Дечки, ние купивме плацот пред некој месец, со администрација нормално се' уште главиме. Сега чекаме да ни излезе имотниот лист, па да тргне работата. Архитект најдовме, да ни го направи проектот па ќе ни треба градежна фирма. @Cka вие до каде сте?
Во кој дел земавте плац и како се движат цените? Доколку немаш свој плац, усвет оди математиката за градење куќа...
Немавме свој плац, со години штедевме за учество за стан, па наместо да уплатиме за стан решивме да купиме плац. Цените во Скопје и околина се луди, од 30+ во поблиските села.
Koлку го земавте по квадрат вашиот? Мислам ако е ту мач прашањево не ми одговарај. И на колку км од центар на градот? Во околината на моите плацеви, од еднаш настана шатама од толку што сите нудеа. Околинава е застапена цела од една партија, па изгледа локалците се добро информирани што ќе се дешава. Ваљда со локалните одат некои подобри времиња и поскапи цени, па чекаат. А мене луѓе од Босна секој ден ми пишуваат да го земат плацов... ај фамилијарно не можеме да се договориме, татко ми мислел на комшиите, туку и да не рипнат цените драстично за кратко, па да ми биде криво...
Поспецифичен случај беше. Истиов продавач претходно ги продаваше плацевите по 33 евра м2. Ние во еден ден му отидовме тројца купувачи, со кеш, ни намали прво на 25, па на 22. Реална цена за таму би била 25 искрено, ама му требаа итно пари па сам намали на 22. 4км од центар е, од Градска.
Има некој инфо како се движат плацевите во Бардовци? Никако да најдам некој слободен плац за да се погледне...
Дечки правел некој математика за куќа градење што како треба финансии? Овие фирмиве што се со клуч на рака како се со цени? Порано беше 400 евра м2, паднати се цените или? Гледам горе некој постирал некоја фирма по 300м2. И колку е реална цена на плацевиве близу град ? Некаде за 800квадрати да речеме.
Ние сакавме куќа, и испаѓаше поисплатливо, ама ако веќе имаш плац. И на крај се одлучивме и купивме стан на 20мин. од центар. Гледавме плацеви во Припор и Сопиште, ама некако варијантата со станот ни испадна подобра. Превоз скоро и да не користиме, освен за пазарење. А и работните места ни се блиску. Разгледајте и распрашувајте се добро, тоа е голема животна одлука. И со лесно
Најдобро отвори на пазар 3 или реклама 5 и провери. Ние гледавме пред повеќе од една година, може и две. Цените и не беа страшни, колку што плацевите беа големи, а не сакаа да ги делат, односно да продаваат дел од нив.
Со дечко ми сме заедно 3 и пол години јас имам 22 години тој 24. Веке почнавме да размислуваме за брак ама нема каде да живееме. Тој живее со неговите со мал стан кој има 2 соби и купатило. Јас живеам во куќа со моите и опцијата овде да живееме отпаѓа зошто имам и 2 браќа и онака сме премногу луѓе по дома. Дечко ми има и брат кој си живее под кирија со жената и детето негови. Почнав да останувам да преспивам кај него и многу ми е незгодно зошто мал стан се буткаме сите, не можам ни во веце да си влезам како што треба ни ништо. Си мислам утре како ќе биде кога ќе сакам моите да ги викнам на гости, па друштво, па деца што попрво во една соба. Мајка му и татко му викаат земете си се чим се сакате еве ви соба ама како ќе биде во една соба не знам. Под кирија да идеме кириите се скапи, работиме и двајцата ама мали плати. Тој ми вика за почеток да сме седеле со неговите понатаму ќе се решела ситуацијата. Како ќе се реши понатау сама од себе кога ние буквално немаме ништо, а ни можеме да очекуваме помош од моите и неговите зошто немаат. Има ли некој со слична ситуација да ме посоветува, како да почнеме од нула?
Прво, не брзајте со брак. Во меѓувреме барајте подобро платена работа, или барајте уште една работа плус и тргајте пари на страна. Разгледувајте понуди од банки за стамбени и потрошувачки кредити. Ние така имаме земено и сме во наш стан. Не знам друго што да ти кажам, освен дека сте млади и дека сега е време да се стегнете и да заработите, а со тоа да тргате пари настрана. Со деца тоа е многу тешко изводливо.
Многу сте млади и нема потреба да брзате. Ако сега отидеш кај него и се тесните сите на куп во 2 соби, верувај бргу-бргу ќе почнат проблемите. Штом работите и двајцата можете да заштедите некој денар во наредните 3-4 години, воедно ко што рече Нарцис, да си барате подобро платена работа па потоа ќе се пресметате дали ќе земете стан или ќе одите под кирија. Живеењето во заедница во така мал стан ќе ви е најголема грешка што можете да ја направите.
И да се надоврзам на Лолипоп, јас попрво би се теснела во станче под кирија, а понатаму и свое кога ќе може. Барем знам раат сум.
А зошто има потреба да преспиваш ако сте од ист град? Мене генерално ми е непријатно среќавање во веце, небитно колку е голема куќата/ станот, а кај тебе ситуацијата е уште понепријатна. Еве и јас сум до доолга врска па никогаш немам преспиено кај него дома, се гледаме секој ден или преку еден ден, седам кај него и по 4-5 часа ама преспивање ми е но-но кога типот живее со родители. Друго, зошто се брзате за брак? Млади сте ептен, фокусирајте се на барање на подобро платена работа, па и да живеете под кирија, да имате и за сметки и за живот. Брак сега за сега не е идеалната опција, јас сметам дека таков чекор се прави кога имаш барем добра работа и можност да се одделите од родителите.
Зборевме милион пати и направивме милион пресметки. И двајцата сме за тоа да си го бараме чарето сами, значи ни моите ни неговите. Кирија не сакаме зошто тоа се џабе фрлени пари и на крај ќе немаме ништо свое. Тој зема 12-13 илјади, јас малку повеќе. И не трошиме многу, ретко се возиме со такси, не седиме по кафичи, гардероба ретко и јас и тој ама не оди штедењето, кога се малку пари и нема многу да се заштеди. Тој вика цело време дека ќе бара друга поплатена работа ама сеуште сме во место. Почнав да преспивам кај него зошто тој инсистираше и подобро зошто на време сфатив дека така нема да можам да функционираме така. Во едната соба се неговите таа им е и кујна и дневна и спална, а во друга е дечко ми и не е многу голема собата. Утре ќе сакам гости да си викнам друштво, роднини едноставно немаме услови не можам да се опуштам за ништо. Башка и што не можеме да се надеваме на тој стан зошто брат му утре може да се сети дека сака да се врати и тој или да си бара дел. Од моите и не можам да очекувам многу, зошто немаме. На овие плати станбен кредит нема да ни дадат никогаш. И не е само станот, ни фали се од игла до локомотива. Дури и да успеам да земаме стан, каде се сметките, храната, други трошоци. Не брзаме никаде дури и да се стрпиме неколку години, ситуацијата нема да се смени драстично. Не знам веќе што да правам мајка ми вика размисли си убаво дури е време, да не се каеш псле
Многу погрешно е што размислувате дека киријата се џабе фрлени пари. Џабе се само ако живеете со свекор и свекрва под кирија и заедно. Инаку тоа е купен мир. Кирија на запад е секојдневие. Само ние тука се притресуваме дека некој друг ги зема парите, ко небаре така за ништо му ги даваме. А уствари имаш покрив над глава. Не е ни чудо со такви размислувања на крај да се испокарате и со родители, и со партнери, оти премногу луѓе на едно место носи само проблеми. И да, сум живеела под кирија и сама, и со маж, и со дете. За денар немам зажалено.
На кирија може да гледаш како на фрлање пари во воздух само доколку вие сте купиле стан кој е во градба или градите куќа а сеуште не се во брак. Наместо да давате пари за кирии една година, подобра опција е да живеете секој по дома додека трае изградбата и додека го средите домот. Во спротивно, доколку немате финансии за купување куќа/ стан, доколку немате услови за кредит и во блиска иднина не гледате начин да иматеј свој дом, кирија е најдобрата опција. Не е ниту страшно, ниту срамно, ке си работите и порано или подоцна ке се снајдете.
@m.m12345 прашајте по банките за станбени кредити, ќе ви пресметаат колку можете и дали можете, на вашите плати можат и родителите да се вклучат како кокредитобаратели (со цел да се зголеми сумата). Ама навистина сте млади, не брзајте, а во меѓувреме можите и заштеда да си направите за учество за стан.