Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Криза со станбеното прашање

Дискусија во 'Брак' започната од hrizantema007, 29 август 2012.

  1. smajlii

    smajlii Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2014
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    Па баш дека штеди и дека е за поздрав тоа што го прави, затоа ја подржувам и не само нејзе туку и сите тие кои што на темава пишаа дека сами стекнале, реални да бидеме нема поубаво од тоа сам да си створиш и да си е твое. Сепак не ја познаваш @CameliaMiller и да ја знаеш нејзината животна приказна и низ што поминала во животот ама сепак се труди да тргне некој денар за утре да си имаат свое. Зашто да оди под кирија? За тука да биде компетентна да даде свое мислење? И јас не би си одела од дома се дур не се омажам како и 99% од луѓето што го прават кај нас, да не се лажеме тука по форуми ама многу мал дел се тие кои што си отишле под кирија сами а не биле во брак.
    Сакам да кажам дека сепак се труди, да се трудеа сите наши врсници колку нејзе ( бидејќи е помала од 27 затоа така пишав,јас имам 24) многу би било подобро, многу од моја генерација отидоа на work&travel и парите им отидоа на гардероба, нови телефони и слично. Она штеди за да има нешто свое и апсолутно ја подржувам пошто ако се сака се се може. Само прашањето е дали тоа ќе го направиш пред да створиш фамилија и ќе собереш повеќе бидејќи немаш деца или пак ќе створиш фамилија па ќе се решиш на тоа ( тоа е потешко ама не и невозможно) и најлесното ако не и најчесто да си чекаш..
    Така да затоа мојот совет до жената беше да си чека па може и ќе дочека поголем стан..
     
    На theowndemon и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  2. smajlii

    smajlii Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2014
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    Јас ништо не искоментирав ни кој што да јаде, но што да носи и немам ни намера да навлагам во нечива приватност, погово ако не побарал мое мислење. Жената си побара совет и доби повеќе, некои ја подржаа некои и кажаа дека треба да си биде благодарна и со тоа ( тука спаѓам и јас)
    За мене некој што ништо не створил и притоа тука ми кука за поише не само што ќе го осудувам туку и го рачунам за неспособен. Фала богу ако не и чини ете и ја мајка и,па нека ги стаи нив у дневна да спијат они у спална нека идат и така не може, МОЖЕ! Ама нее стално во вакви ситуации нивните не можат да дадат ама свекорот може!
    Во врска со искуството и годините може до некаде да си во право, но пак ќе кажам не знаеш секој низ што поминал во животот и секогаш викаат твоето најтешко ти се гледа.
    И јас сама си го плаќав факултетот, не барав од дома, од 8години сум без татко, од мала работам со мајка ми помагам, секој денар што сум го земала бил лично мој сработен и јас сум имала маки, кој немал? Мајка ми има проблеми со видот, скапи операции во странство, сум одела сум работела и кредит сум земала и одела така на операции, брат ми остана без работа а ние на сред реновирање, сум спиела на душек со месеци и демек јас за мои 24години немам ништо видено во животот и не сум компетентна да искоментирам пошто не сум поминала како некој, не е така..
    најдобрата другарка е без родители од 17години и тоа без стан и ников кров над глава, спиела кај мене со години леб сме делеле па ете сега се омажи и има свое на свои 24 години. Така да не секогаш годините се пресудни за тоа кој од кај поминал или од кај се враќа..
     
    На bittersweet, kukla21 и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  3. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    173.774
    @okcenzi ,bas mi e gajle sto si jadela i kolku si potrosila za istoto.Tvoj zivot - tvoi odluki.
    Tebe draga,vo retrovizor te gledam.
    :rofl:
     
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.839
    Допаѓања:
    267.061
    Мене друго не ми е јасно. На форумов има жени кои имаат 20год. И имаат деца и маж, а има и такви кои имаат 35 и немаат но деца ни маж. И што? Годините не го диктираат искуството или ситуациите во кои сме се нашле и начините на кои сме се справувале со проблемот.
     
    На crazylady, stela 34 и theowndemon им се допаѓа ова.
  5. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.450
    Допаѓања:
    96.608
    Луѓе не се изморивте да плеткате постојано едно те исто? Оставете секој нека си го раководи буџетот и животот според потребите и можностите и престанете да буричкате во сечија чинија, количка за пазарење, месечна плата и слични интимни работи. Свој леб се јаде, туѓо гајле се бере! Македонска простоќа!
    Некој со три крова над глава, некој со еден, некој со ниеден, ама аман оладете... вртите околу исти работи као киша око Крагујевца:^).
     
    На crazylady, Nova, Annath и 10 други им се допаѓа ова.
  6. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.959
    Допаѓања:
    219.317
    Пол:
    Женски
    :^)

    Да се надоврзам само, во ред е и дискусија и се, но сметам дека ги прејдовте границите околу туѓите есапи, навистина.
    Некој да не ви дошол дома да ви се тупне и да ви јаде од лебот, та му берите гајлето и му мерите што како од есапот.
    Совземете се малку.
     
    На tessie, Annath, duffi и 3 други им се допаѓа ова.
  7. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.938
    Пол:
    Женски
    Само уште да кажеме кој колку јаде не само што, зошто и така се штеди|(
     
  8. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.284
    Допаѓања:
    284.866
    Никој жар на меот не ни стави, секој сам си кажува.
    После кога човек ќе се надоврзе на тие мислења, бидејќи не станува збор за општ став, туку сопствено искуство, станува односно се сваќа се лично.
     
    На tessie, bittersweet, kukla21 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Dani ne baziraj se taka,slikame i po tugi masi,a za po wecinja,red se ceka koga odime na svadbi za vo toalet.I toa nikoj ne vrsi nuzda,site se slikame.Nude make up imame,pa da se vidi.

    Jas samo pominav,da procitam na koj kolku mu e "dlabok"djebot.(hollest)
    I ova ne e seir.Samo radoznalost.:rofl:
     
    На Annath, MilaP, Kaetana и 4 други им се допаѓа ова.
  10. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.959
    Допаѓања:
    219.317
    Пол:
    Женски
    Оуу веќе доволно прочитавме кој колку има, сега знаеме и бар мирно ќе спиеме нели, сетики по друго си е.. стига беше
     
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.562
    Допаѓања:
    166.724
    Пол:
    Женски
    Океј темата сериозно не знам од кој правец во кој забега... од последно ко пишав испадна дека саламата е луксуз (во тој случај брат ми треба да гладува зошто смао то јади јбг), и некои луѓе едноставно се зависни од цигари, можи две пакети на ден, можи една пакета на ден, можи една пакета три дена му трај ама ете мора да тргни со кафето цигара. Почнал некогаш и не секој можи да се откажи.
    Ја нападнавте феминката погоре зошто живеј со нејзините. Е бравос бе.
    Мислам ај странство да живеевме сосем сфаќав постовите кои после 18 децата ги оставаат сами, ама во Мк абе и да се обидат да ги остат еден месец ќе се вратат со неколку болести, слаби нерви и пак без скршен денар. Оти? Оти е МКД. Тоа шо го велите со децата сами да се снаоѓаат, да не зависат од никој, е сосем во право, ех колку би сакала да живеам така, во тој свет, ама Господ ме фрлил Македонија.
    Вервајте, сите сте во право. Сите до една сте во право само ете, се фаќате за ситници. Шодека некоја живела со родителите и штеди за да почни живот на свое? Шодека некоја има можност да купи стек за ручек денес, а утре мелено, а друга не? Се е релативно, никој не се исти. Колку се кријат за тоа што се, колку преувеличуваат тоа што се. Сум била во состојба дома да се јади работи од бавчата, месен леб и најосновно - кечап, јогурт и маргарин (мојот ручек можи цел месец од кечап да се состои, на брат ми од јогурт, е малце поскап ама јбг), а некогаш тато иди со шунка, кашкавал, мелено, една друга салама како и да се викаше со бибер шо е. Не е дека не планират добро, супер планират парите ко ќе има да се има цел месец подеднакво. Имало моменти кога мама не била на работа, кога платата касни пола месец, месец, два месеци. Тато релативно имаше стабилна плата и работа(од др месец официјално пензионер сега). Успеале со две деца да изградат куќаре во еден пуст дел од Битолава, вервајте ни куче не останва тука да живеј ама дома е. На училиште некогаш на рочно не земав пари да не ги трошам и 20 ден биле сосем доволни.
    Не е битно како јас сум живеела, друга феминка, па сосем друга. Воопшто. И шо, ти си претрпела повеќе од мене, јас повеќе од некоја друга и сега таа другата нема право да коментира зошто најмалце доживеала? Bullshit.
    Ако јас земам 10000 плата и 5000 да ги тргам настрана јас сум заштедила некој денар па макар и под мост да спијам и од контињер да се хранам. Небитно е каков живот живеам ако јас успевам да тргам некој денар настрана, ако успеам на крај нешто свое да спечалам.

    Се од овие страни читање шо ги напрајв и шо не сфаќам е како се напаѓате за баналности. Зошто? Зошто да не пружиме поддршка за некој кој успеал, м? Успеал поќе од нас? Па шо. Ете летово немав шанса да работам, другарка ми работеше. Таа има едно искуство плус за CV него мене, да плукам по неа сега зошто јас не успеав? Нема смисла.

    На сите вие кои успеавте, секоја чест.
    На сите кои мислите дека МКД можи лесно да се успеј - неможи. Вистина е дека овде неможи лесно да се успеј, овде нерви се фрлаат за да се успеј ама тој шо успева - секоја чест. Не е за осуда, за восхит е.

    <3
     
    На MilaP, Nausicaa, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Тоа ми е поентата на муабетот, да не ти е гајле дали некој јаде салама или стек и да не му кажуваш дека за да штеди може да јаде и маргарин.
    Намести го ретровизорот, зошто не гледаш кај возиш
    :rofl:

    @Offspring Не знам зошто се пронајде во мојот пост. Јас навистина не штедам, си живеам одлично, но не значи дека не знам што е да се нема. Знам многу добро. И јас некогаш сум немала ни за кифла во школо и сум носела туѓи патики.
    Муабетот ми беше на темава се мешаат баби и жаби и секој се дрзнува да даде совет како другиот треба да живее и како да штеди, а ни сами не успеваат. Се спосмена и на мајка на две деца, дека кревала нозе на 35+ год и имала две деца и дека тоа и е грешка. Па почна да се споменува кој колку и што да јаде, а јас само пишав колку е дневен трошок за храна за НАЈОСНОВНОТО и тоа секогаш кога зборувам давам свој пример, за да никој не биде навреден. Штета што мојот пост некој го сфати како фалба а некој како совет што треба да се јаде. Ахх. За тоа реков ние сме таков народ, што ако еден нема, посакува и другиот да нема. Еден ако се мачел, треба и друг да се мачи. Искрено јас на ниена средношколка не и го посакувам тоа што јас сум го поминала во тие години. Дај Боже сите да имаат.
     
    На kjukli, fairy88, mami blue и 2 други им се допаѓа ова.
  13. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.280
    Пол:
    Женски
    И јас реков така, ме нападнаа, ме исмеаа и ќе ме кандидирале сега за претседател (facepalm) Не му посакувај добро на друг на форумов, ќе те направат лудача... ако не планираш да им брцнеш во џебот или да ги ругаш луѓето колку се неспособни, ич не дискутирај... па да посакаш сите да имаат... немој, одма ретардирана ќе те направат.
     
    На MilaP, m2m2m2, kjukli и 2 други им се допаѓа ова.
  14. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Се претера тука 100%. Ги извртевте зборовите на Камелија. Кој од вас, додека беше дома кај родителите штедеше? Јас ја поздравувам Камелија која место да ги спичка сите пари кои ги има да се "луксузира" таа штеди за стан! Кој од вас работеше додека студираше? Со самото тоа што не ги оптеретуваш родителите со трошоци за облека, шминка, козметика е големо растеретување. Јас почнав со 9000 мкд и денар не барав од моите дома. Купував јадење. Знам и дека еднаш плата ми каснеше и пешки одев на работа, а на мајка ми и плачев на телефон затоа што немав пари да купам јадење, а бев гладна. Татко ми дојде и ми донесе макарони. А девојчево вика од се се откажала и вие ја нападнавте. Не грешете душа.
    Дискусијата почна од неблагодарна феминка која имала отскочна даска во животот (40м2). Ете и таа да штедела како Камелија ќе имала некој денар плус, а не да чека од свекорот, од мајка и...
     
    На theowndemon, bittersweet, crimson и 8 други им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.839
    Допаѓања:
    267.061
    Кукла, пред пак да почнат постовите за Авон итн. да потенцирам дека последниве 6-7 месеци до година се “опуштивме“. Да, сега можам некој период да “уживам“, зошто собравме пари, се чека на формалности за станбен кредит.
    И после пак на штедење, се нема за специјализација.
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.605
    Пол:
    Женски
    Ве читам за некои работи и од една страна мора да пишам, оти на душа ми е.

    Сите вие жени, што си тргате од лебот за да се борите за своите идеали - дали биле стан, дете, кола, самостојност, патување, што и да е, Ве поздравувам!

    Критиката од мене паѓа на сите вие кои чекате од Ојле Дојле, само затоа што такви сме ние тука во поднебјето, правиме втор спрат за нашите идни деца да живеат во него, чекаме од мајка, свекрва стан, деца да ни гледаат, или чекаме од нив затоа што на Петра свекрва ѝ ѝ даде стан, а при тоа сте работоспособни и не знаете за усул.

    Аирлија на тие кои родителите имале и им дале. Сигурно да имаат нашите стан нема да сме под кирија. Ама да седам, работоспособна, со магистратура, и да барам од нив, не е фер.

    Дискусијата паѓа и на моментот за ограничувањата што ни ги нуди земјава. Од јутра до сутра бев на терен, на работа, нит сабота нит недела видов, нит празник нит делник знаев што е. На крај за што? За ништо.

    И ако сакате, ругајте ме слободно, ама јас сум од оние безобразни луѓе кои сакаат да одат на Малдиви, на Сејшели, во Сао Паоло и сл. Еднаш живеам на земјава. Лошо ли е што сакам да направам нешто плус?
    Лошо ли е што сакам да истерам што поквалитетен живот? И за нас па и за нашето дете (во иднина и деца)?

    Јас не сум од оние што ќе се помири со тоа - така се живее, така е кај нас, сиромаштија и сл. Е нема бе. Учев, се трудев и има да го искористам тоа во мој бенефит.

    ... и ќе јадам салама секој ден.
     
    На <3 pleza4e <3, Trnche, Antebellum и 17 други им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.839
    Допаѓања:
    267.061
    Каетана, сосема се согласувам тука со тебе. Премногу сите се фативте со глупата салама. Овошјето е скапо и за многумина луксуз :) Да, и јас сево ова погоре го сакам и се трудам најмногу што можам да си го остварам. Ама знаеш како - one step at a time. Кога се запишував на факултет, веќе знаев дека нема да можам да седам цел живот во едно место, и да крпам месец за месец. Знаев и дека нема кој да ми подари живеалиште. Исто како Витамина, седнавме и ги одредивме приоритетите. И затоа пак ќе кажам, многу е полесно да се жртвуваш кога немаш деца. Не сакам утре да немам за детето и да не види море додрка само не заработи. Не сакам да кубурам за пелени. И сакам секој ден, не салама, овошје да јаде.
    И да, сакам и на Малдиви да одам, дај боже да продолжиме само вака, нема да ми бидат неостварливи.
     
    На theowndemon, MilaP, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.839
    Допаѓања:
    267.061
    Не можам да редактирам, затоа пишувам ново мислење.
    @Kaetana, еве двете сакаме да го живееме животот, а патувањата и слично, коштаат доста.
    Е сега, замисли имаме 2 деца.
    И два стана.

    Кој прв се жени/мажи, ете има потреба, му го даваме едниот стан.
    Вториот се жени/мажи, нема каде, па ај со нас.

    И ти читаш на Фемина, онаа свекрва ми, цел живот по одмори оди, со тие пари бар уште еден стан да купеше...

    И крива си или не во тој случај? Значи цел живот работиш, и на крај крива си ако си купиш некое убаво парче облека или појдеш на убав одмор. Зошто нели, треба за сите станови по мерка да спечалиш :)

    Не е во ред обвинувањето на ВладеМила од тој аспект. Добила кров над глава, каков-таков. Не плаќала кирии како тебе, не делела од уста како мене, не живее сама во друга земја како други, мажот не и е по патишта со месеци како на некои други, не оди во исто WC со свекрвата, золвата, деверот и јатрвата, како многу други.

    И затоа не знае да ги цени тие 40 квадрати.
     
    На theowndemon, bittersweet, MilaP и 2 други им се допаѓа ова.
  19. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.586
    Допаѓања:
    35.013
    Пол:
    Женски
    Никој не ја нападна @CameliaMiller за штедењето. Напротив, она ги нападна т.е изруга сите коишто ја немале таа среќа или желба, што и да е, да можат да штедат, притоа незнаејќи ја нивната ситуација.
    Супер е штедењето, дури и некој совет исто така е добредојден, ама девојчево претерува и напнува на сите теми. Самата настапува со ставот (барем јас така ја доживувам) “јас сум најдобра и се знам”, а е само една од многумината во нашава држава. Се согласувам дека има и такви коишто не се замараат со штедење, ама има и многу како Камелија. И за едните и за другите има место под ова сонце. Секој ќе си го најде својот крај. Не сите имаат исти очекувања од животот и глупаво е според сопствените ставови, можности и очекувања да ги оценуваме другите.
     
    На duffi, okcenzi и andromedae им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.839
    Допаѓања:
    267.061
    Не знам се, драга Ана, ама и во мојот реален живот, надвор од форумите, се среќавам со луѓе - моја генерација, кои во некои случаеви имаат подобри појдовни точки од мојата, ама цел свет им е крив што немаат. И тие зборуваат, се жалат... и уште ми викаат мене - леле, алал да ти е, имаш ова, или она.
    Да, се нервирам ужасно, зошто истите тие кога јас седев дома и не излегував, беа чекирани во сите дискотеки, беа на “бранч“, носеа облека со вртоглави цени, одеа на одмори и не мислеа што ќе биде кога еден ден ќе имаат желба да “пораснат“. Некои од нив до ден денес немаат ден стаж, зашто им е испод чест да работат ова или она, не им чини тука, не им чини надвор... епа извини Ана, ама што да кажам за нив? Кутрите, колку тешка судбина имаат?

    Да расчистиме една работа, никој од вас приватно не познавам и како и сите, зборувам за искуствата во реалниот живот. И тоа што го пишувам се заснова на она што е тука кажано.
    Јас не и реков на ВладеМила - лелеее, како живееш во 40 квадрати, срам да ти е, немаш место за децата.
    Кој какви сака очекувања нека има, тоа не ме интересира.

    Ама нека не ми кажуваат дека е нешто невозможно. Се е возможно, само да сакаш и да бидеш упорен треба, и да си одредиш приоритети.
    И ако ти пречат моите мислења, можеш да ме ставиш на ignore, верувам така нема да ти се појавувам во “сите теми“.

    И да, среќа е да добиеш на наградна игра.
    Среќа е да ти подари некој нешто.
    Среќа не е да си го испотиш газот работејќи за некоја далечна цел.