E ама од кај да знае баба ми што се најк патики, а што АБИБАС? Јеби га, добар играч лесно може да те фати на емотивна карта и да те изигра. И тој што си заработува и си штеди зошто да не добие на сметка на тој што нема? Можеби едниов учел повеќе, се трудел повеќе, па нашол поубава работа. Зошто тој да не добие ништо? Јас не би ги делела децата, се надевам нема да изветреам на стари години
Затоа ние како понапредна генерација поопулени ќе бидеме и ќе знаеме марки, брендови . Мајка си го знае детето какво е. Само некои со сила замижуваат кон вистината. Љубовта, вниманието, нематеријалната помош ....никогаш не би делела деца, Зборуваме за материјално. Секој со својот став на крајот на денот.
Јас сум родител и го имам следниот став: ке си средам се во врска со имот пред да умрам, за да не си ги оставам децата во најголеми кавги. Сега се браќа и сестри и мали се, не размислуваат, ама кога ќе дојдат снаи и зетовци поинаку ќе се игра орото. Би сакала на сите да дадам подеднакво. Ги одгледав подеднакво, никому ништо не скратив, и давав колку е во моите можности. Ако имам два стана од 40 и 100м2, големиот ќе го препишам на оној кој што ќе ме гледа на старост или евентуално ќе ме даде во дом па ќе плаќа ќирија таму. Малиот стан би го дала на оној кој сака сам да си седи и да шетка погаќи со женчето. Тоа е мој став.Немора да се сложите со мене.
Луѓе да бидеме реални кој кај нас дава еднакво поготово кога станува збор за брат и сестра во една фамилија. Кај нас непишано правило е од уште од турско време на синот да се остави стан куќа што и да е пошто тој ја носи невестата дома а жената иде кај мажот и она по дифолт е обезбедена со покрив над глава од негова страна. Или стан од 80 квадрати кога сте виделе да е делен на пола во оставина па чекај сеа за една соба ако сакам да ја задржам на сестра ми ке и ја исплатам.Обично едното дете со имот го обезбедуваат другото низ животот финансиски го крепат ако се може . Или двајца браќа ако се, едниот ако се жени или носи дома невеста во 3 собен стан кај што сите се туткаат, и невестата кука што чекаат деверот/золвата не се мажат/женат за да се ослободи простор или идат на страна сами доколку нема простор за сите кај свекорот и свекрвата, па тој стан останува на тој последен што ке се ожени. Рамноправност само во нашата глава функционира ама во реалноста не .Така се воспитуваат кај нас се на синот тој утре лозата ке ја продолжи името ке го носи со генерации. Мене па ми е чудно вака кога ке видам на ќерка да остават и да дадат.И секогаш кога ке ги отворам овие теми најголем феномен ми е како тоа снааите водат еспат секогаш без исклучок колку им следи на нив и нивните мажи од страната на свекорот и свекрвата а никогаш не рекле а мене мајка ми и татко ми да ми оставеа нешто од нив нешто да ми следи.
Јас мислам дека е најдобро децата да се воспитаат на таков начин за ништо да не чекаат/очекуваат. Секој нека се бори, печали и планира иднина според тоа сам што створил. После ако дадат нешто родителите и колку ќе дадат само плус да е. Ама не да ти зависи животната егзистенција од тоа. Оти нели ако сакаат и колку сакаат. Да не биде на крајот во 40м2 со две деца во стан кој ниту сам не си го спечалил, па ќе чекаме уште поголем. Оти за мене е нон сенс да донесуваш големи животни одлуки според тоа што треба да добиеш, или што е фер... Да се лежи на тоа уво дека мама тате ќе дадат.
А за кого твориме и создаваме во овој живот, ако не да оставиме на децата? Со такви размислувања, сами нека се снаоѓаат, 18 години направиле и не одговарам за нив повеќе, со такви делби и зајадувања се одалечивме и станавме еден огорчен народ. Нема веќе слога и топлина во семејствата, тоа е тоа, бркај си работа и снаоѓај се. Мене ми е мило што не сум дел од такво семејство, што моите ми се нашле кога ми требале, колку и да немале за децата секогаш се правеле. Ама и јас знам да го ценам тоа, на нивната љубов да вратам со љубов и поддршка. И моите деца сакам да растат во такво семејство, ќе дадам се од себе да ги пораснам во самостојни луѓе, но да знаат дека не се сами на овој свет. Во мојата околина барем, од примери околу мене, веќе не е само она, да се остави се на синот, се гледа и за ќерката, иако ќе се омажи и ќе отиде негде, од кај да знае што ќе ја снајде во животот. Се поучиле од секакви приказни за жени кои немаат кај да отидат ако се разведат или им се случи нешто, или па трпат насилство и изживување баш зашто нема кај да отидат. Па твое дете е, не до 18, цел живот боли да гледаш како се мачи и пати. Така што здравје, се надевам ќе имам што да им оставам и да им се најдам во животот, светот е доволно суров и така.
Полека со улетувањето у муабет полна со омраза према човек што не го познаваш. Феминката не му ја побара душата, ама ти тоа го стори со болдот. Убаво кажаа и претходно ако не сака свекорот нема да даде ниту стан, душа или што и да е, може да се нафура уште толку па и една клоца да им даде и да се чешаат што ги снашло. Со тоа што имаат мали примања и не плаќале кирија туку се накотиле во 40 квадрати е избор, дури и привилегија бидејќи можеле парите да ги фрлаат и да полнат друг џеб, па да се раскурцаат пред време. Свекорот не ги оставил на улица без покрив над глава, тоа е нешто што ти не го разбираш изгледа. Не разбираш ниту дека на почетокот станот им бил доволен, а сега е тесен затоа што тие свесно така одлучиле со раѓањето деца. Мене ме иритира фактот дека некој сака да добие нешто плус само врз основа на тоа што ширел нозе. Еве сама сум, се ширам во 100 квадрати и што сега? Да имав брат или сестра што ќе бара само ради фактот дека склепал деца пред да испланира адекватен станбен простор за истите, а го добил веќе во помала квадратура и сега не му одговара е себичност и тука свекорот е во право што не дава да се користи негов станбен простор онака како што ќе му текне на синот или снаата. Се слагам само за една работа, а тоа е дека нивните 40 квадрати дадени на користење треба правно да бидат средени и тука феминката треба да се избори околу тој дел. За другото не треба да се секира или пак да калкулира.
Точно е дека не треба да очекуваат децата од родителите и да се ,,крстат,, на нив... Ама има и друга работа - зошто пак родителите кои имаат имот (станови) така да гнијат а децата да се мачат ? Еве јас лично, за себе зборам - никој не ми помогнал , сами купивме станче и сами си го исплаќаме. Не чекав од моите и неговите иако ИМААТ празни !!! Но...едно прашање, ама сосема разумно - кај ќе ги носат тие пусти станови старците ?? Во гроб ?? Зошто ако веќе имам да не им овоможам да не се мачат во животот ? Нели е малку егоситички она -јас се мачев, нека се мачат и тие ??? Незнам дали може да редактрам.. И старите додека се живи становите ке стојат празни па кога ке умрат децата очи ке си извадат
Svekrvata mi sedese blisku do garsonjerava,vo 3 stan(60kvd),svekorot si go dobil vo nasledstvo,mu spomnav na mm i takva varijanta,togas ne bese rodeno 2dete(bev bremena),a garsonjerava neka si ja izdavaat pod kirija,mm rece moze i takvo nesto,megutoa od obvrski drugi.ostana samo muabetot.Svekrvata mi pocina neodamna i sega stanot e prazen(a posto sum jas losata snaa,i buckalka,go organizirav celiot pogreb,zosto mm i svekormi bea ko izgubeni sto e normalno,neznaev ni jas sto treba ama se rasprasuvav,bev vo bolnica-mrtvacnica da ja oblecam pocinatata mi svekrva,iako bebevo mi bese 4mes i pritoa bolnikavo,dadovme nesto nasi pari,tie sto gi trgam za krstevka i rodenden,dodusa svekorot ne prasa,nie ne sakavme da zememe pari i sve toa od pocit kon mm i svekrvami zosto kolku tolku mi se naogase,da trknam do prodavnica,do gradinka,pazar) Ne treba nikoj da mi dade orden,i nego pravam ova za da dobijam nekakvi poeni,tuku se e toa do moeto vospituvanje i pocit. Sekoj saka da ima svoe i da raboti i pecali,amada znae deka sam si go specalil,pa taka i jas,ama so koj primanja da zemam kredit,koga mene samo za decata mi odi poveke od pola plata,a kaj se dr.raboti-smetki,jadenje,gradinka Drugo,tocno fala i za garsonercevo,megutoa stanuva tesno,i se stvaraat nervozi,svekorot gleda i nisto ne vika,a mm veke ne saka da se rasprava za edno te isto,i na mm mu e krivo sto svekorot ne gi resava rabotite i gleda samo za edntoto dete.Garsonjerava ne e na mm za da ja prodademe i da investirame vo nesto pogolemo.Moite ne se momentalno vo moznost paricno i stanbeno da da mi pomognat,ama zatoa za decava sum im mn.blagodarna. I nikoj ne rece ovde kako sto kaza edna clenka deka smisluvame strategii da i zememe stan,gluposti,nea i sleduva isto tolku kako na mm,a toa sto svekorot ako saka moze i se da i dade i toa tocno,ama zosto togas se zalel i placel od kerkamu. I na kraj kraeva neka ide i ona neka raboti,a ne 49god zena so dete uste da ceka od tatko i,i jas sakam doma da sedam i gledam tv,a ne po 8h na noze,i uste ako ti recat ostani 1-2h,pa trcaj zemi dete,pa domasni obvrski. Moze i problemov ne e za ovaa tema,ama mi trebase negde da se olesnam I kako sto kaza edna clenka neka me goltne crna zemja ako ja moite deca gi dvojam,zosto i edniot prst i drugiot da go iseces,podednakvo dvata bolat.
1.Стварно не ми е јасно дали постои некој што се грижи за своето дете, поаѓајќи од законска гледна точка? Не верувам, можеби во дисфункционални семејства.Од каде воопшто вакви размислувања и како може некој дури и да ги има...Секој родител му се тресе на своето дете на секоја возраст во животот, бидејки ние и на 50 години ке бидеме нивни деца.Неможам да замислам мој син да се тутка со семејството во 40м2, јас да се ширам во 100. Секому е детето на прво место и така треба и да биде. Можеби е се и до воспитувањето.Две сестри сме и моите имаат потенцирано дека се што имаат ке го поделат по пола.Никогаш за ништо не сме делени.Сестра ми е мажена имаат нормални примања со маж и, но моите сепак секогаш им пружат на внуците уште нешто, секој месец издвојат од свите плати.Не затоа што им бараат туку од љубов и грижа, а можам да замислам да се со мали примања колку би ги па тогаш помагале. Друго мајка ми има брат, дедо ми и на ним им поделил се рамноправно и ниту еден не го оставил без стамбен простор. Во таква средина сум расната и знам колку е тоа исправно.Дај боже и јас да сум на таа среќа да имам што да им оставам и дадам на моите деца. 2.Не е дека она не сака да створи, туку НЕМОЖЕ да створи.Има голема разлика, па барем ти, колку што можев да прочитам тоа најдобро треба да го знаеш.Еве зошто со дечко ти не си живеете сами во свој стан, зошто немате од каде да го купите, а не затоа што не сакате.Да сме некоја богата држава па да кажеш дека некој не сака да створи, ама многу добро знаеме каква ни е реалноста, некогаш едвај стига за основни намирници за по дома и сметки, не па да мислиш да тргнеш некој денар на страна за стан. Да таа си бара од мажот да преземе нешто и е сосема во ред и треба да бара.Зошто да чекаш од луѓе како свекор и да даде сам ке дочекаш. 3.Милостина е да отидеш кај комшивката на врата да бараш парче леб, а да ти даде стан татко ти воопшто не е.И да фрустрации се.Не мешај фрустрација со способност.
Уффф јас не би можела така бе мило @danichap . Да имам две деца, едното милијардер, другото сиромашно, а имам две куќариња, секое по едно ќе добие. Не сум за едно мајка за друго маќеа. Се надевам во животот ќе ги воспитам добро, за да милијардерот рече "брат, земи еве, тебе ти треба". Ама јас како мајка еднакво и кон двете. А они, секој со своја среќа. Кој колку може, кој колку сака. Дури и по некоја случајност да мора за едното повеќе (нели не дај боже, болест и сл.) ќе седнам и ќе зборувам со тоа на кое планирам да дадам помалце. Прво да се осети дека мајка ги сака и двете исто, а не да си тажи: зошто мене мама секогаш вака и вака. Ама не би имала таков однос, мое си е, шо сакам ќе си праам. Па аф корс дека шо сакам ќе си праам, јас знам и лекција да одржам ако некој ми се ку*опеца, ама сепак, не би си ги двоела децата. Под исто срце ми растеле, од иста утроба ми ги откорнале.
Точно да имам мок па да му ја земам душата де. Ете така преку форум ке му ја извадам од телото. Бог да чува. За мене дрдалово старо е себично и крај. Се жали и плаче од разведената кокона која има 49 години, а не им помага на синот и снаата која го мисли и му се најдува. Е не ке ја трпиме керкица цел живот. Зошто? Ако е толку нормален старецов, тогаш нека му рече на синот да го земе големиот стан и да живее со нив, а керката да ја остави во средниот стан, а малиот да го дава под крија. И така керкава не го погледнува освен што го цица, па ако толку ја жали нека и ја дава киријата од малиот стан на керката. И тоа е фер. Најлесно решение. После смртта негова и малиот и средниот стан нека ги даде на коконата, па така и братот и сестрата ке имаат иста квадратура. Еве јас имам постар брат, па моите никогаш НИКОГАШ ама баш никогаш за ништо не не делеле. Се исто за двајцата било и со имотот е исто. Дури и кога имавме една кола, се водеше на двајцата и моторот исто. Уште сега двајцата знаеме што и колку ке наследиме после нивната смрт. Мајка ми се нафати да ја гледа старата тетка за да наследи два стана од по 65 квардати ( еден над друг се) и тоа и стави до знаење дека за двајцата треба иако таа сакаше само на брат ми да му остави. Е сега тој што е подолниот е среден, а погорниот е само карајапија, па си кажа мајка ми дека кој ке го земе средениот, да му помогне на другиот во опремувањето ( прозори, врати, плочки...) Моментално моите живеат во стан од 80 квадрати и сакаат во него да остарат, но постои и опција да го продадат овој, да земат помал ( гарсоњера) а со останатите пари да ни помогнат мене и на брат ми за учество во наши станови. Додуша мм си среди веке работа за стан, а гледам и брат ми си присобра,така да нема потреба да го продаваат. Во село имаме кука на 3 спрата со двор од 1000 квадрати, па и тоа им седи како опија на моите за после пензионирање. И после како да не почитуваш и не сакаш таков родител. Ете дур се живи имаат веке поделено и оставено. Едно време кога татко ми се разболе двајцата кажуваа дека кога веке ке остарат и кога нема да можат ке си одат во старски дом за да не бидат наш терет. Совест е бе луѓе. Мајка ми цел живот вика јас за вас се мачам и работам, не за алот и векот. И во право е. Зошто да родам дете ако на крај му го огорчувам животот или го гледам како се мачи а јас не му помагам. Тогаш која е поентата и исполнувањето на мојот живот? Тоа што сум идиот себичен и што ми е поважна мојата старост од мирот на моите деца и внуци? Зошто тогаш би ги имала? Зошто цел живот да не се шлаам по кафани, крстарења, журки и одмори? Ебати родителот кој има а не дава. Во оваа категорија не ги ставам тие кои стварно немаат. Дај тогаш да не се мажиме и жениме, да не раѓаме деца, да купуваме гарсоњери, а останатите заработени пари да ги трошиме на други исполнувања, на пр на коцка, певаљки, луксузи. Тој што се одлучил да нема деца затоа што сака да се наживее го разбирам, ама овие што напрајле деца и што не им помагаат а имаат ич не ги разбирам, ниту па можам да ги сварам.
@IveBrajan и мене ми беше муабетов, милијардерот сам да рече дај му го на бато/дада и куќарчето, а јас и ќе му го доопремам. Така да ги воспитам. Да не чекаат да дадам, туку ако успеале они да спечалат па на драго срце и они да дадат/поделат.
@danichap ти ја сваќам поентата, ама браќата кога ќе се оженат веќе снаите се ,,шилата,,во фамилијата И брат ми ми е брат и најмногу го сакам на свет ама снаата му е жена и фамилија и она му е побитна од мене.Тоа сакав да кажам. Затоа старите нека делат додека се живи оти после се ствараат проблеми..некој ем има многу ем инает ќе го фати па си го сака делот... Крај краева ОД МАЈКА МИ Е и колку и да имам си го сакам мое да си е, а ти ако немаш, јас не сум виновна за тоа. Брат за брат, ама сирење за пари. Не е џабе речено. И јас моите деца си ги учам дека се браќа и дека цел живот мора да си помагаат, ама снајките кога ќе дојдат поинаку ќе биде. Човечко око ненаситно е
Јас сум така воспитана а очигледно и снаава се погодила. Делење никогаш не било тема на муабет, некои работи се подразбираат, барем кај нас. Се дава кај треба колку треба, макар вагата само на едната страна да тежи.
Исто. Но имам милион примери околу себе дека нешатат не функционираат како што ние мислиме. И јас имам имот од моите оставен исто колку што има брат ми.Пола-пола..без она балканското - ти ќе се омажиш па може маж ти ќе има... Ама познавам луѓе, да не речам блиски кои не сакаат да се видат токму поради тоа што на едниот дале повеќе, бидејќи го жалаат оти ете не се снашол во животот добро а притоа живеат кај оној син на кој му дале помалку ?!!!! Како сакаш браќата да се сакаат кога на жив час раздор правиш ??? Незнам...можеби и грешам вака што размислувам.
Ovde na temava vladee ona Makedonskoto - Molci moze da bide i poloso ! ama ne znaete li deka - MOZE DA BIDE I MNOGU PODOBRO !?
Мене ми се крајно неумесни муабетиве од типот -Кој те терал да шириш нозе и да раѓаш. Мислам зборуваме за возрасни луѓе во брак а не за тинејџери што не сакале кондом да користат за да не си го намалат задоволството. Тотално непотребни се такви деградирачки коментари.Од друга страна па ете кога веке станува збор за веке возрасни и оформени личности сметам дека меѓу другото се свесни за пранирање на своето семејство. Затоа и се вика план а не опа цупа се деси.Кога веке планирам да имам 1-2-3 деца меѓу другото треба да имам и предвид дека за тие деца ке треба и простор кај да ги легнам кај да ги седнам. Е сега кога веке знам во какви услови сум дека во моментов немам простор за 3 деца него само за едно или со време си го барам чарето или второто ,третото дете ги одложувам,а да бидеме реални на форумов повекето се млади родители испод 30 години така да на никој не му е истечено времето за пород. Како и да е можеби грешам ама и јас a и многу други како @CameliaMiller до сега 100 пати ке сме биле во брак и ке сме имале деца ,ама ете сме решиле тие навидум банални работи да ги ставиме пред се друго па после семејство да оформуваме.Што вика другарка моја -ЕЕЕЕЕ јас мислев дека до 25 години ке имам маж 2 деца и работа ама ете не е така .Работите се пролонгираат има луѓе кои сакаат да имаат нешто свое а не да се стискаат во соба со стари па тоа не ги прави помалку човечни или глупи што го одложуваат формирањето на семејство за некоја година.