Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Криза со станбеното прашање

Дискусија во 'Брак' започната од hrizantema007, 29 август 2012.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.135
    Допаѓања:
    156.159
    Свесна си дека и твоето ќе биде од твоите сестринска делена куќа еден ден?
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  2. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    се изнљчитав наназад стоо страни реплики.Некоја се докажува до каде стигнала...други плукаат...
    ај дечки дајте добра дебата и размислувања.
    Јас мислам дека тие од администрација имаат пдобра стартна позиција за аплицирање на кредити.
    Тие што имаат помош од родителите (куќа за надградба,мал стан и сл) се слични во позиците.

    Значи мора да имаш некакви предуслови,дали фирма кај што работиш или наследство за да создадеш сопствен имот.
    Јас така мислам ...не мора да се сгласувате
     
    На Barbara90, okcenzi, VladeMila и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Mazakis

    Mazakis Активен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2016
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    76
    Кризата со стамбеното прашање стана глобален проблем на помладите генерации. Се чини во денешно време дека ако не ви обезбедиле родителите покрив над главата или барем добар дел за учество ке мора да се мачите со тоа прашање поголемиот дел од својот живот. За жал, кириите се значителен дел од семејниот буџет а слободата на живеење со своето ново семејство е на недофат се повеке и повеке. Ако мора да се одвојува една цела плата за тоа, другата плата колкава и да е не стига за се.
     
    На crazylady, TutiFuti, crimson и 3 други им се допаѓа ова.
  4. NOVAVON

    NOVAVON Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2016
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    441
    Пол:
    Женски
    Ми треба совети од искусни со оваа проблематика. Кризата со живеалиште според мене ни го стигматизира бракот уште на старт бидејќи пред брак се договоривме привремено да живееме во станов што е на име на неговите а потоа ќе си подигнеме кредит и ќе купиме наше со оглед што мм работи стабилна,државна работа а јас бев во приватен сектор и имав солидни примања за отплаќање кредит. Во брак сме 5години. И навистина штом се земавме јас заминав ''привремено '' во нивниот стан, не си земав мебел,ствари кои останаа кај моите мислејќи дека кога ќе имаме наше живеалиште наскоро се ќе си преселам по ред. Од привремено ова стана трајно решение. Јас во овој туѓ стан не се гледам на долго. Искрено го мразам овој стан,зошто го доживувам како Тројански коњ,некој го злоупотребил станов за да ме намами и лаже дека ке гради/создава нов живот со мене. Станот е на неговите кои си доаѓаат на поседок тука кога им се сака(живеат во внатрешноста а го купиле тука станов во Скопје за нив,бидејќи едно време работеле тука неколку години и им требало кај да седат а да не е под кирија) и нрмално свекрва ми е главна зверка кога и да дојде,се префаќа-прередува по нејзино да е,нели она е газдарица тука? Многу пати сме се карале јас насамо со мм а и сите и секогаш ми било предочувано не ти чини ене ти ја вратата, ние 3ца сме фамилија и така стојат работите тука или на пример свекрва ми често пререкува ти нит чеиз,ништо не донесе па се буниш,а добро знае дека чеиз ми е планиран за во мој дом. Во меѓувреме од стресови немаме деца,мм тоа многу го здоболе,зошто според мене кога размислувам трезвено,без емоции една од најголемите причини зошто он стапи во брак е да има потомство,а не да создава дом па ако даде Бог деца со мене. Плус јас останав и без работа, но моите се нафатија да помогнат во финансирање на мој дел ако земеме наш стан. Мм ни да чуе,има многу изговори ко навикната е на овој стан,населба,станот широк бил и ок му е а новиот нормално немаме многу пари и помал би бил. Мене ми пречи што е туѓ станов,значи има соба вечно за неговите штое е наместена,предмети,алишта нивни насекаде.Досега нит Младенци,нит слави,нит родендени сум прославила со роднини мои да повикам,зошто многу е неред од неговите што така функционираат-растураат.Сум прередувала многу пати,ама џабе,а свеква ми дојде се е по нејзино.
    Јас се уште сум да се купи наше,а мм гајле му е.
    Неколку пати и озбилно сме разговарале/договарале за развод зошто јас почнав здравствено да попуштам,секојдневни нервози,живеење туѓ живот,по туѓи правила.
    Било каков совет добро би ми дошол.
     
    На crazylady, CameliaMiller и okcenzi им се допаѓа ова.
  5. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Оффф мило. Сеа ке почнат феминкиве да ти кажуваат дека тоа е нивни стан и како сакаат такаа ке прават. Познато веке.

    Види, најпрво барај работа под дрво под камен. Посети психолог и верувај навистина помага. Трето појди кај твоите на неколку дена и одмори. Објасни им каква ти е ситуацијата. Четврто кога свеки пак ке ти рече дека чеиз не си донел, кажи и дека нема место од нејзините стварти. Петто ке го седнеш маж ти и ке му кажеш јас сум човек, од крв и месо, со чувства, со разум, со мани и доблести. Ке си му објснис фино дека иако е нивни станот, не значи дека ти треба врзана на конец да бидеш и да пазиш кој квадрат го користиш. Штом тие не живеат тука, нема потреба од расфрлање ствари и давање команди. Кажи му дека кога човек оди под кирија на пр газдите не се мешаат како тој живее. Кажи му дека тој им е син, ама изгледа тие не го знаат тој дел, туку дека тебе те сметаат за натрапник. Кажи му за да имаме деца мене ми треба прихички мир а не стресови. Инсистирај да си земете стан, дека вака не оди, или пак кажи му ако твојата мајка сака секаде да командува, тогаш да одиме под кирија, па да си уредам како јас сакам. Ако не ти одговара одењето под кирија, тогаш да одиме кај моите да живееме ( биди цврта во ова, не дека вистина ке дојде кај твоите), па да видиме дали и мајка ми тамо ке се меша. Едноставно кажи му дека има три опции: ваш стан, под кирија или кај твоите. Дека ти не си дојдена во тој стан да некој те понижува.
    Најважното напомени му дека ако сега немаш работа тој не е газда на твојот живот, па да ти ги менува плановите и одлуките кои сте ги донеле. Еден ден може ти и двојно повеке од него да заработуваш.

    Не може бе да си 5 год во брак а да не може твоја фамилија да дојде, дека свеки е газдарица и на месечина дури.

    Во цел овој разговор не ја понижувај мајка му, само кажи му дека вие сте веке семејство и дека ако сака дете тогаш ке мора да се потруди подобро.
    А свеки кога ке дојде покрај она погоре кажи и дека очиглено сака да го рааведе синот. Кажи им дека ти од нив не бараш имот и не си готованка, туку сакаш ваш заеднички.

    На муабетот на мажот дека овој тсна каде сте е поголем, а новиот помал, кажи му дека и овој стан ви е мал, зошто стварите на старите се насекаде, па секако вие не ја користите истата квадратура. Односно ке имате ваш стан да го користите како вие сакате.

    Зборувај жено, не молчи. И твоите нека се замешаат ко неговите. Кога јас кажувам се со време треба да си речете, зошто од нервози на операциона маса ке завршите ме правите шлакната. Имам јас јатрва што од молчење и таа и деверот се болни и 6-7 год во брак немаат деца сеуште, па пак заминаа да живеат кај нејзините.
     
    На crazylady, LUCI 99, AngIv и 10 други им се допаѓа ова.
  6. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.180
    @okcenzi ,poznato e veke koj pishuva :emo:..taka da dzabe sreko vezesh :makeup:
     
    На mama31 и fighter им се допаѓа ова.
  7. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Како мила, не те разбрав?
     
  8. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    јас те разбрав.Само мала корекција...родители е од внатрешноста или од странство беа?!
     
    На mama31 и Glasna им се допаѓа ова.
  9. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Јас уште не сфатив. Трол е?
     
  10. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.180
    Sakav da kazam,bezpotrebno I delish soveti na chlenkava..neli ti teknuva Za kogo stanuva zbor???
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    За кого. Да не е Виши?
     
    На SummerGirl и Glasna им се допаѓа ова.
  12. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.180
  13. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    5.519
    Пол:
    Женски
    Абе Виши нели пишуваше исклучиво латиница???:rofl:
     
  14. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    .............ставам многу точки зошто незнам од каде да почнам. Страшно е! Сум за тоа дека е најубаво од сам старт на бракот да се сами младите, поубаво, помирно, помалку кавги, замерување, побрзо и подобро домаќинство, поголема почит кон работата и денарот и сл. Но сето ова ако не е наследено од претходно, посреќено или добро ситуирано за да влеташ и да купиш стан, нема шанси. Еве три полни години во брак од која 1,5 не работев да се рече ај само последнава година бараме решение за да се одвоиме, па ова е страшно.....оvo izgleda ima i u Beogradu.....да цела моја плата оди за креди???? Helloooo има ли државава некои инструменти за контрола на станбениве кредити. Дефинитивно ако се нема темел од некаде дали финансиски или било каква друга помош неможе да се ризикува. Па што попрво со една плата, треба ли да се јаде, да се празнува слава, роденден, да оди тоа дете утре на спорт, англиски....а не па факултет од 400-800е.
    Искрено многу сум уплашена!
     
    На tarantula, NOVAVON, iki26 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.805
    Допаѓања:
    266.897
    Не знам баш што памет да ти дадам, ама вака ми делува дека мт баш те исполажал и од погрешни причини се оженил.
    Можеби е најдобро ти да размислиш дали и понатаму се гледаш покрај него..

    Инаку мој апдејт: имаме пари за учество во кредит, се одлучивме за куќа. И само имам да кажам дека толку глупа бирократија и мрзлива администрација не верувам дека постои. Бараме плац или готова куќа, се е испозаглавено, на 10 души сопственост, или е надвор од град - ако е - ама нема никаква инфраструктура, или лажги со опашки на секој чекор...

    Сакам да кажам, двајцата сме кредитоспособни, заштедивме за учество и 1 година се заебаваме со глупости.

    Една проклета општина не работи ажурно. Веќе не знам што е полошо, живот со стари или заебанцииве со државава.
     
    Последна измена: 17 јануари 2017
    На crazylady, galapce, bittersweet и 6 други им се допаѓа ова.
  16. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Камелија уште една година ако треба малтретирај се, ама ни ден да не живееш со старите.
     
    На crazylady, Tinushka, NOVAVON и 2 други им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.805
    Допаѓања:
    266.897
    И јас мислам така, ама некои денови ме фаќа страшна нервоза. Многу се жртвувавме со дм до сега, а тек допрва не чекаат и рати итн. Ама како на секој чекор сопка да има.

    Него ако знаете некој плац во Скопје (може и близина на Скопје, Волково, Стопански Двор, Јака, Пинтија, Усје...) кажете, ама со чисти документи и реална цена (а не 55е/м2 во Горно Лисиче....) :)
     
    На Tinushka, Dust и okcenzi им се допаѓа ова.
  18. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Камелија за плацови и градби во ск неам поим.

    А друго, нервите ке си ги чуваш за децата, стравовите за нив, плачките исто така за нив.
    Ке најдеш и плац и куќа, само смирено.

    Јас им мм кога купувавме стан за ск, побаравме преку агенти ( четворица различни). Може 1 месец не шетаа низ ск, ама битно ние си запамтивме за секој стан посебно што ни се допадна. Агентот обино зема 1000 евра од вас, а 1000 од тој што продава,
    Откако еден агент ни го најдов станот што ни одговара, се вративме по 2 дена кај газидте и со нив си направивме договор. И нив им одговараше и нас.
    Тие му кажаа на агентот дека се премислиле за продажбата и нема што веке да се замараат.
    Така направете и вие, ама барајте во еден ден да ви покаже што повеке.
     
    На crazylady и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.805
    Допаѓања:
    266.897
    Малку е поразлично со плацеви, скоро кај сите е лична продажба, затоа требаат 14 очи отворени :)
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.213
    Допаѓања:
    56.857
    Пол:
    Женски
    Да бе, така направете и вие... користи некого да ти ја брка работа цел месец и после зезни го. :|
     
    На Offspring, Emy867, mssuniquee и 11 други им се допаѓа ова.