@CameliaMiller за мене е важно кој ми помогнал и кога.Била сум и од двете страни на тркалото.Кој ми помогнал,кога ќе можам дупло ќе вратам.Ако ми завртел грб во тешките моменти,зошто јас да му подавам рака кога нему му е тешко. Џабе е да ми даде се што има отпосле кога се снајдам.Моментот е важен кога да се помогне.Одпосле не ми требаат ни тие ниту пак нешто нивно. Ако сака да направи човек и да ми го даде потешкиот пат, тоа за мене тоа не е родител.
Баш така! На татко ми му дадоа дел на негови 60год, а кога се оженил го избркале од куќата за која и тој учествувал во изградбата. Кога дошле во станот немале ни лажичка, a неговите се ширеле во две куќи. Кога му ''дадоа'' дел, не знаеше дали да плаче или да се смее. Дадоа е под наводници затоа што во тие две соби не сме стапнале, стојат отклучени, ние немаме клуч и погодете што? Старите седат уште во нив! Налет нека се, сега моите имаат се само здрави и живи да се. Ама битно имаме документи, дури со некојси црвен конoп се подврзани.
Мене ниту муабетот за едниот мајка за другиот маќеа не ми држи вода. Уствари татко и очув тука. Ни на едниот дал, ни на другиот. И едните и другите се на користење. Уствари може и е препишано...ама кој да седне муабет да направи. И да се живее со стар човек не е лесно. Измет си има тој човек. Он на негови 84 можеби е исклучок, ама јас колку што се сеќавам, требаше после одење во веце на мојот дедо се да се дезинфицира на пример, оти лом правеше. Башка живци од ортома за муабетите и како во хотел си сака три оброци на ден да му спремаш а доколку не е на нога помош и при бањање. Секој си ја знае својата мака.
Мислам дека истото го кажав - како се однесуваш кон другите, така и тие кон тебе. Ама види, приказната има две страни, а ние само едната ја знаеме. Јас на тоа повикувам - сите го нападнаа дедото, а никој не ја знае неговата страна. Од сите можни варијанти, најнереална ми е да тој ете не сака да помогне. Оти како што сите се изјаснија, во Македонија старите помагаат секако.
Da mu se javime da sme si na cisto? Ako taka gledame,ne treba da ima diskusija na niedna tema,oti ne gi znaeme prikaznite od dve strani.
За тоа се согласувам во целост,го бев напишала и во претходните мои мислења.Исто го напишав дека не ја знаеме другата стана. Како што е сега поставен проблемот(според кажувањето на феминката), моето размислување е дека стариот не е во право.Можел да им помогне повеќе,без тој да биде оштетен. Ние цело време даваме решенија на форумот за проблеми каде ја знаеме само едната страна и се базираме според напишаното
Види едно е дискусија, друго колнење, обвинување итн. Посебно што тука не се дискутира проблемот и неговото решение, туку човекот. Или како што гласи добро познатиот и универзално точен епиграм: Great minds discuss ideas, average minds discuss events, small minds discuss people. ПС - може треба ние да му се јавиме, мажов нејќе да се стресува, снашкава не смее да се меша, треба на стариот да му текне... а да се собереме одбор и право кај него да го прашаме, како не му е срам Како и погоре, едно е решение, совет, друго е барање виновник. На крај жената кажа и дека само сакала да се испука, а не да најде решение тука.. што значи сите сме во заблуда со идеите за помош Ме ужаснува способноста некому да му пресудиш - крив, само зошто засегнатиот сведок така кажал Можеби не размислувам јас во правец како да се самосожалувам на неприликите што ми ги приредил животот, ама обично прво што барам е решение, оти од седење и жалење нештата не се менуваат. Па какви совети доби, просто коса да ти се дигне - доживотни издршки, на пример.... кој ужас човече. Треба да и потпишам документ на мајка ми дека нема да ја заборавам дома а таа како противуслуга да ми препише имот... свашта.
Одговорот на овој настанат проблем и целата оваа дискусија извадена од контекст е ДЕКА СВЕКОРОТ НЕ САКА ДА ДАДЕ. Сите ние знаеме колку е тешко во Македонија и како се печали и колку се може да се приушти и дека родителите треба да помогнат доколку се во можност нели, и безброј останати дускусии околу оваа тема, но одговорот е многу јасен овде околу свекорот место за опции се нема. Сите овде се вчудоневидени како тоа не требало да се очекува од родителот?! Одговорот е многу јасен, ако тој некој родител има и едноставно не сака да даде што можеш тука? Ќе си свиеш опашот ќе си работиш ќе се бориш и ќе животариш за нешто подобро, ќе ја соџвакаш ситуацијата, ќе се помириш со тоа што е и ќе одиш напред, ќе се трудиш за своето семејство. И најнормално, утре не ќе се замараш со никој. Муабетот ми беше секој човек што си сее тоа и ќе си ожнее на крај, ако сум сама ќе бидам до крај. Правдата на овој прљав лицемерен свет ја нема, и нема никогаш да ја има.
Вака така,овде,онде,си раскажавме сите кој колку имот има,нема. Значи ептен ми е без веза кога некој ќе побара совет,а ние почнуваме да се задлабочуваме во дискусијата и на крај завршуваме толку длабоко дури до нашиот џеб. А совет и мислење одат во трет,четврт план.
Имам кажани и во друга тема дека владее себичност. Се згрозувам од тоа до каде не однесе современиов свет. На децата им е понижување да прифатат помош од родителите и се лупаат у груди како се можат сами. На родителите им е мака да се мрднат од комфорната зона и да се малтретираат за децата ко да се туѓинци. @okcenzi браво за долгиот пост. За мене тоа е еден од подобрите што го имам прочитано во последно време. Во оваа мизерија во која што живееме уште да не си пружаме рака ние најблиските каде ќе стигнеме? Ако е вака како што некои феминки тврдат, ја се нафаќам да родам 5 деца. Ќе ги испилкам до 18 и после ајт на буниште. Кој каква среќа си има нека се снаоѓа. Не е фер. За родителот детето му е цел живот дете. Зарем еден родител може да има убав живот и да е спокоен кога гледа дека детето му се мачи? Далли тоа е родител? Јас, ако знам дека сестра ми има некој проблем, не можам да спиам како што треба и ако треба не јадам за да и биде неа добро, не пак за свое дете. Времето минува после на родителите ќе им треба помош. И нас ќе ни биде мака со деца со работа, обврски да трчаш по лекари да ги гледаш, да им чистиш, переш, ама родител ти е. Ако треба не спиеш ќе ги изгледаш достоинствено. Тоа е суштината на живеењето според мене. Кој би биле ние ако го немаме семејството? А за чекањето се да ти е ок за да создадеш семејство кажав мислење во соодветната тема. Животот е кучка. Работиш, работиш и кога ќе заштедиш колку толку, може многу добро да те лупне од земја. Не дај боже една болест е доволна за да ти отиде цела заштеда. Или пак откако ќе се земеш да останеш без работи. Знам многу случаеви на кој што им тргнало од како се родило детето. Во животот нема правила. Јас лично сум за тоа да се вдишува животот со полни гради, затоа што никој не знаеме колку ни има преостанато за да одложуваме некои работи. Животот е многу краток, но за жал често не сме свесни за тоа.
Од 7-8 страна, кога почна дискусијава, вчера пред да легнам си читав, па човеку не знам како заспав после то. Смислата ми беше дека, не критикувам што снашката си бара, нормално е да бараш и планираш ко ќе немаш, ќе зборам за свекорот. Има две деца, жената му почина и према тоа што кажува снашката многу му е тешко поради тоа, но претходно ја имаше избркано од дома ради ќерката. Избркано или едноставно не ѝ забрани да си оди. Значи во фамилијата има сериозни проблеми, посебно меѓу децата. Да тргнам од себе и татко ми да има 2 големи стана и една гарсоњера, ќе барав еднакво делење зошто неќам во ни еден случај брат ми да е во загуба. Пример поголемиот стан на едниот, помалиот стан + гарсоњерата на другиот. Ајде надвор од тоа, сега ќе коментирам од аспект на родител, како душата му дава на некои родители да му скратат на едното дете за да му дат на другото? Поќе го боли за едното? Е то неможам да го сфатам. Велете дека е себично ако дете си бара поддеднакво како другото дете, ама ако не се еднакви има право да бара да биди еднакво. За конкретниот случај, да супер е сите да можиме сами да се снајдиме, ама ете тие имаат подлога. Едно е родителите на снашката и свекоро и свекрвата да немаат ништо, тогаш ќе почниш од нула, ќе се обидиш да направиш нешто, ама тука има подлога. Да супер помош е 40м2 шо ги имат од почеток, ама ете сега имат и дечиња, а и да немаа пак по извесен период ќе беше тесно, а и за дечиња не се чека премногу, не? Стариот, кога веќе има, можеше да ги распредели децата во еден од другите станови, да си седнеше во грасоњерчето или со едно од двете деца и на крај да одлучи на кој ќе го дај грасоњерчето. Можеби со детето кое ќе живеј, детето кое повеќе ќе се грижи или едноставно колку и да ми е несфатливо, детето кое повеќе го сака. Веќе уште сега да му имаше за грасоњерчето даено полномошно, полесно ќе беше како шо велите да го продат, ама сепак, неќам да речам дека ова МК ама знајме дека тука не е ништо на сигурно. Кога имаш нешто сигурно не ти дава душата да посегниш по нешто зошто на крај ќе останиш со парталите на улица, без кров на глава, со две мали деца, а чинам и нема да добијат поголема помош ако се случи тоа. Не сфатив ни зошто ја нападнавте, ете да, нема право таа да бара, ама ај де да бидиме реални, таа и мажот се сега едно, разговараат и функционираат како едно. Нормално е таа да предлага некои работи, да разговараат, а не едноставно да чекаат стариот да умри и да видат на шо ќе се. Како и да е, неможиме целосно да знајме како му е на некој дома. Се надевам ќе се среди ситуацијата.
Не се согласувам со делот дека таа треба да предлага нешто за имотот на мажот. Јас лично не осеќам никакво право да се мешам во имотно-правни работи на мм со неговата фамилија. Јас сугерирам кога трошиме наши пари. Исто така, не сметам дека мм има право да се меша во истите работи кои јас ги имам со моите. После затоа има проблеми - што не ти дадоа твоите, што ти дадоа и слични мерења и вагања.
Мене во целата приказна ме интересира што правел сопругот на феминката до 40 години? Ете татко му спечалил три стана, тој што правел, мислел дека некогаш ќе се ожени, ќе створи семејство, дека и тој ќе треба еден ден исто да остави нешто на своите деца? Си спиел на тоа уво дека има тате, снаава иста таква и сега проблем, епа проблем. Се знае дека е многу полесно да штедиш додека немаш семејство, господинот си уживал во животот а сега кога му е тесно ќе фучи низ дома, ете да почнал да работи од 20 и нешто години до 40 се 20 години со плата, таман еден стан да си отплати од 50-тина квадрата, негов да си биде а не од тате и мама. За мене помош од родителот, живеење во заедница итн треба да биде отскочна даска, тоа што е дадено да се зголеми а не да си ги тераш сите луксузи во животот и кога ќе ти нарсанат малку децата и станува тесно да чекаш да умрат старите за соба да ослободат или стан да ти ослободат, за срамота.
Prvo i osnovno 40 god ne se mnogu pa da moze covek kojznae kolku da zaraboti a da ne zboram za kupuvanje na stan.vo Mk stan ke kupis samo preku kredit ili ako zarabotuvas dosta pari sto e retkost iliii si otisol vo tugina 10 god, si delel stan si cimeri si jadel eftina pasteta se so cel da kupis stan tuka. I da, kolku i da imam so zadovolstvo bi go prifatila stanceto na moite koi posekako mene i na brat mi bi go prepisale..a jas pak toa stance ( ili ako se prodade po pola so brat mi) ke gi dadam na moite kerki ili ke im ovozmozam bar podobra idnina...ova mi e sosem normalno.ba koj drug ako ne na niv
@bittersweet ти ги поштувам мислењата но за некои теми е очигледно дека не живееш и не си живеала у Мк. Не е лесно во Мк да купеш стан, а читате дека човекот работи за 10000 ден. Кој ќе ти даде кредит на таа плата за стан? Јас со еден куп дипломи работам за 200 евра, а мм со истото образование сега пак е без работа. Состојбата е очајна кај нас, а вие сте запнале со кредитот. Не секој може да работи како шофер. И нема ништо лошо во тоа да очекува од таткото да му помогне. Сигурно да може сам ќе си купи, а татково нека си ги чува пак становите. И сите вие кои коментирате дека секој сам да створи или сеуште не сте во брак, или не живеете во Мк или имате многу пари.
Обично се согласувам со твоиве мислења, ама со ова не. Страшно тешко е кај нас двајца вработени да земат станбен кредит, а за сам да земеш кредит е рамно на научна фантастика. Има примери кои имаат по неколку стана или кои успеале да си земат станче додека биле неженети / немажени, ама тие се малцинство. Реалните плати кај нас се движат од 15000 до 20000. Како ќе отплаќаш станбен кредит со оваа плата? Евентуално некое гарсоњерче од 30-тина квадрати да земеш и да го отплаќаш 20+ години. Австралија и Македонија не се само географски далечни туку и во секој друг поглед
Абе може не стан, ама по 20 евра да тргал тие 20 години, пак ќе заштедел нешто.... Друго е сам човек, плус маж, ете нели живеел со неговите, шо знам.
Да, ке имал 4800 евра бар за учество. А да штедел по 100 евра сега ке имаал 24000 евра за тие 20 год, ама па ако земал по 10000 ден месечно, тешко дека ке успеел да заштеди 6000ден. Јбг македонски живот