до вчера, сега со точак, па кога ке падне снег ке мора да запали кола. Небитно. Девојката негова едвај зема 250 евра и + работи викендашка работа во петок и сабота во дискотека за 12 евра дневница. Од што се преморени, кога стануваат сабајле се чувствуваат ко да се претепани. Верувај не се излезени ко млади. Штедат премногу, се стискаат и пак ти викаат дека 10 год треба да работат со ова темпо за да имаат нешто свое. Си направиле тие своја математика и знаат до кај им е чергата и колку нога пружуваат. А ете и тие не се млади по 20 год па ке чекаат многу за дете. Брат ми веке 30ката ја раситни, девојката за 2 год ке ја раситни, што значи и уште 5 год да чекаат, пак ке треба да имаат дете, сигурно нема да чекаат 10-15 год. Е тоа дете после ке им ги изремети плановите и нема да може двајцата да трчаат на по две работи.
    Е сега како моите да не им помогнат? Зошто да не им помогнат? Зар треба во 80 квадрати стан да играат бернато или мижи татара? Ова се нивни зборови не мои. Мајка ми и таа опција ја има предложено. Да брат ми земе мал стан некоја гарсоњера ( секако со нивна помош) па тој да остане во големиот стан, а моите да одат во гарсоњерата. Многу опции има, ама ниедна од нив не е“ сине ринтај, пошто јас ринтав“, туку сегогаш е “ мама дур може ке помага“
     
    На Mishela, eloves, Mariangel и 31 други им се допаѓа ова.
  2. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Морав повеке постови, зошто не е дозволено толку долги текстови.

    Јас ја разбирам феминкава што бара поголем стан или бар малиот да е на нивно име. Нека има и таа од каде да почне, па нека обезбеди повеке за нејзините деца. Никако вас не ве разбитам што цело време кажувате дека треба да се ринта и дека многу бара. Значи таа со две мали деца од кое едно е бебе, сепак работи една работа, а вие и викате ако треба и уште една да најдат со мажот. А кој ке ги чува тие деца по цел ден, пошто градинките не работат цел ден. Како таа да заработи? Кои сте вие да и кажувате дека кревала нозе и направила две деца? Зар се многу две деца? Како тоа феминкава да оди на две работи, а золвата со големо дете на 49 год треба да седи дома и да троши од тато? НЕ. Нека оди и таа нека работи па и таа нека земе свој стан де, како што нели и кажувате на феминкава. Колку има золвата право на тие станови, толку има и мажот на феминкава. И таа не рече дека золвата треба да го напушти станот, туку кога веке седи еден празен а голем, да го користат тие.
    И аман не се тепа таа за фабриката со 400 вработени од свекорот, туку за некој квадрат живеалиште.

    Не го разбирам македончето што мисли дека треба да живее како лебарка и со тоа да биде задоволно. Толку се имаме пореметено во главите што мислиме дека и во една соба може 4ца да функционираат. И секогаш се тешиме со тоа ќути има и полошо, никогаш не велиме колку има подобро. Страшно. Дете да нема сопствена соба или брачен пар да нема спална соба, тоа е дно. Секогаш мислиме дека тоа што е основно насекаде во светот, кај нас е луксуз. Мизерија е 365 дена во годнината ти да си дома, да не знаеш што е летување или зимување, да не знаеш што е концерт или излет, да не знаеш што е викенд или кино. Скоро овде на форумов прочитаав како на некоја млада феминка и велеа дека е добро штом имала компјутер и интернет. Не е добро тоа, туку е нормално- нешто најосновно. Тоа е како да и речеш на некоја домакинка, кути бар за Божик имаш сарма да јадеш. Бог да чува. Или еве јас сум се мачела и сама сум створила, тогаш зошто ти да не се мачиш. Ауу главата да те заболе.

    македонче
     
    На Mariangel, zarah, Monna.Monna и 16 други им се допаѓа ова.
  3. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Не сум во тек со дискусијата, не можам да го најдам почетното мислење на феминката, ама ќе се надоврзам на помагањето од страна на родителите. За мене е несфатливо тоа јас сум ти родител, ако сакам ќе ти помогнам. Па зошто сме семејство побогу? За да си помагаме во вакви ситуации. Утре не дај Боже родителите да се разболат, да треба некој да ги носи на прегледи, да им помага, што треба да рече синот по вашава логика? Извини тато, јас можам, ама ако сакам ќе ти помогнам. Толку сте отуѓени?
    Не знам, еве ниту јас, ниту моите родители не сме биле воспитани така. Што би рекла мајка ми: Ти ќе ми бидеш дете и на 50 години. По муабетов испаѓа дека откако ќе почнеш да работиш, оставен си сам на себе, небаре на улица си најден. Мене ми тоа дури и жалосно. Да имаш семејство, а сепак да си сам. Да ти треба помош, а да немаш од кого да побараш. Родители што немаат, се трудат на секаков начин да им помогнат на децата. А не па некој што има. Кога го гледаш детето дека се труди, дека се мачи, дека не седи дома, ниту парите ги троши по дискотеки и кафани, зошто да не му помогнеш? Не разбирам.
    А можеби и поинаку го сфаќаме зборот семејство.
     
    На zarah, ocicka2014, cresa-jagoda и 19 други им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.864
    Допаѓања:
    267.222
    1. Не душо, не уживам.
    2. Дечко ми има своја фирма која работи добро сега, инаку на почетокот, скоро година, што се вели во загуба беше. Јас заработувам просечна македонска плата (16 000), работам 40 саати неделно, во останатото време (викенди и попладне) имам се и сешто работено, од правење кифли, до промовирање производи, преводи од англиски на македонски, изработка на семинарски, хонорарно помагање во средување на документи за неколку невладини организации, и можам уште да ти набројувам - зошто веќе и сама не знам што работев за да заработам. Моите не ме хранат одамна, освен некој семеен ручек, а и дома да - придонесувам со храната.
    Единствено струја/вода не плаќам, па види колку многу моите се задолжиле за мене... не дека не сакам да платам, сами не сакаат да земат, кога веќе ништо друго не ми плаќаат.

    Не знам како се останува непланирано бремена, ако останам ќе ти кажам :) Во моментов имам доволно средства да плаќам кирија ако ништо друго, па тоа ќе биде најверојатно, ако до тогаш немаме свој дом. И можеби ќе го абортирам, или ти ќе ми кажеш на колку години смеам а на колку не?

    Ова “дали знаеш“ - знам се бе, Окензи, имав бремена жена дома скоро.

    Знам колку е учеството, за тоа штедиме :) :) :)

    Па ете и помогнал свекорот, а ти посака да цркне.... Ваууу.



    За брат ти конкрето - ако можат и сакаат да му помогнат, зошто да не?
    Ама ако ете еден ден одлучат дека и тие имаат еден живот, треба брат ти да ги мрази и тоа што до сега му е дадено да го заборави?
    Епа јас имам пример, каде што мажот има скоро 50 години веќе, ниедна работа цел живот не е за него, и цел живот е “мама дур може“.. епа од мама дур може, паразит има дома, од пенијата на мама живее до ден денес.
     
    На jovanovska94 и kukla21 им се допаѓа ова.
  5. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.019
    Пол:
    Женски
    И јас ќе се замешам во вашава дускусија.
    Ретко кој млад и работлив човек во оваа земја и времево во кое живееме може да си дозволи да обезбеди кров над глава самостојно.
    Јас како родител и животот би го дала за своето чедо,не па стан или некое материјално добро.
    Мене ми беше дадено,ако можам јас утре и повеќе ќе дадам.И на сестра ми би и помогнала ако ја гледам дека крпи крај со крај,а не па на детето.Тие ми се главната смисла на животот.

    Ние сме двајцата со солидни плати и пристојно живееме.Се трудиме на децата да им дадеме образование,надоградба,(курсеви за јазици и спорт),а сето тоа кошта многу.Трошоците се зголемуваат како децата растат.Пари на страна тешко се собираат.
    На детето треба да му дадеш,но и да го воспиташ како тоа да го одржува и надоградува.
    Убаво напиша некој претходно.За феминкава да ја надмине кризава,треба само отворен муабет.Да си кажат дека им е потребно повеќе простор,тие се повеќе души.
    И според мене не забегува и не е неблагодарна.Само е практична.
     
    На kjukli, Luna91, Sky-butterfly и 10 други им се допаѓа ова.
  6. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Тури му пепел ако родителот се огледува на туѓите „паразитски“ примери, па од страв решава и во својата фамилија да го примени тоа. Па ќерка ми од 4.5 години ја воспитав кога сака нешто (што сметам дека не и` е неопходно за да се обезбеди во моментот) ме прашува Колку чини ова мамо, и колку дена треба да не купувам лижавчиња, мастики и киндер јајце за да ги соберам тие пари?

    Оваа држава одамна престана да биде држава, а луѓето почнаа да забораваат што значи Живот. Не, не е нормално да се растат 2 деца во 40м2, иако не е невозможно, со оглед на тоа колку примери имаме околу нас, ама прашањето ми е: Еден живот имате, дали би го фрлиле во работа од јутра до сутра, откажување на секакви (не)луксузи, одложување на потомство, нервози, неспиења, за после 5 години да имате за УЧЕСТВО на стан, за кој ќе треба да се ДОЗАДОЛЖЕТЕ со кредит од уште минимум 20 години со рата од 1/2 плата?

    Избор има, да, ама во моментов тој за жал - не е во Македонија.....затоа ќе оставиме се` што имаме тука, се` што сме создавале, за да одиме надвор каде ќе живеам ЖИВОТ каков сметам дека е достоен за еден човек. И да, може ќе работам и по 2 работи, ама ќе знам дека за 5год ќе имам ИСПЛАТЕНА куќа, а не дополнителен кредит за истата.
    Lets face it, некои математики тука се малце нереални, посебно со нагласувањето дека не постои никаква помош од старите. Со самото тоа што не плаќате кирија, не купувате СЕКОЈДНЕВНО храна и пиење и се` друго за дома, не покривате трошоци и кога сте на 0 на сметка едноставно седите дома и ПАК ИМАТЕ СЕ` зошто друг ви го дава - НЕ, не сте самостојни, и НЕ, ништо сами не сте направиле.
    Кажете барем Фала на тие што треба, и зголемувајте го имотот ако знаете и умеете.
     
    На mila89, Mrs.Bass, kjukli и 12 други им се допаѓа ова.
  7. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Ајде болд по болд.
    Дечко ти има своја фирма, ама не кажа колку заработува. И другарка ми има своја аптека, арно ама повеке од 23000 ден месечо не зема. Добро бар на свое си е и не работи за друг, ама парата е тоа.

    Непланирано бремена може да остане скоро секоја. Не се прај сега со сила на тошо, пошто вакви клишеа страшно се глупи.
    Твој проблем е дали ти ке го абортираш или родиш, а и за ова не се притресувај многу. Сигурна сум дека ке го родиш така да не ја превртувај реченицата. И не е мој проблем што ти ке правиш, ниту ти се мешам во одлуката, ниту ти реков да родиш ниту да абортираш, туку ти дадов пример, што секоја НОРМАЛНА особа би направила на твои години со свои примања.

    И свекорот помогнал да ама може уште повеке да помогне, и сигурна сум ако јас пишав на фемина дека е старо дрдало и да цркне, тој нема да цркне, така да не се вади на муабет дека си ти ептен разбирлива и добродушна, а јас еве клетви фрлам на старци. Те молам. Не ти е дојдено до глава па да се испукаш на форумов.

    И кажи ми како ти со 16000 ден ке плакаш и кирија и храна и сметки и дете ке гледаш ако пр дт ја затвори фирмата?
    И кажи ми дали имаш ти нешто на свое име што можеш да го ставиш под хипотека за да земеш стан?
    И кажи ми ако твоите ти речат да даваш барем по 50 евра за сметки месечно, ти со 13000 ке осптанеш како? Или мислиш само на себе. За тебе се може доволно и не планираш да се мажиш или деца да имаш ( пошто сама се имаш многу пати така изјаснето), ама остави ги оние кои веке тоа го имаат или планираат, да си пишат раат без да ги слушаат твоите попувања за сеспособност.

    Еве пак ке кажам мене и на мм никој не ни помогнал, ама ние сме од ретките кои имале срека за да земаат високи плати ( за наш стандард), ама не секој го има тоа. Јас заработував дупло од тебе за 20 часа неделно, а ти за 40. Е сега ако и јас работев 40 часа ке земав 4пати повеке од тебе. За тоа ти викам не кажувај нешто кое не го знаеш. Не секој има и не секој може. Јасно ми е и мене дека уште 1 год нема да можам да работам, барем додека детето ми нема 9 месеци, па мора малку да се стиснам.
     
    Последна измена: 21 октомври 2015
    На cresa-jagoda, Tajnaotrovna, IveBrajan и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.864
    Допаѓања:
    267.222
    1. Сега секој месец заработува доволно за да живееме нормално, плус за заштеда. Не работи за плата, туку за профит, па така и заработката не е секогаш исти.
    2. Може, не викам не. Ама дали ќе го раѓам или не или на која возраст, да се засрамиш за начинот на кој го постави прашањето. Па уште сигурна била дека ќе го родам. Како си бе Окензи така сигурна? Ме познаваш лично па знаеш или? Па уште колку е некој нормален.... ајде поштеди ме, не знам само со кое право и со кои критериуми одредуваш што е, а што не е нормално.
    3. Не Окензи, ама размислувањето ти е за осуда. На куче не се вика да цркне, не на жив човек. И ова го покажа рисјанското во тебе, ама да се згрози човек. И кога сакам да се испукам, ми е страв само да помислам на нечија смрт, не па да го искажам тоа макар на анонимен јавен форум. Се срамам и згрозувам од помислата, искрено.

    Не, нема со 16 000 тоа да го правам. Кој дел од заштеда не го разбра не знам, ама после грозотииве не сакам ни да ти објаснам. Јас имам баба од скоро 80 години, ако таа почине јас ќе имам каде да живеам без денар да вложам, ама дај Боже да поживее колку што може, да ми е жива и здрава само, друго не ми треба.
    Искрено сум вознемирена од тоа како гледате на нечии родители. Не можам да си поверувам.
     
    На jovanovska94 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.457
    Допаѓања:
    96.671
    Темава ја немав отворено неколку денови, се изначитав се и сешто. Мислам, озбилни ли сте луѓе со зборовите дека после 18г. детето не е ваша обврска, нека си фаќа патот и вас баш мува не ве лази ќе јаде ли, ќе пие ли? АКО САКАМ ЌЕ МУ ДАДАМ, АКО НЕ САМ НЕКА СЕ СНАОЃА! Понечовечна фраза и примена на дело на истата не сум сретнала, сигурна сум. ЗОШТО тогаш се водат тие борби за деца? Инсеминации, инвитра и не знам какви не разни други скапи и исцрпни постапки? Ако не е детето толку мило, тогаш зошто се измислиле милиони начини во напредниов свет за да се дојде до него? За клоците во газ после? Без врска муабети.

    Еве ќе си кажам за себе. Една сум дома, станот е ВЕЌЕ препишан. Направен е тестамент, оставен ми е како поклон истиот. НЕ ГО СМЕТАМ ЗА МОЈ, моите се живи и нека бидат уште долго време, тие плаќаа за него, тој секогаш ќе биде нивни! Желбата да се обави таа процедура беше нивна, мене ме прашаа за мислење. јас останав воздржана со зборовите -ДЕНАР НЕМАМ ДАДЕНО ЗА НЕГО, ЦЕЛ ЖИВОТ ГО ИСПЛАЌАВТЕ, ВАША ОДЛУКА СИ Е ШТО ПОНАТАМУ.
    Ама нема да лажам дека не сум среќна што сум дете на такви родители и здравје еден ден ќе го следам истиот пример за мои деца. ОСВЕН, ако не дај Боже не се некои неранимајковци па да постапам спротивно од замисленото. Абе луѓе, семејството ако не си помага едни со други кој тогаш ќе помага? Мајка ми и татко ми ако не ми пружат рака во најтешкото, од други не сакам! Кога тие ќе се болни, ЈАС ќе сум со нив, друг НЕ САКАМ да ја превзема таа одговорност.

    Искрено, на човек незгодно да му падне од вашите муабети, безвредно да се почувствува дури! 29год. сум и не работам. Отиде заштедата што си ја створив додека работев и сега моите ме издржуваат. Ама треба да им кажам да ме избркаат и да не ми дадат да јадам после неколкуте страни прочитани овде...
    Мислите дека не сака секој сам да си постигне? Мислите дека јас од желба не работам?
    АМА, и НЕ ЛЕЖАМ. Обврските околу домашните обврски се мои. Јас чистам, јас пазарувам, јас готвам, перам, пеглам. Тие кога се дома САМО ОДМАРААТ. Балансираме! Утре ден се надевам ќе се заврти тркалото за јас да можам да дадам. И ќе им дадам. Оти се такви какви што ги опишав. Ако не се, нема.
    Убаво викате - Брат за брат, сирење за пари.

    На татко ми родителите се понашаат со него како тој на ливада да е никнат. Согласно на нивното однесување, тој оди еднаш во неколку год.
    На мајка ми родителите, куќата ја оставија на вујко ми, АМА парите ги поделија на сите подеднакво. Затоа сега, СИТЕ ДЕЦА ПОДЕДНАКВО се грижат за дедо ми. Се е по заслуга, па макар кога е во прашање и родител.

    Гледам дека зборувате за планирање на семејство. Не ли прочитавте по колку години имаат форумџиката и мажот и? Времето не им е во корист. Не знам според вас дали треба на 60г. да планираат потомство? Или па воопшто да не планираат?
     
    Последна измена: 21 октомври 2015
    На Mariangel, zarah, cresa-jagoda и 14 други им се допаѓа ова.
  10. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Аууу срцка ти, навистина како може човек да фрла клетви на форум срам да ми е. Добро што те има тебе да ме опомене и ајде трк до црква да се помолиш за ми се прости гревов. Ме стега стомаков, до проливот ке да е.

    Него нели тебе ич не ти чуеше за родителите на дт? Чек ке го најдам тој твој пост. Не знам како не ти чуе за тие што ке ти бидат фамилија, ама за свекоров од феминкава ептен жал ти падна. Абе двојни аршини.
    Дуни верте категории.
    Со истото право на кое ти е рече на феминката зошто раѓала деца. Е за себе боли, а на друг можеш да му речеш така? Пак ке кажам двојни и тројни аршини. Не бива. Или имај став за сите исто вклучувајки те и тебе или ич не давај совети кои ни ти не ги применуваш.
    Капиш????
     
    На Mariangel, ocicka2014, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Не мoжaм дa цитирaм сегa, некoј нaпишaл мaкедoнецoт сo мaлку се зaдoвoлувaл, не билo нoрмaлнo фaмилијa дa гледaш вo 40 квaдрaти, требa дa oчекувa пoвеќе. Oд кoј? Вo ред е, се сoглaсувaм декa е тешкo дa oтплaќaш кредит, тешкo е дa нaјдеш дoбрo плaтенa рaбoтa, пaри зa ништo не стигaaт, немaaт сите спoсoбнoст или среќa зa пoвеќе. Дaли не сaкaaт дa се пoтрудaт или судбинa, aјде не рaзглoбувaм, дa речеме тaквa им билa среќaтa, дa речеме декa се е нaдвoр oд нaшa кoнтрoлa, вишa силa, oк?
    Епa кoгa веќе знaеш кoлку ти се примaњaтa и се жaлиш зa лoш к'смет, зoштo не се пoмириш сo скрoмен живoт вo стaн oд 40 квaдрaти? Штoм тaкa леснo се пoмирувaте сo плaти, лoшa ситуaцијa вo држaвaтa и сличнo, oти ви е тешкo дa се пoмирите декa не сте oд тие штo ќе живеaт кoмoтнo вo гoлем стaн, туку ќе требa скрoмнo дa се стиснете мaлку вo пoтеснo aмa бaр немa глaдни и бoси дa сте. Зoштo?
     
    На galapce, artemidis, MacenceEna и 4 други им се допаѓа ова.
  12. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Окцензи, а како тоа брат ти ќе седи во стан од 80 квадрати, а ти ќе плаќаш кредит?
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  13. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Ако си ме читала и предходно ке знаеше дека моите ке плакат и за двајцата, со таа разлика што тој нив ке им купи помал а тие мене ке ми помагаат.
    Имаат моите повеке опции + два стана од по 60 м2 во наследство од тетка.
    Кај мене не е проблемот.
     
  14. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.938
    Пол:
    Женски
    Јас само да прашам, сите вие што велите не раѓате додека не обезбедите услови за деца и ја напаѓате што родила две, ќе ви биде ли мило кога не дај боже на старост не сте способни да гледате внуци, па некој ви плесне "а што не сте родиле порано?". Јас родив дете под кирија. Грешна сум. Нека горам во пеколот. Жената има 37 а мажот 44 колку што сфатив. Кога да ствараат фамилија?
    Не знам зошто не сакате да сфатите дека секој нема среќа( да среќа е во нашава држава), да се вработи, да зема убава плата и да може да си обезбеди се сам во животот. Животот е тркало, денес имаш, утре немаш. Можеш да земаш убава плата и да планираш што-како во животот и да останеш без ништо во секунда од милион причини, повеќето познати на сите.
    Не прозивам никого зашто немам волја да се надмудрувам, ама еве ќе кажам на сите што се способни сами да створат во животот, имотот на вашите дајте го во хуманитарни цели. Има толку многу семејства што не се способни сами да си обезбедат услови за живот и се додека со закон не е казниво раѓање дете додека не створиш услови не прават прекршок. Па имајте волја, помогнете.
     
    На Mariangel, cresa-jagoda, kjukli и 12 други им се допаѓа ова.
  15. VladeMila

    VladeMila Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    430
    Допаѓања:
    8.515
    Пол:
    Женски
    tocnata mi kvadratura na garsonjerava e 38,od koj tuka spagaat podrumot i terasata,e sega aj preracunajte vo kolku kvd sedime,a pri toa ne e ni nase.

    nemam potreba da lazam i da pravam filmovi,samo mi bese potrebno da se olesnam i da slusnam nekoj sovet.
    so ovoj post im se zablagodaruvam na site sto mi dadoa dobronameren sovet i ne tolku dobronameren,voedno ova e i moeto posledno komentiranje.

    vi posakuvam na site sreka,realiziranje i ostvaruvanje na vasite zamisleni celi
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  16. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.727
    Допаѓања:
    322.842
    Мене едно не ми е јасно....тој СТАР каде ќе го носи тој стан ?
    Па ако еве не се доблесни младите да спечалат во црна Македонија, за што му е празниот стан што го чува ???
    Каков ќар имаш ти ако имаш станови и сите ти стојат празни а притоа децата ти се буткаат ???

    Каков е па тој ментален склоп на човек ?

    Да имам станови празни а децата да се кифлат ?

    Никој не е должен да дава некому, ама ДЕЦАТА не се НЕКОМУ?!

    Зошто печалам цел живот ??
    За да имам и јас и децата да живееме сите лагодно.

    Смислата на животот и фамилијата е таа-сите да си помагаме еден на друг за да опстанеме.
    Јас не знам друг смисол !!??!

    Не ли Ви е егоситочки она - јас се мачев нека се мачи и детето !!!
    Да !!... јас се мачев, обебедив нешто, ама ќе уживаме сите во тоа !!!

    Саможивници и егоисти еден куп !
    нема кој рака да ти подаде, ама кој да те закопа има !
    Желни бре да да те видат да пукнеш во 40 м2 !!
    А станот нека гние !
    Празен !

    Ама не мислат дека староста е тешка...ќе дојде ден и тоа се осети...

    Се знае од првобитнотоошотество до денес како опстануваат фамилии и лози...еден за друг и никако поинаку
     
    На Antebellum, Mariangel, cresa-jagoda и 15 други им се допаѓа ова.
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    ^^
    А членката што пишала, утре што ќе остави на своите деца? Вели нема пари за кредит, ок, може ќе и тргне на подобро, може ќе добие на лото, ама ако оди со исто темпо, шансите нејзините деца да плаќаат ќирија за да се тушкаат во 40 квадрати се големи. Па ако е толку страшно живеењето во тие 40 квадрати, како таа се помирува со овој факт? Ако свекорот нема чувства штом може да ги гледа така ладнокрвно сите во еден мал стан, како таа планира да биде поразлична од него? Тој има, не дава. Таа нема. За децата тоа исто е од финансиска гледна точка, и вака и така немаат помош од родителите.
     
    На Antebellum, SexiLy, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.285
    Пол:
    Женски
    Ма какво помагање на деца.... што ви е вас.... па по можност ако се има две... ако може на едното се да помогнеш, на другото ништо, да види тоа говедо како се печалат црни пари и колку гаден светот. Јас ќе работам, а детето на готово.... ахаааа, нема така... дупло од мене ќе црнчи. Ова е модерен свет... про-европски, про-светски. Децата се душмани, и нека се среќни што имале цицка за цицање како бебиња оти можеле и тоа да го немаат (facepalm) Иронична сум, да знаете, за тие што не сфатија!!!
     
    На Mariangel, cresa-jagoda, kjukli и 6 други им се допаѓа ова.
  19. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Другарка моја живее со свекрвата и золвата (золвата не е мажена) . А имаат уште два празни стана. Ама свекрвата не ги дава клучевите. Зошто? е така, неможе, не сте добри. Сите живеат набутани во по една соба веќе 5 години.
    Друга другарка живее во една соба збутана со маж и детето, сите спијат на кревет на пуштање. во дневната свекрвата и свекорот. А во дворот имаат празна куќа на која и треба само реновирање. Ама свекорот не дава, он е газда и толку. Од како умре татко му кој живееше во таа куќа, овој се шекна, вика сега се е мое јас сум газда и како ќе кажам јас така. Нит им дава они да одат во таа куќа, ниту тој не оди, спие во дневна поврзано со кујна, рано си легнува, после неможеш да влезеш таму.
    Зошто така прават, зошто им се може. Односно ови им се во подредена позиција.Тоа е, жално, но реално. Мораш вака така да си создадеш нешто во животот, едно собче да изградиш, знам што зборувам, во иста позиција сум. Една плата на кредит ми оди. Маж ми оди со точак на работа, кола до пред два месеци немавме. А другарката моја има и кола и мотор и они двајцата посебно си одат на работа моторизирани. Ова е само еден пример.
     
    Последна измена: 21 октомври 2015
    На cresa-jagoda, danichap и okcenzi им се допаѓа ова.
  20. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    А замисли седат две семјества на ручек на различни маси.
    Едното семејство е богато, но само таткото јаде се најубаво да речеме кавијар, а децата јадат леб и урда или маргарин. Другото семејство е сиромашно и сите јадат леб, урда или маргарин и таткото наместо 3 кришки леб, јаде една за да има по уште една за двете деца.
    Е тоа е таа разлика.
    Едно е да немаш, друго е да имаш а да мислиш само на себе.
     
    На Mariangel, eloves, cresa-jagoda и 10 други им се допаѓа ова.