@toogood ми се преврте во цревава од твоето размислување. Во Македонија да му ги лупнеш клоците на дете од 18 години ти е рамно како да си го оставил на милост и немилост. Па образованието било хир, да учело и да плаќало кредити боже боже. Тука со 300 факултети не можеш да најдеш работа, а не некој што се школува ќе работи стабилна работа за да земе кредит. Не знам дали живееме во иста држава. Многу себично размислување и многу нечовечки. Јас не сум ни за тоа на детето да му се пружи се и да се направи паразит. Треба да му покажеш како се лови рибата, но и да го јачаш до толку, за да ти да не се замараш е тотално неродителски. Па уште се повикува на некаков закон на природата ко животни да сме ние. Јас сум се мачела синко, мачи се и ти. Мизерно.
Не рaзбирaм ствaрнo, штo е смешнo? Требa дa имaш пaри зa дa си дoзвoлиш бaдеми и ф'стсци oд 600 денaри килo. Акo дневницa ти е 300 или 400, кaде е шегaтa?
Ништо... лешниците се поскапи троа... не сте од оние најголемите растурикуќи, сепак имате малку осет PS штом јадете фстаци а не салама, добри сте... е да јадевте салама моментално ќе бевте најголемите недомаќини на светов
Мнoгу е смешнo, aмa кoгa ќе дoјдете сите вo темaтa зa свекрви изгледa oдвишoк е пaметни сoвети дa ви се дaвaaт. Сaмo вaкa дупчење требa вo здрaв мoзoк. Зoбете си, ич мaкa дa немaте.
Само леб и сол, паштетка од 10 ден., ако имате бавча патлиџанче и пиперки садење и цело лето додека има само тоа, леб од цела недела, грав од петок до петок... Е вака се има три крова над глава и парчишта месо да ти врие ручекот. И не се смејте будали едни, има неколку паметни совети што делат по темава, се наапаа.
Што и да кажеме факт е во Македонија е хаос . Плати минимални жалосно . Братми добива 15000. 9000 на сметка другите во плик. Тоа значи само на 9000 е осигуран , значи помала пензија . што со тие 15000. Да си купиш јадење , во три месеца да се поднови со асални патики , фармерчиња ...ж абе грев не сме во нормална држава во македонја сме. Да беше во нормална земја за таа работа ќе земаше тродупла плата . И до кои пари да штеди . Од што да си скрати не плаќа кирија ама не останува да се заштеди нешто . Па и 200ден да трга на страна Јас на среќа не сум во македонија . Можам да тргам на страна парички да штедам за децава . Им отворивме сметки секој месец ставаме пари. Кога ќе бидат полнолетни да имаат со што да почнат. Не очекувам да седат со мене , ќе си почнат свој живот , студирање , работа и сл . ние како родители сме свесни дека треба да бидат самостални . како и да е отидов да грицкам фстаци
Луѓе претерувате стварно, не е фер. Жената само кажа како она успеала да заштеди, така што подгревала грав од два дена пред тоа. Па тоа јас го гледам и како нормално. И јас подгревам кога ќе ми остане, зошто да фрлам. Јас знам дека сиромаштијата кај нас е симната на ниво на пештерски човек, во смисла те прават дека се луксузираш ако имаш смарт телефон, ама ова не е во ред. И навистина има семејства кои така живеат, не е смешно воопшто, има и многу полошо од тоа.
Какви салами, какви кашкавали,знаете ли шо зборете вие женииии.... Така не се станува шпараџија,а уште помалку се збира пари за учество на стан. Прво леб и маргарин 3 пати на ден,next level два пати на ден без маргарин. Е така се станува икономист и домаќин На 18 години клоцата у гзо,мрш од дома и да збираш пари за стан @Offspring и јас не гледам лошо да ја јадеш храната која е останала,и ние го јадеме гравот од вчера. Друго сакав да кажам,темата ептен почна да забегува,кога и основните намирници почнаа да се сметат за луксуз,а што е најтрагично луѓето тоа го сметаат за нормално нешто.Тоа ме загрижува.
Сите подгреваме грав од пред два дена, тоа не е ништо ново нити несвојствено, ниту пак за потсмевање. И во светот подгреваат храна, тоа го викаат leftovers, не е тоа македонска измишљотина, или одраз на мизерија. Кој се потсмеа на подгревањето грав???? Муабетот беше за тоа дека човек ако земе салама во државава, одма растурикуќа го прават.
Сакав да кажам малку се претера во сеирот. Многу семејства живеат и на тој маргарин и на пинџур и чушки во секакви комбинации секој ден, ајвар стана луксуз да се направи, и за некои луѓе саламата и кашкавалот стварно се луксуз. Ама очигледно не знаете како луѓето живеат, веројатно многу луѓе не ни искажуваат дека таква им е состојбата поради срам. Јас знам, затоа велам дека е малце претерано. Што мислите, по форумов ги нема такви што едвај крај со крај составуваат, особено од помалите места ? Па јас во Велес работев за 5000 денари плата. Тогаш минималната беше 8050 денари сега нз колку е, бев на пола работно време осигурана. Потоа мораа да ме осигураат на цело и од 8050 до 5000 им враќав на рака. И стварно ние како семејство поминавме низ еден ај да речам лош период, баш немаштија, да купиш салама е празник, гнетеш само чушки, пржени,печени, толчени незнам какви во секакви можни варијанти, затоа велам дека не е смешно повеќе. Незнаете луѓето какви маки си имаат.
Точно бе оффче, јас не велам дека не е така... знам дека некои немаат, АМА муабетот беше во друг контекст кажан. Значи феминката кажа дека штеди, ама сепак тешко оди, да одиш во продавница да купиш салама, кашкавал, стек, и отишла дневницата.... и одма беше муабетов.... па таа како не штедела, царица нели, салами ќе јадела. Поентата беше, мене ми е криво дека некои за жал немаат ни за саламче, ама на човек да му се втурнеш и да го направиш недомаќин оти купувал нормална храна од продавница, не бива, нели? Ние треба како народ да се бориме за подобра иднина, не да го пцуеме оној што купил салама, и да го вреѓаме. Затоа така и не третираат политичарите, како говеда, и нема да се избориме за повеќе, оти и самите сметаме дека сме недомаќини ако сме каснале стек. Во друга тема се напаѓаа жените кои отишле на приватен гинеколошки преглед.... демек некој нема леб да јаде, ти одиш на приватен доктор. Македонецов сам ќе се фати за гуша и одвлече во мизеријата. Да кажеме дека СЕКОЈ треба да има за салама и стек, а не дека тој што купил е расипник.