vidi vaka,toa e moja volja,a ne da dobivam poeni,zatoa sto sum taka vospitana,da gi pocituvam postarite,a za zolvata nikoj ne vika da ne i se dava pomos,pa neka ide i ona neka raboti,zar nas ni e lesno,po cel den na noze,
Кога се нема е проблем, кога се има уште поголем проблем, така си е тоа. Поделбата меѓу децата многу често не е подеднаква. На другарка ми мажот не доби ништо од родителите, а брат му зема стан и доста голема заштеда со која отиде во странство. Значи не ги ни чува родителите. Мојата баба станот ќе го остави на братучетка ми, она ја чуваше и растеше, сега не живее со неа, ама пак она и она. ние другите внуци ништо, шипки варени.и сега што. Пак ќе ти речам може свекорот за другиот внук ги чува тој стан. На крај краеве не е твоја работа тоа. По различни аршини се водиш. За твоите викаш неможат сега да дадат и таму нема проблем, а ваму има проблем.
А зошто бараш правдина упорно, ти можеш ли да и кажеш на золвата што да прави?! Не. Нејзин живот нејзина работа како живее. И да наследи 3 стана што ќе направиш ти?! Неможеш ништо против волјата на свекорот! Можеш само да се уништуваш поставувајки си и прашања сама со се себе, друго не можеш. Гледаш дека и мажот ти пробувал да најде правдина и да ги среди работите но очигледно не му успеало и се помирил со тоа. Кога еден човек упорно ти покажува дека не му се сака да помогне зошто упорно се нервираш и очекуваш од истиот правдина и помош?!
Абе може и е тешко на жената, ете смета дека не е тоа праведно,па да си се олесни тука. Не дека ние којзнае колку ќе и помогнеме. Зошто мора веднаш за врат да се фаќаме, требало - нетребало, морало- неморало. Ако некој од вас мисли дека е сосема нормално да се стиска во гарсоњера и да спие со нозе на фотеља како што кажува таа, а при тоа вашите или неговите имаат празен стан ок е, за вас. Јас лично како родител не би можела да живеам мирно ако моето дете се мачи. И ние не сме добиле ништо, а можеле да ни помогнат. Ама ок е, не се лутам само знам колку сме се мачеле да дојдеме до сопствен стан со високи приходи, да не зборувам пак за некој со мали плати. Затоа пак уште сега размислувм да му обезбедам живеалиште на моето дете, не сакам да се мачи како мене, а којзнае како се менуваат времињава, можеби нема ни да има можност за тоа.И сите би сакале да имаме европски услови за живот и плати, и можност да си платиш кирија или рата за кредит ама не е така за жал. Само треба на време да се сфатат некои работи Сите родители не мислат исто за сите деца, не ги боли исто. Некои поаѓаат од тоа кога сум се мачел јас, нека се мачи и тој, при тоа заборавајќи дека времето кога се мачеле тие и сега не е исто. Некои едноставно не чувствуваат обврска да ти помогнат, твоја работа , твое семејство, твоја грижа. На некои им текнува дека имат деца тогаш кога паднат во кревет и не се способни сами да се издржуваат. Некогаш и децата не сакаат да бараат нешто од родителите. @VladeMila , едноставно помири се со тоа, гледај си го семејството, да сте здрави и живи колку можете толку. Можеби еден ден ќе му текне што направил.
jas nemozam nisto da napravam,ne ni moe da pravam,a mm ne e pomiren so toa,megutoa vnatrese jade vo sebe,tocno nemoze nisto protiv voljata na svekorot,megutoa mm e toj sto trca segde za nego
fala ti mnogu,tocno mi trebase negde da se olesnam,ma jas da imame samo malku povisoki primanja ne bi se zamarale so problemov
@VladeMila По многуте прочитани мислења, семејството стави го на примарно место и остави работите да се одвиваат во спонтана насока. Во овој случај, немаш право да бараш ништо и помири се со моменталната ситуација доколку не можеш да создадеш нешто свое. Можеби твојот сопруг немамдоволно храброст да разговара со неговиот родител, а можеби и потсвесно ја насетува одлуката и се повлекува од какво бил разговор за да си овозможите подобар комодитете како четиричлено семејство. Недвижностите се сопственост на свекорот и тој одлучува за можните наследници. Остави на времето... Можеби ќе му проработи совеста, ако не за вас, барем за внуците.
Не можам да ве сфатам некои. Ама свекорот бе луѓе не ги оставил на улица, им дал, значи сепак им дал цел стан. Не се мачеле со кредити, не се мачеле да исплаќаат, немале стресови дали ќе дојде плата или не на време итн. Имаат кај да живеат, никој не ги заборавил, од прв ден биле сами. Е сега им бил мал станот, епа тоа е, на сите нешто ни недостига сите нешто плус сакаме. И јас сакам да имам поголема соба, ама немам, тоа е. Повеќето зборите како да некој ги фрлил нив. Знаете воопшто што значи некој стан да ти даде? Без да се мачиш. Верувам дека повеќето знаете зашто читам дека сами исплаќате. И @VladeMila возрасни сте со маж ти, не треба, а и не очекувај некој да ве праша дали имате или немате. Животот е борба, повеќето се со плати како вас, па и станови исплатиле, и деца образувале. Биди задоволна со тоа што го имаш. А ништо да немавте? Еве сега замисли станот што го имате да требаше истиот, со иста квадратура и со моменталните примања, да го исплаќате? Колку повеќе може да се земе, толку повеќе сакаме. Непишано правило.
Не е толку тесен станот колку што му е тесно на човек на душа. Снао, додека вака се јадеш, само нервози си ствараш, постојано си нервозна за нешто што не можеш да го смениш, а таа нервоза се одразува на сите вас дома, и ни А да не речеш од тоа на сопругот, се осеќа тоа. Целава ситуација како што реков претходно маж ти веројатно, мада не веројатно, но сигурно го боли многу повеќе, за неговиот татко кој си ги дели децата станува збор, без разлика дали е он 4, 14 или 44. Регресија. Нивно си е тоа меѓу нив како се однесуваат еден со друг. И тоа што маж ти трча по него е од негови некои причини. Не е ни прв ни последен во такво однесување, верувај. Ако тој така сака, не му прекорувај, и он сака да спие со мирна совест. Не дека тебе ти е лесно во целава ситуација. Ама ако двајцата така ставате на срце нешто што знаеш и самата нема да се промени само оти вие така сакате, или оти така е логично, или така дека би требало, единствено ќе се доведете до ситуација вие да си замерите еден со друг, оти балонот се дува дува... ама има граница.
Јас разбирам дека ви е криво за целата ситуација и дека се јадете со маж ти одвнатре, и затоа ти посочив дека наместо да останете на тоа дереџе во кое што сте треба да се помирите со тоа и да научете дека не треба да очекувате од другите да ве дарат, да седете и да барате правдини онаму каде што ги нема. Ти жено разбираш дека животот не е фер? Е што побргу го разбереш тоа, тоа подобро за тебе и твоите нерви да знаеш. Не секој родител е свесен за своите деца да знаеш, и не секој размислува онака како што ти размислуваш, и затоа не барај правдина кај свекорот и золвата бидејки никогаш нема да ја најдеш верувај. Она што го зборуваш околу маж ти дека помага на татко му тоа си е негово, тој си знае дали треба или не треба да помага, можеби тој ги гледа работите на поинаков начин од твојот, можеби и оваа ситуација не е црно бела како што ја преставуваш ти тоа не ние не го знаеме. Од друга страна пак ти пиша дека твојот татко е лимун човек, кога маж ти ти рекол да правите кај твоите ти не си сакала, а ваму упорно бараш правдини, чукни се малку и ти во глава, подразмисли, како може свекорот да не чини а таткоти да чини, тебе крај краева ништо не ти се угодува.
jas ne rekov deka tatko mi e cveke za mirisanje, jas samo rekov kako moze da go gleda sinot sto se nervira za situacijava,a ne prezema nisto,a normalno deka sinot ke trca za nego pa zal mu e,iako mu se ljuti i se rasprava so nego,a koga se raspraviite jas sum taa sto ja smiruva situacijata.niti baram e pari niti sakame,megutoasme so pomali primanja i nemozeme da razmisluvame za krediti,zatoa sto poveke od pola 1 plata odi za decava,sto za hrana sto za lekovi,moite tocno nemozat vo momentov da mi dadat,no zatoa stanot stoi prazen,pa nesakam i detevo da si go nerviram,i na nego mu e tesen prostorov asaka da si igra,a dr.da spie. ipak fala ti za dobronamernite soveti
Мене ме интересира тој нужен дел што го спомна @JuLleE значи не паметувам, навистина ме интесира што значи и што менува тој дел? Зарем ако таткото реши сите три станови да ги препише на ќерка му, според тој нужен дел тоа не е можно? Те молам објасни ми, баш ме интересира.
Мислам дека ако тие станови се стекнати кога свекорот бил веќе во брак, а сега жена му односно свекрвата е веќе почината, тогаш свекорот неможе туку така да препише се. Без разлика што се на негово име. Односно мора оставинска постапка за пола дел (тој што следи на жената) Но тој дел се дели помеѓу наследниците (во случајов братот и сестрата) и плус живиот сопружник. Што значи тоа и не е така многу. А ако почине свекорот и не го препише или поклони својот дел тогаш се се дели на пола меѓу наследниците. Некој што е поупатен нека ме корегира ако грешам. мислам на тоа мислеше @JuLleE Уште ова. Опција да бара сега оставинска постапка од прилика им следи дел колку станот што им е даден. Да чека да умре, треб да се стиска во малиот стан незаеме колку години, може малку може многу.
Епа ете така му се може и така го гледа, што ќе промениш ти ако се нервираш и бараш правдина?! Не сите размислуваат исто, секој има свој карактер и табиет, она што ти го сметаш за ненормално можеби друг го смета за сосема нормално. Тоа треба да ги сватиш. Јас те разбирам потполно, но ако свекорот не го дава клучот и покрај сите направени муабети и желба за компромис неможеш со сила да го земеш нели?! Тука лежи проблемот што тој сево ова го гледа но очигледно тоа не допира до него.
Mislam deka go sleduva majkovnina,ako se stanovite vo bracna zaednica steknati, bez razlika sto se na ime na mazot.Bidejki i majkata ucestvuvala vo nivno stvaranje.Vo slucajot,kako sto e majkata pocinata.Imanjeto se deli na dva dela i posle edniot del se deli megu decata (ili na tri dela megu decata soprugot),ne se sekavam tocno kako bese, neka objasni nekoj pravnik podobro.Bidejki znam koga tatko mi pocina,moravme jas i sestrami da piseme soglasnost za da se prefrli kukata na ime na majkami
Нужниот дел е наследно-правна категорија, значи нужен дел може да се бара само по смртта на оставителот. Тоа уствари е дел од оставината кој по закон им припаѓа на нужните наследници (нужни наследници се сопругата и потомците, односно наследниците од првиот наследен ред). Ќе ви објаснам преку пример. Еве да речеме 3 члено семејство, татко и две деца. И сега таткото додека е жив одлучува целиот имот да го остави на едното дете со договор за подарок. По неговата смрт, другото дете има право со тужба да бара нужен дел, зошто нужниот дел е законска категорија и оставителот не може да го лиши наследникот од тоа право, освен ако не е недостоен наследник (постојат услови во законот кога едно лице е недостоен наследник, ако умислено го лишил од живот оставителот или се обидел да го лиши од живот итн). Е сега нужниот дел е помал од делот кој реално би му припаднал на наследникот односно една половина од она што законски му следува. Во конкретниот случај, доколку не бил направен договорот за поклон, имотот би се поделил на по една половина на двете деца. Но ако е направен договорот и имотот е поклонет, тогаш детето кое останало без ништо со тужба може да бара нужен дел и ќе добие, но само 1/4 (ова пишувам за конкретниот пример што го дадов). Исто е и со тестаментот, ако оставителот оставил тестамент во кој како наследник го назначува само едното дете, другото дтете има право со тужба да бара нужен дел. Единствено нужен дел не може да се бара кај Договорот за доживотна издршка, зошто тоа е товарен договор, кој не произведува само право туку и обврски, со овој договор имотот не се дава како дар, туку тоа е еден вид наплатено стекнување со нега, чување, лекување итн итн. Право на мајковина како што ние си го викаме е уствари наследничкиот дел што секое дете го има од имотот на мајката. Кај нас во поголем дел од случаите имотот во Катастар е запишан на име на мажот т.е таткото и сега ако жената умре пред мажот таа нема ништо на свое име и не се води оставинска постапка. Но доколку имотот што е запишан на мажот е стекнат заедничи во брак, тогаш тој имот е нивен заеднички имот. И сега жената умира пред мажот и после некое време на мажот му текнува да го поклони целиот имот на едното дете во тој случај другото дете има право да бара да се утврди делот на мајката и од тој дел тоа дете си наследува како законски наследник.
Mal stan,mali plati,mali deca,malo sfakanje,mala sovest.... Kako ke beše da e bez stan,bez plati,bez deca? Zablagodari mu na Bog za se ova " malo" što go imaš i ne krevaj vreva onamu kaj što ne treba. Ne stavaj prsti megu vrata za koja ne si gladuvala,otrpuvala,i odrekuvala od mnogu raboti. Zolvata e razvedena ,so dete.I namesto ti i soprugot tvoj,da razmislite kako da i pružite moralna podrška,da go animirate deteto - da go viknete na rucek,da go prošetate so vas,vie smisluvate strategii kako da im go zemete " golemoit stan". Greota...soprugot tvoj e toj koj prv treba da zastane do sestra si,toj e vujkoto koj treba da im pomogne sega koga se bez soprug/ tatkoto. Sramno,navistina sramno...
^ За вториот дел не се согласувам, ако е разведена не е Бог да чува болна од неизлечива болест па сега морални подршки, сожалување и штознам. На почеток да, ако се во добри односи нормално ќе се тука за помош, ама како минат години секој си го живее животот и не треба да се рачуна дека некој хендикепиран е оти е разведен. Не е останата на улица, ја прибрале родителите, има кров над глава, татко кој стои позади неа, што треба уште? Немала маж, може двајца има, кој да знае?
@sesilija да не се повторувам со @BoaVista , образложила пред мене, значи прашање на време е кога ќе си го добијат своето освен ако ете во краен случај не се направи договор за доживотна издршка. Во секој друг случај синот добива, ако таткото не го распредели имотот, добиваат по половина. Трите стана се вкупно околу 200 квадрати, значи или двата или едниот од 100. Ако одат со нужен дел 1/4 од 200 е 50 квадрати, значи секако ќе земат повеќе од сегашните 40. Немам точна квадратура, ама ете карикирам дека оној стан од 60 квадрати им е реален и можен. Значи во секој случај добива, само проблемот е во начинот и зошто да се чека оставинска кога може свекорот во најмала рака да им го даде станот од 60 квадрати. Ама да се комплицирало. Не правиме муабет за некој што нема и не е во можност туку за некој што има. Па зошто да зимаат кредит, дали има потреба? Најдобро е сам да купиш, да создадеш, ама да бидеме реални кои се шансите во Мк за таков успех. Речиси никакви. Читнав рата за кредит за стана од 3000-4000 денари? Каде тоа? Остај што мораш да имаш капар, ами и се гледаат и примањата. Плус се обврзуваш на хипотекарен кредит, а зимаш плата од 10000 денари што сама по себе зборува дека и работата не е стабилна. Мажот се нервира, жената исто, бракот трпи. А се може да се среди со еден убав договор. Ама стари ко стари, 90 % се виновни за распаѓањето на браковите и лошите односи меѓу децата.
prvo nemozes da zboris i kudis za ona sto ne go znaes,i tebe cel zivot da ti tura sopki dali ti e brat/sestra i ti taka bi se odnesuvala,mm dobro si znae zosto tolku godini ne zbori so sestramu,da tocno fala mu na gospod i za ova,a za toa za deteto da se zeme da se proseta sum mu rekla na mm,on samo mi rekol da ne se mesam,on si znae sto si pravi,i by the way nikoj ne smisluva strategii za da zeme stan,normalno deka stan i sleduva na nea,megu toa nemoze ona kako sto saka,za toa se ljuti mm,megutoa nivnoto nezboruvanje dolgi god ne e za nasledstvo i stanovi,tuku e za nesto sosema dr.mm e dobar i mn.popusta se dodeka ne mu se kacis na glava,e togas si veke otpisan. zatoa ti vikam nemozes da zboris koga ne znaes sto e rabotata..