Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Криза со станбеното прашање

Дискусија во 'Брак' започната од hrizantema007, 29 август 2012.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.855
    Допаѓања:
    267.133
    Па тоа е нормално, особено ако е на сам почеток :)
    Иначе, способноста барем јас не ја гледам во моментот, него во постапките во континуитет.
    Значи, пр. 15 години се трудел да направи нешто. Не џмиел.

    А за последното - истото го кажав - многу е полесно да се штеди без деца. Со деца верувам е скоро невозможно.
    Моира, јас кажав дека и јас и тој живееме со родителите, што се чудиш? За моите потреби сама плаќам, едино во сметките не учествувам затоа што моите не сакаат. И тоа е чудно и смешно, а не е чудно и смешно да живеам со свекрва ми. Тоа објасни ми го. И да, дечкото сега ми помага финансиски (оттаму и чудењето на членката за Авон), ама не беше секогаш така. Имаше месеци каде моите 10 000 беа се што имавме.

    И на мои години, не познавам некој што па дома вложува (кај родителите), ама смеј се и понатаму, не знам што да ти кажам. Ми помогнале што моите родители не ме избркале од дома, да. И тоа барем 10 пати го кажав.

    Јас не спомнав ништо за удирање клоца на 18, така што во мојот муабет - те молам не го мешај тоа. И мислам дека и законски има одредба дека родителите се должни да се грижат за детето до 26 години ако е студент.

    И на крај, зборувам цело време за заработени и непотрошени пари. Ти ми се смееш на годините, ама ајде кажи ми, пошто мојов пат одамна си го газела, што правеше ти кога заврши факултет? Еве, просветли ме како е подобро, зошто моево не е добро, па да видам што е.
     
    Последна измена: 24 октомври 2015
  2. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.290
    Допаѓања:
    285.066
    За мене не е некој нов или изненадувачки факт дека за во македонија да заштедиш нешто треба да си двоиш од устата. Да не беше така и немаше толку млади усвет да фаќаат.
    И да, од своја уста е полесно, посебно кога знаеш зошто го правиш тоа, одколку да двоиш од устата на детето.
    А цигарите се секаде луксуз уствари.

    Јас не ја сватив стетоскоп на негативен начин, напротив мене постот ми беше реален. Не е она крива што општеството е тактво какво што е.
     
    На eloves, vitamina, kukla21 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.593
    Допаѓања:
    35.037
    Пол:
    Женски
    Девојче, џабе ти се сите муабети за тоа колку си способна и слично кога на крајот пак се сведува на тоа дека родителите ти помагаат, така?
    Сите надмени муабети кои ги кажа ќе држеа вода доколку, како @toogood што ќе направи, родителите на 18 години ти ги удреа клоците и да си требала сама да се школуваш и издржуваш. Е тогаш ќе ти кажев браво, се сама си постигнала, вака... си само една од многуте во државава ;)
     
    На galapce, okcenzi, oblace1 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.938
    Пол:
    Женски
    @CameliaMiller затоа јас не сакам да гледам само низ сопствените очила. Сакам да погледнам и од другата страна. А ние сите тие што немаат ништо свое обезбедено ги направивме мрзливи, неспособни. Не знаеме дали некој се обидувал многу пати но не успеал. Успехот не зависи само од твојата желба да успееш.
     
    Последна измена: 24 октомври 2015
    На tessie, LivingGlam, Tanjamm и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.946
    Допаѓања:
    133.198
    Лесно е да штедиш кога живееш со мама и тато, не плаќаш кирија, они те хранат, те појат, ти плаќаат струја вода... А од 10 000 плата, можеш 9000 да заштедиш. Осамостои се, значи сама живеј, или со дечко ти, па кога ќе се мислиш пред тоалет хартијата од која да земеш да е поевтино, ќе сфатиш што е заштеда. А особено пред омекшивачите, оној тежок момент кога бараш најевтин, а да мириса најубаво и автоматски забораваш како мирисал скапиот.
     
    На LUCI 99, galapce, tessie и 11 други им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.855
    Допаѓања:
    267.133
    Ај кажи ми како од 10 000, можеш 9 да заштедиш, мене такво нешто не ми успеало до сега :)
    Ммм мене моите ми помагаат, а на нив не :)
    Не ми помагаат повеќе него на другите тука што се изјаснија.

    Тој муабет со клоците, не е мој :)
    Да, една сум од многуте, во право си, мене мама ми дава пари за улошки, утре ќе и се уселам на свекрвата и ќе се љутам што има поубави гаќи... ах бе, да е така како што викаш, ама ете не е.

    ПС. не сум јас толку способна колку упорна.
    Сите се способни, во суштина. Освен ако се болни, тоа е друго веќе.
     
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.946
    Допаѓања:
    133.198
    Многу лесно, ако друг те издржува :)
     
    На MacenceEna му/ѝ се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.855
    Допаѓања:
    267.133
    А како друг ме издржува? Што не плаќам 1000 денари вкупно учество во сметките?
    Интересно, морам да признаам :) :)
     
  9. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.019
    Пол:
    Женски
    @CameliaMiller
    Што работиш ако не е тајна?Читав некаде и запамтив дека работиш во некоја болница,медицинска сестра можеби?Што си работела во странство?Зошта сигурно не си лекар,бидејќи далеку си од 27 год,што си студирала?
    Прашувам зошто многу нејаснотии ,на сите жени и домаќинки лекција ни одржа,дури ми иде да се замислам.
     
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.855
    Допаѓања:
    267.133
    Не сум мед. сестра.
    А и зошто е тоа важно воопшто? :)
    И тука, и надвор?
     
  11. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.019
    Пол:
    Женски
    Зошто есапот дома и на пазар не е ист.Во контекст на темава.
     
  12. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.005
    Оцкензи, ќе пробам да не бидам безобразна како што си ти затоа што си бремена, и ќе ти објаснам некои работи затоа што се пронајдов јас во твоето мислење.

    Јас не реков дека е многу убаво да се јаде леб маргарин и чушки и дека така треба да се штеди, реков дека не е фер да се смеете ако некој јаде тоа, затоа што стварно има семејства кои јадат пинџури секој ден. И не е смешно, ниту треба така да биде, ама е. И јас неможам тоа да го променам.

    Цигарите се луксуз.
    Незнам колку се сега во Македонија кутија родео, на времето како најстандатдни беа 50 денари мислам.
    Стави ги 2 кутии во денот и плус уште некој ако пуши во домот, дали знаеш колку пари на месечна база излегуваат? Јас би ги обесила оние родители кои имаат за цигари, а немаат барем 50 денари во денот на детето да му дадат за во училиште.

    Подобро ќе беше воопшто да не пишуваше за штедење, кога ти воопшто не штедиш. Ти живееш нормално.
    Има луѓе кои навистина си двојат од устата за да се прекрпи.
    Па мене на времето со 10 денари нашколо ме пуштаа, и кога цело одделение се хранеше од Жито Вардар јас бев единствено дете кое не земаше храна на училиште, затоа што јадев дома пред да тргнам на училиште.
    И тоа е така, ако сакаш ти скокај до утре овде по темите, јас ти кажувам како живеат луѓето низ Македонија, понастрана од Скопје, па и во него.
    Вие луѓе не сте свесни, вие поима немате што се случува.
     
    На Annath, SexiLy, Sky-butterfly и 4 други им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.855
    Допаѓања:
    267.133
    А моето работно место нема никаква врска со мојата плата, која па јавно ја споделив - во контекст на темава.



    Како и да е, мојот есап си е таман за мојот живот, моите замисли за иднината.
    На крајот сите прават некаква жртва - некој не јаде, некој не раѓа, некој живее со свекрва, некој живее под кирија, некој оди во друга држава.. изборот паѓа на човекот.

    Јас моето си го кажав, кој како си разбра - негово е.

    Пошто јас (а и некои други) од Марс паднавме, немаме ние семејство и немаме родители, па ете сами така ни дојде од рани години да мислиме за нешто што очекуваме подоцна да ни се случи, терајте си со самосожалувањето и понатаму, ако има некој ќар од него, се надевам ќе го добиете.

    И да, невозможно е човек сам да направил нешто, или мама му купува јадење, или тато му фаќа врски, или има тетка во Швајцарија, сам никако!

    @Cka инаку, не гледам некоја разлика во тоа да живеам со свекрва ми и да штедам, од тоа да живеам со мајка ми и да штедам. Живеењето под кирија си бара пари, па нашата заштеда би отишла таму. Живеам од помош колку и скоро сите што се изјаснија - имам кров над глава кај родителите, но сама се грижам за своите потреби, и да, и храна купувам на моја иницијатива, и прашак, и еден куп работи во текот на месецот што ќе видам дека треба да се купат.
    Многу чудно тоа што некако мислите дека морам да живеам со некого, па да почнам да штедам со него. Ете, не мора.

    Ама е во ред да живеам кај свекрвата нели, да се омажам, па да штедам, ама не е во ред па тоа да го правам - истото, во родителскиот дом. Таа логика некако не ми е јасна, ама океј е.

    Иначе - не ја возам колата на татко ми па затоа и не се занимавам со неа, со колата јас и дм што ја возиме, да, и поправки и регистрации ние плаќаме, не татко ми.
    А да, не сум ни болничар, ама тоа е тотално небитно во темава, битни се примањата и расходите, нели.

    Ти си имала причина да живееш во др. град на страна, океј.

    Јас можам да се споредам со мојата генерација, кој што прави, и ти гарантирам дека и тие 12 000, 15 000 или 20 000, не им одат на кирии :)
    И Cka, ти ми кажуваш дека е подобро да си седам со моите, да си трошам како ќе ми ќеифне и да не мислам што понатаму?
    Оти така ми прават мн. од другаркиве врснички.

    На крајот, сите до мажачка ќе седиме со родителите, едни ќе се жалат од свекрвата, други од сметките. Едни ќе чекаат на готово, други нема.

    Чим сте успеале и покрај кириите да заштедите за учество и да плаќате рати, претпоставувам и дека имате повисоки плати.
    И, ако живеете од тие пари, и ти правиш сигурно некакви жртви, помали или поголеми, за да ти биде решено ова прашање.



    Имајте убав ден, барем тука е убав, одам да го искористам.
     
    Последна измена: 24 октомври 2015
    На smajlii му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.946
    Допаѓања:
    133.198
    Не можеш да кажеш како се штеди ако уште дома те чуваат. Оти учество во сметката не е исто како да си ја платиш сама. Оти кога на татко ти колата ќе му се расипе, не плаќаш ти. Кога си сама, со маж ти, сами си ја поправате. И мене мама да ме чуваше уште и да не се осамостоив финансиски на 23 години и се иселив комплет сама во друг град, сега авион ќе купев. Ама кога 200 евра е киријата, 100 евра сметките, 100 евра за јадење, 100 евра за бензин... Ќе видиме колку ќе им кажуваш на жените како се штеди.

    Ако работното место твое нема врска со платата, тогаш со кој и со што има? Дилаш дрога? За таа плата што ја земаш во медицинската струка ти си болничарка. Плус пари во твојата струка е да одиш дома кај болни и да им менуваш чаршафи и пелени, што и не е нешто кое многу дава приходи.
     
    На tessie, SexiLy, Sky-butterfly и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    Точно е тоа што го напиша @Cka.
    Јас пробав така сама под кирија на мои 19 години. Сакав да видам дали ќе ми успее нешто да заштедам додека работев и студирав. Мислев така е тоа, работам и ќе си заштедам нешто. Идеи и планови, сакаш ли ! Ама парите од плата што убаво ми летаа за кирија, исхрана и нешто за облека. За излегување нешто ситно ќе ми останеше и тоа е тоа...цврц штедење !
    Па ме фати инает, пробав и со рестрикции од ваму - таму и кратење кај можам, не оди - не се заштедува.
    Така да, ако имате формула некоја за штедење, за мене непозната, дај споделете тука !
     
    На Luna91, Sky-butterfly, kjukli и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.968
    Допаѓања:
    12.673
    Убаво е да се штеди. ама сепак на млади години да немам гаќи нови, тоа е екстрем. Од цигари треба да се скрати, од кафиња може, ама па на храна не треба да се штеди. Не дека секој ден месо ќе јадеме, ама леб и маргарин мене не ме заситува на пример, како ужинка ми е, не можам да штедам на јадење и не е здраво. Облека ајде ќе купиш колку што ти треба, да не претеруваш, ама пак од 10.000 или 12.000 денари не можеш многу да заштедиш. Е тие што земаат 25.000 денари или 30.000, тоа е веќе друга приказна.
     
    На Luna91 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    А, што е лошо родителите да ти помагаат додека можат? Ако тие сакаат и се способни, зошто да ја одбиваат помошта? Мислам, срам, гордост? Тоа никогаш не би го покажала пред моите зашто цел живот сум нивно дете.

    Океј е, постојат примери кога родителите не можат и не сакаат да го издржуваат детето. Пример, дечко ми сам си плаќа, сметки, живот, се' зашто реално месечните примања му се поголеми од оние на мајка му, а татко му веќе одамна не му ја исплаќа и таа бедна алиментацијата.
    Од друга страна, јас знам дека тоа што сум студент не е оправдување моите уште да ме издржуваат зашто сум способна за работа. Имам работено и зимам стипендија и тие пари се за мене и дополнително да не и создавам трошоци. Киријата ми е од нив. Сега, не би ја одбивала нивната помош за да си го правам животот покомплициран. Добра ќерка сум, и го враќам тоа најдобро што можам. Ама по студии е друго... на сестра ми е после ред.
     
    На tessie, Luna91 и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  18. smajlii

    smajlii Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2014
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    Муабетов од каде до каде отиде, истите вие кои што на женава и коментиравте дека свекорот треба да го даде поголемиот стан за користење сега и се фативте на @CameliaMiller што седи кај нејзините и штеди за учество за стан, и без разлика за што и да штеди нејзина работа, кажете ми како го одобрувате тоа што жената добила било каков стан на готово е и бара поголем за вас е океј, а она седи со нејзините и штеди за сама да си купи не е, требала да си отиде и да плаќа кирии, зашто? Зашто некоја членка плаќала па и купила па ај сеа ова нејзиново штедење не се важи? Смешни се муабетиве сите знаеме како е во Мк и како оди штедењето меѓутоа се може, ако се сака.
    Јас не штедев за стан туку за одмор бидејќи сакав да одам на далечна дестинација 1месец и отидов, за една година собрав 3000евра, и јас живеам со мајка ми. Ќе речете не плаќам ништо дома ама еве плаќам еден кредит на мајка ми. Значи примател сум на пензија од 10.000ден по основ на редовен студент и поради тоа не можам да работам некаде пријавена ама затоа се што можам да работам како не пријавена хонорарно го работам, јас од дома не зимам пари, можам само да додадам ако треба. Мајка ми може само да ми даде ако одам работам со нејзе кога треба помош ( а често треба) и за тоа си добивам процент. Одам шетам кучиња, продавам козметика што ја нарачувам од странство, одам на промоции, работам со осигурање, и не дека имам кујзнае колку, таман работа, меѓутоа ако на нешто се фокусирам и сакам да го направам ќе работам, сега немам деца и можам да заштедам, кога би имала сигурно би бил друг муабет, знам дека е тешко со деца да се тргне некој денар на страна. Затоа муабетот беше да се заштеди нешто пред тие да дојдат.
     
    На Edie.S, Nausicaa, kukla21 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Камелија, не е муабетот дека треба да се преселиш да живееш кај свекрвата па таму да штедиш.
    Муабетот е дека не си компетентна да делиш совети за штедење кога твојата плата ти е буквално џепарац, си ја трошиш за свои потреби, и дел од неа ставаш на страна.

    Кога би живеела сама, дали под кирија или во стан на кредит, ќе видиш дали учество во сметките е 1000 денари како што сега мислиш. Имаш сметки за струја, за вода, за парно, комуналии, интернет, радиодифузна такса, ова вкупно колку пари е знаеш?

    Па трошоците за храна- лесно е сега и да си ја потрошила целата плата или еве си ја заштедила, ти е гајле, си доаѓаш дома од работа и си јадеш тоа што има зготвено, воопшто не размислуваш на таа тема.

    Знаеш ли ако си одделно кои математики треба да ги правиш некогаш кога пример буџетот ти е ограничен, треба да плаќаш и други работи, а треба да пресметаш што да зготвиш што ќе биде ем евтино, ем ќе те држи сита, и ќе има барем уште еднаш да јадеш од него.

    Па ајде ќе испазаруваш за во кујна, кога, се префрлаш во бања и гледаш завршил прашокот за перење, па завршила пастата, треба омекнувач.

    Исто овошјето и зеленчукот, треба да одиш на пазар ако сакаш да поминеш поевтино, цените во големите маркети се неколку пати поскапи, читам спомнати пиперки и слично, па тие што немаат бавча овие работи им се понекогаш поскапи од спомнатото црево салама.
    Но се прашувам дали воопшто имаш претстава за овие работи, или знаеш само да теоретизираш по темите.
    Убаво е да се каже став, ама ти понекогаш навистина иритираш, морам да кажам, едноставно во секоја тема истото, па истото, дури некогаш мислам треба темите да бидат со наслов КамелијаVS другите феминки, дај простор и другите да си кажат став, кога ти си го кажала твоето мислење.

    Знам, форум е, се дообјаснуваш некогаш, имаш контра реплика, јасно ми е, ама за тоа време што го посветуваш одговарајќи на сите можеш да изработиш една семинарска, и да си земеш 300+ денари, нели тоа беше еден од твоите предлози за заработка на пари.

    No hard feeling, ама морам да се искажам.
     
    На tessie, Nova, Annath и 18 други им се допаѓа ова.
  20. smajlii

    smajlii Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2014
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    @sesilija Не е исто да си дома со твоите и сам некаде под кирија ФАКТ, можете да кажете дека не е компетентна и јас не сум, јас па не ни штедам за стан, оќеј е. Ама луѓе штеди девојчето си кажа, ја искористува таа ситуација дур е дома и собира пари за учество за стан, нели е доволно? Жената која бара поголем стан ништо не напраила освен што бара поголем, она не ни штедела за учество кога била кај нејзините а сигурно можела, барем ќе пробала.
     
    На Nausicaa, kukla21, crimson и 2 други им се допаѓа ова.