Кажи, а? Министерки, менаџерки, жени научници, премиерки… мава по машко его. Мора сопки, што повеќе препреки да има жена во животот по патот до успехот.
Го кажуваш ова ко да е нормално. На мажот мора да му се каже "да", оти е маж, ако кажеш "не", тешко тебе. Ти му кажуваш "да" само за да му угодиш нему? Друго, мажите не се зависници од секс. Има манијаци, да, ама во реченицава погоре стои: Мажите (значи сите) не прифаќаат "не". И силуваат. Да се плашиме од нив ако не. Бројот на силувања не се зголемува поради "не", туку поради болни умови.
Не, не ги потенцирав сите мажи не ми беше тоа муабетот, туку ја потенцирав зголемената опасност во која ќе бидат ставени жените во врска со ова со абортусот. Инче не му кажувам јас да или не на мојот, право почнувам да го трчкам по дома со стомак до заби додека тој бега Инаку свашта има, болни неболни , колку приказни има по темиве како од господин совршен се променил во бракот па ја силувал , како се лути дечкото кога оваа нема да му даде па ја напаѓа па не очекувала.... како и да е не е збор за мажите туку опасноста во која се ставени жените сега во Америка а и на некои други места по светот
Не знам зошто ова мора да се пишува секогаш, секако дека се подразбира дека не се мисли на сите до еден од мажите, не мора да се нагласи тоа, едноставно се знае.
Во секој случај, бројот на силувања може да се зголеми од други причини, а не од "не". Има еден виц: Му вика маж на пријател: Ја спасив девојката од силување. Го прашува тој: Како? Па успеав да ја наговорам. Ако разбираш поврзаност.
Секоја неправедна забрана само води до огромни ескалации, па ќе видиме што следи. Ама во 21 век ова да се случува е начисто лудило.
https://www.dailymail.co.uk/news/ar...s-lashed-saying-kids-womb-safe-classroom.html Oh, the irony.. Сега ја гледам изјавава на женава. Што дрога имаат у тоа Америката, баш сакам да знам