Чекај малце, он 13 000, ти 15 000, сега кај ги трошите? Ни кирија, ни сметки ни јадење, ти си дома, он си е дома? Па тоа се 300 евра за настрана! Кирија има и за 120 евра, не е у центар, ама сам си. Со 250 евра можете да плаќате сметки и јадење за вас двајца.
Убаво кажа нарциза, ме знам навистина зошто сите мислат дека кириите се џабе фрлени пари можеби некој треба да пропати за да свати дека покривот над глава односно мирот во бракот и слободата се и те како најбитен фактор и да вреди да се фрлат парите бидејки ако искусиш такво нешто и сватиш колку ти е убав само мирот и спокојот нема никој вака да размислува. Луѓе, што вика нарциза на запад секој втор живее под кирија, најмногу најмладите. Си земаат станче и раат, еве сум до нив двајца штотоку во врска си имаат мало катче и си живеат, ми вика девојчето можеби немам многу, имаме колку да живееме, да прошетаме и да платиме трошкови ама па убаво и е вака сами раатот си го гледаат. А зошто кај нас е срамно стварно не знам. Ако се сака се може, јас така би рекла иако знам како е во Мк и дека не е баш најслесно ама решение ако сте цврсто убедени во вас двајца ќе најдете, само нема што да се брза, сепак сте млади, премлади и овде сите ја прават грешката што избрзуваат. Па потоа следуваат проблемите. Искрено и свекрвата да ти е златна во 30 квадрати ќе се омразите и двете а и нормално е тоа. Секој со свои потреби различни генерации напикани во едно собче.. Ноу ноу. Млади сте 22 години и 24 години.. премлади.. животот продолжува ќе се борите и ќе заминете под кирија или ќе пробате за свој стан па макар и по некоја помала работа да си најдете. Искрено, тешко е. Ти и уште милион други млади го одите патот, бракот не е лесен, возраста и текот на возраста не е лесно, фамилија да одгледуваш не е лесно, деца... туку живот сите се борат. Среќичка од тук од таму борбените ќе ги надгради, сетики ќе се отворат и на вас некои врати ако се потрудите а искрено имате потенцијал зошто сте млади!!! Немој вака да размислуваш не е се така црно. Јас сум сигурна дека постои решение ама решеноето напјпрвин е да не брзате, трпение спасение што би рекле секоја година од животот си носи свои а вие сте млади.. Бракот навидум лесен е ама и не е баш лесен ако почнеш нарочито да го искусуваш вп 30 квадрати со старите оти тогаш ќе пројде во кошмар а не треба. Трпение само информирајте се не седите со скратени раце, барајте. Сигурна сум дека ќе успеете.
Ќе ви дадат кредит ама ќе го исплаќате цел живот и на крај кога ќе направиш математика ќе излезе дека дупло сте вратиле. Убави совети ти дадоа погоре сите. Или одете под ќирија или стрпете се малку и штедете за да имате за учество за стан. Не знам што работите но разгледајте по огласите за работа има и работи со поголеми плати.
Најреално ми е мислењето @Rebecca_R кирија е фрлање на пари ако веќе имаш финансии да земеш свое или ако градиш нешто твое,се друго е купување на мир. Тоа што пиша се ниски примања.Ние живеевме цела година со толкави примања и реално тешко е да се заштеди за да изградиш нешто свое или учество. Затоа не брзајте со брак.Имате време.Барајте подобро платена работа или бегајте настрана. Во нашиот случај тоа беше решение.Се одселивме и тоа е најдобрата одлука што сме ја направиле.
Мене најмногу он ме нервира зошто го правиме муабетот, сака да бидеме заедно да не му се мрда од место. Што се однесува на платите наши верувајте дека и двајцата помагаме многу дома. Затоа и сакаме да се тргнеме од се и да си бидеме заедно. Под кирија би отишле ама утре со деца пак ли под кирија да живееме и до кога така? Тој сака да живееме со неговите кои се фер луѓе имам убав однос со нив, супер ме прифатија ама не можам мислам дека ќе се гушам цело време во една соба. Тој сака да се земеме и за почеток со неговите да живееме, па понатаму ќе видиме а јас сум свесна дека понатаму посебно со деца потешко ќе оди да се оделиме од нив.
Значи ти друга мака си имаш. А еве ако ич не се снајдете да купите стан или да изградите куќа? Ке живеете со старите и ке чекате да умрат за да имате раат и ке се надевате дека утре брат му нема да ви побара да му го исплатите делот што му следува? Со 400 евра можете да живеете сами, не ви треба трособен стан, за двајца доволна е и гарсоњера, ем кирија пониска, ем сметки помалку ке плаќате. Вие и сега не можете да заштедите, значи исто ви доаѓа дали ке живеете сами или сега ке живее секој дома и таму ке ги давате парите.
Куќа е дупка без дно,секогаш ќе има нешто што ќе има да се доправи или поправи , во стан влези заклучи врата и толку, во куќа и двор треба да се одржува а и тоа бара време и пари , читам некои од вас ќе прават куќа , внимавајте од кај ќе си најдете изведувач ,цената не е иста со нивен материјал и вие што ќе си купите ,обавезно да си надгледувате ,да не испадне едно барате и плаќате а друго ви прават (познавам луѓе со години се во спор по судови со изведувачот и не можат да си ја средат куќата) планирајте однапред каде ќе ви бидат штеќери и утикачи ( во кујна имајте си повеќе секогаш некој апарат плус ќе сакате да приклучите ) висина на клима, на кој ѕид ќе биде , висина на аспиратор ,ставете си добра изолација 10стиропор , внимавајте кошулицата како ќе ви ја изведат, внимавајте комшии ако имате повеќе место од ограда до куќа , обавезно неколку скали да е дигната во случај на пороен дожд не ви треба кал или поплава ( во комшии има куќа која на мала удолница им е направена без да е подигната малку ,се жалат дека се вода и кал во влезна врата им оди ) гледајте кабли од струја над куќа да не ви поминуваат Да се знае каде е вц и да се остават соодветните дупки да не треба потоа да биде подигнато вц за да можат цевки да се стават Немате потреба од големи плочки иако е декоративно може брзо да пукнат Отприлика ова ми текна може ќе му помогне на некој ,прашајте ме ако нешто ве интересира m.m12345 мирот со пари некогаш се купува, скратете трошоци ,земете кредит , и за почеток негде подалеку од центар земете си помало станче пофтини се ,поубаво ќе ви биде
@Cka мене нешто ми кажуваш или грешка сум? Нигде не пишав на диво да прави некој куќа, споделив некое мое видување ,понекогаш од што премногу сме ангажирани забораваме или занемаруваме некои работи
90 % од ова што го кажа го има во проектот за изведба, кој поминува низ контола за да се даде одобрение за градба. Проектот го прават 6 инженери и не може да се случат овие глупости.
Ние ви живееле под кирија ама до кога така. Утре пример и деца ќе дојдат, поголеми трошоци можеби ќе најдеме подобро платени работни места а можеби и нема додека трошоците ќе ни бидат поголеми па и цел живот ли под кирија не може. Јас не сакам никој да умре за да наследиме стан а и тој стан е премногу мал и двајцата сами да сме си станот е секако мал, а утре може и брат му ќе си бара дел од тој стан. Ние се сакаме и се гледаме во иднина заедно затоа и уште сега размислуваме што и како зошто годините си врват ако сега не се средиме нема никогаш. Јас ни под разно не се нафаќам да седиме кај неговите во една соба зошто на тој начин нема никогаш да заштедиме ниту да се оделиме. А не можеме да очекуваме никаква помош со пари ниту од моите ниту од неговите. Баш денес го правевме муабетот и би сакале заеднички да штедиме и да си бараме работа во странство некаде, да поработиме некоја година таму па да дојдеме тука и со некој помал кредит да почнеме со изградба на куќа. Стан не сакаме.
Секако дека ќе најдете подобра платена работа. Млади сте и ако имате желба и волја за работа не треба да се задоволите со минималец. Не знам од каде сте, ама ако сте од Скопје сигурно имате избор за подобро платена работа. Не знам како стојат работите низ другите градови, но јас сум од мало гратче од истокот па веќе платите доста се покачени во последните години, никој веќе не работи за 12000 денари, мајка ми со 8мо во конфекција на машина зема 15-16000.
Со помал кредит не се почнува куќа. Ќе треба двајцата да работите во странство и двајцата да дигнете кредити. Но ако ти е за утеха доколку сте одлучни за куќа и би сакале да се видите во длабока старост заедно тогаш запотете се од работа и за многу кратко време ќе го постигнете тоа што го посакувате. Јас пред три години го запознав мојот сопруг,кога се земавме направивме многу мала свадба и се што имавме беше 4500 евра заеднички. Сега чекаме во Март да се вселиме во куќа која сами ја изградивме регуларно со сите документи без никој да се меша стекната во брак со моја и негова пот. Плацот беше најголем проблем и не чинеше 16500 евра,карабината 16900 евра и за внатрешното уредување уште 9700 евра бидејќи сопругот голем дел од ентериерот сам го изведе, регали,трпезариска маса, кујна, лепење плочки итд... за досегашни 41100 евра добивме 200 м2 на два спрата (со платени комуналии,канализации,приклучоциевн водовод итд). Воопшто не ми е жал за парите бидејќи за истите продаваат станови по 40 m2,цените за m2 во стан во Скопје се баснословни. Многу е важно рационално да размислувате и за се да се договарате. Локацијата е најбитна (ако се одлучите за Бардовци,Момин Поток,Бутел,Ѓорче,Сарај ќе ве изгорат комуналиите и давачките). Во Визбегово позади Пантер Мис и во близина на хотел New Star има многу добри мали плацеви и таму и комуналиите се ефтини 15-20 евра за разлика од Бардовци каде комуналиите се 90 евра од m2. Може и поефтино од нас да поминете. Ние планиравме со 30000 да поминеме но сопругот се луксузираше. Или одете во странство и двајцата работете но во меѓувреме додека сте таму најдете некој ваш познат кој има сопствена фирма и да ве пријави сами плаќајте си ги придонесите (за да бидете кредитоспособни) и земете двајцата потрошувачки кредит на 10 години ако двајцата земете по 10 000 ратата ќе ви изнесува 14000 ден (тоа е скоро една плата,едниот од вас да работи за кредитот а да живеете со платата на другиот,тоа де однесува за потрошувачки кредит). Или подигнете хипотекарен кредит и почнете со изградба наместо да плаќате кирија ќе си плаќате нешто што ќе ви остане после 15-20 год.
Јас сум со дете под кирија. И маж. И куче. Под кирија сме 5 год а последните 2 со дете. Маж работи 2 работи. Немавме друг излез од опции. Ќе требаше да си дишиме со неговите што нема шанси такво нешто да си дозволиме. И еве после 5 год имаме шанса куќа да правиме. Не знаеш што носи животот. Ама знаеш што ќе ти донесе ако се тупнете 100 генерации под ист кров. Маш ти ќе остане паразит и нема да мрдне со прстот за повеќе а ти ќе си е.еш живците со мајка му па и најдобра да била..
И заборавив да наведам елаборат 500 евра, приклучок на струја вода 700, нотарски и катастарски трошоци и еден куп фрлени пари за багер и копање околу 2500 евра вкупно. И тие 14000 денари е вкупна рата на двата кредита што би ги зеле. Во банка вадат детална пресметка на колкава сума и кок временски период колку би изнесувала ратата.
Дали би можел некој да ми пише ПМ доколку во брзо време има зимано станбен кредит од комерцијална банка фала многу итно е
Донесената одлука за купување стан со кредит е најдобрата одлука што сме ја донеле со маж ми. Тешко е за плаќање, посебно ако сами правите се без поддршка од фамилијата, ама инвестираме во свое, живееме во свое и раат сме. Ќе плаќаме 20 години, но не се фрлени пари. Ако некогаш заглавиме, станот секогаш може да се продаде. Ако го исплатиме, сме успеале да спечалиме нешто и да оставиме на деца.
I nie pravime plan za da kupime stan. Moite davat pola ostanatipt del nie so kredit, negovite ne mrdaat so prst ni evro da dadat nepa li nes drugo. Sega za sega dvajvata zimame vkupno 65000 mesecno. Za rata bi trebalo nekaden okolu 16 000. Strav mi e da se pustam vo ova no toa so ke mi ostane mi dava sila. Nema odmori nema luksuzi nema setanje nema restorani nekoe vreme i toa e toa.. uste ne sme odlucile no vo pregovori so banki sme... ne spijam so meseci od ova mislenje
Абе не зезај, на таа плата 16 000 нема да ги сетиш. Јас 20 000 давам за кредити, а помалку примања имаме од вас. И Дете. А помош никој не мора да дава. Јас никој не ни даде.
Ќе имате и за шетање пари, ич не се мисли. Ние во моментов сме со 32.000 ден за кредити, на нешто поголем приход од вашиот и пак имаме доволно пари и за шетање (надвор од Мкд), и за излегување и за други мали и поголеми трошоци. Тие 16.000 секако ќе ги потрошиш во месецот за нешто безвезе, вака барем знаеш каде одат