Криза со станбеното прашање

Дискусија во 'Брак' започната од hrizantema007, 29 август 2012.

  1. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    3.800
    @oblace1 кога некој сака да подари нешто, нема потреба од никаков муабет. Човекот им дал толку, колку што мислел дека треба.

    Да те прашам, не мислиш дека овие се себични, што и покрај фактот дека имаат 40 метри квадратни на располагање, кои да биде уште поинтересно не се во нивна сопственост, се прошириле, згора на тоа, два пати?
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    69.472
    Престани да се правдаш зошто и како, тука решение на проблемот нема да добиеш. Ако сака маж ти да разговара со татко му ок, ако не барајте си друга алтернатива или почекајте додека твоите не бидат способни да ви дадат, рече дека така ви ветиле. Тука на форумов се саде самостални|(, остај ги ти нив. Татко на син да даде...неее, ти се молам, тука да заборавиш дека ќе бидеш оправдана за таквиот став. Се сами печалат, сами деца гледаат, се сами прават... магија мила, магија. Ама не кажуваат како:envy:.
     
    На Antebellum, Mariangel, Victorian и 7 други им се допаѓа ова.
  3. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    1.327
    Допаѓања:
    6.121
    Пол:
    Женски
    @jovanovska94 За проширувањето си во право, кога се немаат услови не треба фамилијата да се шири.Но ете во тоа не сакам да навлегувам сепак нема смисла сега да зборуваме зошто некој се проширил два пати.

    Велиш не е во нивна сопственост, правно да, но во секоја нормална фамилија се што е на родителите е и на нивните деца, барем јас ги гледам така работите.
    Јас утре како мајка секако дека би му дала на мојот син стан, кој дури во овој случај седи празен, а знам дека истото би го направиле и моите родители за мене.
    Значи зборуваме кога се има слободен стамбен простор, а не мавање некого од сопствениот дом.Мада знам и случаи каде старите се преселиле во помал стан, за да младите живеат поудобно и ми е сосема коретно и ок.
     
    На anel, fairy88, jacqueline.s и 2 други им се допаѓа ова.
  4. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    3.800
    @oblace1 те сфаќам јас на што алудираш. Јасно е дека најголем дел од нашите традиционални семејства прават многу жртви за нивните деца. Сето тоа е фино, ама ете има е такви кои сметаат дека мала помош е доволна, како за почеток, а другото останува на нив. Ги израснале, помогнале колку треба, ама работоспособни се, па не значи дека нужно треба се да е принесено од постарите.
    А факт е дека многу млади парови успеале и без минимални средства и помош од било кого.

    Колку што прочитав, таа толку убаво разгледала кој колку има, зошто, кој колку би требало да има и по кое својство. Од една страна води сметка за небитни работи, а од друга не водела сметка дека во 40 квадрати би било претесно за 4ца.
     
    На eloves и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  5. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.473
    Пол:
    Женски
    @VladeMila Prezi mi si gi rabotite vo svoi race ! Razgovaraj nasamo so svekorot , reci mu jas ke te gledam i ke te peram , rucek ke ti pravam , daj ni eden od pogolemite stanovi t.e da vi gi prepisi , dokolku ne saka nemas nisto so nego nitu ke si dolzna da mu davas kancinja jadenje nitu da mu odis na poseta , apsolutno ko nisto da ne ti e , ete ima 85 godini koga i da e ke crkni i stanovite ke gi delite na pola so zolvati ! Ako ne se boris i ne se snaogas vo zivotot nisto ne dobivas !
     
  6. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    5.601
    Допаѓања:
    27.268
    Пол:
    Женски
    Викате кредит да земат, па со кои пари ќе го враќаат кредитот? Иако и двајцата работат, она кажа дека им се мали платите (еве двајцата нека зимаат на пример по 10000 денари, значи вкупно да речеме дека имаат 20000 денари), па вие кажете со тие пари што попрво, дали сметки да платат или да го истуркаат скромно месецот за храна, облека. А не па и рати да враќаат за станбен кредит.
    Лесно е да земеш кредит, ама оди врати го да те видам.
    Друго, освен како што кажа дека им се мали платите, постои и те како голем ризик дека денес може работат, но може утре нема да работат, дури и едниот да остане без работа, па макар било тоа за краток период, тоа и те како ќе им влијае врз финансиската способност за подмирување на месечните рати од станбениот кредит.

    Еве можеби ќе згрешам, но повеќето од вас кои ја советувате да земат станбен кредит, сум сигурна дека нема да се осмелите во денешно време да земете станбен кредит, бидејќи е преголем ризик.
     
    На Antebellum, kjukli, Daleron и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    6.078
    Допаѓања:
    76.171
    E од вакви работи, здравје кога ќе имам имот ќе го разделам за време на живот, не некој да моли да умрам, па да се радува! Срамота. Да чекаш некој да умре па да се радуваш. Да ти се плукнам у среќата после тоа, стариот дочекаа да умре и сите среќно си живееа...
     
    На RedWine, crimson, theowndemon и 20 други им се допаѓа ова.
  8. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    25.647
    Пол:
    Женски
    Ај што и помогнавте на женава со советиве, па сега дури и гајлето ќе и го берете колку деца требало да има?!
    Сериозни ли сте бре со муабетиве?!
    Значи човечкава некултура нема граници!!!
     
    На Antebellum, kjukli, Mariangel и 8 други им се допаѓа ова.
  9. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.263
    Ваквите што прават пресметки дека некој ќе умре набрзо, а тие ќе уживаат во наследството, не ретко бидуваат надживеани од тој што сметале дека му се броени деновите, или во друг случај остареле или се истрошиле физички и психички во грижата за тоа лице, и на крај лесната добивка не изгледа баш така.

    Еве неодамна читав дека таткото на Силванева Бонева наполнил 90 години, имаше и слики, човекот изгледа повеќе од 10 помладо, толку витално, кога видов си реков браво, нека живее над сто, кога е така витален.
    Е сега замислете некој да му правел вака сметки и нему, каде му е сега крајот, тој станал веќе 60 можеби, а наследство нема изгледи дека ќе има во блиска иднина.

    Забегав од темата, ама верувам се разбира која ми е поентата.

    Или имаше случај си живееја луѓето со децата во стан од таткото(дедото), вдовец, немаше нова жена, живееше тој во викендица некоја на село, ама ете му текна да се ожени на 65+ години, па на крај луѓето не само што излегоа од станот што веќе си го сметаа за свој, туку како наследство добија само дел од викендицата, станот остана на жената и на нејзините деца од претходен брак.

    Затоа србите велат- уздај се у се, и у своје ќљусе, демек да се потпреш само на тебе и на твоето старо коњче, какво е, такво е твое е.
     
    На kjukli, tessie, CameliaMiller и 14 други им се допаѓа ова.
  10. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    1.327
    Допаѓања:
    6.121
    Пол:
    Женски
    @VladeMila А зошто не му предложите на човекот да направите договор за доживотна издршка? Сватив дека керка му не го рецка, а во тие години, и те како му е потребен некој што ке се грижи за него, ако не сега во иднина сигурно за година, две.Можеби ке прифати ваква опција.
    Сепак сметам дека немало потреба да доаѓа до ваква ситуација, но тоа е не сите луѓе се исти.

    @jovanovska94 Да успеале млади парови каде барем едниот има високи примања, да не зборуваме кога и двајцата имаат.Не е се црно и бело и едноставно да се земе кредит за поголем стан.Не треба се да е принесено на тацна многу јасно, но кога можат да помогнат на синот на кому стварно му е потребна помош зошто да не?
     
    На Victorian, VladeMila, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  11. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    12.044
    Пол:
    Женски
    A што има врска што си имаат две дечиња луѓево? По ваше во Македонија, каде повеќето земаат ниски плати, не треба ич деца да имаат? Ако чекаат да обезбедат на 40-50 години нема ни да можат деца да имаат. Не е се така филмски како што мислите. Незнам зошто одма се напаѓа ако некој брачен прај имаат деца, а не земаат 1000 евра плата и немаат 200 квадрати живеалиште (карикирам).
     
    На Victorian и oblace1 им се допаѓа ова.
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    5.762
    Допаѓања:
    96.338
    ^
    А за трето или четврто дете уште извештај од банка што не им барате. За ова пишав пред некое време, за две деца срамота е да кажеш или прашаш дали имаат услови, ама за трето најнормално е, така?
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.473
    Пол:
    Женски
    potpolno se soglasuvam so tebe , mozit jas se izraziv pogore podirekno , no dozivotna izdrska bi bila najdobro resenie , em ke go gledaat em ke si dobijat toa sto sakaat i site strani zadovolni !
    Nie moeto semejstvo nemame imot nisto od dedo mi (na vremeto koga bil deckiot dodatok moralo da nemas nikakov imot na sebe za da dadat ) dedo mi naprail dogovor usno se dogovorile so sestra mu i brat mu potaka da mu go vratat imotot sto go sledvelo , i taka dedo mi si ostana so nisto ! Brat mu i sestra mu mu rekoja nisto ne ti davame , koj te terase da se otkazuvas , i mojata baba mu pravela nega na striko na dedo mi koj nemal deca , slogiran bil covekot i ne zemal nikakva penzija , znaci jadenje , pienje , spienje , peleni od dzepot na baba mi i striko mu na dedo mi sve i prepisal na baba mi , i taka da dodeka ne osetite na svoja koza ne kazuvaj te babini prikazni!
     
    На oblace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    5.762
    Допаѓања:
    96.338
    ^
    Тој веќе има 84 години и колку што разбрав здрав е. Имал време да процени кој колку внимание му посветувал и кој колку заслужува, ако нормално го држи памет, ако не џабе е. Да доживеам толку на нозе ич не ми треба некој да ме уценува -ќе те гледам ама препиши ми. Ако не можам сама, ќе мавнам една рака апчиња и ајт со здравје.
     
  15. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.211
    Допаѓања:
    86.660
    @VladeMila кaжa еднa живoтнa ситуaцијa. Вие и куќен ред би и вoвеле дa мoжете.
    Спoред мене муaбетoт и е нa местo и секoј oд нaс кoгa би бил вo тaa ситуaцијa би рaзмислувaл истo.
    Мaјкa ми викa- кoгa чoвек немa гo бoли глaвa, a кoгa имa мнoгу пoвеќе гo бoли....Вo смислa кaкo прaведнo дa гo пoдели нaследствoтo нa децaтa.
    Јaс би те сoветувaлa вooпштo дa не гo пoтегнувaте прaшaњетo зa делбa нa стaнoвите. Еднo штo ќе нaпрaвите 3 светскa вoјнa, визa ви кaрaктерoт нa зoлвa ти, a другo штo мoже дa зaвршите и сo гaрсoњерaтa. Акo сте сигурни декa цел имoт е нa свекoр ти, мoлчете мудрo.
    Еден ден спoред зaкoн ќе ви припaдне пoвеќе oд oнa штo сегa би гo дoбиле.
    Дo тoгaш, биди чoвек сo свекoр ти кaкo и дo сегa и не му прaви тензии нa мaж ти.
     
    На Binka и VladeMila им се допаѓа ова.
  16. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    1.954
    Допаѓања:
    30.777
    Пол:
    Женски
    Луѓе да бидеме реални женава не е оставена со празни раце.Ете каков таков стан добиле некој ни толку не добива па се влечка со кирии пола живот зошто нема свој кров над глава.Сеатаа што смета дека станот и е мал и и е нарушен комодитетот е друга работа.Утре може и 100 квадрата да ти се малце и да сакаш повеќе.Има парови што живеат во една соба во двособен стан со свекор и свекрва а таа сама на страна сама со сопругот ,кука како малце и е цел стан.Тоа е веке лакомост а не нужно барање и потреба.Да сите сакаме да се шириме на големо ама колку ти e чергата толку ќе се испружиш.
    И не никој не е светец ние си знеме како и со кој стрес секој месец плаќаме кредити за стан за кола за што год и како милион работи си имам скратено за да ја платам ратата за колата пошто мпоите ми рекле твоја е ти ја возиш не чекај од нас да ти плаќаме поправки ,регистрации,бензини и најбитно рата од 4000 месечно.Ние си знаеме како му се тресеме на секое каснење на плата да не случајно во банка ти направат проблем и ти бапнат камата за каснење. Епа сеа ружи никому не цветаат сите се тресеме без работа да не останеме ама тоа не значи дека у мртва точка дремеме. Со дечко ми договоривме заедно штедиме за опремување на станот лека полека колки се може во месецот толку,па полека полека да поткупиме по нешто не се од еднаш.Неговите немаат да дадат заглавени се со кредити моите исто конечно после 20 години се решија даизреновираат дома и да подноват мебел малце.Ете и ние со минимални плати и без помочи трикова со добар план штедење буквално на се успеваме да тргнеме некоја минимална сума за заедничко живеалиште.
     
    На Antebellum, joy1, Bozica1980 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    1.327
    Допаѓања:
    6.121
    Пол:
    Женски
    Смета дека станот и е мал? А каков да и е со две деца во гарсоњера и неможе ова да го карактеризирате како каприц, демек и текнало дека сака поголем стан.Не бара луксуз женава, туку има потреба од поголем стан.И поентата на целиот проблем е што свекорот има веке голем стан кој би можел да го даде на синот.
    Да има парови што живеат во една соба, но тие сигурно немаат услови за нешто повеке.Женава веке има, не бара од свекорот да и купи стан.
    Друго, не е исто да штедиш со дечко и да штедиш со две деца.
     
    На kjukli, cresa-jagoda, Victorian и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    5.762
    Допаѓања:
    96.338
    ^
    Нема женава ништо, има свекорот. Ако сака ќе даде, ако не сака, нема.
    Која е разликата од свекор кој нема да даде и свекор кој не сака да даде?
     
    На joy1, MacenceEna, okcenzi и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.574
    Допаѓања:
    5.715
    Пол:
    Женски
    ^^ Па ако смета дека и' е мал нека си купи поголем.

    Какви сте бре луѓе, научени на само дај-на. Па јас би била пресреќна и благодарна да има некој сега да ми остави само за мене стан, да имам кај да живеам сама со семејството па макар нека е и 20 квадрати. Знаете ли што значи одма некој да ви даде стан од почеток на бракот? Без да се мачиш одма во свое да живееш? Па луѓе со децении не можат да дојдат до тоа што они сега го имаат. Има семејства што сите во една куќа живеат, три генерации се стискаат во три соби.
    Нека бидат среќни што се настрана од сите, што сепак некој помислил и на нив и им дал цел стан. На почеток им бил доволен, ама сега им е мал. Е сега ај дајте ни поголем, не го сакаме овој. Па стегни си се, продај овој, земи кредит, штеди, прави нешто, било што, возрасни сте, снаоѓај се како и сите возрасни луѓе во државава што се снаоѓаат. Имале минимални плати, а што мислите како се стигнува до сопствено живеалиште? Туку така плукни-залепи? Луѓево во Македонија што имаат свои куќи и станови сите се со над 2000 евра плата? На сите ружи им цветаат и имаат 100% загарантирана работа?
    И моите се цел живот со минимални плати па со тие кредити стигнавме до пристоен дом, а никој ништо во животот не им дал. Освен ако се смета една буквално празна соба во која одма на почеток купиле еден кревет да имаат кај да преспијат, алиштата им стоеле на земја, храна на земја и се' останато. Познавам луѓе што цел живот се во заедница, никој нема што да им даде, а немаат ни тие за нешто настрана да си купат.
    Овие стан добиле од старт, настрана од сите, никој не ги чепка и пак не се задоволни, дајте сега поголем овој не ни се свиѓа. Па и уште триста комбинации смислиле.
    За мене е ова претерување, кој како сака нека ме сфати, ама изгледа така ги научиле.
     
    На ivi1987, tincemajmunce, Giovanna и 13 други им се допаѓа ова.
  20. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    1.954
    Допаѓања:
    30.777
    Пол:
    Женски
    Ок има потреба ,утре ќе има потреба за нешто друго и? Секој пат ќе треба да некој друг да ги задоволува потребите? А да го нема тој стан од 40 квадрати? Да треба кирија да плаќа? Тогаш кој ќе биде крив за ситуацијата? Маж и не стои добро со фамилијата ,значи кога тој нема образ и воља да бара нешто од татко му зошто па таа да брца нос во туѓ имот.Има многу родители и деца кои се испокарани меѓу себе и не добиваат ништо од оставина.Има многу родитело кои се препишуваат на едното дете најчесто тоа што е до смрт до нив и евентуално живее со нив. Праведно или нивна си е одлуката кому и што да остават. Муабетот стигна до тоа да може уште вечерва да умре стариот за да се сторатсо станово.Бедно и мизерно на туѓа смрт да се надевам за сопствена среќа да дочекам.И да ги препише сеа становите тој до смрттс има право на нивно користење,а со вакви ставови за умирчка и ја утре не би препишала тањир а не па куќа. Нека стисне заби 40 квадрати и не се така малце.Имам дупло помала гарсоњера од нејзината од 26 квадрати па се живее и во26 квадрати кога немаш друг избор. Како вечито на сите теми свекорот и свекрвата се должни да го обезбедат синот со се а невестата и нејзините вечито не се у состојба да помогнат.Или поентатс е ќерко битно е да те мажиме па друг нека ти го бере гајлето имаш маж тој нека најде покрив над глава.

    Тешко се штеди и без децс кога си а не па со нив.Затоа коа е така радувај се на тоа што си го добил а ако не ти се допаѓа потруди се да си обезбедиш повеќе ако не за тебе утре бар како подобар родител од твоите што биле да имаш нешто повеќе да им остаиш од една гарсоњера.
     
    На ivi1987, joy1, tessie и 5 други им се допаѓа ова.