^ И aкo кaжеш декa ТРЕБА секoј дa имa, стекoт мaгичнo ќе се пoјaви нa мaсa? Акo кaжеш декa ненoрмaлнo е фaмилијa oд 4 членa дa живее вo 40 квaдрaти, пoгoлем стaн мaгичнo ќе се пoјaви oд некaде? Некoј ете успеaл дa зaштеди нештo и дaвa сoвет кaкo, вие вицеви прaвите oд тoa.
Па во тоа и е поентата.. Дека баш тие се скапи Се фативте за саламата.Црево салама има и за 80 ден кое горе доле секој може да си го дозволи.Ја направивте луксуз ли е што ли е.. Во тој контекст беа спомнати јаткастите плодови како пример за нешто стварно скапо и неприступачно за секој дом. Затоа и пишав дека оние кои ги јадат се вистински џорбаџии - богаташи . Смајлито не беше со цел за потсмев некому.
Добро ај не треба, треба сите да немаме и во мизерија да живееме. Да не смее човек на друг човек да му посака нешто убаво. Јас си стојам на своето, да ТРЕБА сите да имаме барем за нормален живот, нормална храна и нормално живеалиште со БАРЕМ една спална. Треба државата да дава примања кои ќе овозможат НОРМАЛЕН живот, и салама за секого. Да не биде саламата и стекот луксуз, ниту пак стан од 50тина квадрати. И тој што работи да може да си купи салама, стек, кашкавал, и да може една рата кредит да си плати. Се надевам дека еден ден тоа ќе се оствари, на овој или оној начин, па ти ако сакаш потсмевај се на тоа колку сакаш.
@Bridget ,mislam deka nema veke da diskutiram na ovaa tema. Ke citam vo temata za svekrvite,svekrite,za cmizdrenjeto kako ne im davale stanovi,ne gi pomagale. Koj posleden se smee,najslatko se smee. Prodolzete vie so majtap teranje za gravot I salamata,vo red e,tolku vi e nivoto na kulturata. Pozdrav I poleka so salamata da ne kacite holesterol....
^^ За претседател. Со вакви говори и надежи што од политичари, што од народ, Македонија повеќе од 20 години живее. Не се потсмевам јас, не ми врти муабет, јасно е за што беше потсмевањето.
Ne ti vrtam muabet. Samo mene I tebe ne ni e smesno ova so salamata. Nemam zelba da se objasnuvam so ovie snai koi se na kavijar. Ama toa e. Em suti em se bodat. Pozdrav .
Кога ќе видиш дека некој споредил кавијар со кашкавал, тогаш сфаќаш дека е се кажано од инает. Whatever!!!!
На целава приказна за штедењето и немањето за основни работи во Македонија да ве потсетам дека едни од најактивните теми на форумов се и што последно си купивте, козметички катчиња, оутфити, онлајн шопинзи... Се фативте за таа салама!
Ve citam i nikako da svatam kakov esap napravite so stedenjeto Ne sekoj moze i znae da stedi e toa ke vi go kazam samo.Tetka mi imaat 30 dekari praski,20 dekari lozje plus i rabotat i nemaat nisto pokazano vo nivniot zivot,a kako i ke pokazat koga tetin mi e kockar,tetka mi ne se zamara,odmor,setanje,kupuvanje,i koga i da sednis so niv se drugite im se krivi,svekrva i i svekor i gi kolnat kako nisto ne im ostavile,a nivite i kukata se od niv,e toa ti se neblagodarni luge. Jas i mm imavme dobri raboti ovde,no zaradi bolesta na sin mi,lecenjeto,lekarstvata se skapi,odevme na kosultacii i lecenje vo hrvatska,viena..so nasite plati toa nemozme da go dozvolime pa i 1500evra da zimame.E taka mm morase da zamine vo stranstvo (normalno so pomos na brat mi koj rabotese veke tamu,zasto za informacija ne se naoga lesno rabota kako sto mislat nekoi).I da,kade kade imame poveke pari i za lecenje,i kukata ja renoviravme smetki plakame bez nicija pomos,kola smenivme,mnogu polesno e no prasajte me kako mi e mene kako zena sama doma,maz mi si dojde septemvri i ostana 2 nedeli,predhodno poveke od 5 meseci go nemavme videno,sega zdravje duri na 25 dekemvri si ide.Koga go nosam sin mi na kontroli go nosam sama,koga dobivam losi ili dobri vesti sama so niv se soocuvam,koga imav spontan bev sama,sega koga kerka mi umre nekoj den po poroduvanjeto pak sama..Taka da bidete blagodarni i na tie 40 kvardati na toa sto se zdravi i ste zaedno i vo loso i vo dobro.
Жаклин да знаев дека има до толку мизерни луѓе, немаше ич да пишам за саламата. Одвратни, злобни и покварени. Уфф желудник ме заболе читајки ги постовите. Како што реков македонче желно за себеуништвање. Еј како смеам јас да јадам салама и кашкавал, а некоја пиперки и домати. Па јас немам ниви ни бавчи за да ги посадам. За мене е луксуз во пролет да купам домати кога 1 кг е 100 ден, а некој го има во двор. Е зошто тој некој да има а јас не. Не смее никој да јаде домати. Цигарите од брат ми биле луксуз. Кај смее тој да пуши и да троши 1500 ден во месецот за цигари. Не, тој мора да јаде леб и маргарин. Пошто тој својата математика не си ја знае иако добра плата зема, еве овде на форумов сеспособниве од странство ке му објаснат. Пу срам да ви е безосетни. И згора на тоа се дрзнувааат да кажуваат свекрви и незнам што. Јас ни од свекрва ни од мајка не зависам. Сами со мм печалевме ( ко што сеспособниве кажуваат ) и спечаливме за да не зависиме од никој. Помош не побаравме, а ја дадовме. Како смее ВладеМила да спомнува за станот, кога мора и таа да оди во странство како сеспособниве и да заработи бре и сама да купи и се. Има да јаде леб и маргарин секој ебен ден дур не створи кров од 50 квадрати. Луксуз за мекедончето е најосновното. Мизерии. Како што рече ти а и реин предходно, завидни сме зошто некој да има ако јас сум се мачела. Абе ил не ми е гаје дали вас свекрвите ке ви остават, се нека ви дадат, мене не ми дадоа и не ми е криво ако вас ви дадат. Дај Боже сите имајте, па и јас да се радувам со вас. @stetoskop денес дека петок варев грав, мајка ми пости па го направиив посен и замисли остана 1/3, па ке се дојаде утре со оризот што ке го зготвам Инаку ако имаш заборавено да ти кажам кило ориз е 60 ден односно по ваше 1 евро. Утре ке купам стек 1 кг околу 200 ден, 1 кг компир околу 30 ден, ориз имам и кромид 2 кг околу 50 ден. Зејтинот ми е прикрај па може и тоа да купам 850 мл е 85 ден. Сабајле најверојатно ке јадам 2 јајциња варени =10 ден и околу 200 грама кашкавалче ( тоа нез колку му иде ама околу 50 ден) пошто докторката ми рече повеке млечни производи и протеини да јадам. Не планирам бебево да го ранам со леб и маргарин, пошто ако сум до тука стигната не ја гледам поентата ни да го имам. Ама види не планирам ни со кавијар. А замисли место мисикрино ке земам пишелко. Во недела ке одам на гости кај свекрва ми, па ке ти пишам што ратурикуќа е таа, сега кога сум бремена, пошто многу ми угодува со храната. Сигурно ми има купено некои дебели хеланки и чорапи, а спомна и дека веке пижамите не ме собирале, па и тоа го има купено ( редовно ми купува цветни дезени). Кај троши за храна и облека, па и купатилото го загрева со греалица пред да се туширам. Јас предлагам да ја стреламе. Бруки место да штеди таа на сната ке и купува и храни. Срам на веков. Ми се згади од безосетнава тема.
А бе, некои од што мораат ќе штедат и со петни сили ќе се борат, зошто старите ги исфрлиле на улица. Некои од што сакаат, ама и можат, со плати доволно добри за добар живот + штедење. Некои....еве не знам, може сум ретардирана, ама никако не можам да ја разберам Камелија. Далеку од 27 години била, а ''дебело'' ЦВ има, до пред некој месец за 10.000 работела, а сега кај да е, за учеството да го уплатат се спремале. 5.000€ ''заштедила'' за 10те години неодење на одмор, пошто израчунато е отприлика 500€ требаат. WTF? Жени постари на форумов - озбилно, ова девојче треба да ми биде советник за штедење во животот? Без лична навреда Камелија, ама намали со нападноста во постовите, таму кај што леташ, јас одамна одев. Гушни си го дечко ти и неговиот бизнис и кажи му Фала. Со среќа во новиот стан, само убавини да ве пратат!
И Анел? Ете како се разбравме. Брат ти е способен човек. Ризикува. Не чека да се смилува некој (дал надреден, дал родител). Е сега, уште да е и паметен па да штеди за “црни дани“, зошто се согласувам дека може несреќа да те стрефи и се по ѓаволите да отиде (а и тоа го објаснив како дел од мое лично искуство, ама ајде). Ни јас ни дм не потекнуваме од сиромашни семејства. Не сме ни од богатите. Да речам нормални. Со се што носи нормален живот - излегување, облека, одмор итн. Во неговото семејство се случи баш таква несреќа, и иако неговите беа доста поимоќни, останаа без ништо. А не е дека не можеле да заштедат, можеле мн. повеќе него јас и тој сега. Ама размислувале поинаку. Јас од моите финансиски се одделив затоа што кога некој ти дава пари, бара и сметка за тоа. Јас не сакав никому сметка да поднесувам. Не сакав да и кажувам на мајка ми колку сум потрошила ваму, а колку таму. Способноста се гледа кога ќе ја исправиш кичмата, и ќе преземеш ризик во свои раце, без оглед дали тука ќе смислуваш нешто или ќе одлеташ во Недојдија. Неспособност е 20 години да тапкаш во место без никаква иницијатива. ТуГуд размислува како и целиот функционален свет. Ние во нашава дисфункционална држава, треба да родиме дете и да си купиме гробно место со време. Јас не знам па зошто имате деца? За да бидете жртва? Пред да родите, што бевте - нелуѓе? Јас сум секако за да се помогне некому ама... се има свои граници. Имам роднина кој скоро има 50 години, и сеуште ни ден работен стаж. Ниедно работно место не му чини. Ни тука, ни во Странција. Епа тоа не е помош, туку искористување на родителот негов. Иначе, Анел, иако го цитирам твоето мислење прашањево не се однесува дирекно и лично на тебе. А што се однесува до старечки домови, знам дека мајка ми има таков фонд - не знам детали немам прашано Moira, со должна почит, ама годините се релативни во однос на способноста, амбицијата и трудот. Да, имам дебело CV, затоа што работам од 18 години - пријавена. Додека моите другарки по 10 пати полагаа испити, јас полагав во рок, а притоа работев. Не излегував на кафиња, не купував скоро па ништо. Меѓувремено, 3 пати бев во Странција, работев, од кои 2 пати на штедење, еднаш на шетање иако и тогаш работев. И кога веќе завршив со факултетот, не морав да работам што и да е, не морав да молам за работа која може да се привикне на моите предавања. И најдов подобра, а со оглед на тоа дека немам врски, примањето го сметам дека е врз основа на CV-то - кое е полнето во континуитет сите тие години. Во него имам и препораки и контакти од ликови кои ми биле претпоставени во Странција (секогаш работев легално). Дали веруваш или не... твое е. И да, лична навреда е, како сакаш спакувај го. И мисли си дека на дм од небо пари му паѓаат. Сеедно. На крајот на денот, не сум јас таа што брои гаќи на свекрвата, а што се однесува до станбеното прашање, сеуште не ми е решено, ама сепак ти благодарам. Инаку - до сите вие што ви е смешен муабетот за салами и кашкавали - многу површно ги гледате работите. Премногу дури. Никој не кажа дека е нормално да се живее на леб и салама, не е . Ама со оглед дека живееме кај што живееме, ќе ми каже некој подобар совет? Секој си го прави својот избор. Некој ќе јаде салама (или што и да е, не туку се фаќајте како слеп за стап) и може да живее со 6 души во 50 квадрати, некој нема да јаде салама и ќе живее сам во 50 квадрати. Секој си ги прави своите избори - сам. И јас сакам на сите се да ни биде погодено - фала богу никому лошо не посакувам, ама од добри желби нема ништо. За сите останати тука во оваа држава, што поскоро се освестите дека само со многу жртви (кои сами ги бирате - деца, свекрва, свој дом, салама, шминка, и тако даље) може да се преживее.
@okcenzi Не знам дали заради хормони малку повеќе драматизираш или природно си таква, не знам, не сум те читала толку претходно, ама дај олабави малку. Ти рече дека штедиш за било што? Не. Па јади што сакаш, купувај што сакаш, троши како сакаш. Ама да нарекуваш некои мизерни што кажале дека може да се штеди и на храна и на други работи кои ги сметаме за нормални секој да ги има, може само некој веројатно што никогаш не се стискал за ништо, не мора за штедење туку оти се мора. И тој некој знае дека и така се живее. Само едно е да живееш така оти мораш, друго е заради цел, дали е тоа покрив над глава или нешто друго, негова работа. Што ако сум во странство, не можам сеуште да си дозволам многу работи, па ако се запнам да ги имам а со платата и водење "нормален" живот кој подразбира да не се лишам од многу мали ситни задоволства не можам (и цигарите тука ги ставам, што се чудиш, кошта пари а никаква корист од нив), и јас ќе јадам секојден грав, манџи посни, макарони, што да е. Ќе заборавам и пудри и парфемчиња и шеткање, и многу други работи. Ќе ми кажеш дека сум мизерна оти не јадам кашкавал и не сум купила нови хулахопки и гаќи? Твоја работа. И што е толку тешко @Moira за млад човек кој сеуште живее со родителите и работи, да заштеди 5000 евра? Јас баш за тоа зборам, додека немаш фамилија и си со твоите кои верувам ако им кажеш за што чуваш пари нема да ти бараат за јадење или сметки, не е невозможно. 12 000 да зема,не повеќе, и не мора сите да ги чува, 150евра да става на страна, се нешто помалку од 2000 евра годишно. И партнерот исто ако штеди, колку е? Во ред е што некој сака да помага на родителите па таму оди цела плата, ама има многу што не работат па пак се на терет, или работат па ни денар од дома не им бараат. Колку има и што одеа во Грција на неколку месеци, не е малку за млад човек за 3 месеци 2000 евра или повеќе да заработи, ама работата е дали ќе ги ставиш на книшка, или во пицерии, бутици и парфимерии. Но за ова треба цврст карактер, скромност, волја, само тешко е да се признае дека не секој од нас ги има. И уште нешто, неколку пати прочитав -да се стискам за што? За едно мочано станче од 50 квадрати, или нешто слично. За мене е тоа безобразно потценување, ама кога ти даваат на готово лесно е мочано да кажеш.
Камелија, не знам колку може да заштеди. Засега парите што ги заработува ги вложува во бизнисот. Сеуште не е трн во око на некој, може зошто не е меѓу најголемите риби во тој бизнис па функционира некако. Сите знаеме дека за да опстанеш тука не треба да заработуваш само за себе и своите вработени, туку и да полниш други џебови. Пред некој месец му стигна писмо за спонзорство на една локална манифестација со точно утврдена сума на пари. Оди, па не плати. Ќе те уништат со казни и ќе те затворат. Му ги зедоа ќарот за два месеци. Среќа што е таа манифестација е еднаш годишно, замисли на секои два месеци да мораш да спонзорираш нешто. Очигледно си запозната како функционираат тие работи кај нас штом дт има приватен бизнис. Ми беше зборот, тој е истиот човек кој досега бил неуспешен, неспособен, и претходно имал неколку обиди кои пропаднале како ништо, па не можел да се опорави од загубата на парите. Едноставно сега се наредиле коцките, никој не гарантира дека тоа ќе трае секогаш. За штедењето, лесно е да си скратиш кафе со пријателки или некоја нова блуза, оди скрати ги потребите на детето. Месечно курсеви и спортови ме коштаат 100евра, не знам дали е паметно тие пари да ги штедам или да ги вложувам во детето. И секоја и чест на мајка ти ако има фонд за дом. Тоа значи и не сака обврска да ти остави да се грижиш за неа иако велиш дека ќе наследиш стан од баба ти. Останатите имотот го чуваат како гаранција дека некој ќе се грижи за нив.
Бриџет, значи, или едно или друго - Или сама собира пари БЕЗ помош на нејзините, настрана и САМА со дечкото, како што тврди 15 страни уназад во темава, што е надвор од секое реално размислување зошто до пред 3 месеци земала 10.000 денари, освен ако ДЕЧКОТО не ги покрива сите трошоци Или седи дома и денар не дава цело ова време за да може да ги трга тие 150€ месечно на страна, што носи до заклучок дека нејзините, и' помогнале. Кое е од двете? Тоа е тоа што го зборам цело време, со таа плата и трошоци во Мк некој сигурно ти го чува грбот, и треба Фала да му кажеш. Да не случајно синот на too good заштеди за учество од 18 години кога ќе му ги удри клоците мајка му? Тој глава нема да знае каде му е од САМ покривање на сите трошоци + живеење + плаќање на факултетот, не па цела плата на страна да ја трга за после да се удира во гради колку е способен учество за куќа да собери. Тоа ќе му дојде малце покасно п.с. И Бриџет, собрани 5000€ од неодење на одмор 10год не е исто со НЕПОТРОШЕНИ зошто едноставно си ги немал во моментот. По таа логика и јас сум заштедила 137.000€ зошто не сум купила Х6, ама guess what? Ниту тогаш ги имав, ниту сега, ама добро изгледа вака напишано
Што ако немаат од каде да добијат стан и помош младите? Да легнат да умрат? Да речат, нема кој да ни даде, во земјава нема пари за младите, ние се венчавме, ама немаме помош од родителите, одиме од 10ти да се мавнеме надоле. И ние сме без помош од никој од дома, сами, па свесни сме дека мораме да заработиме сами, и работиме двајцата на по две различни места. Рмбаме ко волови, јас трудна, и пак работам, гледам ден да не сум на боледување (освен еднаш кога морав) за платата да не ми е помала ни 100 денари. Прекинете да кукате како мора од родителите да молзете до крај на живот, стегнете заби и работете. Ваш е животот. Ако не можете тука, одете во странство, останете таму, или донесете тука пари и почнете си бизнис. Има многу успешни приказни, ама никој не рекол лежев ко вол и сами дојдоа парите. Ама ако некој успее, одма е курва со ебење спечалила, или продавал дрога, или татко му има врски, или преку партија добиле, или некој убиле. Не, работеле. Тешко е да ги гледаш другите како успеваат, оти учеле, се мачеле, трпеле и се труделе дење и ноќе, а ти уште чекаш да умре свекорот за да живееш. Или мајка ти да си дојде од работа за 100 денари да ти даде. После не е- јас згрешив, требаше да учам, требаше да работам, требаше да барам, да се трудам...Не, тешко е вината во себе да ја најдеш, оти боли кога ќе видиш дека сам си крив за твојата неспособност да се осамостоиш. Затоа, успешните се курви, партиски, врскаџии и лиглиња на тато, затоа државата не чини, оти подобро е се да не чини од ти. Погледнете си ја мааната во вас прво. Или па, седнете чекајте свекорот да умре, така е полесно многу. Ама не кукајте на форум. И кога ќе те прашаат што правиш, кажи си искрено, чекам некој да умре за да сум среќна. Не, неам работа да ти ебам државата. И стварно глуп е муабетот со храната. На храна не се штеди, барем јас не штедам на овошје и зеленчук. За 500 денари неделно овошје и зеленчук имам преполно дома. Сеа тоа што многу ретко јадам салами и пушено или не знам што, значи дека место 200 денари за пушено, давам за кило лимон, портокал, марула грав, леќа, цвекло, јаболка. Ама ако штедиш на храна, тогаш ќе даваш пари на лекови. Исто ти е. За цигарите се сложувам, секој кој дава 50 евра месечно за цигари и се жали дека нема, не го ни перцепирам. А за девојката што го почна муабетов, ко што видов, двацата се вработени, свекор и дал стан, а мајка и и ги чувала децата. Уште нешто да не треба помош, да дојдеме да ти зачистиме? Така ништо не мора да правиш.