1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Криза со станбеното прашање

Дискусија во 'Брак' започната од hrizantema007, 29 август 2012.

  1. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.050
    Искрено, не знам ни како порано не сте се сетиле со маж ти да си го решите станбеното прашање? Тоа што сте живееле во помал стан СО неговите родители, мене не ми изгледа како решение на станбено прашање. Супер ако тоа било само привремено решение, т.е. неговите родители ве прибрале привремено кај нив дома.
    Сега треба да размислите (кога до сега не сте размислисе) да си купите свој стан/куќа во кој ќе ги приберете неговите родители (бидејќи тоа им го должите - нели тие ве имаа прибрано вас). Стегнете г‘з и стиснете заби и заедно решете го овој проблем кој не е нерешлив, а камо ли да е причина за развод.

    Ние исто живееме во куќата на неговите родители (која патем е на име на мојот сопруг). Но за мене тоа е нивна куќа, а ние бараме да купиме стан за себе. Значи ќе се задолжиме со кредит за да имаме СВОЈ дом. Па здравје, во иднина, оваа куќа ќе остане на нашите деца.
     
  2. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.631
    Пол:
    Женски
    А зашто не побараш било каква па и финансиска помош од твоите родители, него според постовиве имам впечаток дека се очекуваш од сопругот и од неговите родители? Сепак кога помагаат треба да помагаат и двете страни не само едните на клада да ги ставате зошто не исплатиле кредит за стан.Крај краева тоа е нивни стан не е твој и не е на сопругот твој.Они живеат во него и со тоа што ве прибрале ви направиле услуга да не идете по кирии и да немате додатни трошоци,а ти им наогаш замерки како не ти е по мерак местоположбата и квадратурата.Они толку можеле.За мене е многу нечовечки вака некој да збори за родители бидејки и јас гледам по моите колку денес е тешко да постигнеш сметките за струја и вода да ги платиш а не па да треба да даваш пари за станови за кредити,поготово како што денес сите сме обични работници да не кажам социјала.И јас сега и покрај тоа што моите секогаш имале убава просечна работа ,ако утре недај боже се случи вакво нешто треба да ги кунам и да ги мразам затоа што не ми отплатиле стан а гледам каква е состојбата и како сите живеат од 1ви до 1ви.Девојко не ме сфакај погрешно но навистина во определен дел од постот ми изгледаше како многу себична личност на која другите и се криви за проблемите што ги има во животот.
    Мој совет ти е да напраиш муабет со твоите и да побараш помош и од нив не само да чекаш од родителите на маж ти и како што рекоа погоре феминиките да се стегнете дома ,да побараш и ти работа па ако не поише да го отплакате овој стан кој утре старите ке го остават на вас,и може ке си живеете поскромно и ке си скратите од некои работи но барем тоа што ке го имате ке биде со ваш труд добиено ,па утре не се знае што носи денот може ке ви тргне во животот па и ке имате поише пари и поголеми куки и станови.
     
    На Dvolicen му/ѝ се допаѓа ова.
  3. hrizantema007

    hrizantema007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    42
    НЕ СУМ воопшто себична..знам зошто го зборувам ова,ради нивното минато во фамилијата..итн......само не мора сега толку да ширам овде...јас дури искрено се соменавм дека поголем дел исплатиле(како што кажуваат)..само што не можам лично да им кажам,,АЈДЕ НЕ ЛАЖЕТЕ.......јас искрено се сомневам,по мое мисламд ека почнале можеби да плаќаат но за брзо прекинале,,јас така мислам.....затоа е сега ова вака,,,а сега испадна во пожар изгореле сите документи во банката....миламд ека ова е нешто нерешливо сос танот.......во меѓувреме јас ќе барам начин да опстојам,и да имам своја куќа........а ова со станот нека се тегни,,можеби веднаш ќе се пресуди можеби не..во меѓувреме нема да седам со скрстени раце...ќе видам што ќе правам со кредити,со некоја работа,..итн..али нема да седам да дојдат да ме бркат а јас да нема каде да одам...можеби ќе одиме малку во станот на теткаму,ако се реши веднаш сега за селење,,итн.....но спека јас ќе се трудам да најдам куќа за нас,со некаков договор да направиме,некој кредит плус......и ќе влезам во мојот нов дом,,јас секкао овој стан не го сакав...кога мсилев дека е наш,сакав веднаш да го продадам......но кога веќе е вака...тоа е плус..што ќе можам куќа да барам,и да ен седам таму....затоа што претходно мажот ми викаше дека може и 10 години да останеме таму,не може сега куќа итн/.......епа сега изгледа ќе може.....во секое зло има и нешто убаво,,,но лошото е што сега се чувствувам како бездомник......а убавото е што веќе вие ме смиривте,,утрово се рабудив со нови идеи,,веќе барам куќи да разгледуваме.....нешто ќе направиме,,нема да седам да пропадниме,не е он виновен за грешките на неговите родители,,тој бил дете тогаш........но со божја волја и помош јас ќе го решам ова......
     
  4. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Добро е што си оптимист, со Божја волја и помош ќе влезеш во банка и тие оп, троп ќе ти дадаат кредит да си купиш куќа :o

    Да пишува некоја 16 годишна ај и така и така ама 26 години и као зрела за да склопи брак, искрено е смешно и донекаде и жалосно.
    Како жити Бога ќе ти даде некој кредит кога си невработена, со една плата од мажот кој веќе плаќа други кредити, ово како кредитите на дрво растат и само треба да се бераат, а да заборавив со Божја помош |(

    Јас кога земав кредит за куќата дадов место 10% учество, 20% учество, земав годишна плата од $55.000, имав на мое име половина од друга куќа и пак требаше татко ми да ми биде ко-потписник, ете толку лесно се даваат кредите :x

    А башка моментот кога си мислела дека станот е ВАШ па ќе си го продавала, ово само ја покажува твојата незрелост, станот и да бил платен ќе бил на родителите на сопругот и апсолутно никогаш не би бил ТВОЈ станот за да си правеш планови за продавање.

    И на самиот крај во ово доба на компјутери ништо не може да биде загубено, изгорено во пожари итн за се си има back-up, приказнава ти е ептен конфузна.
     
    На baby-star, tessie, MacenceEna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    Навистина, што ја нападнавте сите, нормално е да биде испаничена и да има секакви мисли низ глава, да разбереш преку ноќ дека сопругот и неговите родители ќе останат бездомници без ништо и ти заедно со нив, не е ама ич мала работа. Целиот живот добива друг правец... Наместо да штедиш за свој стан, ќе штедиш за кирија и станот ќе ти остане само пуста желба...
    Ваму пола снаи очекуваат спратови од куќи,цели станови, не даваат ни еден квадрат за золва, а тука кога станува збор за семејна несреќа да се остане на улица заедно со семејството ја дочекуваат со осуда дека требала да мисли и сама да се снајде.
    Ајде нека се пријават барем 2 феминки што почнале буквално од о од улица и уплатиле сами стан без никаква проддршка од родител,без никакво наследство од баба од дедо,без продадена нива, без помош од некоја земена кирија, без привремен престој кај родители.... Ама баш од ништо, за да им кажеме Браво!
    Јас работам 8 години и плата од неколку просечни плати во Мк, па не можам да се пофалам дека сама сум купила нешто без некои предуслови. Животот во Македонија е тежок, и станбеното прашање некои луѓе не успеваат да го решат цел живот, поготово кога немаш никаква отскочна даска за да почнеш од нешто е уште потешко.
    и кредит да земеш на 20 години не решава станбено прашање ако немаш учество, ако немаш стара гарсоњера за продавање,нива, пари или депозит од родители...Освен ако не земеш кредит за учество и после на кредит да го отплаќаш и станот и да имаш фактички 2 кредита, па да заврши станот под хипотека, ко што и завршуваат и тогаш буквално одат парите во воздух.
    Девојчево си има сериозен проблем и треба да биде загрижено и најлесно е да се каже епа ќе си купиш или ќе си изградиш, ќе работиш цел живот и ќе имаш....Таа теорија во нашава држава лошо се покажува во пракса.
    Како и да е, девојчево само по себе во моментов освен да си кука, нема како да си го реши проблемот,невеста,без работа, без стан... освен да бара работа за да можат што поскоро со мажот да почнат да штедат за свој стан наредни 20,30 години и да си побара( макар и морална )поддршка од своите родители, бидејќи тешки времиња доаѓаат.
     
    На Palchica и AIT им се допаѓа ова.
  6. Kalina1

    Kalina1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    37
    Хризантема, ако немате каде да одите ние издавеме кука од 60м/2 за 100 евра во Волково. Баш до нашата има една поголема недоградена бидејки умре газдата а жената немаше пари и остана така. Така да можеш да се распрашаш ако ви ја продаде за мали пари па полека полека ке ја направите.
    Ако си заинтереирана пиши ПП.
     
  7. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    ^^
    Баш поради тоа што ситуацијата е озбилна и знаеме како тешко се доаѓа до куќа/стан, смешно делуваат нејзините изјави дека е сепак добро што вака излегло бидејќи неа ионака не и се допаѓал станот :^) Но сепак, не е сама туку се четворица во иста ситуација, па ако се работи со 4 плати може нешто да се направи, ако не друго барем кирија на почеток може да се плаќа, не се на улица, а со тек на време...здравје.
    Друго, постојат стварно неодговорни луѓе, познавам фамилии кои се прават глуви и слепи пред одговорностите што ги имаат, па кога ќе им тропне извршител на врата се чудат од каде. И со такви луѓе тешко дека ќе можеш да планираш земање големи кредити затоа што за нивна исплата често треба буквално од најосновното да си скратиш, ќе има денови кога можеби и за леб ќе се нема, и тоа ќе трае со години знаеме дека кредит за стан не се исплаќа за година дена, а за тоа треба стабилни луѓе кои се свесни за својата ситуација и знаат да се носат со одлуките што ги донеле...
     
    На nena2010 и MacenceEna им се допаѓа ова.
  8. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    Епа да пробаме да замислиме кој шок е за млада невеста дека освен што треба да мисли за својот покрив, треба да ги мисли и родителите на мажот. Наместо да штеди за својот комодитет со сопругот, они и со 4 плати би го решавале проблемот и на родителите, кои по правило се заштитна и резервна варијанта на секој млад брачен пар кој застанува на нозе.
    Сите ние ако недај боже се најдеме во криза за покрив над глава, си имаме соба кај своите родители каде што ќе бидеме згрижени, а овие го немаат ни тоа.
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Не настапувај со ,,Јас ќе го решам ова,, туку ,,Ние ќе го решиме ова,,. Мислам на тебе и маж ти.
    Убаво ти пишав вчера во секое зло гледај го доброто.
     
  10. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    А кај твоите да одите неможете?
     
  11. hrizantema007

    hrizantema007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    42
    ти благодарам многу,но не сме од исто место.......ќе бараме нешто тука кај нас......поздрав
     
  12. hrizantema007

    hrizantema007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    42
    не сакам да одиме таму,,,,,,,јас веќе се омажив и има кој да се грижи з амене,,и никогаш нема да дозволам да дознаат што се случило моите.......ќе го решијме ова...ќе ве исвестам како ќе биде.....веќе наоѓаме начин да ги исплатиме старите кредити.....здравје за неколку емсеци ќе се исплатат....а друг може нема да земеме,,,другар на мажот ми ќе ни даде пари да купиме нешто,,па псоле нему ќе му отплаќаме,а не кредит со камата......таму ако треба камата да плаќаме во банка,,овдека тие пари ќе одат во ратата.......се надевам се ќе биде ок....па ќе видам што ќе испадне......фала им и на тие што ме напаѓаат..не сум воопшто незрела..ако бвев незрела ќе оставев се да е како што е.,ќе оставев на случајност,што сака нека биде......но со божја волја пак ќе напоменам нема да дозволам да дојде некој на врата и да каже ајде одете...а и уште една работа дознав..во зкаонот стои...ако седиш во еден објект 10 години и повеќе,ако не си го злоупотребувал,си инвестирал во него....тој стан ти припаѓа тебе..тоа стои во законот.....а мажот ми многу има инвестирано во станот,целиот е реновиран..нема врска со стариот стан што бил.........па не се знае,,,може да најдеме куќа,а потоа да ни остане и станот,,но во секој случај нема така да се откажеме.......ваму ќе бараме чаре,но ни станот не го оставаме лесно.дај боже да успееме ......фала ви на сите за мсилењата..но когфа некоја од вас би била во моја ситуација тогаш ќе ме сфати и нема да ме критикува,,да сфати колку е тешко прееку ноќ да дознаеш нешто такво......
     
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.286
    Допаѓања:
    101.287
    Пол:
    Женски
    А зашто не им кажуваш на твоите што се случува? Не треба да знаат едка како што велиш ти Ќерка им ќе им остане на улица? Не знам од кое место си и како си воспитана, но јас да сум на твое место прво на моите би им кажала и би им побарала помош, а ко не материјална барем ќе знам дека имам кај кого да се пожалам, да ми олесни.

    Доколку станот е на кредит и кредитот не е отплатен ова не ти важи. Банката си има побарување кое мора да го наплати, па ако сакаш ти и од корен измени го станот. На банката станот како стан не им битен, нема вработени таму да седат, туку го зема за да го продаде на аукција и да си го наплати побарувањето (кредитот).
     
    На MacenceEna и tessie им се допаѓа ова.
  14. ivinakit

    ivinakit Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    hrizantema007 мене си ми многу нејасна, како тоа несакаш да им кажеш на твоите, што мислиш тие нема да дознаат од друго место, прво кај нив треба да се обратите за помош, па потоа да барате пари од другари и пријатели, несакам да те разочарувам, но може и никогаш да не ги добиете тие пари од другарот, кога ке разбере зошто банката ви го зема станот, сигурно ке се подразмисли "кога на бака не враќале што останува за мене", а твоите повеке ке се навредат ако дознаат од друг, наместо од тебе, а ке дознаат кога тогаш, уште кога ке видат дека сите се селите од станот ке почнат да се сомневаат дека нешто не е во ред, ако сте од помало место сигурно веке знаат се, само чекаат на вас да кажете.
    разговарај со мажот и кажете им и на твоите, постари се, имаат повеке искуство од вас, ке знаат како подобро да го решат проблемот.
     
  15. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    Да, така некако му доаѓа.
    Станарско право колку што знам лаички може да се добие после 10 години, доколку бил државна сопственост, па нема друг побарувач и слично.
    Ама ако е земен преку банка, ни 10 ни 20 години нема да и застари побарувањето. Да беше така банките ич нема да даваат долгорочни кредити и услуги. Тогаш сите ќе се тепаат за станови, ќе плаќаат по некоја рата првите 10 години и после ќе го добиваат како подарок по закон. Не ќе да е така.
     
  16. hrizantema007

    hrizantema007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    42

    па државна сопстевност бил станот кога го зеле,,дали преку работа или партиски не знма точно како,,и после да си плаќаат по малку,да се испалти з ада се префрли на нивно име.....не бил земне преку банка,,,
     
  17. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Ја читам темава и ама баш ништо не ми е јасно освен следново - сите податоци што беа наведени во "проблемот" апсолутно не се логични.
    Почнувајќи од можноста така критичен проблем како што е станбено прашање да биде во рок од две дена така брзо решаван (и решен!) од невработено лице без економски познавања, без помош од семејството, без големи финансиски средства, тајно, брзо и на сечие задоволство.
    Да не збориме дека сите постови во кои се спомнати банки не одговараат на состојбите во банкарскиот систем на Македонија. Судските постапки не одговараат на судскиот систем на Македонија. Социјалните услови не се баш вакви.
    Не знам, може јас сум скептик и грешам.
     
  18. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.050
    Штом станот бил државна сопственост, и неговите родители си живееле гага таму цел живот, без ни малку срам од општеството и од социјално загрозените лица - јасно ми е.
    Пошто со мажот ми бараме да купиме стан, имаше и неколку вакви понуди. :!: Но во што е штосот?! Ваквиот стан не е сопственост на тој кому е доделен на користење, туку таа особа има право да го користи станот, право да го отплаќа на рати (тука да ви кажам на сите: нема камата или е банална камата - Lucky bastards! :envy: ) и кога ќе (ако) го отплати да стекне право на сопственост/ сопственост на станот. Е дури тогаш може од свое име да го продава станот. Е сега, интересно е тоа што, доколку личноста на која е доделен ваков стан почине пред да го откупи станот и да го добие на свое име, станот не може да се наследи од никој друг член на семејството, бидејќи ваквото право на користење не е наследно, и станот оди во рацете на јавното претпријатие за стамбено стопанисување.
    Така што, мила моја, родителите на твојот сопруг воопшто не мислеле на иднината на своите деца.

    Ако има некоја од феминките искуство од овој тип, нека ме поправи, или доколку имаме феминка која е правник или вработена во ЈП за стамбено стопанисување, нека каже дали нешто од ова за кое јас сум информирана е вистина или не?

    А тоа што ти не сакаш да им кажеш на твоите родители за вашиот проблем, ме наведува да мислам дека тие тебе своевремено те предупредиле (во стилот: да не се мажиш со него, нема иднина за тебе во таа куќа и сл... како што многу луѓе им советуваат на своите ќерки), па сега ти не сакаш да им признаеш дека биле во право (а можеби и не е така, но така ми наликува твојава приказна).
     
    На MacenceEna и Binka им се допаѓа ова.
  19. hrizantema007

    hrizantema007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    42
    потполно си во право.воопшто не мислеле на своето дете,,затоа денес тој треба да мисли и за себе и во иднина за своите деца..затоа јас се чудам какви биле овие родители што така живееле,без ум во главата,,а многу феминки овде ме критикуваат....но знам јас зошто зборувам така.....и тоа си во право,моите не сакаа да сум со него,ради неговите родители кои живееа таков живот,не многу домаќински да кажам по просто...но не е мажот ми таков,тој еве млад е ,а сака да направи нешто,се труди...зато сега превземаме во наши раце се..па да видеме што ќе биде,,а вистина ради тоа не сакам на моите ништо да им кажам...нема да дознаат за ова,ние ќе го решиме проблемот,,јас одавна им викав дека мора да се прошириме,дека не сакам во стан да живеам,,итн..со тоа се запознаени моите,,па нема ни да знаат зошто сме змаинале од таму
     
  20. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.989
    Допаѓања:
    279.155
    Нивниот домаќинклук е нивна ствар.

    Оди работи па види како се печали. Ти си отишла во нивни стан, за кои ти си правела филмови за препродавање...па сега ти се криви.
    Ти секако си знаела дека нема место за две фамилии во тоа станче.

    Да го роди, изгледа и одведе на прав пат е основната обврска на секој родител, се друго би било екстра и фино но не и основа да се суди дали е домаќин и добар родител.
    Има луѓе цел живот чесно поштено работеле, печалеле па една неарноќа или превара од оние тат или како беа банкине и пари им здравје им отиде. И да си ги трошеле парите за ќеиф...не треба да те засега.

    Ситуацијата е иста како и кај многу млади брачни парови. Ниту си имала нешто, ниту си изгубила, со љубов, разбирање и заеднички труд со сопругот(добро што и тетката се понудила) малку по малку ќе створате и ќе си биде твое, со твој труд и твои пари.
    На крај краишта и они на своето дете му оставиле онолку колку твоите на своето.
     
    На tessie, gerdanche, Li0ness и 2 други им се допаѓа ова.