Криза со станбеното прашање

Дискусија во 'Брак' започната од hrizantema007, 29 август 2012.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.199
    Допаѓања:
    49.491
    Пол:
    Женски
    Кои комбинации ги смислиле? Членката само праша за мислење, а не напиша дека планира да му прават црни магии за побрзо да си умре човекот.
    Цел стан празен им стои, а овие се туркаат во мало просторче со деца. Не мора сега ништо да им препишува, ама може да го подели имотот и откако ќе умре да го наследат, ако се плаши да не остане на улица. Сите така прават, никој не препишува ништо додека е жив.
    Ама при имот да оставаш деца, твои родени деца да се мачат, да се заглавуваат со кредити, со мали плати епа треба да ти фали нешто. Ај да живеел он во станот со жена му, па да треба да се селат, ама празен стои?
    Така било, ајде кредит ќе земеме со 20000 или помалку, треба да имаш нешто капитал за депозит, така е тоа. Па неколку месеци да немаш да платиш отиде се во неповрат, пак без кров над глава ќе останеш.
    Јас би се стиснала во една соба ако треба со мм кога ќе остареме, ама не би ги оставила децата мои да се мачат, знам и нас како ни е.
     
    На crimson, kjukli, Mariangel и 17 други им се допаѓа ова.
  2. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.574
    Допаѓања:
    5.715
    Пол:
    Женски
    Ама можел и без ништо да ги остави така? Можел ништо да не им даде? Тие станови се на свекорот, ако сака и на бездомници ќе ги поклони. Не тргајте од себе, и јас понатака ако треба ќе се стискам во една соба за моите деца ама не се сите како мене. Јас моја мајка или мајка на маж ми никогаш не би ја избркала од дома ама еве золвата на членката што го изнесе проблемот ја избркала. Така што, јас во нејзиниот случај би била најблагодарна на цел свет зашто баш тоа што ти си го опишала ќе требало да го поминувам, со кредити, учество, депозит, стресови, сигурна - несигурна работа. А во случајов некој ги поштедил од сето тоа и им дал цел стан. Како што ја опиша членкава ситуацијата и сите семејни проблеми, јас да сум на нејзино место ќе си ќутам и ќе си свиркам. Золвата мајка и' ја избркала без око да и' трепне, свекорот со мал прст не мрднал за жена му, така што добро е и што овие имаат кај да живеат.
     
    На tessie, CameliaMiller, Nausicaa и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    5.762
    Допаѓања:
    96.338
    ^^
    Ти наполни прво 84 години па после збори на кој колку ќе оставаш :D Сите така зборат на млади години, јас за децата работам, за нив да има јас леб и сол ќе јадам, и на крај имаш бркања, кавги, тепачки, раскол за 10 квадрати.
    И што е финтава со советот што го бара? Каков совет да и дадеме, што може ние во случајов да помогнеме?
    Да го викнеме дедово на форумот малку лекции за фамилијарни односи да одржиме?
    И кажавме, нека си прашаат, ако им дадат арно, ако не, што треба, да ја бодриме да го напнува сопругот, да му се качува на глава, да го земат дедово да го гледаат до смрт, сопругот очигледно не сака со нив работа да си има, таа за 20 квадрати плус треба да им се меша во сметки? Може и куќата ќе им ја остави после смрт, може плус двата стана, ама дотогаш нека е благодарна за тоа што го има, и ако сака повеќе нека се потрудат. Се што ќе добијат отпосле е плус, ама предвреме да си присвојуваш нешто што не е твое, не оди.
     
    Последна измена: 16 октомври 2015
    На crimson, MilaP, duffi и 8 други им се допаѓа ова.
  4. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    144.219
    Се поштени на форумот, грев е да се даде стан на синот и внуците и ајде нека се теснат во стан од 40 квадрати, а притоа има уште два поголеми.
    Вие каде живеете, со две мали плати и две дечиња предлагате да земаат кредит, а свекорот има 3 стана?
    Или премногу ви е среден животот, или сеуште немате фамилија или ми изигравате совршени како вие се сами ќе заработите.
    Па повелете, во МК, каде платите се по 10 000, а сметките огромни, не да немате рата за кредит туку никоја банка нема да ви даде кредит на тие мали прмања.
    Ама ќе морализираме, најдобри сте во тоа.
    Нека се трудат, ама дојдете и трудете се во МК да ве видам, едвај ке крпиш за живот, со безброј дипломи, со амбиции, ама не бре има работа, плати од 500 евра, па сите станови може да купуваме.
    Ве читам и ви се чудам. Синот секако го следува, сеедно дали татко му ќе му препише.
    Сте слушнале за нужен дел? Така да, продолжете морализирајте.
    Разликата е ако сега им се реши стамбеното прашање луѓево ќе бидаат на раат, нема да се туткаат, ама кој да сфати. Секако еден ден ќе си добијат од становите, и секако нема да е само 40 квадрати.
     
    На kjukli, zarah, duffi и 16 други им се допаѓа ова.
  5. VladeMila

    VladeMila Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    8.511
    Пол:
    Женски
    vidi sega vaka,jas nisto ne sum dobila niti sum ostavena so polni race,znaci mm dobil,i toa duri ne e na mm,jas moze da si baram kaj moite, ni e tesno so toa sto mm se nervira,i gi prenesuva nervozite na mene,a od dr.strana ne prevzema nisto,za komoditet tocno sekoj saka,dr.se pruzam kolku mi e cergata,voopsto ne se luksuziram,ne pamtam koga posleden pat sum izlegla na kafe,a za restoran da ne praam muabet,edinstveno setanje mi e okolu zgrada i na klupa pred zgrada,krediti nemam da plakam ,no zatoa imam za bebe hrana mesecno 3.500den,za 1 dete terapija 3.000den,za sto pobrgu da stedam,me prasuva nekoj dali imam,nema ni potreba zosto nema ni da zemam,a za stanot da zosto toj da e prazen koga mozeme da se vselime,a ne vaka da spijam so nozete na fotelja.
    i ti da si kako mene i ti isto bi razmisluvala,ama daj boze da ne si
    nesakam jas da se mesam,ne su mu kerka snaa sum mu,toa treba mm,mene ne mi smeta i da zivee so mene kaj za nas i uste eden tanjir ke stavam,megutoa ima kerka,kaj ke odi ona ,koj ke ja rani,,znaci treba samiot da mu tekne,ne gleda spieme ko sardini so noze na fotelja..
    dobro kazi mi spored tebe koja alternativa?ne se ljutam na nikogo dobro bi mi dosle soveti
    vo red e seto toa,razbiram i oni se plasat da ne ostanat na ulica,ama mm ne e takov,on znae deka ne padnal od mars,se raspravaat,ama pak se grizi pa tatko mu e,go nosi na lekar,obavezno 2 vo den mu se javuva da vidi kako mu e,a zivotot na zolva mi tocno ne e predmet moj na razmisluvanje,mm se nervira zosto ona dobivala i dobiva se sto saka,a pritoa ne mrdnuva so prst,e za toa se ljuti mm na svekorot
     
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.277
    Допаѓања:
    5.158
    Суштината на проблемот не е во квадратурата туку во распределба на имотот. Не сте ни први ни последни каде што ,,старите,, не го решиле тој проблем туку оставаат на децата као они да се договорат и нормално пука тиквата тогаш. Па кога ќе се испомешаат и снаи и золви и девери па на крај солат памет тетки, вујни и незнам уште кој е тогаш браќата или сестрите вадат ножеви на маса и се вечити непријатели цел живот, за жал, наместо да се помагаат и штитат.
    Јас би ти дала еден дипломатски совет кој верувам дека тешко и со јаки нерви ќе можеш да го реализираш. Мораш да и се доближиш на золвата и да пробаш некако на некој си начин да го помириш мт со неа. Знам дека не е лесно но ќе го работиш тактички, сепак они се брат и сестра а свекор ти нема имањето да го понесе со себе 2м испод земја. Доколку тој однос се стабилизира тогаш ќе му е полесно на свекор ти да ги договори дваицата и негов ќе биде последен збор без лутење.
    Е сега какви сте си вие карактери и табиети по дома тоа незнам за да би можело ова да успее на мирен и компромисен начин.
     
    На Glasna и Annath им се допаѓа ова.
  7. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    1.954
    Допаѓања:
    30.777
    Пол:
    Женски
    @VladeMila ти очигледно имаш проблем со сопругот кој се нервира што живее во мал простор а не сака да превземе ништо во врска со тоа. Тој е оној кој треба да разговара со неговите да постигне некаков споразум за тие станови и да побара доколку е можно да го замените овој кај што сте сега со некој поголем. Тој дреме со скрстени раце се расправа со тебе ти префрла негативна енергија на тебе а не прави ништо во врска со состојбата во која е .Побогу не е мало дете 44 години има ,па до толку да не може да покаже став пред татко му и пред сестра му. Крај краева седни го и разговарај со него-Слушај вака и вака свесна сум дека се тесниме во овој стан оди разговарај со твоите дали има простор да го замениме станот ,ако твоите се децидни дека нејкат да дадат поголем стан да си го бараме чарето сами. Кажи му дека ти влијае тоа што е смргоден и нервозен постојано и дека ти неможеш ништо да направиш во врска со тоа во негови раце се конците.И да не ви дадат поголем стан барем овој малиот да ви дадат можност да го продадете па со тие пари да дадате учество за поголем стан да купите.Во таква ситуација ем ратата во банка ке ви биде помала ем на помал период ке ви биде плќањето на рати,али утре тоа ке биде ваше и само ваше. Имам работено на стамбени кредити и ратите не се толку големи како што си замислуваат сите.Рата за стан стига и до 3000 денари месечно а може и помалце да биде ако е на 10 -20 или повеке години. Крај краева побарајте финансиска помош и од твоите барем 1000ка за рата за стан да ви даваат .

    Еве другарката моја сеа со сопругот стан купија на кредит.Нејзините дадоа за учество 3000евра неговите немаа да дадат ништо.Да, се жали и се нервира вика стан имам покукнина немам еден кревет ,шпорет и фрижидер ,облеката уште во куфер ми е ама барем нивно си е тоа станче што по квадратура и не е нешто поголемо од вашето. И сама вика сеа со кредитот за станот ке живееме ко глувци месечно со 10 000 и со бебе на пат ама тоа е коа се нема друго решение . Ќе го плаќаат тој стан цел живот со плати од по 14 000 денари а не со 500 евра како што сите на форумов мислат дека грото у Македонијава има плата па се решило станови да купува.

    Пак ке кажам само со сопругот на маса можеш да го решиш проблемот ,тој да си разговара со неговото семејство и да види до каде е работата.Ако татко му има совест да му даде поголемо ок ако не пак ок никој не може со сила да го тера стариот на ништо.
     
    На CameliaMiller, Daydream, imelda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.824
    Допаѓања:
    195.153
    Пол:
    Женски
    Проблемот во ситуацијата лежи помеѓу свекор ти и маж ти и никој друг. Тоа всушност и беше поентата на мнозина од жените кои се изгласија во врска со овој проблем.
    И да, @Bridget во последниот коментар убаво посочи.
    Не сите родители размислуваат дека треба да помогнат и да дадат на своите чеда, тоа е поентата, ако свекор ти не дава значи вие не треба да останете да очекувате и да се јадосувате зошто така и зошто овака, животот нема фер и правдина, што побргу го разберете тоа тоа подобро за вас, потрудете се да изреагирате и да си го решите вашиот проблем, ако останете да седите со скрстени раце и тоа малку што го имате ќе го изгубите.
     
    На duffi, Glasna, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. VladeMila

    VladeMila Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    8.511
    Пол:
    Женски
    cekaj be,samo zolvata li mu e dete na svekorot,mm mi sto mu e?da nie so 2 plati od po 10.000den,kaj poprvo,dali smetki,gradinka,jadenje,a baska sto mi odat za bebeto hrana mesecno 3.500den i za dr.dete terapija od 3.000den,mene nikoj ne me prasuva dali imas,a i da me prasa sekako deka ne bi zemala.a zosto koga se ima prazen stan da ne ni rece da odime tamu,a ne se guzvame vo 30 i kusur kvadrata(tocna kvd38)ako te interesira.
    da moite ke mi dadat,ama momentalno ne se vo moznost,a vamu se ima a ne se prezema nisto,e mm nekolku pati go potegnal ova prasanje,imalo i raspravii,i na kraj se otkazal,se tesnime nervozen e i on,a na kraj kraeva na kogo ke gi dade stanovite i pomogne ako ne na svoite deca
    da svekorot imal 40 god koga se rodil mm
     
    На oblace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    5.762
    Допаѓања:
    96.338
    ^
    А кој треба да те праша дали имаш? Велиш моите немаат моментално, значи тоа е, се нема и готово. Сега замисли дека и свекорот нема и треба сама да се снаоѓаш. Ние тебе те разбираме, знаеме што се и мали плати и се, ама велиш дека ве гледа како спиете како сардини и не му текнува. Или не сака да му текне.
    Еве кажи ти како планираш да допреш до тој стан, кажи идеја како да го натерате да ви го даде, па ние да те поддржиме.
     
    На kukla21, tessie, Victorian и 5 други им се допаѓа ова.
  11. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.824
    Допаѓања:
    195.153
    Пол:
    Женски
    Се има и се може точно, НО НЕ СЕ САКА тоа треба да го разбереш ти.
     
    На Glasna, tessie, Victorian и 5 други им се допаѓа ова.
  12. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    3.800
    @VladeMila не можам јас да ти кажам алтернатива, а и немаш многу опции, реално гледано.
    Испомешани ви се односите, едни со други со години скарани, никој не попушта а ти очекуваш некој трет да ти го реши стамбеното прашање.
    Врти- сучи, тебе окото ти бега, де кај свекорот, де кај татко ти, водиш туѓ есап, кој колку имал. Не сте веќе во цутот на младоста, до кога вака ќе очекувате испомош? Сте ја добиле на почеток, и после толку години, две деца, вие пак тапкате во место, обвинувајќи ги родителите дека се без осет, затоа што спиете со нозете на фотеља.

    На сила ништо не бидува, свекорот да сакал и мислел дека треба, до сега самиот ќе ви кажел. Ама ете, од кај да знаеме ние што му се врти нему низ глава? Може тој сака да си живее сам во тие 100 квадрати. Го израснал син му во здрав и прав маж, ама очигледно ги испуштил лекциите околу самосталноста. За некои работи се мисли на време, како на пример, стамбено прашање.
     
    На crimson, Glasna, tessie и 3 други им се допаѓа ова.
  13. VladeMila

    VladeMila Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    8.511
    Пол:
    Женски
    znaci nemam idea,i ne e moe da baram,a ako ni svekorot nema,nema ni sto da bara mm,ama ovde se ima i zosto da ne se dade,nie bevme zadovolni i so ova,megutoa ni stanuva tesno,napnatost,bebeto mi spie,maliot mu se igra,vreska,toa mi bese muabet sto ni e tesno,a vamu sega stoi prazen stan,da mozeme nie vo toj stan ,pa garsonjerava neka si ja izdava pod kirija,ama nikako ne odgovara,
     
  14. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.322
    Децата откако станат возрасни знаат да бидат исто како и комшијата кога станува збор за меѓучовечки односи. Ма и полошо од комшијата. Имало расправии како и секаде дека има делење имоти меѓу браќа и сестри што не сакаат очи да си видат, а камо па да дозволи во таква ситуација некој нешто повеќе да им земе. Старата добра брат за брат сирење за пари. Дека секој родител по дифолт си ги сака децата исто и еднакво не е вистина. Каква жртва е спремен да даде додека се мали и кога се луѓе, сосем различни работи. Малку ли има примери со чекај да цркне, па и со тој збор, не да умре него да цркне, изустени од децата на тој родител должен да ги сака цел живот и им даде што сакаат.

    И што можеш? Не е фер. Не е, ама и тоа е фраза резервирана за тинејџери. Со тоа што знаеш каква е золвата, мајка од неа избегала, знаеш дека не се сакаат со маж ти, знаеш дека свекорот неа ја слуша, ништо арно нема да постигнеш, поарно стискај се некое време додека твоите кои сакаат да помогнат се во можност, и заборави дека тие станови постојат. Подобро отколку да го боцкаш маж ти да се стави во ситуација на трета светска војска, и дури би ти предложила теши го, кога тој се нервира за ситуацијата, оти нему веројатно му е многу потешко од тебе.
     
    На kjukli, LaBella, Daleron и 10 други им се допаѓа ова.
  15. Tajnaotrovna

    Tajnaotrovna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    1.609
    Допаѓања:
    19.246
    Пол:
    Женски
    Тука кај нас уште постојат луѓе кои живеат во турско и се спремни се да му препишат на синот, а на ќерката / ќерките ништо. Јас секако не можам да го сфатам тоа, како едното дете има повеќе право од другото, демек машко па ајде се него да му припадне.
    Секако ова не е случај кај вас, но бидете среќни што ете нешто и сте наследиле од неговите, подобро нешто отколку ништо. Мој најдобронамрен совет, чувајте го она што го имате и гледајте и тоа да не го изгубите. Свекор ти е тој што одлучува на кој, колку што ќе остави, негов имот негови правила.
     
  16. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    69.472
    А ти @jovanovska94 прочита ли оти има и друг стан, кој е празен? И зошто тогаш ако многу работи му се вртат низ глава не му се заврти и да си зготви сам, да се испере сам? Јас еве кога некој не сакам, значи не сакам НИШТО од него! И како да не се споредуваат со золвата и да не ја мешаат неа во проблемов? Мажот на форумџиката му е исто што и таа золва на која што очигледно ништо не и се погодува во животот...ни работа, ни место на живеење, ништо! Значи неа да не ја чепкаат иако има се на дланка а пак го одбива, а овие иако колку толку сами се мачат (барем сами заработуваат за трошоците) нека ќутат и нека се задолжуваат во кредити на гол газ. Глупости во боја!
    И тука како по некое непишано правило е секогаш така, родителите ги замрсат конците и после се повлечат, па децата очи нека вадат за еден квадрат место. Сите збрки се од родителите, само не знам како можат така да си ги гледаат сопствените деца...израспрчкани насекаде, не зборат еден со друг... а со само еден потег можат да ја доведат во ред ситуацијата.
     
    На kjukli, cresa-jagoda, fairy88 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    3.800
    @Emy867 прочитав, и што сега? Негов стан, негова одлука.
    Не е напишано дали тој бара таа да му помага или тоа е нејзина воља. Би рекла дека форумџиката тоа го прави да добие повеќе поени, да ги подобри односите и на крај да добие поголем стан. Ако сум грешка, еве поправете ме.

    Што е толку золвата виновна што добила поголема помош. Може му е миленичка на татко и, тоа не можеме да го смениме. Таа е во потешка ситуација, разведена е, со дете, а овие де двајца.
     
    На kukla21, tessie, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  18. VladeMila

    VladeMila Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    8.511
    Пол:
    Женски
    seto toa e vo red,nisto ne sme nasledi
    veruvaj jas nikogo ne bockam,pa nitu go teram mm,samo ednas mu rekov zosto da ne otideme vo toj stan,zosto stoi prazen,a nie se guzvame.kako sto pisuvaat gore niti cekam nekoj da umre,niti posakuvam,
     
  19. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    69.472
    Па и да го прави тоа за да добие поени, важно го прави. Сигурно не го прави од чиста љубов спрема човек кој не и е ништо тоа е факт, ама ете сака до некаде да ги израмни сметките. Тој ако им дал, она да возврати со што може. Мене ми е тоа сосема разбирливо, не знам зошто вам не ви е? Прави подобро отколку некои снаи кои што ем добиле се, ем не ги сметаат старите за сува смоква.

    И што е золвата во потешка ситуација? Оти не сака да излезе од комфорната зона на тате и да се фати за работа? Не е море во потешка ситуација, не е ни прва ни последна самохрана мајка, само што има мајки што ги засукуваат ракавите, а има и такви како неа што на 50г. не придонесуваат ни денар.
     
    На kjukli, cresa-jagoda, fairy88 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.824
    Допаѓања:
    195.153
    Пол:
    Женски
    ^ а што на вас сите не ви е јасно од овој проблем?! Свекорот има три стана (негови си се) точно дека треба да даде и на син му ама еве НЕ САКА И НЕ САКА и вие продолжувате да го прашувате тоа прашање 2 страни уназад за кое има одговор, ДЕКА МУ СЕ МОЖЕ АМА НЕ САКА, епа за доброто на жената и на нејзината фамилија треба да го свати ова и да не очекува правдини оти во случајот не постојат како што гледаме, наместо секојдневно да се прашува со маж и зошто и како треба да си ги завземе работите во свои раце и таа и тој, да се помират со одлуката на свекорот и да си најдат чаре.

    А вака кукајки и прашувајки се кој на кого му бил повеќе или помалку и зошто не дал нема ништо да решат, само ќе тапкаат во место за да на крај можеби и ќе останат без тоа.

    И да, немора ни да го пери ни да му чисти ни да готви, но тоа е нејзина лична желба дали таа ќе помага или не, исто како и желбата на правото за становите на свекорот!
     
    На Doozy, tessie, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.