Ќе собереш на триесет и кусур години за учество, дотогаш ќе се тискаш кај твоите, ќе штедиш, ќе рмбаш, ќе одиш со еден пар гаќи и со излитена облека, потоа ќе го земеш кредитот, кој секако нема да биде мала рата за исплаќање, да не ги заборавиме сметките за струја кои се астрономски во зимно време, ама ете, нема да се грееме за да заштедиме, па ќе дојдат едно или две дечиња и ете ти ја немаштијата, на млади години си штедел, на стари години пак ќе штедиш да имаш за децата и да исплаќаш стан со години. Е за ова треба да се бориме и да штедиме.
И на крај да ги оставиш и сами да поминуваат низ истото за да се челичат, пошто тебе ти било многу добро и си станал силна личност.
И на 50 години веќе изнемоштен и испоразболен од секакви болести ќе ти дојде крајот, ни на внуци, ни на пензија да се порадуваш, на целото тоа рмбање. Зашто таков живот со такво штедење и стресови секако нема без последици да помине.
@okenzi не кажувам јас како да се живее таму, тоа што сум во Австралија не би требало да е пречка да пишувам по темите или затоа што не знам како изгледа да се живее со 200 евра, не попувам само си кажувам свое мислење. Знам како сум живеала пред да се омажам, пред децата, кои трошкови сум ги имала тогаш а кои сега, тогаш сум пуштала машина за перење еднаш неделно, сега три пати дневно, само прашок трошам во месецот колку порано за цела година, никој не ми викал купи мама ово, купи мама оно, облека надраснуваат со брзина на светлина, патики, чевли не знам веќе колку сум купила, мм ме заебав дека цело маало сум го облекувала. Порано и пола плата ми останувала а сега нема шанса да ми остане ни цент од платата, пелени за двајца, храна за 5 души, сметки за плин, вода и струја тродупли од порано, значи полесно се штеди кога сте само двајца или сам, со деца веќе тешко оди штедењто особено ако не сакаш да им кратиш ништо на децата.
Ќе се тискаш кај твоите? Поарно јас да се тискам кај моите до 30 години отколку со маж и две деца кај свекорот и свекрвата. И колку млади знаеш што живеат до 30 години кај родителите, малку се? И многу од нив не работат, па и така се на грб на родителите, вака барем ќе штедат. Не е тискање ако немаш фамилија плус на грб. Ќе р'мбаш? Да работиш треба секако, од каде ова од работа луѓето болести добивале, ами ај да лежеме по дома да не се разболиме. Ќе одиш со еден пар гаќи и излитена облека, 5 пара гаќи плус и евтини парчиња облека од некоја продавница како Певекс нема да те кочат во намерата, кочат сите ситници заедно, и гаќи, и облека, и телефон, и одење на кафе, и машинки за смуди оти решила здрав живот да води па до машинката е дојдено, и таблети и телефони и читачи оти да се запишеш во библиотека веќе демоде е, и одмор во Грција, и се заедно. Во ред е и да ти остават стан или спрат, зошто да не ако има, ама ако нема или сакаш слобода каква што ќе ја немаш во заедница, ова е еден од начините. Не е лесно, и можеби нема да можат сите, ама кој пробал?
Па, ти сигурно не пробуваш моментално, така што.. Да, тискање е да живееш на триесет години во една куќа, уште да ти водат сметка за животот, каде излегуваш, што правиш со кого одиш, зашто си се вратил касно, да немаш место за секс, еве не знам, за тебе ако е ова луксуз да се вратиш тука и тука да си штедиш кај твоите. Ќе рмбаш нормално, ќе одиш за една плата да се изживува некој врз тебе и да си лечи фрустрации, макар и за 10,000 било, зашто ретко има нормален работодавец. Мене еден ми викаше, ти немаш персонален живот, работата ти е се, ако треба да дојдеш има да дојдеш и да оставиш што и да правиш, да бидеш на копче. За 12.000 денари. Што после ги дадов во болница. Јас не зборам тука од странство, туку живеам тука се уште за жал, а погоре постот е суровата реалност, за што треба да штедиме. Ете затоа секој кој може оди во странство, и таму ќе рмбаш, ама барем знаеш за што, знаеш за што ќе трпиш некоја година. А овде да трпиш цел живот и пак ќе немаш. Ајде, се надевам и јас ќе си отидам во странство, од таа борба не се откажувам, може да стагнирам поради причини, ама не се откажувам, па ќе ви пишувам тука дека можете да се мачите и да рмбате цел живот за да имате едно станче.
@Bridget извини, малку ми е нејасно - ова за машинката за смуди на мене се однесуваше? Зашто ако те интересира, можам да објаснам.
^^ Не те разбирам, ако сакаш да се сексаш без твоите или неговите да се во близина и да не ти водат ред за многу работи, тогаш ќе треба ќирија да плаќаш. Значи пак се одрекуваш од нешто, во случајот голем дел од платата за да имаш мир. Значи иако си свесна за суровата реалност, ти сепак сакаш се'. Никој од старите, ни твои ни негови да не те вознемирува на 30 години, да не се одрекуваш од ништо, да не рмбачиш, да си далеку од стресови, и на крај пак да има што да им оставиш на децата оти нели срамота е да не им помагаш и така да ги оставиш. Како ти успева, еве кажи ми. @LivingGlam Не знам кај си пишала за смуди, не е за тебе искрено, да беше ќе ти кажев.
Јас мислам дека премногу водите туѓи есапи. Види, ако има свекорот, а вие немате, па нека даде. Во тоа време кога тој го спечалил становите лесно се добивале. Оди сега купи стан да те видам. Ни плац празен непокосен неможеш да купиш. Проблемот е во барањето преку леб погача. 40 квадрата не се малку. Тоа е отприлика еднособен стан. Па бидете среќни мајко му стара, некој за толку квадрати секој месец 100 евра плаќа. Нозете и биле на фотеља на госпоџата. Бре. Па јас спиев 4 месеца на земја на душек, па еве ме здрава и права. Така се почнува во заедничкиот живот, и во тоа е смислата на истиот. Заедно да се изборите и во добро и во лошо. Така да не претерувајте. Ценете ако некој ви дал. На крајот сигурно нема становите свекорот да ги даде на комшиите. Вас ќе ви останат.
А значи се' е да сака човек да има мир и пристоен живот. До тоа дојдовме. Не реков јас дека сакам да имам јахта и да можам да си одам на одмор на Малдивите, да излегувам и притоа да трошам илјадници евра на скапи вечери. Сакам да одам да работам пристојно работно време (откако нели сум се изнармбала работни саати, прекувремено и се тоа), да можам да си одам на одмор, кој нормално нема да биде на Малдивите, да можам да си платам сметки без притоа да се тресам дали ќе имам или немам и да изгледам едно дете, да можам да му приуштам нормален живот, без да се мислам дали ќе имам да му платам еден курс по англиски или дали јас ќе треба да одам три години во истата блуза за да имам да му купам едни патики на есен за на училиште. А не јас да работам саати и саати, да штедам за едно учество, да не можам од дома да се тргнам со години, и потоа иако работам, пак да живуркам. Зашто моментално тука, во македонијава е таква ситуацијата. Збориме за еден нормален живот каков што ве читаме дека имате вие во странство, а тука ни објаснувате како можело да штедиме за учество за стан и од што ние тука да се лишиме. Толку од мене, ми стана мачно и досадно да ги вртам истите муабети, да се објаснувам дека зборуваме за еден нормален и пристоен живот, гледам дека нема цел.
^ Па до тоа е одамна дојдено, да беше така лесно да се води тој мирен и пристоен живот во мк воопшто немаше ни да збориме на темава. Затоа реков -еден од начините. Друг е да заминеш во странство. Трет е да чекаш од родителите помош па да се турка некако до крај. Кој за што ќе се одлучи или кој како може. Секако бива, ама секој начин си има свои недостатоци. Недостатоците од чекање помош од родителите во случајот на жената што пишала се тие. Затоа ги коментираме. Ако така и е тешко, нека проба поинаку. Ако и така не сака, не и одговара, тогаш што да се заклучи освен дека не сака да се помири со реалноста?
Мене ме интересира од ова младиве што седат дома и не се мажат до 30 за да спечалат за стан, кој купил стан од своја заштеда? Седете си до 40 со мама и тато и купувајте парталчиња од Пренди и Певекс, скратете годишни одмори се, пак нема да биде стокмено за пристоен живот. Потполно се согласувам со @RainBow . Реалноста е таа колку и да е болна. Во наше време и во наша држава млади да дојдат до свој стан до 40 години е научна фанстастика, освен ако немаат јака позадина и ако не дилаат дрога. Со плата од 200 е ти треба 50 години за да дојдеш до нешто свое. Епа седете дома и рмбајте, затоа што ако се омажите и родите деца ништо од заштедата и станот.
Е ако де, таман во мртовечки ковчек свечАно ќе те изнесат од новиот стан. Абе пресметкиве од што се бедни, ќе те удри и на смеа од претерувања на некои од темава.
А што ако имам плата од 1500 евра,не дилам дрога,отплакам стан,имам две деца ,маж и 29 години? Не е можно? Позадина немам.Мајка ми раб во текстилна конфекција,свекрва ми е веке 15 год без работа.
Супер за тебе. Браво. Секако дека е можно. Зборувавме за плати од 200-400 евра, какви што има поголемиот дел од младината во државава. Во помалите градови и 200 евра е многу.
Тогаш нема ѕима за тебе Алал да ви е.Ептен ми е мило кога слушнам дека млади успеале во Македонија да дојдат до платено работно место. Мила не е зборот, дека не е можно.Училе сте и сте успеале.Само за жал,тоа не е случај со мнозинството во Македонија.Тука и факултет да завршеш не ти е сигурно дека ќе добиеш добро платена работа. Просечна реална плата е 200 еу
Тука се зборува за општата ситуација во македонското општество, а не за мене или тебе или Петко, Трајко. На крајот на краиштата, секој со својата среќа или несреќа. Исклучоци од правилото секогаш имало и ќе има. Како што и во развиените земји ќе се најде некој што проси, така и тука ќе се најде некој со 1500 евра плата. Ама тоа НЕ Е секојдневна ситуација, тоа е поентата на целиот муабет!