Твојот проблем девојче е што се оптоваруваш со туѓите животи. Што ти е гајле кој и како прави бре?! Гледај си го животот. Ццццц... Ти реков и вчера ,имаш многу слободно време очигледно. Земи фати некоја работа плус, така побргу до Малдивите ќе стасаш Инаку ти благодарам за сугестијата околу игнор. Како јас не се сетив на тоа, се прашувам Што ти значи интелегенција
Ана, можеш да си го послушаш сопствениот совет, ете што ти е гајле тебе за моето слободно време? Што ти е гајле како ќе стигнам до Малдивите, бе? Што се однесува до сугестијата, не е никаков проблем, во секое време. И интелигенција, се пишува со и. @alisijad тоа и сама го кажав Ништо не е сигурно. Може утре трагедија да ме снајде, па да останам со прст во уста. Ама не е тоа причина да не се занимавам со иднината, туку само со сегашноста. Вие сте добиле стан, имале и ви дале, се е тоа во ред, и јас да имам ќе прифатам Многумина работат, не го оспорувам тоа, ама очекуваат тие се да трошат на себе, а некој друг да им мисли на битните работи во животот. Помошта од родителите е добредојдена, но не и задолжителна. И околу тоа е цела дискусија...
добро, не си единствената што сиработела додека си студирала. Имам многу другарки кои работеа, работев и јас Во млечен ресторан каде што се беше на мене, и да мијам садови и да метам дуќан , и да служам муштерии , не ми беше воопшто лесно. Во мегувреме држев и часови на деца. Саат ипол до два саати за 150 денари толку им наплаќав зашто немав сеуште дипломирано. Штета што сите пари ми отидоа за лекарски прегледи и лекови зашто животот не ме поштеди од таа страна, па така се што заработував ми одеше на тоа. Многу малку заштедив за свадбата која престоеше, ете не заштедив за стан да купам и не ми е срам за тоа. МОже и врснички сме со годините, и јас завршив факултет, работев нажалост не по струка, го средивме домот со мм , ама живееме во стан кој ми го дадоа моите, кој иначе ќе зјаеше празен. И сум им премногу благодарна за тоа иако е мал мене ми е доволен. Сега и да сакам да заштедам нешто не можам зашто сите пари ни одат на лечење стерилитет. И салами кашкавали за мене нездрава храна не јадам, јадеме секој ден зготвено , па пак не стига и не останува ништо на страна.
Незнам колку напиња Камелија по др теми, сум ја примтила само кај свекрвите, ама тука има поента. Место да се жалиш, има начин да успееш.
Абе луѓе што се карате. Камелија се е тоа убаво што штедиш и што имаш планови, ама утре не се знае што и како ќе биде. Јас кога почнав да работам на 21 година многу штедев од првите плати во случај ако останам без работа да не бидам на терет на моите. По 6 месеци ме отпуштија, па имав здравствен проблем и најдов работа каде што рмбав од утро до мрак и ме извисија и мене и другите вработени. Така заштедата ми отиде и при следното наоѓање работа од дома ми даваа за пат, па им ги вратив кога земав плата. Кој како сака нека живее. Јас лично не оправдувам големо аздисување и на крај да немаш за детето стан, куќа, а си имала мижности. Еве колешка на работа на 50 години се живо продаде и кредит зема за да купи поголем стан. Не стан за син и туку 3 собен стан за сите заедно да живеат и сега се исмева со други колешки помлади кои имаат деца од8 години, а нејзиниот син 26 демек е многу успешна и купила стан. Да ама на кредит, а да штедела со добрите плати кои ги имале сега син и сам ќе живееше во 3 собен стан. Треба да се штеди, ама не летајте со умот дека се по ваше ќе биде. Ретко испаѓа како што планираме.
Чисто да ти реплицирам во теоретскава состојба. Може ќе звучам безвезе, ама кај мене нема кој прв се мажи добива ова, а кој втор она. Моите деца ќе добијат подеднакво сѐ. Јас сум така воспитана. Што имало за мене, имало и за сестра ми. Ако некој не се мажи воопшто нема право да добие стан? Или тој втор што се мажи ги добива старите од мажот на приземјето? Бидејќи и така сум слушнала муабет. Првото дете добива спрат горе, второто долу ги гледа старите. Ноу тенкс. Се знае. Децата ми се приоритет. Двете. Трите. Четирите. Едново... Колку и да се. И нормално, се почнува со есенцијалното - образование, за не дај боже (сѐ се случува во животов) да можат сами да се снајдат. Па после сѐ што можам друго. Кај мене среќата е комплексна функција составена и од материјално но и од духовно. Има една точка на прелом, која ако ја поминеш си 'рмбал а ништо не си проживеал. А ако останеш па на дното и не се искачиш, си животарел без соништа. Затоа велам, треба да се штеди, но и треба да се живее во меѓувреме. Налет на животот ако само се животари.
Не звучиш ич без везе, сосема се согласувам, примерот беше даден како чест случај, а не како нешто што го поддржувам или мислам дека е исправно. Само не знам каде не се согласивме, читајќи те по други теми добив впечаток дека не си кукач.. Напротив
Се сложувам. Да се штеди ама умерено, не да биде тоа опседнатост. Парите треба правилно да се распоредуваат, да не се расфрла човек ама не и да биде оскуден за се.
Стоп, ве молам, не се карајте, нема веќе потреба од штедење и расправање. Има идеален начин без штедење - пари да имате, според порталиве наши. Само извадете го новчаникот на полна месечина и велете 'НАПОЛНИ ГО', и ОП полн новчаник и за саламче и за кашкавалче Ајде, малку ведрина во темава, доста е негативности PS, побрзо, дури има надвор полна месечина, кога ќе се скрие, не фаќал марифетот
За поголемо добро нека не се плашат снаите и во плакарот кај свеки да зирнат. Спонтано додека бараат елече, може на штедна да налетаат
^А замисли па на крај да им испадне плакарот наполнет со 10тина елечиња, ем волкот сит, ем овците на број.... Таманка за цела фамилија.
Мене промаата да не ме фане јас не отварам прозорец. Ќе треба па со елече да седам така, да буричкам да барам по плакари.
Кај ти текна мори окцензи, се изнасмеав. Камелија да не ни се лути. Вака-така, смислата за хумор си ја имаме битно... Ја еве сега ќе се гушнам со штедната, тоа е, сите со дечковците, јас на другата страна на светот, еееееееее, нема и паре и јаре. Ама како грее, море у душата топло ми иде мислам.
Да де „ ако треба да бирате помеѓу милион долари и љубовта на вашиот живот, што ке си купите со парите?“ Зш да се љути камелија? И дадов совет да не и го украде некоја чавка милиончето, па да го потроши за просо и црви.
Како бе да се лутам, видиш корисни совети се тоа. Со врвче има сега да го врзам бе, и мачоров ќе го ставам стража да чува Гушкај се со штедната, кога кркорат црева дечкото може само како храна да послужи Не се лутам бе. Него како беше муабетот - со пари не се купува среќа, ама полесно е да плачеш во ферари...