Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Криза со станбеното прашање

Дискусија во 'Брак' започната од hrizantema007, 29 август 2012.

  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974

    Таман работа, мене јасно ми е како одат тие работи и колку е саатот во нашата мила, мала, напатена. :D Муабетот ми е, ако додека си сам не успееш нешто да зашпараш, ептен минимално, со семејство е дупло потешко. Значи со деца кога си, и имаш фамилија зад тебе... и кредит да можеш да си дозволиш да исплаќаш е успех, според мене.
     
    На Nausicaa, danichap, bittersweet и 2 други им се допаѓа ова.
  2. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Да да да и јас тоа го викам. Таман ти е муабетот. Јас си велам бар по 50 евра да тргал ке соберел бар 10-15000 евра за тие год, ама мажи не мислат се дур не влезат во брак и на крај фрустрациите на жената се истураат. Битно за нови гуми и радиа во коли секогаш имаат. Ај да не почнувам со примери околу мене.
     
    На mimiiiii, kjukli, Luna91 и 8 други им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.975
    Допаѓања:
    267.901
    Јебеш га, не може и аре и паре.
    Тоа е.
    @okcenzi не се само мажите, и жените се иста сорта.
    Мојава генерација уште на кошулче, журче и кармиче мисли, а за иднината ако ги прашаш... па ќе даде бог.
    Камо среќа да мислеа сите бар малце, малце само.
    Не стануваш возрасен кога ќе родиш деца, туку на 18 години.
    Од тој момент си одговорен за сам себе и својата иднина.

    Сите чекаат... на мама, тато, чиче од Швајцарија... на некого.
    Абе сите до еден од 22 (претпоставувам тогаш сите дипломираат) до 28 да штеделе по 20 евра месечно, немаше да има вакви банални “кризи“.
     
    Последна измена: 23 октомври 2015
    На Doozy, vitamina и okcenzi им се допаѓа ова.
  4. smajlii

    smajlii Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2014
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    Ги прочитав сите коментари и искрено ги оправдувам и двете страни. Не сум родител меѓутоа здравје боже кога би била децата не би ѓи двоела, така сум воспитувана и така е кај мене дома. Во оваа ситуација свекорот ИМА АМА НЕ САКА да даде поголем стан, еден дал ( на служење) и треба да се биде благодарен. Можеби човекот има некои планови, не избрзувајте секако на маж ти му следува, гледајте вие колку-толку според можностите да соберете за вие да си створите нешто.
    Во однос на квадратурата сакам да дадам пример, другарка моја мажена со две деца, живее под кирија во стан од 39м2 за кои плакаат 130евра (на можот и неговите имаат да дадат ама нејќат,во него седи помалиот брат кој не е ни женет а неговите во друг стан) другаркава моја во ниедна прилика не ми рекла тесно ми е или спијам со нозете на фотеља, задоволна е со тоа, одат и двајцата да работат по 2 работи за да можат да соберат за учество за стан.
    Така да потруди се да напраиш нешто сам кога не можат да ти дадат или не сакаат, до тогаш мораш да бидеш благодарна и за толку.
     
    На Nausicaa, kukla21 и okcenzi им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.975
    Допаѓања:
    267.901
    Мене ме заинтересира нешто друго.
    Братов неженет помалце заслужува или? Каква врска има тоа, женет неженет?!
     
    На SuperGirl24 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. smajlii

    smajlii Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2014
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    @CameliaMiller според мене не, исто заслужуваат и двајцата, тоа го пишав само за да наведам дека другаркава со 2 деца седи под корија во 39м2, а тој сам во стан од 50.. муабетот беше дека не се пожалила ниеднаш и не чека си отидоа под кирија, работат и собира за да си уплатат. Знам дека е тешко ама е многу подобро него тука да пишуваше ете девер ми (ако така се вика) сам е во цел стан а ние со нозете на фотеља спиеме
     
    На Nausicaa, kukla21 и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.975
    Допаѓања:
    267.901
    Јас ја сфатив приказната на другарката. Ама сакам да ти кажам - тоа што некој е женет, не значи дека добива предност :) Јас веројатно пред сестра ми ќе родам, ептен е помала од мене, ама никако не сметам дека имам предност во што било.
     
  8. smajlii

    smajlii Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2014
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    @CameliaMiller Нема никаква врска дали е женет или не е, па според тој основ да го добие станот или да има предност, едноставно наменет си бил за него и тоа е тоа. Во секоја фамилија пред тоа си се договара за вакви работи и се е ствар на договор, али верувај дека многу од тука ќе ти одговорат дека по логички би било они да одат во тој стан а он да речеме кај неговите или под кирија, пошто тој е со 2 деца и е женет, како што и пишав се е ствар на договор во секоја фамилија, освен во оваа со женава пошто никој со никој скоро и не збори и за тоа е ваква ситуацијата.
     
  9. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Битерке, ах и јас се надевам ќе имам амнезија од убавини и вака ќе им пишувам на младите по 10-15 години, ама од кај тебе, не од кај мене :rofl:
    Да резимираме:
    1. Спомнувате период од штедење 20год во нашата ни држава....ве молам не правете таков грев, па ние пред само неколку години почнавме да го регистрираме приходот со фискални каси :rofl: Македонија нит била, нит е, ниту пак во догледно време ќе е, држава за нормална заработка и живеење! Делумно затоа што пред само 25год ни ја дадоа да си играме со неа, делумно зошто сме тапа во тоа :D

    2. Еве и да го занемариме фактот погоре и да се преправаме дека сиве овие 25год било се супер и стабилно тука.
    Викате дечкото уште пред 20год да почнел со отплата, до сега ќе си отплател стан од 50м2. Да земеме дека тоа било кредит од 35.000€, не повеќе....според пресметките (денешни нели, што е можеби дури и подобро, со оглед на каматната стапка која е 4.5% - 6% сега, а јас пред 6год го земав со 8.5% и 9% (facepalm)) 35.000€ на 240 рати држи месечна рата од 221.43€. Ова е ЗЛАТЕН станбен кредит на НЛБ, со 4.5% камата, за кој вели до 1/3 од платата треба да е ратата, што не' носи до заклучокот дека овој машки репрезентативен примерок, би требало сите овие 20год, да зема плата НЕ ПОМАЛА од 650€, како би ја отплаќал ратата за станот кој сега би го имал и не би зависел од лудите стари.

    3. И да не заборавиме, по само 15 год држава, не' рокна депресија и се отиде уште 100 год назад, а во меѓувреме имавме среќа да имаме и војна, нестабилност, ембарго...

    Фини се луѓе математиките, уште пофино е што сакаме независни деца, млади кои сами подигаат и исплаќаат кредити, мажи кои на 40 имаат свои исплатени станови, ама ова парче земја е и од Бога заборавено, за жал.

    Камелиа, фин е муабетот мила за приватниот бизнис на дечко ти, ама или е поврзан со власта и добива континуирано работа и исплата, или работи екстремно ретка дејност, што мислам дека не е случај, зошто рече дека не може да најде работник за физичка работа. 10год уназад и сопругот и брат ми имаат приватни фирми, ај првиот градежништво, ап енд даун оди низ годините, ама вториот софтвер, девелопмент, нови технологии, награди за инвентивни софтвери и работа со странство, и пак да нема за стан да си купи? Трошоците околу вработени, простории, дома, куќа, деца се огромни и нереални во оваа држава, кој го поминува тоа - знае, сите други живеат во светот на мвро.

    Ај доста теории, земете работете по барани струки низ светот, во Аус ќе спремам една соба специјално за секој мој од МК што ќе сака да се спаси од оваа недојдија, па кој дојде - добредојде (poolparty)
     
    На Nova, mila89, papillonP и 25 други им се допаѓа ова.
  10. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    @Moira ....GOD BLESS YOU!

    Се сложивам со секое зборче напишано!
     
    На Moira му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Амин!

    Заборавив да го споменам и затворањето на банките и пропаѓањето на сите заштеди на нашите родители.
    Оу је!
     
    На Annath, fighter, MilaP и 4 други им се допаѓа ова.
  12. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    Моира немам јас амнезија тоа татко ми може да има, да заборавил како е таму.:)

    Знам јас дека таму и тука се светлосни години разлика, точно е дека не знам како е да се живее таму со 200 евра и тоа време таму што го имам поминато било со пари од тука, само сепак сум со мислење дека ако се сака се може.
    Ете ја Дузи младо момиче па се мачи по странство за да заработи некој денар, да не бара од нејзините, ако може таа младо девојче да ризикува и оди по америки, германии, тогаш зошто да не може и сопругот на феминката.:?:

    Додека го пишував предходниот пост на ум ми беа вујковците мои, дедо ми има куќа на три спрата, им даде на двајцата по еден спрат, едниот има два сина, другиот има син и ќерка (не дека е битно ама ај) на тетка ми и на мене и братот ни даде по една солидна сум парички као демек нашиот дел од куќата.
    Едниот вујко си ужива цел живот, си оди по 2-3 одмора, коли менува кака гаќи, дотерани, средени, се тоа убаво ама ете ги синовите нараснаа, се женеа и оп 100 кв се тесни, не ги собира три фамилии и сега заедно со вујна ми фучат низ дома затоа што им е тесно, чекаат да умре дедо ми и тој спрат да го земат, вујна ми не колни тетка ми, мене и братот за парите, не ни требале, нејзе и било тесно, што ќе ни се на нас пари, нешто слично како феминката што води есап за золвата.

    Другиот вујко си живееше поскромно, си уплати стан, стави кираџии, кога и да доаѓаше тука бараа со вујна ми да работат по фармите иако е таму работат како професори, исто и братучедите кога доаѓаа си работеа пример 2 месеци, еден шетавме и кога се омажија, оженија имаа каде да живеат, не им е тесно, никој не фучи низ дома.

    Значи едниот го искористил тоа што му дал татко му и го зголемил а другиот си спиел на тоа уво дека татко му му дал кров над глава, сметки и дрва платени и ништо не направил и сега сите сме му виновни, за вакви примери мислев додека го пишував постот.

    Инаку и тука не даваат кредит на лепи очи, јас кога земав за куќата иако имав дупло од потребното учество, сепак татко ми мораше да ми биде ко потписник на кредитот и покрај платата која не ми беше баш мала ни тогаш.

    Уште ово и готово завршувам:lol: ми се чини имам пишувано некаде,мајка ми кога се разболе и влезе некоја мисла во главата дека татко ми ќе се прежени и ќе не остави мене и братот на улица, татко ми за да не се грижи за глупости мајка ми ни ја препиша по пола куќата, нели да биде мајка ми раат дека децата нема на улица да бидат оставени.
    Снаа ми е 10 години во семејството наше и ми се чини лани виде писмо за данокот на име на мене и братот и као треба да се јавиме направиле грешка, треба да биде на името на татко ми, тогаш дозна дека куќата е пола, пола со брат ми, значи не ја бива за Икономија да знае кој што има, кој треба да има, кој не треба да има, кој колку пара гаќи има (кај мене ќе остане цел ден броејќи:rofl:).
     
    На kjukli, Doozy, MacenceEna и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Знам Битерке дека си таму родена, тоа ''и'' беше за мене (''и јас'', што би сакала), не дека се додавам во купот на луѓе кои имаат амнезија :)
    Нејсе, муабетот е: за многу работи се сложувам со тебе, кажав во претходните постови, ама на крај пак дојдовме до моето - Нема спас и пари тука, само во странство. Кога твоите роднини професори, кои дошле на шетање, се згнале да работат 2 од 3 месеци, што уште да се каже?

    И има разлика од потреба за кредитобарател за 35.000€ или за 500.000$, со рата колку цела плата или 1/4 од плата. Тоа е тој стандард и квалитет на живот кој фали, а кој може само од надвор да се обезбеди!
    Мојот пост погоре беше повеќе за свемирските математики на Камелија ВО земјава, не надвор од неа.
     
    На Nova, Annath и okcenzi им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.975
    Допаѓања:
    267.901
    Јас живеам и штедам ВО земјава.
    Ништо од надвор немам донесено.
    Исто и ДМ.
    Или сме ние свемирци, или не знам што е во прашање.
     
  15. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Колку вработени има фирмата на дечко ти, и во која област е? Ако може само овие информации...фала
     
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.975
    Допаѓања:
    267.901
    Може вработени, област не :)
    Вкупно сосе него - 5.
    Ако може да прашам зошто?

    Сега се толку инаку. Првите 3 години беше мн. тешко, беа двајца само (сосе него) :)
     
  17. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.349
    Допаѓања:
    286.104
    За сето ова треба да не лежиш на увото дека мама тате веќе спечалиле.
    Односно дека треба малку и сам да се запотиш и да се обидеш со свои раце да створиш нешто, посебно додека не влечеш цела фамилија на грб.
     
    На kukla21, artemidis, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.606
    Пол:
    Женски
    @Moira
    Потпис ставам на напишаното погоре. И ако добро те сфатив, фаќате магла од тука накај land down under? Аирлија.

    Еве мое размислување пред и по стекнато искуство.

    Кога си бев (по)млада и оптимистички настроена, студирав да сум градежен инженер, демек професија која ќе биде таман дефицитарна кога ќе завршам, затоа што се запишувавме едвај 100 луѓе, а дипломиравме околу 20тина од генерација... Додека постои човекот, ќе се гради.

    Интермецо: Да не се разбереме погрешно, до ден денес си ја сакам професијата од дното на душата.

    Сопругот, тогашен дечко ми, колега, се вработивме и одма под кирија. Сами да си живееме, сами сметки и храна да си плаќаме. Од свои штотуку наполнети 24 и 25 години живееме сами, со надеж дека за неколку години ќе заработиме за стан (на кредит нормално). И дека кога финансиски ќе сме постабилни, ќе планираме семејство.

    После 6 цели години, ние немаме никаква заштеда, а сме биле со "солидни" плати, кога ќе речам солидни сакам да речам не 10.000,00 денари.

    Стигнавме до кола на кредит. Ептен дека ни требаше за со дете. А, да. Имаме и дете. Кое по некои правила требаше да го абортирам на 29 години затоа што не ми беа решени прашањата кои секогаш си мислев дека ќе ми бидат решени.

    Да се разбереме, не живееме стегнат живот, ама живееме нормален живот. Платите ни покривале кирија, сметки, храна, по некое блузиче и родендени месецот. Ако не било тоа, требала да се сервисира машината за перење. Ако не тоа, таман за на одмор заштеда. Ама ништо поголемо.

    И да сме си тргале од лебот, до колку ќе заштедевме? 5000 евра? За една кола на старо? Во цели 6 години? Ноу тенк ју.

    Јас бев со идеали како @CameliaMiller и верував дека со труд и знаење ќе се успее. Ама кога мојот труд стигна да се потценува, кога треба само да играм на музика што не ми се допаѓа, кога станав само процедуралност во нечии идеали, време е за промени.

    После сѐ, сфатив дека животот е нешто што е сега. Не се планира, не се подредува. Се случува. Сега и веднаш. Децата се благослов што нѐ тера и повеќе да се бориме.

    Затоа и јас заминувам. Затоа што некаде таму, има некој што знаел да го цени нашиот труд. Тешко ќе е, мачно, ама верувам подобро од тука. За сите кои сте со идеали, ве бодрам. Не сакам да ви ги скршам. Но не се држете за нив како слеп за стап. Имајте секогаш доза резерва. Дури и во своите сваќања.
     
    На Trnche, Artemission, Nova и 21 други им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.975
    Допаѓања:
    267.901
    Каетана, да не се разбереме погрешно, јас ги поддржувам сите кои сакаат да фатат магла, и тебе ти посакувам многу среќа. Јас мојот избор го направив, погрешен или не, мој си е и јас си ги трпам последиците од истиот.
    Во една тема, за тоа што работиме, имам кажано дека работам работа која не ми е ни блиска со она за што студирав, далеку е од она што би сакала да го работам, и дефинитивно не сум исполнета со истата. Башка имам надедени кои по многу нешта ги надминувам, но никој не ми е крив. Работам затоа што не сакам ни да помислам од друг да зависам, мислам дека попонижувачко нешто за мене од тоа нема.
    Сега, далеку било - постојат болести, нели, ама додека сум здрава и способна, нема да потклекнам на ниедна климактерична будала и нејзините комплекси да ме дефокусираат од мојот пат и мојата цел.
    Иначе не живееме заедно, баш затоа што парите за кирија, би оделе за рата од стан.
    Живееме посебно и ни е доста тешко што е така, ама мислам дека долгорочно повеќе би ни било од корист сега да се жртвуваме уште малку.

    На крајот, сите ние сме си креатори на својот живот, тука ли, надвор ли.
    Иронијата не ти е на место.
    Кој побогу останува долгорочно на 100 евра плата?
    Не зезај :)
     
    Последна измена: 23 октомври 2015
  20. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.476
    Допаѓања:
    96.924
    Вие не знаете да штедите, се се може ако се сака па макар и со 100 евра плата:!:. Ново блузиче, одмор... е нема заштеда, нема стан и невреден си и неодговорен во очите на многу штедливите и способни тука.
    Иронична сум, нормално|(.

    @CameliaMiller нека се и 200 евра и??? Знаеме колку се платите тука 200, 300 евра ако имаш среќа! Зборувам за просечна плата и го зборувам од искуство и од мое и од луѓе околу мене. Башка што за 95% работни места треба да игра партиската книшка и јака врска.
     
    Последна измена: 23 октомври 2015
    На kjukli, VladeMila, Luna91 и 3 други им се допаѓа ова.