После сојузните американски држави Кентаки, Мисисипи, Охајо и Џорџија кои речиси целосно го укинаа правото на абортус, освен во случај кога е загрозено здравјето на мајката, закон против абортусот донесоа и Мисури и Алабама. Најригорозен е законот на Џорџија кој жените кои ќе одлучат да абортираат после 6-тата недела од бременоста ги става на исто рамниште со осудените убијци и ќе бидат соочени со доживотна казна затвор па дури и смртна казна. Овој закон, слично на законите на останатите држави кои го забранија абортусот, нема отстапки дури ни во случаи кога се работи за инцест или силување. Значат ли овие забрани унапредување на правото на живот или се само враќање на времето на нелегални абортуси во несоодветни услови кои го загрозуваат животот на жените? Која е вистинската цел на САД со ограничувањето на правато на абортус?
Да бидам искрена ми се лоши од законов. Како може ова да се случува денес? Читав за 11 годишно девојче што било силувано и било трудно и нема да може да абортира. Кој со здрав разум ова би го оправдал, кој? Ужас.
Ја им го Трамп. Си бараа - си добија. Може злобно ќе звучам, ама на секоја една жена што го поддржала ова срање, и' посакувам да си проба од својот отров. Америте никогаш не биле напредна нација, толку испрани мозоци ни во Македонија нема да најдеш. Ама... soon enough мандатот му истекува. И ова ќе оди во канта.
Јас па мислам дека повторно ќе биде избран зошто ја претставува белата расистичка Америка, кју клакс клен и сличните, тие го изгласаа зошто е против Мексиканецот, муслиманите, хомосексуалците итн. Читав дека ако го изгласаат законот во Џорџија дека Дизни ќе ги затворат студијата таму и со тоа ќе се изгубат над 100.000 работни места, се надевам дека не е блеф и дека ќе ги удри и по џебот монструозната одлука. Наредно е да им се одземе правото на глас на жените? Кој будала го подржал законот за да биде спроведен со правосилна одлука? Во 21 век ќе умираат жени, девојки, девојчиња од back alley abortions..... viva le trump.
Закониве се патетични и се косат со основни права кои ги заслужува секоја една жена. Па срамота е ова шо се случва и се прашвам кога се гласаа овие закони, каде беа жените? Или ги нема во парламенти, или шо и да имаат во Америките, кога се гласа? Шо заслужуваат овие држави е масивен протест зошто ова, во факинг 21 век, не смеј да се случва. Срамота е. Башка, греота е. На 6 недели колку многу жени само нема ни да се свесни дека се трудни. Не дај Боже да претпостави дека од стрес му касни, оти ќе биди принудена да носи дете и роди. Дете кое не го сака. Исто така, ќе процвета абортус на црно и кузнај колку жени и девојчиња ќе починат на такви нехигиенски дупки зошто политичарите во одредени држави не знаат да спојат 2 и 2. Ист аргумент имав и за проституција, и да е некој против, ПОБЕЗБЕДНО е ако е легално зошто ќе биди регулирано и е win/ win ситуација без разлика каков аргумент држиш и која страна ја застапуваш. Исто и со абортусот, посекако ќе има абортуси, надвор од државата, на црно и шо не. Едноставно, побезбедно е да е легално и регулирано наспроти да легниш на касапска маса на црно и да не знајш дали ќе можиш некогаш во иднина да имаш дете, или полошо, дали ќе преживееш. Срамота е. Греота е. Толку.
Мислам дека нема врска религиозен фанатизам, ми мириса дека зад ова има нешто многу попресметливо и повалкано. Директен атак врз репродуктивното здравје на жената. Па и психичко. Причини, којзнае.
Мислам дека законот го спровеле зошто земајта старее, а на секоја држава и треба деца.Ако некоја жена не го сака детето би го дала на посвојување и со тоа се добива потомци.Мислам дека тоа им е целта. Да не ме сватете погрешно , јас сум против овој закон ако некој ме праша де. Против сум зошто сум жена. Зошто постојано жената е крива?Некоја жена ќе го остави детето таа е обвинета за не мајка .Ако е силувана таа провоцирала па си го добила тоа што заслужува . За тинејџерка што останала трудна дечкото не ја познава.Што знае нека прави.После болката од абортусот и траумата чива е?Пак на жената.А за силувачите казна нема или е минимална.За мажите што не трпат и не сакаат кондом , пак е жената крива.Таа треба да се кљука со хормони.За болните педофили за се е жената. Со забраната на абортусот се враќа Америка во 17 век. Ако го забрануваат абортусот нека го забранат и сексот пред брак, само секс со сопруга.Па да видиме тогаш кај ќе се празнат чичињата што си го донеле овој закон
А ќе почнат да ги казнуваат мажите и да ги ставаат на исто ниво со убијците јер 'по грешка' го истресле внатре!? Не подржувам абортус. Ама законов е смешен.
Леле колку е одвратен муабетов! Како жртва на силување, многу ме погодуваат вакви муабети. Сакам јас нив да ги опчекорам и да им го изредам со стреп-он, и да им го осакатам половиот орган за време на, па да видат како 'ќе се шат-даунуваат', како 'ќе извадат најдобро од ситуацијата' , како ќе гледаат на Бог после тоа, како ќе им се допадне 'да ја следам својата сексуална слобода' Ми се повраќа!
Не ти требаат ни закони што забрануваат абортус, ниту има потреба до САД да одиме за да видиме како на жената и се скратува автономијата над сопственото тело. http://www.novilist.hr/Vijesti/Hrva...UFmb_YGh0g0JgnQQQ-U5lGpWLjLVKQgyFvEn5yL17K8RA Кај нас мислите не е исто? Како онаа во Шутка што беше што никако не пушташе жена на абортус да отидат. Мислите нема уште такви?
Не знам баш. Лично имам слушнато жени како викаат дека и да е силувана треба да го роди. И снимка имам. Многу малку се зборува кај нас на вакви теми. Сите се со законите опседнати, а се што е надвор од законот се прават дека воопшто не постои. Не знам дали законот им дозволува кај нас да одбијат процедури затоа што им се косат со убедувањата, ама не сум слушнала дека им забранува.
За жал и јас мислам дека повторно ќе биде избран. Има многу поддржувачи што е страшно чудно, но само го покажува вистинското лице на тамошниот народ. Се згрозувам кога читам коментари под статии како се одлични закониве. Не можам да разберам како е поважен ембрионот од веќе постоечки човечки живот. Како може некој да се секира за ембрион, а не за какви последици раѓањето ќе донесе за жената, дури и во некој случај детето, Како тоа 11 годишно девојче ќе биде мајка? Како тоа дете кога ќе порасне треба да биде стабилен и психички здрав човек кога ќе знае како и зошто се родил? Колку е сурово само. Сурово. Одамна нешто вакво одвратно не сум прочитала.