Гледав некои плацеви во Усје, треба да се ѕирнат, градежен реон со струја и вода, 25е/м2 ги продаваат. А агенцииве со минимум + 3е/м2 нудат.
Јас па во Усје не би живеела па последно место нека е Истото важи и за Пинтија.. Порадо Јака ќе ја изберам, него Усје..Па и 15мин подолго да одам до работа.. Но секако, видете ги и ако ви се бендисаат ценкајте се .. Цените во агенциите се такви да успеат барем провизијата да им ја извадат на продавачите
Абре ти пишав, ја знам и куќата Мене оваа ми е по ќеиф, твојава е погодна за ептен голем плац 120 м2 во основа https://house-eco.wixsite.com/ecohouse-mk/140-2
Зошто ги бираш Хот и хот, кога овие се поефтини, а според она што го гледам и читам, се и квалитетни?
Ај не се трескај од земја и не ме прави будала. Или читај добро што сум пишала, или не отварај уста некому да му судиш. Јасно?
Ako bide u brzo vreme da izgradime ke vi pisam kilometarski post za sekoj detal okolu gradba na kuka i plac. Bukvalno sitnici. Sea uste ne e vreme.
Не ме итираше, ама јасно пишува во тојот пост на кој му се обраѓаш. Не се прави будала со сила жити бога. Финти за во градинка.
Немав намера да се вмешувам во дискусијава ама темава за агенциите се развлече па морам. Луѓе мои толкава не сериозност ниту во една друга бранша немам сретнато. Пред неколку год. купував стан и го поминав ова. Имав контакти со преку 10 агенции. Бре сите иста марка. Буквално си играат агенти. Инспирирана од лошото искуство дури отворив и тема овде на форумов со цел да информирам. Мајко моја беа буквално сите. Ти им викаш трособен, не на приземје, не на поткровје и те молам бар три стана на едно одење да гледаме, зошто секое одење ми е искачање од работа. Таа ти се јавува ајде утре, ајде. Одиме станот на приземје и двособен. викам ама реков трособен и не на приземје. И таа: ама еве овде ќе си преградите и плус дворче убаво има. Не, не сакам да преградувам и не сакам двор, ајде другиот стан да го видиме. Епа нема тој е само, ама сите го бараат, а јас прво вас ви го понудив а тоа ајде собериме од агенција да користат превоз буквално сите ти го викаат. Па одиме, таа не знае каде е станот. Па звони по телефони која зграда жолта ли е зелена ли е. Па одиме, јас нели пак бегам од работа и госпожа ја возиме до таму, во станот не може да се влезе, се одвиваат градежни работи. ќе ви се јавам во 4, никаде ја нема. Така се заебававме добра година и на крај пресековме. Стан дирекно од инвеститор и крај. Кога не знаат пари да ти земат кој им е крив. Па после уште една год. од како купивме стално ми се јавуваа еј имаме стан за вас. Фала, купивме. По некоја недела ете ти ги пак, имаме стан за вас абе викам шкртнете ме, купивме. Смешки. А главната случка нема да ја пишам. Раскажана ми е во соодветната тема во поткатегоријата ДОМ. Чест на исклучоци, ако воопшто ги има. http://forum.femina.mk/threads/Агенции-за-недвижности.16284/
@Dust значи како не им е срам на агентиве вака да си играат? Ти викаат за една недела ке ти најдат, а те мотаат со месеци. Ти им кажуваш што бара, тие ти најдуваат сосем разлино. Што ке кажеш на ова а? Ете читај погоре. Не рипај ТИ друг пат кога некој ке сподели искуство. И баш ме интересира дали некад си купувала стан од агенција, па што кажа дека си продаваа и купувала. @irena.1 неколку стана што ни беа покажани беа скроз утнати. Ама еден дали беше 50 м2, иако беше нагласено дека околу 70 бараме. Влегуваш директно во спална соба, од лево тоалет, од десно дневна. Дневнава преградена со кујна, па од кујна на тераса. Абе хорор филм. Подруми посредени има. Се прашував како може некој да живее тука, и на крај агенткава кажа дека некоја стара баба седела, ама спиела во кујната. Страшно. Ѕидовите-преградите гипс картон. Плочките во тоалетот од 45год. таписерии и ламперија, цена 900 евра квадрат.
@okcenzi Јас не соработувам со агенти манипулатори.. Ете до сега не сум имала лошо искуство со ниеден агент.. Ниту во Тетово ниту во Скопје.. Го прочитав искуството на Ирена.. Капар НЕ се дава на агенција. Никогаш не сум играла играчки со капар, а тоа ми е школо од моите. Кога сум користела посредник (агент), откако ќе се сретнеме во агенција, подаваме рака, одиме во банка, одиме на нотар и готово. Последните 2 стана во Тетово што ги продадов, ги продадов со посредништво на агенција, 40 минути работа беше се на се. Има добри агенти во Скопје, сеуште стојам на ставот.
@Dust можеби има добри агенти, ама јас и Ирена сме налетале на лоши. Предходно и лажга ме направи кога кажав колку сакала некоја дебела кокона да заработи од стан. Па ми кажуваше проценти. Кога кажав дека сакаше со кола да ја возиме, ете и Ирена ко пофтори истото. Кога кажав дека ние пуштивме оглас дека БАРАМЕ стан, таа сама се јави дека ке среди. Епа чорба. А ти пошто имаш позитивно искуство со агенции, сподели кои се тоа. Еве јас за агентката се кажам дека е од Хром, дека е 100 кг и дека плава до раменици коса, вози клио небесно сина боја и редовно упав нашминкана, името и го заборавив.
@okcenzi Јас не те направив ЛАЖГА никаде, најди каде е тоа.. Само кажав дека лошо се пазарите (ако стварно сте се пазареле на 1000евра), па после и не сакате да им ја дадете провизијата за конкретниот стан.. Агенциите (барем сериозните) работат на база на агенциска провизија, најчесто изнесува 2 или 3 проценти, но сепак во зависност од имотот и цената, прилагодливо е.. Никого не развозувам, немам обврска кон никого. Тие кажуваат адреса, јас одам. Гледам, заминувам. По ден-два ги известувам за одлуката.. Не знам дали смеам да рекламирам агенции?! Еве Бастион ми имаат оставено најдобар впечаток за Скопје и Елинор за Тетово (Оља и мажот).. Ако не смеам, нека ги бришат.. Ако се оди со кредит, се прави преддоговор, па се чека одобрувањето, па договорот за купопродажба, па тие што продаваат исплаќаат провизија .. Ако се оди со готови пари, како што напоменав погоре, за 40мин се завршува се..
Ако не сте биле задоволни од агентите, зошто свесно продолживте да соработувате со нив? Од старт настапувате со мислата да ви покажат што имаат, а потоа сами да си завршите работа. Лошо е што нема закон кој ги штити агентите. Ако јас како продавач добијам понуда од агенција да ме застапува, треба да потпишам договор на определено време и да не можам преку друг или сама да го продадам станот. Или пенал Лошо е што не се спремни агентите. Не разбирам што е тешко да направат 15тина слики. Да на купувачот најнапред му презентираат преку слики. Да го имаат посетено станот и да знаат каде се наоѓа и се за и околу станот. Лошо е што сме сиромашни во душа и злобни. Тој агент/агентка дома дете го чека. Најлошо е што агенциите не ги пријавуваат агентите. Има месеци кога ќе им се погодат 2-3 мудри купувачи и наематели, па цел месец работат за ништо. Е затоа немаат ни за автобус, а камо ли да со своја кола ве возат.
Јас на кратко кажав дека ние пуштивме ОГЛАС дека бараме стан, а не баравме од АГЕНЦИЈА. САМА таа не БАРАШЕ и УБЕДУВАШЕ. Ниту еднаш не се спомена ЦЕНА, а кога виде дека јас сум заинтересирана кажа дека ке кошта 1000 евра. Од газдите намалила 3000евра, нас НЕ НИ КАЖА. Сакаше таа да го ОТКУПИ од нив, па ние од неа. КРАЈ. Секоја чест на агентите што правилно си ја работат работата.
Не си ме цитирала, но јас коментирав за агенциите и чувствувам потреба да одговорам. Не сум настапила со мисла да ги искористам или злоупотребам агенциите. Напротив, многу се плашев од урбаната мафија па сметав дека преку агинција ќе се заштитам. Макар и да платам 1000 евра, со тие 1000 евра што ќе ги дадам ќе ги заштитам останатоте 60 000 евра. Соработката ја прекинав во одреден момент кога беше постигната точка на вриење. Претходно и јас ко што коментираш ти бев со размислување ајде луѓе сме со деца, со фамилии и обврски па се случуваат грешки. Па ајде си викаш оваа агенцијаве таква, можеби другата ќе биде покорекна. И така месец за месец си пиминува времето. Доколку би постоел закон за потпишување тек тогаш ќе пропаднат агенциите. Прво од старт ќе помислиш дали да се фатиш на оро со нив од кое тешко би се искачало. Плус договорот ќе ги обврзува и нив, па пенали и тие ќе си сносат. Во право си за тоа дека не се спремни. Па, најголем дел од лошите искуства мои се ради нивната претходна не подготвеност. Не знае каде е зградата, секое одење по еден стан. Па побогу седни напиши си домашна. Издвои кои станови се во тој реон. Двособни, трособни. Не ми покажувај станови што не влегуваат во моите барања. Немора сите агенти од агенцијата да одат претходно. Еден да оди, ко што викаш ти да слика, и ќе имаш појдовна точка. Не да лутаме јас и агентот ко гуски во магла среде аеродром, а тој неможе да се снајде каде е зградата, па сто пати звони на телефонот, ужас. И да знам дека имаат фамилии. Но имам и јас фамилија. И екстра време и пари немам. Не сакам некој да мавтам, ама не секам и да ме мафтаат. Јас да не си ја работам работата професионално, и муштерите не се задоволни, фирмата ќе има помала заработувачка и газдата ќе ми каже чао. Без разлика дали имам деца или не. Пазар си е пазар. И да. И јас и ти и било кој кога сме без пари во џебот сигурно на муштеријата не му викаш ај помини земиме и заедно ќе одиме. Тоа е далеку од професионално. Нити сум сиромашна во душа, ни лоша. Едноставно не бев задоволна од услугата и ја прекинав соработката. Па и лоша врска и брак се прекинува, а не професионална соработка. Ништо од тоа што нудеа не искористив. Едноставно си отидов кај инвеститир кој гради повеќе згради и нуди повеќе видови на станови, на повеќе локации и се договоривме.
Епа @оkcenzi стан не се бара така. Пушти оглас и чекај на готово да ти нудат. Видела прилика и сакала да ве потстрижи малку И јас можам на 1000 души да се јавам и да нудам станови... а да ми се јави некоја, зошто да и верувам?! Стан се бара сам.. ѕвониш на огласите, бараш адреса, одиш, гледаш и толку.. За да добиеш нешто, треба и да вложиш нешто..во случајот твоето време за истражувачка работа.. исто како што дотичната го вложила нејзиното време.. Тој трик она да го откупи станот па вие од неа, одамна изумре. На нотар одат сопственикот, купувачот и агентот.. двајцата потпишуваат, третиот си ја добива провизијата.. Ама добро, еднаш ќе се излажеш па после ќе знаеш Ииии..зошто не се тагнува?
@irena.1 и @okcenzi се согласувам со вас во врска со работата на агенциите. И јас имам неубаво искуство,посебно кога напнуваат а во огласот гледаат дека си напоменал "без агенции". Сум имала искуство и со продавање,купување и изнајмување на недвижности. Не се професионалци.Оние кои што почитуваат некакви стандарди, не се занимаваат со посредување за обични граѓани,туку се ориентирани ко странците и за висока провизија им угодуваат.