Криза со станбеното прашање

Дискусија во 'Брак' започната од hrizantema007, 29 август 2012.

  1. Stefaani

    Stefaani Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    278
    гледам овде дел ја напаѓате дел ја браните
    еве вака хризантема
    моите седеа под кирја 20 години (и јас нормално) тато земаше плата 30 000 + - нешто. е сега за тие 20 години не успеаа да тргнат пари за стан дури ни еднособен. зошто? не оти се недомаќини и оти не мислеле дали утре јас и сестра ми има кај да седиме туку оти не е така лесно и едноставно да собериш пари за стан. 30 000 не се малку ама кога тие ти се единствени не се ни многу. изгледаа и пораснаа 2 ќерки на кои им плаќаа школување, облека, екскурзии, храна, факултети и ред други работи. и згора на се плаќаа и кирија. + и мама работеше одреден период и пак не собраа а сепак не е од шо не се домаќини. да не ни оставеа баба и дедо дел од куќата ние сеуште ќе седевме под кирија и тешко дека ќе можевме да си купиме стан/куќа. не суди по другите кога не знаеш. јас не ги знам луѓето само ти кажувам нашата ситуација каква е.
    а и нешто мн важно прочитав во еден пост седеле на сметка на државата така нешто а на чија сметка да седат? нели државата е таа која треба да им обезбеди на луѓето? демек тие штетници на државава ја осиромашија зошто имаа покрив над глава? :x
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  2. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.328
    Допаѓања:
    1.162
    А од каде мислиш дека државата има пари?
    Од даноците на македонците што работат. Државата требало да им обезбеди на луѓето!!! Ај ти работи секој ден по 10 саати плаќај даноци како и секој примерен граѓанин, плаќај кредит или кирија редовно секој месец а на комшиите државата нека им обезбеди? Абе Стефани живееме во капиталистичко опптество. Југославија се распадна одамна, колку побрзо луѓето го сфатат тоа подобро ќе биде за сите.
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Stefaani

    Stefaani Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    278
    сесилија еве го муабетот
    Штом станот бил државна сопственост, и неговите родители си живееле гага таму цел живот, без ни малку срам од општеството и од социјално загрозените лица - јасно ми е.
    значи да парите идат од даноците но сигурно и неговите родители биле вработени така? и + кога веќе добиле стан од државата на било кој начин зошто да не го користат тоа право? кој од нас се загрижил за друг? ајде сега ти ако имаш 2 стана еден дај му на социјално загрозените. м? им бил доделен и си го користеле дали плаќале не плаќале нивно право т.е дали имале да платат или не, дали ја искористиле шансата да купат стан на рати или не. а не тоа дека државата треба да ни подели станови на тие што не ни се работи. а и денес е времево снајди се па живеј. ти можи плаќаш сметки ама има и мн што не плаќаат и ред други дупки во законот што не важат за комшиите така? испрај ме ако грешам
     
  4. mona22

    mona22 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    673
    Допаѓања:
    1.853
    темата е малку застарена па ајде да ја обновам и да ми дадете совет секако. Се омажив пред 1 недела веднаш дојдов кај сопругот да живеам бидејки тоа одамна го посакувавме заедно да си бидеме во се. Значи живеат односно сега веке и јас под КИРИЈА односно што велат моите какви се тие домакини што 30 години во брак да немаат една цигла до друга ставено. Живееме во 2 соби значи 5 души уште некој месец и бебе ке имаме.сега незнам како да му кажам на сопругот дека сакам да заминеме под кирија и тоа под итно не дека нешто ми имаат згрешено неговите ама ете јас сум навикната да живеам во 100 квадрати порано така живеев. Друг проблем ми е золвата она скоро секој ден вика по дома за се и сешто се не и е погодено особено кога се спрема за излегување има 28 год и стално ми зема или алишта или некој средства за лична хигиена а јас не сум навикната секој ден нешто да ми бара а никаде не работи. Значи барам да ми кажете како на мирен начин да му кажам на сопругот дека сакам да заминеме а живееме во мал град и тука кирија за еден стан е 50 евра што тоа можеме да го дозволиме работиме двајцата и плус моите ке ни помагаат во се бидејки се мокни
     
  5. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.774
    Допаѓања:
    25.250
    Пол:
    Женски
    Обавезно да одите под кирија. Ако останете да живеете со неговите, ќе имате проблеми. Золва ти уште сега изиграва газдарица. Кога ќе бидете сами, нема да го имаш тој проблем. Разговарај со маж ти насамо за ова. Штом можете да си дозволите да бидете под кирија, ич да не му ја мислиш. Нема цена за мирот што ќе го имаш дома.
     
  6. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.066
    срцка ја живам во 2 соби + собичка во подрум со свекор свекрва,девер јатрва 2 деца, и сега јас чека прво. слога немаме никаква. јатрвами е омилена, ја сум тука земена ко слуга, сега ко сум бремена ко не работам не им чинам и слушам сешто му зборат на маж ми против мене. и јас се мислам за под кирија, и тоа верувај е единствено решение.
     
  7. VladeMila

    VladeMila Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    8.511
    Пол:
    Женски
    ajde sega i mene eden sovet da mi dadete
    ziveam vo garsonjera okolu 40kvadrati,jas mm i 2 malecki decinja,da ne recam bebinja.znaci edna soba i tuka e se i kujna i kupatilo,e sega svekorot i zolvata(razvedena so 1 dete i 49god-nevrabotena) ziveat vo 100kvadrati stan,a baska kupija pred 3god dr stan okolu 60kvadrati kao za zolvata,ama taa neke ni da cue,inace familijata ima licni problemi duri i jas ne im gi znam site,mm ne zbori so zolvata skoro 20god,a e 5god pomal od nea,so svekorot ne se slaga,a zolvata so svekrvata(sega veke pokojna)se iskaraa i svekrvata si zamina da sedi vo toj 60kvadr stan(ej kerkata si ja izbrka majkata)..
    kerka mi e konfliktna licnost taka vikase svekrvami,iako oni i deteto i go porasnaa,jas go naogam tuka kriv svekor mi,sega toj stan e prazen osven eden krevet i kujna za da mozese svekrvami da zivee.
    znaci sega se guzvame,a svekor mi nisto ne vika-odete deca tamu,a sto e najtragicno i mm ne go prasuva ne mu vika zosto sega ne saka da go nervira,pocnuva da mu se kacuva pritisokot i ne mu e dobro od koga pocina svekrvata,jas nekolku pati mu rekov i koga bese toj stan prazen on odma mi ja prefrla topkata: tvoite sto ke ti dadat,pa tebe treba poveke da ti prepisat,ti ke gi gledas(imam sestra vo dr.grad),a ako se moite po 60god,a tatko mu 85,
    na svekorot mu e omilena zolvata,mm kako da ne mu e sin.a ako se sto treba trca mm,a zolvata ne mrdnuva so prst,ni jadenje ne mu pravi,niti go pere,se gledame skoro sekoj den so svekorot i obavezno mu prakam plasticno so rucek sto go imam,nosi nekogas za perenje,ej zivee so kerka koja ne go tintara i na koja i go gleda deteto,a mm go ostava taka so nervozi,duri mislam deka svekorot ima uplav od nea,samo se raspravale po doma sekoj den so vikanje,taka mi kazuvase svekrvata,jas tamu ne idev,posto i mm ne odese tamu,i taka da jas i zolvata ne ja poznavam..vnuceto na mm 2-3 pati go imaat starite doneseno kaj nas( so nejzina dozvola),i posle ne davala da go nosat-pojma nemam zosto----znaci mnogu nerascisteni familijarni problemi.
    ve molam za sovet..
     
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    5.762
    Допаѓања:
    96.338
    Значи главното е -ти го сакаш тој стан, а останатото се причини според кои ти мислиш дека треба да го добиете. Свекорот твој и ќерка му очигледно си се приказна сама за себе. Дали се расправале секојден или не, заедно се, и тој ако бил во состојба жена му да си ја избрка во друг стан за ќерката, можеш да замислиш колку ќе му е гајле за тебе и за твоите повремени канчиња со јадење што му ги праќаш.
    А и кажуваш дека не одите таму, 20 години маж ти не зборува со сестра му, како знаеш ти како им е, си слушнала недослушнала и тоа е тоа.
    Ти можеш само да го прашаш маж ти дали би прашал за станот, да пробаш да го убедиш бар да разговара, ок, зошто да не ако им е вишок на некој начин, но се останато е на него. Ако тој мисли дека не треба ништо од нив да бара или не знам од која причина не сака да праша за станот, негово си е. Веројатно добро ги познава и знае добро што може од нив да добие а што не.
     
    На Antebellum, crimson, tessie и 8 други им се допаѓа ова.
  9. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    1.954
    Допаѓања:
    30.777
    Пол:
    Женски
    А тој стан на золвата го издаваат ли под кирија? Ако го издава таа под кирија пошто не работи можеби со тие пари го тера месецот колку толку? Претпоставувам идејата ти е да го земете тој стан или евентуално големиот од 100 квадрати за што не знам како би го извеле кога тој си е на свекорот а помалиот на золвата.И да постигнете договор со свекорот ете некако да се смените со становите бидејки тој е еден човек а вие четворица не знам колку би успеале во таа идеја бидејки золвата си живее со него најверојатно бидејки нејке да биде сама штом е разведена а во еднособен стан не би се сложила да живее со татко и со дете. Од друга страна пак ке кажам ако го дава под кирија нејзиниот стан ,кириите за поголемите станови се поголеми од кириите за помалите па не и се исплати да го замени за вашиот. Мој совет е да го продадете малиот стан кај што живеете и парите да ги уплатите за учество за друг поголем стан и остатот на рати да си го исплакате преку кредит или како и да е . Како што кажуваш самите семејни односи на сопругот со неговата фамилија не се најдобри така да не верувам дека така лесно некој ке ви даде еден тие поголеми станови како што претпоставувам ти е идејата.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  10. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.150
    Допаѓања:
    20.744
    Пол:
    Женски
    Eee па не се отстапува така лесно стан. Ако влезете вие тешко дека некогаш ќе го напуштите. А таму има уште едно внуче, можеби дедото за него го чува. Нели он го израснал тоа дете, сигурно е премногу за него врзан. Башка разведени родителите, си вика бар кров над глава ќе му дадам. Ова е само моја претпоставка. Мојата баба станот го чува за братучетка ми, иако има уште пет внуци, ама ете таа и таа. Или ако го издаваа, си заработуваат. На крај краева маж ти е во право, немаш право да им се мешаш.
    Многу лоша политика ти е да чекаш без разлика дали од твоите или неговите. Поарно направи друга комбинација. продај го овој па купи подалеку од центарот поголем,поевтни се. Или со некој кредит. Вака животот ќе ти пројде во чекање и децата така ќе ти пораснат.
     
    На tessie, stefanija70, imelda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.824
    Допаѓања:
    195.153
    Пол:
    Женски
    @VladeMila убаво ти кажаа жените погоре.
    Јас разбирам дека е тешко да се живее во гарсоњера со 4 члено семејство, но жено, зошто не ги завземете вашите проблеми со маж ти во свои раце и зошто не се обидете да најдете некое решение околу стамбеното прашање вие самите туку ги мешате сите останати околу вас и очекувате да бидете дарени од некому?!

    Навистина е лошо кога седиме и очекуваме нешто од некого а поготово тоа нешто е стамбено прашање, само едно да запомтиш дека никој не ти е должен да ти дава на готово па и сопствениот родител. Нема зошто да замеруваш да се прашуваш и да се чудиш, очигледно тие тројца си имаат лични проблеми што ете и одговорот од твоите прашања наменети на маж ти го кажуваат сето тоа. Најверојатно маж ти не сака да се меша таму за ваше добро бидејки очигледно и тој е свесен каква е работата и си има свои причини за таквото размислување.

    Не смееш да очекуваш од било кого, макар и тој некого да има 2 3 или 5 стана, можеби е родител да, но треба да имаш на ум дека најверојатно и тие си имаат планови и замисли, и најверојатно маки и дискусии со мажот ти, не е обврска ниту моралност сопствениот родител да помага онаму каде што двајца возрасни се во брак со оформено смејство, но секако е пожелно. Но не секој родител постапува онака како што нивните деца замислуваат и очекуваат.
     
    На CameliaMiller и imelda им се допаѓа ова.
  12. VladeMila

    VladeMila Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    8.511
    Пол:
    Женски
    znaci site 3 stana se vodat na svekor mi,nemaat ni zolvata ni mazmi stanovi,jas ne baram nisto,megutoa gleda i svekorot kako se guzvame,a gleda i mm i nisto ne prezimaat,inace stanot ne go davaat pod kirija,neznam zosto valjda zosto go renoviraa pa ne sakaa kiradjii da im go krsat,znaci mm pred da se zememe zborel so negovite,nego da mu go dadat 100kvad stanot,a za zolvata da ostanat drugite 2,ama nisto od toa,e zolvata go sakala 100kvd i garsonjerata,e sega ne e ferski,i nie imame 2 deca,i iako rabotime od kade da znam deka utre nema da ostaneme bez rabota,a inaku zolvata by the way neke da raboti,posto ne i se dopagale kolegite i nemozela da gi podnese i zatoa napustila rab iako prethodno ja izbrkale pa se tuzese ja vratija i posle sledi toa deka nekela da gi gleda kolegite,seto ova go znam od svekrvata sto mi kazuvase,a so nea si ziveev ubavo iako ne ziveevme zaedno..pod ist pokriv,
    Inace zosto taka razmisluvate ako znaci se ima da se dade zosto da ne,i 2 mu se deca na svekorot,nemoze samo za edniot da gleda,a pri toa toj ni so prst ne mrdnuva za nego,a ovoj dr.neka pati.ne ide toa taka,barem jas taka mislam
     
    Последна измена: 15 октомври 2015
  13. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    1.954
    Допаѓања:
    30.777
    Пол:
    Женски
    @VladeMila а ти од од твоите зошто не побараш стан,зошто да мора свекорот да ти даде ? Гледа дека се туткате ама ете нејке да ви даде.Негови си се он ке си одлучи дали и на кого да ги даде .Велиш ги реновирале па нормално дека реновиран стан нема никој да ти даде на готово да си идеш таму . Не те разбирам стварно. Праиш есап за нешто што не е твое . Ти реков продај го малиот стан и купете поголем . На никој ништо не му е сигурно не викам не , ама затоа се вика пресметан ризик барем утре тоа твое ке биде. Многу убаво сте се научиле преку леб погача да чекате од други станови од небо да ви пагаат.Па крај краева и овој колкав - толкав на поклон ви го дале. Нејкеш да си кратиш од некои работи и кредити за станови да плакаш епа тогаш седи во 40 квадрати. И другите се свесни дека можат да останат утре без работа ама ете зимаат кредити за станови не чекаат од некој друг. Золвата зошто не работи не е твој проблем и предмет за размислување.Нит ти е дома нит ја раниш па да го коментираш нејзиниот начин на живот и одлугите кои ги носи.Или мака ти е зошто она има повеке од тебе и живее во голем стан а ти се туткаш во мал?
     
    На kukla21, tessie, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
  14. VladeMila

    VladeMila Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    8.511
    Пол:
    Женски
    znaci stanot ne e na zolvata,nemaat nisto ni ona ni mm,site 3 stana se vodat na svekorot,neli treba da si gi sredi rabotite,pa 85gog e covekot,koga ima zosto da ne podeli,a baska ne gleda zguzvani spieme site 4,aj bebevo vo krevetce..
     
    На cresa-jagoda и okcenzi им се допаѓа ова.
  15. VladeMila

    VladeMila Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    8.511
    Пол:
    Женски
    znaci pogresno me svativte,koj stan da go prodadam koga i ovoj kaj sto sedam ne e na mm,niti pa na poklon mu e daden,moite sekako deka ke mi dadat ,megutoa vo momentov ne mozat,a vamu ima stan prazen,a inako koj krediti da gi plakam,koga zemame mali plati,a pritoa za nisto ne sme pobarale od nikogo da ni pomognat,ni denar.
    a zosto da ne sedime vo renoviraniot stan koga i mm dal nekoj dinar sto go zastedil,a vamu ne mu se priznava,iako e zrtva za tatko mu,a kerka mu muva ne ja lazi,
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    1.954
    Допаѓања:
    30.777
    Пол:
    Женски
    @VladeMila старите многу ретко отстапуваат недвижност (станови) за време на живот од пусти страв да не останат на улица. Без разлика дали има 54 или 84 години негов си е тој стан и неможеш ти да му се мешаш и да му кажуваш како да постапува со својот недвижен имот.Кога ке имаш ти твој стан со него ке располагаш како што сакаш и кога сакаш.И сама кажуваш дека со маж ти не е во најдобри односи утре може и без овој од 40 квадрати да останете ако се испокараат уште толку.Можеби ради тоа маж ти кути и не му бара повеке . И пак ке кажам живот на золвата не е твој предмет на размислување дали ја лази или не ја лази мува и како се однесува со татко и.
     
    На Antebellum, kukla21, tessie и 8 други им се допаѓа ова.
  17. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    12.044
    Пол:
    Женски
    @VladeMila , те разбирам до некаде која ти е поентата и дека треба да се дели подеднакво на двете деца, ама за жал такви примери каде што едно дете добива се а друго - шипак, знам еден куп. Не е фер, ама така функционира. Очигледно си имаат семејни проблеми, уште кога золва ти мајка и ја избрка од дома, за вас пак не ни очекувам да и е гајле.
    Знам кажа дека и да градите кај твоите куќа татко ти е незгоден и не сакаш.
    Мора некако да си договорите дома решение, не чекајте од другити, оти само нерви ќе искинете. Или кирија, или кредитче нешто. Или ако се договорите со твоите во дворот нешто, ама да се осигурате татко ти да не ви прави проблеми. Тоа е тоа... имате проблеми со семејството, не ви е лесно.
     
    На kjukli, kukla21, VladeMila и 3 други им се допаѓа ова.
  18. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    3.800
    @VladeMila треба да сфатиш и разбереш дека сопственикот целосно располага со сопственоста. Постојат и такви луѓе, такви карактери, кои не мислат дека треба да подарат цел стан на било кого, па ни на сопствените деца. Тоа што сите станови се сеуште на името на свекорот, кажува доволно.
    Јас овие луѓе, многу добро ги разбирам. Одат по логиката дека тие станови (најверојатно) не паднале од небо, а мали се шансите да ги наследиле од нивните родители. Па, штом можел тој, би требало да можете и вие. Не дека е така лесно, но, ако не најдете начин да купите ваш стан, слободно можам да кажам дека овие станови ќе ги добиете единствено како наследство.

    На вас, како млад брачен пар, ви бил даден стан за живеење од 40 квадрати. Поддршка сте добиле и како за почеток и за двајца е да речеме, доволно. Значи ситуацијата не е ново- настаната, па сега да се чудите што ве снашло. Кога сте виделе како стојат работите, дека живеете како под кирија, зошто самите не сте нашле некоја алтернатива? Добивам впечаток дека очекувате милостина од свекорот, бидејќи сте четворица дома и се гужвате.
     
    На eloves, tessie, CameliaMiller и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    6.078
    Допаѓања:
    76.171
    Како бе свекор ти 84 години, а вие млади со дечиња бебиња? На колку години добил син, на 50-60? Ај нвм.

    Становите се на свекор ти, си ги спечалил како знаел, ви дал за почеток гарсоњера, нешто што ретко кој го има, и вие со две плати, не правите ништо, чекате да умре да ви дадат уште еден стан или поголемиот? Нема обврска ништо да ви даде. Ако сака се поклон ќе даде на ќерката, уште за време на живот. Вие имате потреба од поголем стан, купете, имате плати, земете кредит. Ако нешто излезе од наследство, продајте го и покријте го кредитот.

    До кога ќе чекате да се смилува некој или да умре, па да се израдувате? Ваш живот, вие трудете се, не чекајте од друг. Знам дека е полесно на готово се, ама не е лесно секогаш у животот. Не си ги гужвај 2 деца у гарсоњера, земи ги работите во твои раце.
     
    На sleepingbeauty, crimson, kjukli и 8 други им се допаѓа ова.
  20. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    1.327
    Допаѓања:
    6.121
    Пол:
    Женски
    @VladeMila мислам дека оваа ситуација единствено може да ја реши маж ти со еден убав, фин разговор со свекорот ти и, ако се согласи тој во ред, ако не со сила убавина не бидува.Ке барате некоја алтернатива самите.
    Верувам дека е навистина тешко да живееш во една соба со две деца и знам дека те нервира себичноста на свекорот.Ете ни јас никогаш не сум ги сваќала таквите луѓе да не сакаат да помогнат на својот син, па ако на своето дете не му пружиш кому? И не гледам ништо чудно и лошо синот да си бара еден стан од таткото кога веке има што да бара.
    Ама ете ми остави впечаток дека е тежок човек т.е. целата фамилија, па така да ништо чудно не е неговото однесување.
     
    На VladeMila и cresa-jagoda им се допаѓа ова.