1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Криза со станбеното прашање

Дискусија во 'Брак' започната од hrizantema007, 29 август 2012.

  1. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Е баш и нема на некоја што светела два три броја да и дадам 1000 еврии и со моја кола да ја возам и уште да 5 патида ми кажува да допрам некаде за да пазари нешто.
    Да завршеше работа до 10000 денари да ( ма да и тоа е многу), ама 60000 нема.
     
  2. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Ама ако толку едноставна била нејзината работа, сте можеле да ја завршите и сами а не да ја вртите со намера да не и’ платите. Цената сте ја знаеле однапред и сте се согласиле да ја платите за таа услуга. Како и да го вртиш, многу неубава постапка.
     
    На lans, Offspring, Viktorijaaa5 и 15 други им се допаѓа ова.
  3. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Очигледно не знаеш како работат агентиве.
    Накратко: пушташ оглас дека бараш стан со некоја квадратура, со цена до хх, и во одредена населба.
    Ти се јавува агент и те убедува и убедува дека е најдобро да ти најде. Вкупно ти најдува 4 стана и те мота цел месец, како е многу тешко да се најдат, па како се убедуала со газдите да намалат по 20 евра од квадрат, па како и се расипале амортизерите аууу која секирација. Откако ке те види заинтересиран, одма те убедува дека подобар стан нема да ти најде ниту еден агент. дека таа е најдобра, дека сите ги знае, дека станот е тип топ, дека газдите биле тешки луѓе и без неа немало шанси да ти попуштат 20 евра од квадрат. На почеток ја избегнува темата за плакање, а ти вика ке се договориме, те мотка, ти врти муабети, те убедува дека нема да биде скапо, дека тоа е најдобрата опција за сите.
    Станот беше 70 м2, за секој квадрат таа ни побара 10 евра и + 300 евра за тоа што таа се премачила нели, за да го најде, па да се убедува со газдите ( милиш од дома ги протерува). Нив им спуштила 3000 евра во цена. Нас една цена, нив друга итн.

    Значи ние вкупно за услугата требаше да и дадеме 1000 евра и газдите 1000, од кои веке 3000 спуштиле.
    Значи таа во заработка е 5000 евра, ете и 4000 да се е премногу. Никој не е толку глуп. Мм нека работи на ризик, за на некоја готованка што потрошила плин на колата 600 ден и сметка уште толку да земе 4-5 000 евра.
    Не.
    Да беше фер и да побараше 300 евра ке се сложевме.
    Згора не тоа цел месец не малтретираше на релација гв-ск, а јас бремена и кажано и беше да поминеме во еден ден. Ама таа сакаше да изгледа како претешка работа, па два пати не викна за ист стан.
    А на секое идење моравме од дома да ја земаме.

    Што сакаат брза и лесна пара си сакаат, затоа и се изгирани.
    Кога јас веке ке решам да купам стан ке фрлам уште 2-300 евра за друг да ми збрка, ама 1000 не и плус во цена на станот сакаше да украде уште 3000 нема да може. Тоа се пари за цела кујна и + детска соба.
     
    На crazylady, stilas7 и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  4. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Фала на објаснувањето. Овие 3000 како ги сметаш за нејзина заработка? Вие на газдите им ги плативте тие 3 плус што таа им ги спуштила?
     
  5. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Не. Таа не сакаше да немаме никаков контакт со газдите. За тоа инсистирала да го видиме станот кога не се тие дома ( не живееа и така во тој стан).
    Сакаше тие пари да ги земе на начин на кој тие го префрлаат станот на нејзино име, па ние го купуваме од неа. Тоа префрлање е 12000 ден. Се се распрашавме. Па не убедуваше дека поради сигурноста на докуметите, е најдобро така, преку нејзина фирма да оди, абе триста филмови ни изнаправи.
    Може некој понаивен и ке се зезнел и немало да дознае, па уште и ке ја фалел нејзината агенција.
    Кажав предходно дека ние се вративме по два дена и зборувавме со газдите. Бидејки станот беше блиску до работата на мм, тој се распраша по комшиите и го најде бројот па им се јавивме.
    На крај излезе дека станот имаше доста за поправка, иако таа не убедуваше дека е тип топ, од изолација од електрика и греење. Овие сироти за тоа и спуштиле во цената.
    Агентиве знаат и еден стан да го продаваат и на 10 луѓе.

    За тоа ја посоветував Камелија да го направи истото, зошто години како се мачи со дн да заработи и секогаш пишува за тоа, па не сакам да биде преварена.

    п.с ја обожавам зошто не е готованка ко многу млади.

    Мојата чудесна Македонија и нејзините превари.




    Камелија, за хот хот мислам дека не е исплатлива таа цена да ја дадеш. Бетонот ти е иста цена верувај и бар нема секој чекор да крцка. + размисли и за тоа да ако една водоводна цевка ти пукне, треба цела табла да ја вадиш или ти отиде ѕидот. Не велам дека со бетонот немаш копање, ама ова некако полошо е со оглед на тоа дека ги прават како табли, па мораш се да менуваш.
    Згора на се ние и живееме на големи температурни разлики дури и до 70 степени, а дрвото е дрво, па како сака нека е изолирано и премачкано.
     
    Последна измена: 18 јануари 2017
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.633
    Пол:
    Женски
    Бидејки имам работено во агенција за недвижности баш ради ради вакви работи не даваме контакт да имаат купувачите со газдите пошто најчесто секој гледа да те зезне и не го цени твојот труд. Агенциите живеат за таа агенциска провизија не ја работат работата не лепи очи. Логично е да биде наплатен нивниот труд и излегувањето на терен со клиенти на секакви услови од пекол на сонце до снегови зимно време. Ама македонче не е македонче ако не напраи план да те зезне. И да еден стан се продава на 10 луѓе зошто не можеш ти со месеци да чекаш еден човек да се мисли дали ќе го земе или не додека други прилики одат во неповрат. Дозволена е продажба на еден стан се додека не се склучи договор за предпродажба со конкретнен купец како гаранција дека тој е сериозен купувач. Ја таму имав фиксна плата така да не зависев од конкретен процент дали ке продадам нешто во месецот или ке изнајмам ама исто така научив колкава поганштина има меѓу луѓево и колку малце те ценат. Ако не сакаш да ја платиш услугата на агенцијата тогаш воопшто не се јавувај во нејзе барај сам по огласи на пазар 3 и сличните на нив. Секоја агенција на сам страрт си кажува колкав процент зима од продажба и најчесто сите викаат аха важи ти најди ми првин спој ме со луѓе па после ќе се договараме за пари, за коа ти ќе им ги истрчаш сите работи и им најдеш се што има во твоја архива и се одлучат за стан некој ти кажат -Ама неее многу пари се тоа не ви даваме и почнат така сами да си се договараат со газдите. Можам да пишувам уште милион страни какви фуј и безобразни луѓе имам сретнато во таа работа.
     
    На crazylady, mssuniquee, galapce и 10 други им се допаѓа ова.
  7. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    @SuperGirl24 убаво кажа, тој што сака да си купи сам ке си пушти оглас, како што ние направивме, ама некоја тетка упорно не убедуваше дека таа ке ни среди се, а цената не е проблем. Излезе друго. Оваа сама си беше во агенцијата, така да тоа со фиксна плата кај нас паша во вода. Башка моја пријателка ја работи оваа работа и знам колку земаат и какви превари прават агентите.
    Е сеа тоа што ти си мислиш дека е расипништво, јас го сметам за откраканост. Него твојте газди колку заработка имаа? Дали вие купувавте стан на име на фирма, па го препродававте?
    Ај не е ни битно, да се вратиме на тема, офф топик отидовме
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.991
    Допаѓања:
    261.082
    Малку слабо информации на нет околу градежниве фирми кои ѕидаат. Или јас не знам кај да барам.
     
  9. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Преку општина барај. Мора сите денес да се регистрирани.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  10. stefanija70

    stefanija70 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2014
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    952
    Camelia, super vi e izborot, vi posakuvam sreka i pobrzo da si go ispolnite sonot. Samo, bidete pretpazlivi, kolku i da ne izgleda taka na pocetok, ima mnogu nepredvidlivi trosoci pri gradenje na kuka. A i jas ne sum za hot hot varijanta, ako veke si resena za kuka, gradi so cigla i beton. I isto vnimavajte ako kupuvate veke izgradena kuka, nasi prijateli mnogu se zeznaa, kao super e, samo mali prepravki, posle ispadna teebase cela da ja srusat... I na kraj ja prodadoa i oni i kupija stan.
     
    На NOVAVON и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  11. NOVAVON

    NOVAVON Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2016
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    440
    Пол:
    Женски
    И се прашуваш воопшто!? Живот со стари ма колку сакале и најдобронамерно да помогнат,не е тоа живот за млади на старт на брак. Ќе се среди административно само трпение.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  12. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.509
    Допаѓања:
    144.213
    Очигледно не ја знаете работата на агенцијата.

    Не е само да ви продаде и да ја
    зема провизијата која впрочем никако не е 3000е. Агентот сите работи кои ги трчка ги прави на свој трошок за на крај да се покрие со провизијата која ќе ја земе. Како и трошковите за нотар и сета постапка за префрлување. Плус доколку има проблеми со имотот , сето тоа го решава агентот.

    Ама нели од страна изгледа бајка. Па агентот само ќе ви ги земе парите и ќе ве зафркне. Па македончето е попаметно и он ќе направи поголема дубара.

    Многу подла постапка.
     
    На crazylady, lans, Viktorijaaa5 и 10 други им се допаѓа ова.
  13. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.633
    Пол:
    Женски
    @okcenzi нашиот принцип на работа конкретно беше да од тие пари кои се плаќаат по фактура ние земеме плата. Значи не на рака ами како и во секоја фирма буџет за плата вклучително и на директорот платата. Затоа и не се боревме како поединци за процент ами фиксно секој месец платата ти е таа без разлика дали ке продадеш или издадеш стан.

    Станови од сосптвениците не сме купувале, тие си ги пријавувале кај нас и ние сме ги нуделе на заинтересирани странки согласно нивните потреби. Далавери не сме правеле пошто немало потреба иако сами ни нуделе као ако побрзо ми го продадете или издадете станот ке има награда и за вас (како поединци а не на агенцијата наша) пошто не сме сакале да праиме такви работи и да изгубиме работа која ни е добро платена за некоја ситна пара. Искрено ова прв пат слушам агент да купи стан па ти од него да го купуваш ама што знам колку фирми толку различни луѓе и агенти во нашава земја не ме изненадува ништо. Нашата агенција не работела на тој принцип.

    На страна се погоре,оваа работа е крајно потценета и незахвална. И едните и другите агентите ги третираат од гомно подоле и не ги множат со нула. Се иживљаваат со тебе, те вреѓаат, не го ценат твоето работно време ами им текнало на празник во недела во 9 навечер да искочат да се прошетаат да видат што се нуди од недвижности, те оставаат по саат време да чекаш на дожд на снег на сонце и притоа ни едно извини нема да добиеш од нив што каснат, така да понекад оправдано ми е ако некои агенти прават далавери. И тоа за што? Ако си од оние на процент што работат месечно ти следува само храна и превоз и ако не напраиш продажба некоја и изнајмиш стан некој, дома ќе си идеш со 4000 денари а си го поминал се погоре наведеното. Затоа и повеќето од нив прибегнуваат кон такви заткулисни работи зошто голема е маката некого да го шеташ по град и на крај тој со сопственикот сам да си договори и тебе да те одјебе. Да не бев јас на фиксна плата никогаш немаше да прифатам да ја работам таа работа.

    @CameliaMiller како некој кој бил во овој бизнис со неддвижнини би те посоветувала парите да си ги вложиш во веќе изградено па макар и стан да е. Плацови во Скопје скоро и да нема пошто сите ги земаа инвеститориве згради да прават а и тие што ги има се на земјиште кое не е погодно да плукнеш а не па да градиш. Настрана тоа и да најдеш плац имаш премногу трошоци кои се состојат од купување на истиот плаќање документации по нотари и сл, градење кое и тоа кошта а и трае како и на крај опремување на истата куќа. Да не ме сфатиш погрешно не ти се мешам во наовчаниот ти си знаеш колку имаш и колку си спремна да дадеш, но јас во денешно време не би градела стриктно би купила веќе изградено. Има преголем избор на пазарот на недвижности чак и пренатрупан е, така би се поштедила од тие маки.
     
    На Annath, galapce, anel и 6 други им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.991
    Допаѓања:
    261.082
    Од веќе изградено ми се допаѓа населбава на Хот И Хот. За 50 000 евра добиваш 220м2 плац со изградена куќа 108м2 на два ката, гаража за 1-2 коли и паркинг пред куќа и базен во заден двор. Плус давачки нема освен тие 3% за купување на недвижнина. Мислење?
    Стан не сакаме.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.245
    Допаѓања:
    124.498
    Hot hot ne. Naselbava ne znam kaj e.

    Deka nema placovi ne e tocno. Jas kupiv pred nekoj mesec. Pocnuvame so gradba posle snegovive. Kuka po nasa merka, ne tuga ideja. Nie se osmislivme. Trcanje e po institucii ama koj dobil dom lesno? Koga ke pazis doma da ne prdnes pred svekor glasno neka ti tekne deka e polesno po institucii. Trudna plus cekaj red za wc... uzas.
     
    На Glasna, mssuniquee, kala21 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.991
    Допаѓања:
    261.082
    Чка, искрено се трудиме да најдемд плац во градски реон, но цените се ептен високи.65е м2 во Маџари е луда цена.
    Инаку среќа не живеам со никого освен родителите и сестра ми, ама и со нив во 7 сабајле за вц се карам :)

    Инаку Хот Хот населбава во петок ќе ја посетиме, мене ми се допаѓаат вакви типски населби, да видиме оваа каква е. Па ќе споделам импресии.

    Инаку ако сакаш сподели каков плац купивте (со маркица или без) спаѓа во ДУП или не, имаше вода/струја или носевте... Проектот преку проектант или градежна фирма итн...
     
  17. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.561
    Пол:
    Женски
    Значи како не ви е срам:puke:
    Некоја цел месец трчала по вас и на крај за провизијата да ја зезнете.. пфф
    Барајте тогаш на пазар3 и реклама5, а не по агенти.. Не е тешко и така да си најде човек стан

    Провизијата на агенциите не е 1000 евра, туку 2-3% зависи од договорот и ја плаќа тој што продава. Сум продавала, сум купувала.. Барем најдете нормални агенции што нема да ве мотаат.

    Друго.. Го спомнавте, ама Маџари избегнете го..Не се сите по 65 евра, ама тука сум родена и порасната, нема убавина во местово. Подобро Сопиште него Маџари. Тука е како некоја полуиндурстиска зона:D

    Што подалеку од урбаниот хаос, тоа подобро..
    Мене да ме праша некој сега, би се преселила во викендичката, пред Марков Манастир..за 20мин со кола сум на плоштад..Воздух почист, во лето е рај..
    Уствари јас и на некоја планина би се преселила, не ме слушајте мене:rofl:
     
    На Annath, duffi, mssuniquee и 5 други им се допаѓа ова.
  18. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Дали можеби имате прашувано во оваа фирма како се движат цените?
    Се заљубив во куќава
    https://house-eco.wixsite.com/ecohouse-mk/120-chz
     
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.991
    Допаѓања:
    261.082
    Види, да можам да бирам, на Скопска Црна Гора во Бродец ќе градам и ќе плетам чорапи до крај на животот. Ама пустото работам во Карпош и морам да најдам начин да стигам на работа (со кола) за културно време. Сопиште е убаво, ама немам службен хеликоптер, ниту во 6 желба за будење :)



    250е/м2 на твоја плоча, 300е/м2 со нивна плоча :)


    Иначе за Хот нешто што не им е напишано: цените се без 5℅ данок и + 8е/м2 за проектот. Не мора да е нивен, за таа цена буквално од интернет да им симнете ќе го изработат.
     
    На sanjaeva и Dust им се допаѓа ова.
  20. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.561
    Пол:
    Женски
    Знам.. Ама Скопје е презаситено со градби. Тие малку празни места што останаа, или пак плац со стара куќа, ги преценуваат токму поради градежната експанзија..Мал плац и куќа пред распаѓање во Тафталиџе, 130.000.. па немој молим те..
    Така да, пристојни цени мислам дека во Скопјево нема во последниве 6-7 години :)