Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Криза со станбеното прашање

Дискусија во 'Брак' започната од hrizantema007, 29 август 2012.

  1. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Јас околу жената кажав претходно на темата, а сега муабетот беше околу советите на Камелија.

    Никој не кажа да не штеди, напротив за поздрав е идејата да се сака да се живее сам со партнерот во нешто свое, меѓутоа сите тие совети што ги дава на жени кои што искусиле многу повеќе од неа, едноставно не држат место, не можеш работите да ги претставуваш од поинаков агол и да се правиш којзнае колку самостоен кога реалната слика е сосема друга.
     
    На Annath, kjukli, duffi и 3 други им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.075
    Допаѓања:
    66.892
    Пол:
    Женски
    Супер е тоа што штеди и може да не се мачи, да не мора да се лишува од сите работи кои ги наброја, како што реков, мачењето е преценето. Ама кога и ти сам не си поминал низ некои работи не мора да солиш памет на други и да им водиш сметка што и како да прават, зашто не ти држи вода муабетот, а тоа веќе се виде и ни е јасно речиси на сите.
    И јас работам одамна, ама давав пари дома и си плаќав образование, па прашајте ме сега колку сум заштедила. Ама не значи дека сум кукала и сум била безработник, туку таква ми била ситуацијата, па знам дека е тешко и дека секој човек си има свои маки и нема тука да им трубам што да јадат, што да не пијат, колку пара гаќи и облека да носат, или да ги осудувам зашто така направиле, а не јас како што мислам.
    Еве, со некои вакви изјави, да осудуваш некој кој поминал многу повеќе од тебе, а ти уште толкав пат имаш за одење.
     
    На <3 pleza4e <3, tessie, Annath и 15 други им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.855
    Допаѓања:
    267.134
    Sesilija, не знам каде не се разбравме, истото го кажав што и ти. Полесно е да штедиш од "џепарац" (кој служи и за сметки мои, лекар, превоз итн) него со деца.
    Тоа го кажав неколку пати исто како што кажав дека можеби и дете ќе имав сега, ама не сакам во туѓ дом да го родам. И не обвинувам никого зборувам за себе, за моите цели.
    Јас ете така знам, претпазлива сум многу, знам сакам и не седам да плачам зашто го немам тоа.

    Само едно нешто, една членка ми пред некое време ме праша што барам кај мајките. Го барам она што го сакам, а тоа е дете, кое го немам и таа желба ми е на чекање заради патот кој сум го одбрала.
    Не барам помош ни совет, знам што правам, само види, не живеам со моите зошто ми е така полесно, туку зошто немам каде моментално.
     
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.855
    Допаѓања:
    267.134
    Конкретно тоа го осудувам зашто сум во слична ситуација ама поинаку реагирам и мислам. Братот на дм има, он нема и што? Или ќе засукаш ракави или ќе плачеш.
    Извини што посебни мислења се, од тел не можам со цитати :)

    Иначе јас си кажав како јас штедев не мора никој истото да го прави. Јас можев со крпени чорапи, некој не може итн.
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.075
    Допаѓања:
    66.892
    Пол:
    Женски
    :rofl: Ме насмеа онака слатко, во слична ситуација била. :D Па и осудува уште, оф мори мајко. Се виде твојата ситуација, немаш потреба веќе да се правдаш и пишуваш, како што реков, јасно е работата со твоето штедење. Далеку била од 27 години, ама знае да кажува и осудува кој и како треба да прави во животот. Имајте осет малку, има луѓе што стварно немаат, мораат сами да се снаоѓаат и немаат можност да си тргаат настрана плата додека дома им даваат или дечкото ги помага.
     
    На <3 pleza4e <3, Nova, Annath и 10 други им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.855
    Допаѓања:
    267.134
    Смеј се Реин :) Тоа никој не може да ти го забрани ;)
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.806
    Допаѓања:
    39.533
    Пол:
    Женски
    @CameliaMiller немој молимте да збориш за штедење . Уште живееш во домот на твоите , 1000че делиш да дадеш за дома . ако и толку .
    Го јадеш лебот од твоите , струјата ја трошиш кои твоите ја плаќаат , па најде да збориш кој како да штеди .
    Знаеш колку месечно одат за сметки ... јадење , пиење , комуналии .
    Твојата плата ти е џепарац . Па можеш да ја штедиш. Испилисе , замини си од семејното гнездо па збори за штедење .
     
    На Luna91, An-na и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  8. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    @CameliaMiller Значи јас не сакам воопшто да ти се мешам ама јас да сум на твоето место гледај како ке направам.
    Живееш со твоите незнам колку спрата имаат еден или два.Неговите исто незнам колку имаат па ајде ти несакаш да живееш со нив.Ако твоите имаат два спрата спремајте со дечко ти и живејте таму, а кај сверкати и свекор ти можеш 2 пати во неделата да одите да преспиете колку без ич да не се без внуците да си ги гледаат.Значи вие еве како што кажа штедите и ке уплатите за стан е тоа е веке океј.Ако уплатите сигурно ке стапите во брак и ке створите семејство.Тоа е идеално решение.Ама како што кажа дека сте долги години во врска и дека како заедно да живеете тоа океј.Јас на твое место и твоите еден спрат да имаат ке се мажам и ке си живеам со нив заедно ако треба и една соба да имам.Важно ке створам фамилија барем едно дете да родам.Оти на 27 и 33-35 години не е исто да се мажиш.Ако веќе сте до толку решени за да уплатите ме радува, но и да немате пари за учество и за кирии па ке поживееш кај неговите или твоите пример 5 години важно дете си роди стапете во брак.Кажа дека баба ти имала стан и имала 80 години нека поживее да речеме уште 5 години 10 може и уште 3 ке живее извини вака што ја умешувам нејзе, но кажа дека станот тебе ке ти го остави.Па нема да мораш да уплакаш и да плакаш кирија.Ама ти никако не сакаш да створиш фамилија и да поживееш кај твоите со дт или кај неговите.Значи вие сега имате мака, за 5-10 години најмногу бабати ке почине и ке ви го остави станот.Може ке го продадете и ке си го исплатите вашиот што ке го земете сега нов.Плус сигурно како на девер ти купиле стан и на дт ке му купат или куката/стан што живеат сега ке ви ја остават ке ви се најде за децата барем.И твоите ке ти ја остават куката, па за 10 години 20 ти ке имаш пример кука од твоите стан од бабати, куќа/стан од неговите, плус станот што ке го исплакате.Охо на коњот ке си.Ама друго е тогаш детето да ти има 7 години или 15.А ме занима како штедиш за стан кога дт ти давал малку финансии?
    И колку м2 е станчето од баба ти?
     
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.855
    Допаѓања:
    267.134
    Абе ништо не си дочитала.
    Во право си сеа со дм ќе уплатиме на Кариби, пошо татко му треба да ни го реши овој проблем.
    Ти пред да се испилиш што правеше? Дај совет кога моево веќе не чини.
     
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.968
    Допаѓања:
    12.673
    Јас дома плаќам по една сметка која варира од 1300 до 1500 денари, ама тоа не е ништо. Пазарување храна е скапо. Ќе потрошиш 300 денари или 350 во маркет и тоа ќе се изеде за два оброка дневно и готово или ајде за еден ден ќе се потроши. Тешко на тие што издржуваат фамилии со 12000 денари. Нема да им стигнат за храна, а не па да штедат. Убаво е да се штеди, ама од 100 денари за гаќи ниту сме побогати, ниту сме заштедиле. Спомна Камелија со крпени чорапи ќе оди. Е добро де два пара за 60 денари ќе ги купам и што е тука заштедено. Што ќе купиш со парите за ѓаќи и чорапи. Од друга страна срамота е девојка која работи да нема долен веш и со крпени чорапи да се собуеш некаде. Срамота е да не се шишаш мислејки дека ќе заштедиш. Кога си во врска и кога одиш на работа, може не треба да си мисица ама па треба барем просечно и пристојно да се облечеш и средиш. Подобро барајте работа во странство или некое хонорарче плус, отколку без гаќи и без чорапи да одите.
     
    На Luna91 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.855
    Допаѓања:
    267.134
    Винтер ништо од заеднициве :)
    ДМ сега супер заработува, кога почнувавме со планов не можевме да штедиме, јас на факс а тој тек ја отвараше фирмата. Повеќе беше во загуба нњхо во ќар. По моите две штедачки екскурзии во странство имавме од каде да почнеме. Меѓувремено дипломирав и најдов нормална работа а тој почна убаво да заработува. Затоа сега чекаме уште некои формалности, па здравје боже белким догодина веќе се ќе се среди.
    Не спомнав дека ќе одам, одев.
    Да читавте само. Ама не ..
     
  12. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.593
    Допаѓања:
    35.037
    Пол:
    Женски
    Оф топик, ама морам.
    @CameliaMiller јас да сум ти претпоставен ни 6000 не би ти дала. По цел ден си на форумов, јас не знам кога и како успеваш да сработиш нешто? :?:
     
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.855
    Допаѓања:
    267.134
    Викенд е...... Среќа па не си ми :) А ако ти пречи моето присуство има начини. ;)
     
  14. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.593
    Допаѓања:
    35.037
    Пол:
    Женски
    Ништо не менува тоа, ти и преку неделата постојано си тука. Затоа и прашав како успеваш? Бидејќи љубиш да делиш совети, сподели со нас неорганизираниве, може и ќе поднаучиме нешто конечно.
     
    На Sky-butterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.855
    Допаѓања:
    267.134
    Не сакам. Кога ќе сакам, ќе споделам.
     
  16. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    Еднаш кажа дека лед не те леди за неговите и несакаш да сте блиски, и дека на идната ти свекрва и е нарушено здравјето, па во друга тема прочитав дека си плачела за болни и беспомошни луѓе.А фактички ако таа е болна зошто не поживееш со неа, ке ја гледаш кога и е тешко, таа ручек доволно е да ти прави и дете да ти гледа.Ама никој не сака со свекрва да живее тоа, да.Слободата прави многу.А велиш дека стан да ти дадат ке го прифатиш.Нема без ништо да ве остават.Па тоа се обидуваат сите да ти го кажат дека не се штеди лесно.Гледаш факс ово оно има многу.Животот воопшто не е лесен во нашата земја.Колку и да се штеди 10 години ти требаат да заштедиш проклети 5000-10000 евра.Тоа е тоа.Не ти се мешам веќе порачувај од Авон кој се осуди тоа да ти го пререче, па што да не.Ако сега не се негуваш, шминкаш на 50 сигурно нема.Ама сите што ја нападнавте ВладеМиа не ви беше во ред.Ете мајка и го гледала детето бидејки било болникаво никој не е во нејзината кожа за да знае.Требало да ојача имунитет.И сигурно болникаво дете не би пуштиле во градинка, па затоа таа чекала да се подобри ситуацијата.А плус ни станот и е препишан саглам, ни па свекор им го гледа дететео.Еве на керка му го хранел му правел јадење и го носел на школо.Е мајката што прави?Каде е таа.Си ја држи а? Сигурно или се швалерисува.Штом не е заинтересиран детето да го носи во училиште и да му прави јадење и на детето и на таткото таа нема за што да ти е.Детето не е способна да си го гледа.Не пак таткото.Ама сите ја одбранивте неа.Миа кажа дека била таква арогантна и неможела да ги поднесе колегите на работа и затоа напуштила.Ме интересира ако не го издават празниот стан како живеат само од пензијата на татко и?И на крај Миа е неблагодарна, иако ем работи со мали деца од кое едното дали 1 има, ем си готви, пере, чисти, гледа деца после работно време, мие садови, се, таа е мрзлива и чека се на готово.Па срамно е бре луѓе.Ем јадење праќа за свекорот и пак не чини.Керката е подобра и готово.Сте запнале дека требало да штеди и крај.Со 20 000 градинка ли да плаќа за 2-те деца, сметки, храна, алишта за децата, па и за неа и маж и по нешто.Па едвај крај со крај сврзуваат, од што да кратат од пелените да децата, од млекото, од кашичките.Од нивната храна.Или од градинката на децата.Од сметките ли од што бре луѓе.Дај не зезајте.Едно големо браво за @okcenzi таа само ја одбрани.Се запнавте мајка и го хранела детето и готово.Па тоа се биле година ипол пример.Повеќе не го гледала.И ако нема брат сестра зошто да не и помогне па внуци и се.Еј зошто мајка и помагала ем две деца има, а свекорот на керката што помага за се, тоа е во ред.И становите 3 на него да се.А нејзините ако дале месечно 3 000 за децата за храна готово таа е неспособна и неблагодарна.
     
    Последна измена: 24 октомври 2015
    На kjukli, VladeMila, MilaP и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.960
    Допаѓања:
    219.340
    Пол:
    Женски
    Се разврза доста интересна дискусија овде, па еве и јас да си го кажам своето.

    Ние не очекуваме од нашите, дал можат, не можат, дал сакаат или не сакаат незнам нит пак сум седнала да проценувам кој колку има и дали може или не може да ни даде, тоа ама воопшто не ме интересира. Нит кој колку квадрати има ме интересира нит пак пари, ние едноставно обострано решивме дека си сакаме мир и спокој, свој дом и приватност, и зошто веќе кога можеме малку повеќе да се задоволиме само со ситница.

    Си седнавме на маса и во 4 очи се договоривме дека од наше поарно нема, па затоа си ги засукавме ракавите и почнавме да работиме и двајцата во различни држави. Се гледаме еднаш до два пати годишно, а останатото време ни минување во рмбање и борба за егзистенција и своја заштеда.

    Нит сум лута некому,нит очекувам од некого, нит ништо, нит сме побарале, си ја гледаме нашата работа и нашиот живот, и не се мешам онаму кај што не ми е местото исто како што не смеат и тие да ни се мешаат на нас.

    Да, тешко е, бидејки години минуваа се до успехот на нашата борба, но огорченоста на човека од ред ситуации и патешествиа низ животот не натераа едноставно да си го гледаме нашето гајле, да не очекуваме ништо од никого и да се стремиме само и единствено кон нашата цел, за подобар живот, свој дом и сите нивни благодети.


    И да успеавме, за некој месец сосема ќе се средиме како луѓе, и ќе можам да кажам дека сме се избориле за нашите цели и сништа, секако дека проблемите не ми завршиле овде но, бар овој најважниот проблем го исправивме на прав пат.

    Затоа и го имам овој став што го имам и НЕ ОЧЕКУВАМ ништо од никого, индиферентна сум на народот буквално, имам свои замисли и цели, окупирана сум со истите и со работата да така немам време да мерам и мозгам кој што како прави и колку има да даде, јок.

    Плаќам сметки и сите останати трошоци, штедам колку што е опходно и во можност, во други работи што разглавувате не сакам да навлегувам.

    И за крај да, не знаеме кој каква мака си има, не судам бидејки секој си е со свој памет и гледишта, различни планови и слично,и само она не ми е јасно, само се жалат и кукаат како се нема и е тешко а машала сите возат колетини одат редовно по кафани и облеката им е јака страна, епа нема и јаре и паре.
    Ако сакаш ќе стиснеш од оваму од онаму, ќе рмбаш по странство, ќе се потиш, ќе работиш, ќе се мачиш, ќе бидеш упорен ако сакаш нешто, ако се сака ќе се најде некое чаре. Има опции ;).

    И ние можевме да рмбаме во конфекција и фабрика да седеме во една соба и да очекуваме од сите, па да глабиме и да кукаме како сите ни се криви и ни се мешаат, ама не, не го одбравме тој живот!
     
    Последна измена: 24 октомври 2015
    На bittersweet, danichap и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  18. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.960
    Допаѓања:
    219.340
    Пол:
    Женски
    И да заборавив само да напоменам дека со маж ми одамна сме вселени заедно, не сме од вчера.. животаревме, меревме, мозгавме и разглабувавме и на крај се решивме на оваа опција.
    Здравје само, се ќе ни дојде по ред, т.е тоа што го посеавме почнавме да го жнееме.
     
    На bittersweet, MilaP, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.071
    Допаѓања:
    76.945
    Пол:
    Женски
    Неможам да разберам некои работи.Зошто секогаш човек мора да лакоми за повеќе а не биде благодарен за тоа што му е дадено.Кога се омажив живеев во заедница па после некое време кога останав бремена отидовме под кирија за на крај да ни искочи шанса да земеме стамбен кредит без учество.Кога се вселивме станот беше празен,среќа имавме плакар и кревет па полека за неколку месеци се средивме а бевме со дентеце кое нема ни две години.Немавме никогаш помош од никој па никогаш не реков и не се карав и не солев памет дека некој е должен нешто да ни даде.Ем живеат во стан за кој не плаќаат ништо ем се бунат зошто не им бил даден поголемиот стан,знаи преку леб погача.Ние станов од 40 квадрати ќе го плаќаме 25 години сами,без никаква помош од некого.Сега сум со едно дете и бремена со второ па не сум се пожалила дека ми е многу мал станот и дека некој треба да ми даде повеќе за да се ширам и да имам комоција.Сега станов да не треба да го плаќам туку да ми го дал свекор ми макар и да има поголем празен стан нема да се бунам туку ќе бидам пресреќна и благодарна зашто ми заштедува 12000 денари за ратасекој месец.
    Затоа не барајте повеќе туку бидете благодарни со тоа што го имате зошто има луѓе кои живеат многу потешко па пак не се бунат.Сепак стан од 40 квадрати за кои не се плаќа ни денар е далеку подобро од кирија или стамбен кредит кој не се знае дали некогаш ќе биде исплатен.Никој не е должен ништо да ни дава...
     
    На kukla21 и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  20. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834
    Сешто прочитав, сешто изнакажавте, не знам веќе што може да се додаде. И двете страни сте во право, и за штедење и нештедење, секој си има поинаков пристап кон животот, поинакви приоритети, поинаку го резонира, поинакви сме самите ние, со различни карактети, ставови, поинаку се однесуваме, прифаќаме или неприфаќаме нештата. И сето тоа е во ред.
    Такви работи не треба да се мерат ниту осудуваат.

    Јас само кратко ќе кажам за себе.
    Не сметам дека е лошо некој мој да ми даде, да ми помогне, всушност не дека не сметам за лошо, туку и очекувам! Да, да, очекувам бидејќи е мојот најблизок, кој друг ако не најблиските, семејството?
    Ако се моите очекувања исполнат - арно, ако не, ќе барам друг начин. Ама да ќе ми е сеедно- нема да биде. Евентуално ќе преболам, ќе се снајдам, понатаму во животот очекувања ќе ми се намалат, бидејќи ако не ми мој најблизок излегол во пресрет кога можел, тогаш кој друг?

    И сум доживеала овакви разочарувања, ама никогаш не сум помислила дека ако мене не ми даделе и ако јас се мачив во животот, тогаш треба и другите. При здрав разум никогаш нема да излезам со тој став пред моите деца, ниту да помислам, недај Боже тоа да им го кажам.
    Ако мене ми помогнале, јас сакам и ќе помогнам дупло повеќе.
    Дај Боже да имам па и за внуците да имам да дадам!

    Подобро ми е да умрам со полно срце, отколку со полна глава, дека ете сум јас таа способна, самобендисана, со факултети, курсеви, надоградена, луксузирана (не дека сето тоа е лошо), ама отуѓена од сопствени деца и се што се однесува на нив.

    И јас би сакала моите деца кога ќе бидат полнолетни да се осамосталат, ама не ради себе, за јас да си уживам, туку ради нив самите, бидејќи тоа е подобро, поздраво за нив. И лесно е тоа да се направи во држава каде системот функционира за се, па тогаш да не правиме споредби со оваа квази држава. Здравје, надеж никогаш не губам, насоки за да не се стои во местото ми се основа во семејството. Да даде Бог и децата правилно да ги воспитам, да бидат работливи, ама секогаш да знаат дека на мене можат да се потпрат. Ох колку само тоа би сакала.
    Јас немав баш некоја поддршка, бев "бутната" така сама да се снаоѓам, мене не ми беше убаво, ете јас не сум способна ко некои од вас, ме направиле тие работи да сум понезависна да, ама ми донесоа и еден куп лични оштетувања со кои сеуште се справувам.
    И недај Боже никогаш, ама никогаш исто да постапам.

    Исто и јас мечтаам што ќе правам со мм кога децата ќе бидат големи, кај ќе одам и шетам, ама нема да можам тоа да го направам ниту да уживам ако знам дека нешто не им штима, дека не е се во ред.
     
    На bittersweet, Annath, m2m2m2 и 10 други им се допаѓа ова.