Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Криза со станбеното прашање

Дискусија во 'Брак' започната од hrizantema007, 29 август 2012.

  1. smajlii

    smajlii Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2014
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    Има уште еден стан, каде што живеат родителите и уште од пред да се земат договорот им бил тој за постариот, новиот за помалиот, тој нема да остане без ништо, меѓутоа отидоа под ќирија работат и штедат за учество, бидејќи си сакаат сами, сега за сега дур се со мали деца викаат дека 39м2 им се доволни и не сум ги слушнала да се жалат.
     
    На CameliaMiller и kukla21 им се допаѓа ова.
  2. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.160
    Допаѓања:
    17.634
    :clap: @kjukli , пореално здравје.
    Од сите натпревари кои ги имам видено на форумов овој ми е врв. Кој по мизерно се храни по дома. Како ти јадеш салама, јас вчерашен грав јадам. Па како ти да излегуваш по кафиња јас дома турско пиам, со пола лажичка и тоа, колку мирис да му даде. Абе мизерии.
     
    На Mariangel, eloves, okcenzi и 5 други им се допаѓа ова.
  3. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.214
    Допаѓања:
    56.858
    Пол:
    Женски
    Едно прашање: што ќе им правиш на тие три крова ако им треба место на твоите деца кога ќе создадат семејство? Ете по игра на случајот немаат добри плати и не можат да платат учество за стан. Ќе им речеш 'заработете и штедете ко мама што штедеше'? Јадете маргарин и не купувајте салама?
     
    На ph.orhideja, okcenzi, oblace1 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Ќе штедиш на храна- нема да јадеш овошје, зеленчук, месо, или ќе јадеш вештачки работи како соја, мисиркино мелено и разни салами и маргарини, и на крај ќе ти опадне имунитетот, ќе се разболиш и потоа дупло повеќе пари ќе дадеш за резултати, брисеви, антибиотици итн.
    Ова според мене не е добра тактика на штедење.
     
    На Nova, papillonP, eloves и 13 други им се допаѓа ова.
  5. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.597
    Допаѓања:
    35.064
    Пол:
    Женски
    Јас сум за тоа секој сам да си живее и да си спечали. Ако по некоја случајност старите сакаат да помогнат, супер, ако не здравје. Пак ќе се почитуваме. Јас од никој ништо не очекувам и не сметам дека некој нешто ми е должен.
    Ама... Претеравте бре луѓе со анализи на туѓите животи, примања, навики, луксузи и сл. На други теми се расфрлате со култура, а тука се мешате во туѓата приватност. Во најмала рака ова е некултурно!
     
    На Nova, eloves, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  6. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    173.781
    I sinot I kerkata ke dobijat po 1 stan od 50 m2. Ako im e malku,neka povelat da pecalat pogolem.
    Mene I na mm nitu tolku ne ni dale,ama toa ni bese pottik za da stvorime nesto nase. I ne se lutime na starite. Ako sami ne ti ponudat,nemozes ko idiot da baras.
    I ke 've zamolam,nemojte da mi gi vadite zborovite od kontekst.
    Mozeme uste 50 strani da ispiseme I pak na isto da ostanemo.
    Stedenjeto moze da bide stil na ziveenje,no ima I stedenje od nemanje.
    Mi go izvrtevte muabetot za salamata,no aj,postara sum pa ke se pravam deka ne sum procitala.
    Za leb I ovosje....vredi li veke da pisuvam ?
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.857
    Допаѓања:
    267.195
    Па никој не ги осудува де тие што живеат така.
    Ја осудуваме членката зашто бара повеќе, и се лути.
    Грешка си, далеку ми се 30, а веќе не одам со скинати гаќи, не се стискам и не се туткам.
    :)
    Треба да штедиме за да зависиме само од сами себе.
    Не знам што е толку тешко да се прифати нечиј успех, ете успеав, заштедив, уште неколку работи да довршам што ми се во план, па ќе ви пишам кога конечно ќе уплатиме.
    Абе не гледаш дека ти намигнав :D
    Измислуваш за другарот, демек :D
    Прв болд, не да не ми е таков животот, ама ајде.. иначе што ќе биде поразлично во заедница со свекор/свекрва?

    Втор болд, видиш, не размислуваме многу различно. Битно се бориш, наоѓаш начини.
    Мене може не ми се свиѓа твојата цел или твојата борба, па не правам будала од тебе.
    Малце реално са
    Лунче, другарка моја најблиска, искрено она мене ми беше еден од мотивите кога почнав да работам. И мене далеку ми се гледаше се, нереална ми беше можноста да штедам.
    И тоа она - сама. Не со дечко, не со маж.
    Сама собра пари (дете со еден вработен родител) за учество, сама сега отплаќа рати.
    Мало станче е, со една спална, дневна и кујна, вц. Зема некаде 25 000 плата, горе-доле.
    За мебелот само и помогнаа нејзините, од аспект дека имаа можност некако преку работа на рати, и тоа нејзините да вложија се на се 1000 евра (белата техника), додека г-седот, спалната итн. сама пак си ги купи.
    И сеуште нема 30 години, има стан свој, е да, плаќа 12 000 (отприлика) рата, па и остануваат уште толку за се останато - ама има свој дом.
    Можеше и до мажачка со нејзините да седи, дупло повеќе пари за трошење... ама секој има различни приоритети.
    мо глејте на работите, посебно ако не сте работеле во странство.
     
    На smajlii му/ѝ се допаѓа ова.
  8. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.792
    Допаѓања:
    100.372
    Пол:
    Женски
    ...и така,ќе штедиш како знаеш и умееш,ќе се стискаш...се до првиот лош случај на болест или смрт на блиска личност,ќе ти замириса барут во близина...па ќе се запрашаш,што е суштината на животот...и тогаш ќе пратиш се по ѓаволите...
     
    На Nova, kjukli, okcenzi и 12 други им се допаѓа ова.
  9. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.938
    Пол:
    Женски
    Сега испадна дека 70-80%од младите што не можат да си обезбедат сопствен дом без помош се мрзи и чекаат некој да им даде, а истите тие кога заминат некаде каде се цени нивниот труд се многу вредни и снаодливи и им честитаме за тоа што постигнале. Заборавате дека овде до скоро имаше луѓе кои работат неосигурани, верувам и уште ги има, има такви кои земаат минимална плата одредена со закон преку сметка, ама му враќаат на газдата кеш, земаат к-15 и тоа го враќаат, има луѓе кои со години бараат било каква работа и не можат да најдат.Не се мрзи, не се готовани, работат по две смени на ден, ама нема на кого да се пожалаат зашто и тие минимални пари што ги земаат им се неопходни. Се онесвестуваат, умираат по фабрики. Сигурно од седење|(
    Некој погоре рече дека сите што сме ја подржувале членката изгледа сме немале ништо заработено. Еве ќе ја демантирам. 8 год.во брак штедевме за учество и станот го зедовме на кредит. Моите ми дадоа нешто за реновирање и мебел, ама станот сами го плаќаме. И да не беа тие пари ќе седевме во стар стар со стар мебел, значи стан купен без помош.Па една сум од тие што ја разбираат членката, зошто јас на мое дете така не би направила. И зошто мене лично и на мојата фамилија животот не ни бил сјаен од секогаш. Сум била и на врвот и на дното, па пак одново. Имало периоди и кога се имало пари и повеќе од потребното и кога биле моите под стечај па едвај прехранувале семејство. И знам дека во таква ситуација НЕ СЕ ШТЕДИ. Гледаш да го поминеш денот, а за утре ќе мислиш утре. Не знам дали брат ми да го декларирам како неспособен или способен, зашто 12 год работеше по фабрики за плата од 9 000 до 15 000 ден. Беше на раб на егзистенција, да не речам беше на грбот на моите, ама имаше многу помош. Истиот тој презеде ризик, позајми пари, отвори свој бизнис. Ја работи истата работа само што заработува многу повеќе. Утре не дај боже може да му пропадне бизнисот и пак да биде на дното. Ете тој е истиот човек, способен е или не. Не гледајте црно-бело на работите. Многу фактори имаат влијание да успееш и сам обезбедиш сѐ во оваа наша држава.
     
    На Nausicaa, Nova, papillonP и 19 други им се допаѓа ова.
  10. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Ne se samo majaka ti i tatko ti sokirani. Jas bi se sokirala na ova prasanje.
    Sigurno nema da me prasa deteto zosto odnapred go znae odgovorot.
    Na komu mu treba neka odi da zaraboti.
    Jas si izrabotiv i se ke si potrosam do kraj na moe uzivanje.
    Nemojte luge da postavuvate takvi nekulturni prasanja.Mladi ste , pomislete se malku kako da se stigne do toa sto go posakuvate, a ne na prv poteg poseganje po tugoto.
    Roditelite vo Mk im davaat na decata se i sesto i koga ke ostarat i pobaraat podrska togas drugata strana vika, lele kolku se dosadni, nemozam da izdrzam, kuka, lelika, nestignuva za apcinja...
    Ubavo pravat nekoj pametni vozdrasni. Ne si go stavaat zivotot od gotovo na veresija.
    Da dadam sto imam , a potoa da molam deteto da mi kupi apcinja, TV oti mi se rasipal, da odam so skinati corapi DEFINITIVNO NE.
     
  11. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Vo nikoj slucaj ne rabotam da ostavam na decata/deteto. Rabotam da se ispolnam sama sebe. Ako ima za mene ke ima i za deteto da go povedam na ubav odmor, da jade , da ima kade da zivee do negovi 18god.
    I ponataka go sakam ama nema pomaganje zosto zakonot na prirodata rekol deka e vozdraseno i od sega pa natamu treba da pridonesuva.
    Za fakultet ima kredit, zemi, uci, i vratigo koga ke zavrsis. A ako ne ucis ke si gi vratis parite na bankata i drzavata kako popce, nema sto jas da plakam tugi hirovi. Kolku godini ke studira negova rabota. Sekoja godina samo skolo kosta 10000$, sekoja prodolzena godina novi 10000$ i toa pod uslov da jades i sedis kaj roditelite.
    Mozam samo da pomagam so ziveacka i jadenje. Sto znaci da sedi vo ista kuka so nas i da jade od isto tendjere se dodeka studira.I graduation dress ke i kupam.6meseca greis period i TOLKU MILO DETE.
    Se ostanato go gledam za zloupotreba na roditeli.
    Jas treba da se spremam za moja penzija. Da si imam na strana pari za vo dom da si platam. Tamu nepustaat za dzabe, si kosta.Nema polosa opcija da se stavam vo situacija da cekam od deteto da me rani ili kupuva apcinja ili nedajboze da mi plaka rati za dom.
    Ocekuvam moeto dete da si ima svoe srekno semejstvo. Nema sto po mene da trca, a doma ima deca i kup troskovi za ziveacka, pa i toa dete eden den treba da se proseta po bel svet i sobere pari za svoja penzija.
    Ako jas sum mozela da trgnam bez jazik, skolo da zavrsam, kuka i stan da kupam, da na rati, ama tie sama si gi otplakam, doma se sto treba da sproveduvam i zimski i letni odmori da i udovolam togas za deteto netreba da ima problem. Dosla kako malo , ne se sekiralo za da najde resenie da izleze od drzavata, ucelo na svoj jazik.
    Zivotot e zabaven park. Kacise na rolercoster i uzivaj vo vozenjeto.
    Nema jas od edno tri da stanuvam za nekoe debilce doma da sedi i nisto da ne doprinese, da ceka da umram.
    Imam jas svoj celi. Svetot e golem, mnogu ubavi mesta ostanale za da se prosetaat, pa zasto da ne. Moj pari moe zadovolstvo.
     
    На CameliaMiller и MrsH им се допаѓа ова.
  12. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Ауууу @toogood ти па ептен екстремиста. Верувам во тоа да се бориш сам (веќе и пишував погоре) ама твојов муабет ме остави подзината. Ама бе, ако законот решил дека на 18 детето станува полнолетно, тоа не значи дека од дома треба да си оди, школо сам да плаќа, па уште и тоа хир да се смета. Треба да го школуваш, да го научиш да плива, па да го пуштиш во длабокото само.
    Ако детето трошок ти било и не можеш да се луксузираш незнам што воопшто дете си раѓала. Боже!
     
    На flower30, Nova, duffi и 19 други им се допаѓа ова.
  13. alisijad

    alisijad Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    3.305
    Допаѓања:
    6.763
    Пол:
    Женски
    Која себичност да има за мене ја да шетам уживам за детето гајле ми е ондак ич не се мажам а не деца да рагам .
     
    На flower30, kjukli, okcenzi и 4 други им се допаѓа ова.
  14. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    21.995
    Пол:
    Женски
    Resiv da ne pisuvam na temava vekje ama po sebicen post neam procitano.Tolku
     
    На podravka, martinameli, kjukli и 5 други им се допаѓа ова.
  15. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Jas nikoj ne vregam, jas samo si go kazav svoeto mislenje.
    Konstataciava ne ti e na mesto ama voopsto.
    Ако детето трошок ти било и не можеш да се луксузираш незнам што воопшто дете си раѓала. Боже!
    Jas ne se obiduvam da vi go promenam mislenjeto , samo sakam da si go kazam svojot stav.
    Sekoj na forumov moze da go izlozi svojot stav.
    Covek na koj kontinuirano mu se pomaga, vo sekoe vreme koga ke zaglavi, ne se ni trudi da se odglavi, sekogas ceka pomos.
    Ednas, dvapati zagazi vo kal, tretiot pat bi pomislil koj pat da go odberis za pak da ne zaglavi.
    Sekoj treba da se bori za toa sto go posakuva, ama da ne posegnuva po tugo.
     
  16. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.285
    Пол:
    Женски
    Негде прочитав дека саламчето и кашкавалчето биле луксуз и одраз на нештедење. Епа затоа на ова дереџе ни е државата. Ако јадеш денес салама и те сметаат за расфрлач на пари и растурикуќа, оди фрли се поарно. Затоа ќе си останеме мизерни, оти сметаме дека јадење салама и кашкавал е луксуз. Ц ц ц, немам зборови... арно ни прават политичариве.... требало да се задоволиме со леб и сол, оти саламата е луксуз :clap: :clap: :clap: Ова е македонска политика, и мизерно македонче. Дури жал ми падна кога го прочитав ова... колку го цените македонскиот народ, ееееј.... една женичка си рече си купувала салама и кашкавал и стек, и ја нарекоа дека не била штедлива. Какви не глупости ќе изналупате само за да докажете поента... срамота, циганарија!!!
     
    На podravka, flower30, papillonP и 16 други им се допаѓа ова.
  17. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    21.995
    Пол:
    Женски
    Demek ako jades vo makedonija salama kaskaval i stek corbadzija si:D
     
    На theowndemon, kjukli, LivingGlam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.938
    Пол:
    Женски
    Јас пак ич не сум шокирана од ставот на @toogood .Западот така функционира. Да живеевме и ние во Америка, Канада немаше воопшто да се расправаме дали да очекуваме помош од родителите или не. Таму можеш да студираш и работиш, а притоа земаш плата пристојно да го живееш животот. Само повеќето што ги знам не земаат кредит за школување, туку родителите штедат од раѓање на децата во фондови за школување, на кои пари не се плаќа данок дури и детето да не се школува кога ќе порасне. Ова зборувам за Америка.
    @toogood , знаеш колку наши родители се подготвени да одат во дом кога ќе бидат стари и немокни? Многу малку, скоро па ич. Тоа е тој балкански менталитет, затоа ги чуваат имотите до смрт, од страв дека нема да бидат гледани. Младите очекуваат помош, а старите се плашат на старост да не останат сами.
     
    На Momichka, Trnche, theowndemon и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Дa си вo сaлaм држaвa кaкo штo е toogood и дa гo исфрлиш дететo буквaлнo oд дoмa нa 18 гoдини, ич дa не знaе сaмo дa се снaјде, кoлку тoлку држaвaтa ќе се пoгрижи зa негo. Тaкa дa, дa oлaбaвиме мaлку сo спoредбите вo стрaнствo.
    Другo, зa кaшкaвaлoт. Смешнo ви е и мизернo кaкo некoј вели декa кaшкaвaл е луксуз? Пa aкo дневницa ти е 400 денaри, a кaшкaвaлoт чини 300, тoгaш и те кaкo е луксуз дa гo јaдеш редoвнo. Знaм декa лoшo звучи, aмa пa и вие штo се прaвите кo кoјзнaе кaде дa живеете. Нoрмaлнo билo дa се имa секoјдневнo шункa, кaшкaвaлче, стекче, цигaрче. Нoрмaлнo е дa, вo нoрмaлнa држaвa. А вo вaквa кaквa е, ќе се прилaгoдувaш и ќе се снaoѓaш.
     
    На MilaP, Trnche, eloves и 7 други им се допаѓа ова.
  20. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Едно е да живееш на запад, а друго е да заборавиш од каде доаѓаш.
     
    На podravka, black-angel, eloves и 5 други им се допаѓа ова.