Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Криза со станбеното прашање

Дискусија во 'Брак' започната од hrizantema007, 29 август 2012.

  1. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.160
    Допаѓања:
    17.634
    Иронично ја пишав последната реченица. Го имам кажано ставот дека откако ќе се основа семејство можеш исто така да стекнеш некои работи, а не да чекаш кај мама и тато. Тоа ми беше поенатата. Тебе ти се посреќило земаш 1500 е плата. ама колкав е процентот на луѓе со такви примања?
     
    На fairy88 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. alisijad

    alisijad Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    3.305
    Допаѓања:
    6.763
    Пол:
    Женски
    нема врска женет, неженет, исто им следува нели..ама има врска едниот син добил стан, а другиов седи под ќирија? Е некогаш стварно не можам да сфатам како размислуваат некои родители.
     
  3. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    173.781
    Salamce,kaskavalce,stekce,cigari..... Daleku e ova od stedenje.
    Ne velam leb I sol da se jade,ama ....
    Koga sum stedela ,sum stedela I na hrana- tendzere grav za dva dena,makaroni,margarin,leb od vcera,meso dvapati vo nedela- kolku da se kaze deka ima meso vo rucekot.
    Ama mirna glava.
    Sam svoj gazda.
     
    На Cka, Bridget, jovanovska94 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.160
    Допаѓања:
    17.634
    Е ај и да не дишеме... Салама било луксуз.... Можеби посебна салама купила. Од кај знаеш? хаха
     
    На okcenzi, VladeMila, MilaP и 3 други им се допаѓа ова.
  5. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    А цигарите?
     
    На Cka и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  6. smajlii

    smajlii Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2014
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    Станот е наменет за него и тука завршува дискусијата, доколку братот сака да го даде станот да се служат дур не соберат е негова одлука, за се друго џабе би збореле. Можеби и братот си планира да си се жени да си основа фамилија тука не можеме да се мешаме, секој си има планови така и свекоров, сигурно има некаков план со празниот стан, можеби планира да го издава, ќерка му не работи тој само со пензија, а пари требаат? Тој дел не го гледате, тука дискутираме само за тоа што ни пиша девојката. Она може да ми каже дека секој ден му готви и му носи јадење ама не значи дека е така ( не велам дека лаже) само сакам да кажам дека не можам да дадам мислење за нешто што не го знам целосно, се до тогаш дур да се снајдат да си купат или да одат во другиот стан мора да биде благодарна бидејќи има кров на глава, можеле и без тоа да се па да одат под кирии.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  7. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    173.781
    Abe moze I da ne disete,vas izbor.
    Koga mnogu znaete I se odnesuvate kako od svileni gaki da ste ispadnale,ke kukate tuka po forumov.
    I vo pravo se starite sto ne vi davaat.
    I mene ne mi dal svekorot,ama za razlika od nekoi tuka ne sme barale so mm.Ne sme cekale od nikoj nisto.
    Pozdrav.
    A,da...sega imam I sekoj den meso da stavam vo rucekot I tri krova nad glava ,na nase ime I od nas specaleni.
     
    На Bridget, CameliaMiller, kukla21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    А, бе, не знам, кога гледаш дека нема и дека е таква ситуацијата, да нема кој да ти даде оти стварно се нема, ќе бараш начини, ќе се снаоѓаш, ако не, ај да дигнеме раци, да легнам на земја и да чекам да умрам оти сум се родила во Македонија. Сите знаеме и сте знаеле уште од мали дека тука просечна плата е 200е, а за живот се троши 500е. :D

    И сега не знам, треба будала да сум, да не размислам малку за иднината, па што, па како. Мислам, кога гледаш ситуација, не е само ДАЈ и ЗЕМИ, па после што и како. Штедењето и располагање со пари се учи од мал, а не кога ќе ти дојде јајцето на газот...

    Јас сум прва да сакам да испаднам, да си купам, да прошетам, да си имам нормален живот ко што вика Реинбоу, да не се лишуваш од најосновни работи. Исто сум и прва и за тоа дека јас најверојатно нема да останам во државава.

    Ама факт е дека и во странство ќе мораш од нешто да се лишиш за да стасаш до некое средно, пристојно ниво.Значи има разлика огромна во работењето и во квалитетот на работата, а дај Боже, кој како си планира, нека ви се оствари па ќе видите и сами. И требаат многу пари за да се почне таму, кој што сака нека вика, не е само сакаме да одиме... ако немаш прв братучед, тетка од мајка сестра или чичко од татко брат, кој несебично ќе те прими, ќе те рашетува по сите институции да извадиш документи кои ти поим немаш дека ти требаат, многу, многу е тешко. Дека ти прво не знаеш ни каде си, ни што ти треба, ни па имаш како да стасаш до тоа место. Бидете свесни и за тоа, пишував некна и на другата тема, а и во живо го кажувам тоа, а на крај испаѓам крива и лошо зборувам. Нит е овде толку црно, нит е таму толку бело.

    Еве конкретно за мене, ми викаат леле блазе си ти, си беше странство, си заработи пари. :clap: Викам благодарам, ама не е така лесно како што изгледа. Да бе, така едноставно беше целиот процес, одма мене од небо ми паднаа парите, само што стапнав, ми рекоа еве, на.

    Ме прашал некој тешко ли ти беше, што јадеше, како си ти? Не, сите само гледаат дека си си заработил пари. А како, не е битно. Е битно е, оти многу жртви се отидени за тие пари. Дека успат три години одев и се акав од земја со работење, сама, во тотално непознато општество, тоа никој не гледа. Никој не ме праша и колку вени на нозите ми испукале од стоење по 14 саата, еве да ви кажам дека цели нози ми се помодрени, а ни 25 години немам. А дека гледаа и оценки од факс за виза да земеш во амбасада, па и таму на тој фронт се борев, за да ти бидат испитите положени и полесно да можеш да отидеш. Па никој не ме праша колку пати за викенд немав испаднато оти куцав пред компјутер и работев проекти за да можам полесно да положам, па да земам виза, па да дојдам до можност за работа, а тек после тоа идат парите.

    А сите мали други милиони жртвички, што викам јас, што последно лето во Мк ми беше пред 4 години, додека сите на кафе беа, јас работев. Сите на базен и на одмор, јас работев. Сите навечер во диско, јас пак работев. Сите со дечковците, на сите убавко им беше дома, шеткања, кафенца, ручечиња, ресторанчиња, е јас пак и тука работев. Си идев и право на факултет, и таму потчепнував работев нешто колку за некој денар плус и пак во круг така се до крај. Е,па и ја сакам кафе секој ден, ама времето си мине и не ме чека мене кафето да го допијам. И нит сум се пожалила од нешто, нит па викам дека нема да го направам истото, само ете, се' ова ми мине во глава кога некој ќе ми рече лелеле си ги зема паричките, блазе си ти. (facepalm)

    И кога ќе го објаснам сето ова, ауу, уау, јас не би можела така, алал нека ти е, како си успеала, браво. Успевање? Далеку од успевање е ова според мене, ова е само ОТСКОЧНА даска кон успевањето. Имам јас уште многу фурни леб за јадење додека стасам до она што е за мене успешно.

    Претпоставувам истата реакција ја имаат и тие што се во странство, а на кои цело време им викате дека немаат право да кажат што и како е. Имаат, само кој што смета жртвување, јас многу жртви направив и тоа е тоа, нема веќе назад кога еднаш ќе тргнеш по тој пат..... :?:

    Огромна помош е и да можеш да живееш дома со твоите и да не береш гајле за сметки, за јадење, за греење и ТУКА ако не заштедиш, пиши крст, некаде ти летаат парите, а каде, твое е да си најдеш. Еве Камелија цело време вика дека штеди пари со мала плата, ама заштедува оти е дома... Значи, мој совет, кога ќе си отидеш, кажи им фала на твоите, исто како да ти дале минимум 5000 евра во кеш.:D И јас ја одбрав опцијата да се вратам дома, колеги мои останаа во Скопје и нормално, животот е поскап, кирија и сметки и летнале парите, иако работат, пак на крај на месец ништо не направиле... Ама пак ќе речам, сите жртвуваме нешто за да добиеме нешто друго. Некој жртвува пари за да добие слобода, (пример, сака со дечкото да живее, ете на раат да се секса) некој жртвува слобода за да добие пари (читај, заштеда)... То је то људи моји, ама додека не се освестиш дека ,,иднината,, (читај следните 10 години) ќе поминат додека трепнеш и дека мораш да ги земеш работите во свои раце, ништо не си направил.
     
    На papillonP, ph.orhideja, bittersweet и 16 други им се допаѓа ова.
  9. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.456
    Допаѓања:
    96.667
    А ти од каде знаеш кој колку јаде и што јаде? Не ли е срамно ова што си го напишала??? Може некои членки овде постојано јадат и помалку од тоа што за тебе е ЛУКСУЗ и безобразно е да се споменува вакво нешто кое може стварно да погоди некого. Еве орден за твоите кровови над глава и месото во манџата што ти клокоти и имај осет во наредна прилика кога коментираш, не забегувај. И никој тука не рече дека треба да се кренат раце и да се чека пушти Боже. Нити сум кренала, нити ќе кренам. Живот без амбиција не ми треба. Ама дека е лоша ситуацијата општа тука некој на клепки нека се обеси нема да ми го докаже спротивното!
     
    На Nova, VladeMila, ph.orhideja и 9 други им се допаѓа ова.
  10. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    173.781
    Ubavo kazano,ama koj da razbere.
     
    На Bridget, CameliaMiller, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. alisijad

    alisijad Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    3.305
    Допаѓања:
    6.763
    Пол:
    Женски
    не зборам ја за случајот на женава тие колку толку добиле нешто, туку за тоа што ти го пиша за другарка ти, не ми е јасно тоа како едното дете добива стан а другово ништо :\
     
  12. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.160
    Допаѓања:
    17.634
    Што ми се обраќаш на мене не ми е јасно? И јас можеби имам нешто на мое име и го немам проблемот со стамбено прашање. Ни пак сум кукала по форумов. И јас за мој 24 години се имам изнаработано па не чуствувам потреба да се докажувам тука на форумов. Тука сите се чукате у груди кој од која по штедлива, кој од која подомаќинка, а во темине за мода, шминки и сл е дурга приказната.
    @kukla21 цигарите точно. Најголем противник сум. Ама феминката не го пиша постот во смисол дека многу штеди туку колку пари ти идат ако сакаш пристојно да живееш. На некој цигарите му се потреба, но тоа е друга тема.
     
    На okcenzi и Emy867 им се допаѓа ова.
  13. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    173.781
    Po bezobrazno od cekanje od starite da vi dadat nema,draga moja.
    Da cekam od starite da mi dadat ,dodeka jas vo medjuvreme tresam na forumov namesto da odam I da zarabotam za svoj krov nad glava e mnogu pobezobrazno odkolku ti sto mozes da sfatis.
    Samo site imame razlicni pogledi na toa sto e bezobrazno ,a sto ne.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.005
    Ме потсети на ова, што изутринава го видов.

    [​IMG]

    :rofl::rofl::rofl:
     
    На Mariangel, eloves, ph.orhideja и 13 други им се допаѓа ова.
  15. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    По мене, тој што има секој ден на цигари да фрла 50 ден (немам појма колку е вистинската цена на цигарите) не е за жалење.
     
    На Cka, Annath, CameliaMiller и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.160
    Допаѓања:
    17.634
    Апсолутно. Но секој втор е со тој порок денеска. Не се бранам сама себе, дома сите сме непушачи, општо си кажувам.
     
    На Annath, stetoskop и kukla21 им се допаѓа ова.
  17. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.456
    Допаѓања:
    96.667
    Кој бре рече дека чека?? Реков дека НЕ ГИ ОСУДУВАМ оние кои живеат во дел од старите ако така наложила ситуацијата. И не се секирај за мене, јас колку што сфаќам, можеби ти само можеш да претпоставиш за тоа;).
     
    На kjukli и Luna91 им се допаѓа ова.
  18. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Ја читам темава и мислењата неколку дена и искрено прво не сакав да коментирам, ама решив и својата страна да ја кажам.
    Прво не сфаќам ако не им го дадат, односно препишат имотот на децата, родителите кај ќе го носат? Во гроб со себе? Сулудо е да го гледаш своето чедо како се мачи и да не му помогнеш. Посебно во државава. Зошто тогаш си го створил? Зошто си го одгледал ако и после не му подадеш рака кога му треба? Не разбирам како спијат ноќе, како им е во душата кога на свое дете не му помагаат?
    Да, треба да се осамостојуваме, да штедиме откако ќе најдеме работа, и да се трудиме со свои раце да створиме сопствен дом. Но, луѓе во државава тоа сега е скоро невозможно. Посебно не со плати од 200-300 евра. Некоја феминка кажа ќе скратиш ќе јадеш леб и маргарин? Сериозно збориш? Како ќе бидеш здрав ако јадеш само леб и маргарин секој ден м? Или ако одиш на ладново со лесна облека. Мислам не претерувајте. Едни хулахопки се 100 денари, а ти требаат бар два, три пара, за под панталони. Па добар капут/јакна, чизми,врне дожд, ќе заврне и снег, се се тоа пари. Не може да се шетаме голи и да јадеме леб и маргарин. |( Еве со мајка ми сами живееме и само за храна трошиме околу 150 евра месечно, а случајно бифтеци да не јадеме? Не, едвај два пати месо во неделата и тоа најчесто пилешко, или мелено. И ајде објаснете ми како да заштедам за стан, и нека 600 евра ми е плата. Кај се сметки, посебно во зима, колку е скапа струја. Или треба да не се грееме ич, па да измрзнеме? Стварно не ви ги сфаќам размислувањава и пресметкиве за штедење за стан. И после цел живот да го отплаќам тој е*ан стан од 50квадрати. Ма ти се молам. Мајка ми до денес не може да се опорави од градење на куќа во 80тите, а се било поевтино. И јас не треба да очекувам да ми ја препише? А чија да биде? Мислам :rofl: Се радувам што е таква прекрасна мајка што се би направила за мене. Ме воспита, ме научи како да се борам, но и ми подава рака. Нема ваљда на улица да ме избрка, и да си живее сама? :?: Или може ми треба tough love, полнолетна сум и ај треба сама да се изборам, да се мачам она како што се мачела цел живот. Глупости. Па на крај краева нема ни да раѓам деца ако сум толку себична да не им помогнам да застанат на нозе.
    Секоја чест за сите вас што сте успеале сами да застанете на свои нозе и да се осамостоите, сте учеле, сте работеле за да имате добри примања и сте успеале. Алал да ви е. :clap: Ама работник со просечна плата да го направи истото е скоро па невозможно.
    Во контекст на ситуацијата на феминката, ја разбирам, знае дека има еден празен стан и едноставно сака малку поголема комотност и место за дечињата. Тоа што е снаа, одма ја осудивте. Пружете поддршка бе еднаш, без да солите памет како требале да бидат задоволни и да не се жалат што бар тоа го имаат. Не моежеме да знаеме каква им е ситуацијата. Не мора одма да се осудува и да се напаѓа зошто се буни, дека немала право и слично. Може и нема. Ама не мора да се критикува одма. На форумов се почесто гледам негативни мислења и осуди. Никој од нас не знае како им е точно и каква е ситуацијата. Го знаеме тоа само што го кажа феминката. Си ја олесни душата, и доби еден куп осуди и критики.
    Единствено што можам да ти порачам @VladeMila, е да бидеш силна и да не мислиш што и како, не сака да ви го даде станот и тоа е. Фокусирај се на дечињата и да нема тензија околу тоа со сопругот. Тешко е, ама додека немате друго решение бар да не се нервирате.
     
    На papillonP, VladeMila, ph.orhideja и 6 други им се допаѓа ова.
  19. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    173.781
    Citaj gi ubavo mislenjata I te molam ne mi se drznuvaj so muabeti za ordeni.
     
  20. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.005
    Вистина е дека цигарите се луксуз.
    Мм кога се запознавме пушеше по 2 кутии дневно, во Црна Гора цигари од 2 евра. Тоа е 240 денари. Јас пушев кутија од евро ипол, тоа се 90 денари.
    Вкупно на ден 330 денари за цигари. Тоа се 5 евра и 50 центи. Точно толку. Тоа е пола ден да работам, 4 саата на нога, мојата дневница таму.
    Знаеш ли што значи секој ден настрана по 5 евра да тргнуваш?
    Еве, може нема да ги тргнуваш, ама знаеш ли откако двајцата ги оставивме цигарите (поради болест), колку почувтвувавме промена во животите? во смисла, јадевме поубаво и побогато. Пример, заштедивме, си купивме по нешто. И сето тоа вака дневно кога гледаш не е многу, ама се собира, и многу се чувствува.
    Затоа памет во глава кога штедите на што најпрвин да заштедувате.
     
    На mila89, Cka, kjukli и 6 други им се допаѓа ова.