Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Криза со станбеното прашање

Дискусија во 'Брак' започната од hrizantema007, 29 август 2012.

  1. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Ма јас бев првата што велев Македонија ќе ја биде! Јас бев таа што се вратив од странство, а и додека бев таму, велев Македонија е ЗАКОН!
    Јас бев таа која велев дека функционираат сите закони за работни односи, дека луѓето само треба да се охрабрат да си ги бараат правата. Јас сум се уште истата, а својот предмет стигнав до Стразбур да го носам.
    Јас бев таа што велев дека луѓето треба само да сакаат да работат за да имаат, зошто израснав во фамилија со бизниси, а и сопругот и брат ми имаат свои, и гледав како работеа и се развиваа. Ама сега ниту едниот ниту другиот не се осудуваат, помеѓу другото, да направат поврат на ДДВ зошто уште следниот ден ќе ги репне инспекција за истата сума!

    Камелија, со среќа драга во животот, ништо друго...здравје се подразбира дека треба да имаш, иначе си несреќен човек.
     
    На Annath, JuLleE, Kaetana и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.606
    Пол:
    Женски
    @CameliaMiller
    Муабетот е на место. Иронијата е дека сите од надвор знаат да ти попуваат дека и со плата од 100 евра се штеди.

    Башка, друг момент. Не викај никогаш дека најпотценувачко нешто е кога треба да зависиш од твоите. За мене е безвезно ако си мрзлив а можеш да заработиш, но решаваш да паразитираш на туѓ грб. Но ај кажи ми дали е понижувачки следново. Кога бев бремена, толку се доцнеше со плати, што буквално имаше моменти кога и за преглед немав. Додека лежев во болница и требаше да се плати фактурата за да излезам, не знаев дали ќе имаме пари, тоест дали ќе префрлат плати. А ќе речеш, и двајцата работиме, се трудиме, добри плати, ама шо ќар ако не ги гледаш.

    Затоа викам не се ослонувајте само на вашите замисли. За некои работи и државава во која живееме игра голема улога.
    И да си ретка птица со не знам си какви крилја, ако немаш каде да ги рашириш, џабе.
     
    На mila89, Annath, BoaVista и 7 други им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.857
    Допаѓања:
    267.196
    Интересни претпоставки, ама нека. Ако некој не верува во нешто, нема начин ни да поверува.
    Јас кажав што имам да кажам за фирмата, ама во сечиј успех се бара прљавштина, не бе, нема шанси сам да успеал.
    Мисли си, што да ти кажам друго?
    Да секако. И јас така мислев до пред 2 години, сега ете не мислам повеќе така. Сама мислев нема шанси да ја добијам работата, ни врски имам, ни роднини имам, ни партија ми помага, ама ете, бидна. Тоа за болдот.

    И да, со 200 евра плата, се штедат 10 евра. Абе нема кафе, нема нови гаќи, не знам како да ти кажам? Нема фризерче, кошулче... ама ај се кладам дека сите овие сиромашни си купуваат работи, одат на кафенце, итн. Значи? Мора од нешто да се откажеш, за нешто да добиеш.
    Каетана, абе оти не ме дочитуваш? Убаво реков : болести постојат... постојат и ред други работи, бременоста не е болест, но е вонредна ситуација. Не е нешто што трае константно 15 години :) Што значи си била потпомогната од семејството во дадената неприлика, а не константно издржавана. Многу е различно едното од другото :)
     
  4. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.151
    Допаѓања:
    13.515
    Пол:
    Женски
    @CameliaMiller си имала среќа што дт зима поголема плата и повеќе останува. А што ако тој зимаше како тебе 16.000. Ако не го посакало да му трегне па и да вади и помалку? Еве ти зошто не зимаш повеќе од16.000 земи дај си отказ барај работа со над 600евра? Мислиш сите ја имаат како тебе таа среќа?
    Мислиш тоа така е? Така лесно се наоѓа добро платена работа?
    И тука можеш колку сакаш пуфки да ни продаваш дека ти со твојата и таа на дт исплаќате станбен кредит (односно веќе исплатен) имате дете и ви стасува за се без помош од твоите или од неговите... Ма не ме јеби бре!

    И не ми е јасно (ова се однесува на мајките) . На фб секој ден ми ја подувате главата со оние семе синапово изреки како вашето дете е ваше богатство, ваш живот... Е сега тој ваш живот ќе го фрлите на буниште после 18години? За што живеете вие? Нели за децата? Која ви е цел во животот? Да свориш повеќе за нормален живот и да створиш услови за децата кога ќе пораснат или да купиш или да правиш 2-3стана/куќи да ги продадеш на старост уплати ги парите во старечки дом и на друг нароси му ги очите - на децата никако оти ќе станат инвалиди мора да се помачат да видат каков е живот!
    Тоа дете 1 живот има и треба да си го иживее не да мизерува! Треба да ви е мило ако можете да помогнете бре лудаци едни!
     
    На Mariangel, Abeja, kjukli и 5 други им се допаѓа ова.
  5. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    8.409
    Пол:
    Женски
    @Emy867 Замисли па со 200 евра плата...Ехееее ке заштедиш и за стан, кола, ке исчуваш деца, па кој знае можеби и ке оставиш нешто зад себе :rofl:.Не сум знаела дека е толку убаво со 200 евра :^).
     
    На kjukli, VladeMila, okcenzi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.456
    Допаѓања:
    96.668
    Ти смешки ли се обидуваш да правиш со болдот или стварно претеруваш? Еве јас да ти кажам дека јас сум штедлива личност и имав заштедено сериозна сума на пари од мојата ''сериозна'' плата од 200евра кои планирав да ги инвестирам во нешто кое што не би сакала да го образложувам тука. Останав без работа, отиде се и сега??? Редно е да легнам и да умрам мислам:^). Ајде ќе одиме голи, грмушки во косите, па после ќе викаш види ја оваа не се спастрила како жена. Немој да одиш во такви екстреми, смешна си накај жална.

    @oblace1 земав јас толку, знам како тропа џебот со таа плата молим те. |(
     
    На MilaP, kjukli, VladeMila и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.857
    Допаѓања:
    267.196
    Оцицка2014 само оваа страна ја прочита или?
    Не зима дм плата, со долгови огромни почна да гради свој бизнис. Не сакам да навлегувам во деталите како живееше првите години, додека да се разработи бизнисот. Сиромаштија каде што нема шеткање, викендче. Денови со леб, маргарин и тепана сол имало.

    И не е до среќа, до упорност е. Јас не добив работа со среќа, туку со дебело CV и максимална посветеност. Иначе барам работа, и секогаш ќе барам, јас не мислам дека некогаш ќе ја достигнам таа граница - а да, до тука јас можам, повеќе не сум способна. Знам дека можам повеќе, и кога ќе најдам подобра работа, мислиш нема да си отидам?

    Не исплаќаме уште, штедиме за учество, при крај сме. Аман бе, аман. Да пишував гатанки, полесно ќе сфатеше.
    Абе може и 1 000 евра плата да имаш и пак преку ноќ се да исчезне.
    И? Ај да не мислиме на утре!
    И јас зимав ГОДИНИ 12 000 денари, уствари, 10 800 беа. Скоро почнав појќе да земам, неколку месеци сега.
    А за неспастреноста, само плиток ум гледа на луѓето така, извини.
    Да бе, така екстремно долго живеев, што ти е толку чудно? Научив дома да се фарбам, и гаќи да шијам. И што е тука толку ненормално, де кажи ми? Фризерот во просек иначе ми е 600 денари, епа место таму, во касичка. Нокти? Не - во касичка. Облека? Не, само најнепоходното. И така...
     
  8. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.792
    Допаѓања:
    100.376
    Пол:
    Женски
    Ми се заврте од камати и кредити.Не дека ги немам и јас.

    Мислам дека женичкава која ја поттикна дискусијава за џабе се нервира.А свекорот кој не сака да препише сигурно си има некои свои причини.Тука одма ми паѓа на памет односот на синот и снаата спрема него.
    Немојте да мислите ако е стар не знае да размислува.Свесен е дека нема ништо материјално да однесе на оној свет ,се ми се чини сака некоја порака да им пренесе.
    Не сакам да судам и не можам,зашто од две напишани реченици не може да се изведе заклучок.
    Не можеме да разбереме дека сите луѓе не се исти,ни по карактер ни по размислување.Стариот колку што разбрав си има годинки и бетер е од дете.Дали е човекот осамен,му треба ли помош за лекар,за храна,а од друга страна сите го влечат за ракав -дај.Можеби си мисли,мене никој не ми сварил една супа и не ме испрал а ваму бараат се да им препишам.Дури сум жив нема тоа да го направам,после мене што сакаат нека прават.Ова го пишувам од блиско искуство ,имам тетка добро ситуирана а синот и снаата се стискаат во ограничен простор.Причина ,погоре наведената.
    Да се разбереме ништо ама ништо во животот не е за џабе .И секоја љубов,па и родителска може да се ограничи.Сите сме читале дека некој од некого се откажува во весник.Значи за нешто да се добие мора и да се потруди.Ако не сака да се гледа старчето тогаш нека си бараат друг начин за покрив на главата.
    И да ,нема и јаре и паре.

    За другиот дел од дискусијата ,сакам да кажам се е лесно кога си млад.И да ако до 40 не спечалиш нешто после нема шанси освем ако не добиеш на лото.И среќата треба да се има во рака.Џабе ако на една страна печалиш на друга ги фрлаш парите по лекари.
     
    На katalina, Annath, Abeja и 9 други им се допаѓа ова.
  9. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Мајка ми во 88 год го има земено овој стан од 80м2 за 13000 марки односно 7500 евра, со плата од тогашни 495 марки односно 247 евра. Татко ми пак бидејки раотел и теренска работа земал и до 650 марки односно 325 евра. Ова време зејтинот беше пола евро односно една марка. Бензинот исто.
    Мајка ми кажува дека живееле со платата нејзина а таа на татко ми ја штеделе. 3 год биле под кирија, а за тоа време добиле две деца, оделе по другарски вечери, доправиле кровот во село и заштедиле за станот. Станот го добила мајка ми преку синдикат нели, со поени поради што живееле под кирија во 2 соби, кујна, купатло и подрум. Значи станот си го зеле во кеш. Дедо ми за 800 марки( 400 евра) им зел спална соба, за исто толку и гарнитура за во дневна ( тросед, двосед и фотеља). Друго се што им требало од тањири, вилушки, лажици, теписи итн се земале на чековна книшка. Кирија во тоа време од 50 до 100 марки односно од 25 до 50 евра.

    Денес платите се исти, зејтинот е евро ипол, лебот пола евро, бензинот ерво и нешто. Кирија нема под 120 евра. Спална соба под 1000 евра ( најобична), гарнетури нема под 1000 евра. Сервис за ручек нема под 50 евра ( најбичен/кинески). За да излегуваш на таквии другарски вечери под 1500 ден нема да поминеш.

    Тие што успееја пред 90та год ( распадот на Југославија) да заработат, купија и по два три стана, а има многу примери такви што ги знам. Земале и тие што се во брак и тие што не се. Се пријавувале како да се под кирија некое време за да земат од синдикат. И денес истите тие ти кажуваат дека треба да засукап ракави и да ринташ. Е не. Денес не можеш да собереш пари за 4-5 год за да купиш стан, освен не заштедуваш секој месец по 1000 евра. Ете тоа се 12000евра за 1 год, па за 5 год имаш 60000 евра и стан во кеш. Денес за 5 години, можеш да заштедиш ( пр по 100 евра месечно) само за учество на стан и тоа ако земаш солидна плата. И не секој е способен или во можност да замине во странство и да работи. Секој 4ти македонец е болен.

    За тоа вие што сте во странство уживајте во тоа што ви се пружа и дај Боже имајте се повеке и повеке. Не се споредувајте со нас тука, освен ако не живеете во Зимбабве или Јемен.
    Не велам дека ви е лесно, ама бар платата знаете дека овој месец на тој датум ке ви легне на сметка. Кај нас газдите доцнат и по 5-6 месеци и душа ти вадат од прекувремено, што кај вас бар тоа се плака и повеке, па за тоа имате можност да работите и по 2-3 работи. Овде и таа 1 работа те црпи и физички и психички. Не за џабе секој 4 македонец доживува инфаркт, излив, канцер... дека многу убаво и опуштено живееме. Просечен животен век на македонецот е спуштен на 49 год, додека на холанџанецот му е 76год. Еден македонски тинејџер има стрес колку и 50годишен Холанџанец. Скоро имаше на вести за ова. Кај нас скоро секој млад има Бруксизам.
    македонец и македонија секогаш ке ги пишувам со мали букви, од љубов и почит.
     
    На Trnche, Nova, papillonP и 15 други им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.857
    Допаѓања:
    267.196
    @okcenzi извини, ама едно нешто ми забоде очи.
    Да, тие во Австралија треба да ни кажат како да живееме. Тие треба да ни ги отворат очите.
    И тие во Шведска, и тие во Германија.
    Зошто ние сме криви за дереџево.

    Знаеш што е лошо? Што немаме чувство на заедништво.
    Во капитализмот никој нема да ти даде, оти е така фер.
    Додека има кој да работи за 5 000 во конфекција, газдата нема да даде повеќе.
    А ние сме така апатичен народ, што само се жалиме или себе или некој друг, а не преземаме ништо.

    Во земјите на овие на кои им браните тука да зборуваат, да се случува третина од тоа што се случува тука, има да ја срамнат цела држава.
    Пример ти се нашите јужни соседи, со сите кризи и пропасти и не знам што, пак подобро живеат.
    Ама имаат му*а да искршат и исплат се. Ние само викаме - подалеку да е од нас.
     
    На RedWine, Annath, darcy и 8 други им се допаѓа ова.
  11. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Камелија за тоа и реков во предходниот пост ( последната реченица) дека македонија и македонец скогаш е со мала буква, зошто и толкава е големината негова.

    Е сега јас и тебе те разбирам и знам дека си трудољубива и се бориш сама да успееш. Дај Боже девојко успеј жими се од срце ти посакувам, Успеј и дојди покажини го патот како и ние да успеме и помогни на друг, но:
    -Рече предходно дека и 10 евра да штетиш е заштеда. Не. Не мила никако. Со 10 евра ништо не правиш освен што можеш за 3 месеци фен за коса да си купиш. За 3 години ке земеш машина за перење, наредните 3 ке купиш фрижидер. Односно за 10 год што ке штедиш рачунај дека си купила машина, шпорет, фрижидер, фен и тостер. Друго ништо со тие пари. АМА ЗА 10 ГОДИНИ. Еве јас пред еден месец купував, па фрижидер купив од 25000 ден ( околу 400 евра), заштеда од 40 месеци. Банално е. И убаво кажа некоја феминка, не се штеди на изглед или на гаќи.
    -Пред некое време читав тема имаше за неуредни девојки. Некоја имаше пишано дека оние плавите со израснат корен се неуредни. Јас сум една од тие во бременоста што не смее да се бланшира и фарба и моментално сум неуредна. Но и лани бев кога работев две работи и кога цели 3 месеци немав време ни за коса, ни за нокти, ни за депилација ( само за брич). Косата ја миев и на 4-5 дена. Да зашдедив многу зошто многу и ме плакаа, но тоа не е живот, тоа е краткотрајно. Не можеш секогаш да работиш со тоа темпо и да оскудуваш од себе. Не можеш цел живот да јадеш нарезак, лебче и млекце ( мм ги носече од касарна, па јас ги земав за на работа). Тоа не е живот, тоа е тортура-преживување.
     
    На papillonP, eloves, Moira и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.160
    Допаѓања:
    17.634

    Во мизеријава во која живееме и во невработеноста некој моли за тие 5000 денари плата. Заболеме дупе за заедништво кога немам леб да јадам.
    Инаку секоја чест за одрекувањата што сте ги направиле со дечко ти на малди години. Јас изгледа не сум толку психички јака. Една младост ми е и не сакам да ја поминам без гаќи и без да си дозволам еднаш месечно да идам на кафе или на вечера со дечко ми. Или утре да родам дете да му кратам од манџички. Не фала. Да знам дека тоа одрекување сигурно ќе ми донесе подобро утре да. Ама колку едвај да заработам за учество и после пак голгота но веј.
    И јас и дечко ми сме доста штедливи за разлика од нашиве врсници, си имаме планови, но прифаќаме и помош од нашите за да ни биде полсесно. Штедиме но не сакаме да го поминеме најубавиот период од животот дремејќи дома голи и боси. Ќе ја бараме некогаш таа младост и не мислам да ја продавам за заштеда од 3000 е за 5 години.
    Секој со своите пресметки, моите се такви.
     
    На papillonP, eloves, Kaetana и 4 други им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.857
    Допаѓања:
    267.196
    Абе какво штедење за машина за перење, зборувам за учество за стан, не се малку во просек 10 000 евра.
    Се друго на рати, и машина за перење, и фен, и она што си го купив последно бокалон :D
    Нема ништо во готово, јас зборам дека штедам само за учество, за ништо друго не ни можам :)

    Иначе за примерот - и јас реков - тоа не е живот, туку подобро во младоста, кога си без обврски, неколку години така да живееш, него отпосле и со деца. Многу е полесно сам, него и дете да имаш и да работиш, а детето само по себе е 24/7 обврска :)

    Ни јас веќе не работам со тоа темпо и не штедам со тоа темпо. Оваа година си дадовме издишка веќе.
    Време беше.
    Само сега имаме сигурност, не дека е нешто скроз сигурно - ништо не е, може утре шлепер ќе ме згази.
    Ама сега знам дека наредниот месец нема да кубурам за храна.

    Лунче и јас прифаќам помош, без да гледам колку е на друг помогнато.
    Ако мајка ми осеќа дека на сестра ми сега и е попотребна, јас не ни мислам зошто е тоа така ни па се осеќам обесправена.
    Мене ми беше тоа муабетот.

    Да се потсетиме - на женава некој и помогнал со какво - такво станче, ни кирија за станчето, ништо. На готово.
    Епа јас за такво станче потта ќе си ја изедам уште малце.
    Види, ама дома да речам сакам да се мажам, моите и неговите се ќе направат да имаме ние.
    Ние не сакаме такви стресови да правиме, значи, не дека старите не би ни дале, туку ние нејќеме да им го реметиме животот.

    И она е незадоволна, сака поголем стан од свекорот, оти тој имал.
    Не знам како мн. луѓе ја поддржуваат, очигледно не ни заштедиле нешто за да видат како се купува и тој од 40.



    Инаку, јас не сум психички јака.
    Плачам често, се лутам на животот, има денови не сакам никого да видам.
    Ама кога ќе дојде дм полн со ентузијазам што нешто успеал, а мислел дека нема шанси (обично тоа се др. фирми со кои соработува, мн. имаат предрасуди дека е мн. млад) кога ќе видам колку заработува и сето тоа може на себе да си го потроши, ама не, прво ме гледа мене и дали мене ми треба нешто, не смеам да очајувам.
    Има да стиснам заби и да издржам.
    Така бар до сега ми успеваше.

    И не сум престарена, мислам дека сум доста помлада него што ме сметаат овде (глеам претпоставија сум имала околу 27 години.). Што не е точно :) :)
     
    Последна измена: 23 октомври 2015
    На papillonP и kukla21 им се допаѓа ова.
  14. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Сега бев во продавница и потрошив точно 10 евра. Купив 2 леба 50 ден, млеко битолско од 1.5л 70 ден, кашкавал 260 ден, салама 170 ден, цигари за брат ми 50 ден, И ова е секој ден. Ако денес зедов салама и кашкавал, ке ги снема за два дена, ама за тоа утре ке земам јајца, стекче, компирче... Секој ден е тој трошок, а сепак ништо посебно. Најосновно. За едно 4члено семејство се потребни месечно околу 250-300 евра. Е сега ако само двајца од тој дом работат со заработка од 12-15000 ден=17- 30000 ден тогаш никој жив не може ништо да заштеди. Не споменав сметки тука, а недај Боже да се рачуна и кирија.
     
    На MilaP, oblace1, MacenceEna и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    ^
    Пoмлaдa си oд 27 гoдини? И штедиш зa стaн? Брaвo.
    Кoлку млaди рaбoтaт, некa биде и зa 200 еврa или пoмaлку, штo ги кoштa дa јa тргaaт скoрo целa плaтa нa стрaнa? Живеaт сo рoдителите, зa сметки и хрaнa сигурнo не им бaрaaт, пa зoштo целa сумa дa не ти стoи вo бaнкa некoлку гoдини? Еднaш сме млaди? Акo не си стaлнo исфaрбaнa, чекирaнa, сo oригинaл пaрфем нaмирисaнa ништo oд млaдoстa тaкa? Дoбрo, вo ред, секoј си ги трoши пaрите кaкo сaкa, aмa дa сте силни кaкo aмa бaш ништo не се зaштедувa, и судбинaтa е кривa штo не мoжеш дa кукнеш, пa немoјте. 3 гoдини брaтучед мoј јa штедеше плaтaтa, плус девoјкaтa негoвa, плус нештo oд свaдбa штo сoбрaa, пoлa стaн oд стaрт гo плaтијa, другaтa пoлoвинa нa рaти. Скрoмнo мaлo стaнче сo стaри ствaри внaтре, кoристени, aмa нa свoе си се. Мoже, aмa кoј дa се мaчи.
     
    На mimiiiii, papillonP, eloves и 8 други им се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.076
    Допаѓања:
    66.896
    Пол:
    Женски
    Ова, ова е жалната вистина. Зашто ќе те притисне немаштија и нервозите си го прават своето. И моите на времето имале, штеделе, ама дојде криза, војна и болести, отиде се што имаа и немаа.
    Смешно е ова со штедењево на овие просечни плати, не знам до кога упорно ќе се збори, една млада неискусна девојка остана да се расправа за штедење за десет евра. 10 евра, дали да се смее или да плаче човек.
    И јас и мм штедевме, млади, ама за што попрво да штедиш од просечна плата, се расипало нешто, дошло зима треба да се поднаоблече човек, на такви работи одат пари, на храна која е изгор скапа, а не на луксузи, не на викенд шетање што никогаш не сме го направиле. Едниот месец ќе заштедиш десет евра, другиот дваесет ќе отидат.
    Си даде сама одговор кој. Во конфекциите платите не им мрдаат, а рмбаат по цели денови.
    Ама да, се согласувам за тоа дека самите сме криви и дека немаме слога како народ. Никој да не отиде, да бараат, да штрајкуваат, епа има да им ги качи платите. За жал ќе се најде еден што ќе отиде да работи и тоа е доволно да ги поколеба другите. На крај можам само да се согласам дека сами сме криви што сме тука кај што сме, што ќе одиме без гаќи за десет евра во месецот да ги заштедиме, зашто ќе трчкаме по штабчиња за мизерни пари, за лепче да имаме, а за стан може да сонуваме сами да си купиме.

    И со среќа на @Moira и @Kaetana, ви посакувам се најубаво, па да ве читаме само со пофалби за нормалниот живот каде еден викенд и еден одмор не се луксуз и каде можеш да носиш гаќи и да излезеш на кафе и пак да ти остане нешто на крајот од месецот.
     
    На papillonP, Kaetana, Moira и 7 други им се допаѓа ова.
  17. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.214
    Допаѓања:
    56.858
    Пол:
    Женски
    Интересно е кога на некој друг му правиш сметки. Секогаш испаѓа дека има доволно за се’. Кога својата сметка си ја гледаш... не е баш така. Ве читам неколку дена и ставив лајкови и на таа и на таа страна зашто сите сте во право. И сам треба да се трудиш, многу нормално, ама во просечни услови во оваа земја е просто невозможно да заштедиш за свој стан.


    @Bridget eве зошто многу млади не можат да тргаат на страна кога живеат со родителите: ја даваат скоро цела плата за сметки и домаќинство. Идеално би било - заврши факултет, вработи се, помалку шетај и штеди, за некоја година оп станче. Едноставно е: има многу семејства со еден или двајца невработени родители. Децата покриваат нивни кредити и долгови. Секако не под присила, туку затоа што чувствуваат морална должност и обврска кон нив. И љубов. Семејство е и секој се грижи за секого. Исто како што родителите не треба да ги остават децата сами на себе колку и да се возрасни, и децата не треба да ги остават своите колку и да се осамостоени. Не почнувам со личен пример затоа што ќе почнете да ми правите пресметки, а тоа не ми се допаѓа. Само ова ќе ви го кажам: и натпросечна плата не стигнува кога имаш таква ситуација.

    Има многу страни на проблемов, зависи од која страна го гледаш. Конкретно за @VladeMila, секако дека треба да е благодарна за тоа што го добила. Има нешто што никако не би можела да го добие со свој труд и тие примања. И се согласував со тоа се’ додека не почнавте да мудрувате дека не треба никој ништо да очекува од родител и дека секој може да купи свој дом ако штеди доволно. Колку и да штедиш, едноставно не останува. Како може да скратиш од луксузирање кога воопшто и не се луксузираш и тие примања не се доволни ни за основни потреби? Не е во ред тој став дека треба да сме сами на себе после полнолетство, барем не под овие услови. Па испланиравте и што треба да работи мажот и’ и каква плата ќе зема и колку ќе и’ останува. Добро ќе беше да излегуваа тие пресметки на пазар.
     
    На papillonP, JuLleE, Luna91 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Olgitsa

    Olgitsa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    797
  19. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.160
    Допаѓања:
    17.634
    Ова еднаш сме млади како да алудираше на мене па затоа ќе одговорам. И јас сум изработено дете од мали нозе. Имам работено и тешка физичка работа и земјоделски работи, што половина девојки на форумов не ни знаат како изгледаат. Успеав со таква работа и со заеднички труд со моето семејство да се ишколуваме и јас и сестра ми и да си имаме за пристоен живот. Чизми купувам кога ќе ми се искинат старите, оргинал парфем во животот немам купено, чекирано се немам на друго место освен во кафич, ланч бар(еднаш месечно некогаш ни толку) и еднаш годишно на скромен одмор. Епа извинете јас не знам како вие си го замислувате тоа ама за мене претерано е и нечовечки, јас како млада девојка да не си дозволам неискинати гаќи , да се потшишам, да си купам едно карминче. Јас не зборам за лукзус зборам за нешто што ти е основно за живот.
     
    На kjukli, oblace1, VladeMila и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.857
    Допаѓања:
    267.196
    Па, да, 27 уште ми се далеку :)
    Иначе - за другото, ти гарантирам дека измислуваш...
    ;)
    4 години рамно немав отидено на одмор.
    500 евра се малку за 10 дена, ама нека бидат толку.
    4х500 = 2000 евра.

    Не мислам дека се луксузираш, само реков дека не е невозможно да купиш стан.
    Е. Ама бара многу жртви.
    И да, бара неодење на ручеци, бара неодење на викенди/одмори, малце гардероба, малце шминка.
    Секој си има своја замисла и не мислам дека некој те обвинува тебе, него гледам дека се чудат како се собира за учество, па објаснив :)