Ова е најиронично. На малоумните републиканци око не им трепнува за сите убиени деца од страна на нивната пресвета пренајубава земја, ама знаат да се преправаат дека многу им значат неродените плодови.
Значи тие деца не се рачунаат Анѓо, немој вака сеа, немој лошо против носителите на демократија сегде, па ако умираат деца таму изгранатирани нека умираат, ама битно е да се раѓаат у Америка, оти децата се најбитни. Мрш бе, убаво вика еден твит дека ако имаш земја каде казната за абортус на дете како плод на силување е поголема од казната за силување, знаеш колку е саатот. Ајт.
Па да кога ќе размислиш така е, најбитно е да се раѓаат што повеќе бели американски деца, да се продолжува лозата, така размислуваат националистите.
Истава земја кај што во јебен 21ви век им умираа илјадници дијабетичари зашто инсулинските пенкала се луксуз за овие луѓе. Патем да, и деца зависни од инсулин им умираат. Мислев дека се заебанција оние твитовите All we wanted was free insulin, ама кога расчепкав малце, куп трагични приказни ми излегоа. Не знам дали се направи нешто околу тоа, ама едно време беше страшно. Така шо да, кур ги заболе нив за здравјето на децата што ќе се родат. Која "напредна" земја, еве не знам. Али битно се либерте демек со оружјето.
Имаат криза и со адаптирано млеко, не знам каква е ситуацијата сега, пред некој месец 1000 долари ги коштало едно. Баш ги заболе.
Има криза дека не можат жените да дојат, "демократската" држава што ги тера да раѓаат им дава само 2 месеци породилно отсуство па жените не можат да дојат и мора такво млеко 15 век не верувам така заостанато да било
Ми се згади од законов што го донесоа вчера, жими сè. Ова е диктатура бре. Демократска, како да не. Жими демократијата во која расизмот е сеуште присутен. Покрај твитов споменат погоре имаше и транспарент што го видов на Инстаграм кај Бела Хадид и гласеше вака: Сите се про-лајф сè додека детето не е сиромашно, болно, гладно, бездомник, различна раса од белата (така го разбирам тоа in color, ако грешам, некиј нека ме поправи), геј, транс, имигрант. И се согласувам. Таму секоја година 450 деца се убиени од страна на родителите. Физичките казни како воспитна мерка сè уште се применуваат. Да, за таму зборувам. Не сум била таму, но имам истражено. И да, 65% (а можеби и повеќе) од возрасните таму ги поддржуваат. И идеална земја, совршенство без мани, про-лајф, а? Можеби пред најмалку 5 века. За во 21 век не би рекла.
Цело здравство го средија, па сега до абортус дојдоа.. Гадови! Срамота.. Иако сметам дека треба многу поголема сексуална едукација, затоа што многу од жените абортусот го земаат како број еден средство за контрацепција.. Дека е хумано, особено во поодмината бременост-не е. Ама секој за себе, секој за своето тело.
И јас сум против абортус. Но секој има право на избор и ги поддржувам дамите 200%. Ова ми личи како да се вадат од калта, со короната ја усраа работата, изумре народ од страв и од вакцини, морталитет на нивоу, блискоска ја ставија на 0 со луѓето, и сега демек да го зголемат наталитетот, ќе го забранат абортусот. Нема смисла
„Векот оди удолу“, велеше баба ми, бог да ја прости. Единствен разумен коментар што можам да го кажам, во врска со укинување на правото за абортус.
Обавезно, ова за зголемување наталитет е мерка. Прво сакаа да не истребат, сега сакаат да не намножат. А уствари само сакаат да не исфрустрираат мислам
Не се нормални ова Американциве со ова само ќе ја зголемат стапката на самоубиства и убиства. Ништо чудно да донесат закон каде ќе бидат дозволени инцеси и педофилија.
И Републиканците и Демократите се ѓубриња.Кај Американец нема асално. Глупав и злобен народ. Очекувано беше дека некогаш ќе падне.Едните имаа години да излезат од простачкиот менталитет, а другите имаа години да смислат законски решенија кои би спречиле носење штетни одлуки и закони за ова. Ама, не.Терање бизниси и мешање во туѓи манџи може, асално здравство и безбедност на обичните граѓани не може.Од помал до поголем крш.
Знаев дека не е до дежурниот кривец Трамп. Не го поддржувам бтв. Кој нема претстава што може да донесе криминализација на абортусот, предлог за филм во спојлер . Со денови не можев да си дојдам на себе, толку емпатија прави. Јас ова не го гледам како борба за наталитет, туку елиминација на потенцијални родилки коишто би се нафатиле на илегален абортус. Оти, ризиците се огромни. Отворање пат на абортуси на црно ми е еден вид ненамерен геноцид. Спојлер: Чувствителни на тема абортус не мора да отвораат Инаку, ова абортирање ради несакан пол сум чула и искрено ми се гади. На такви родители не знам директна стерилизација. Помина еден reels преѓе, една средовечна јавна личност раскажуе како скржавоста на неговите му го спасила животот. Вика ние на село, моиве веќе 6 ќерки имаат, мајка ми трудна со мене,мисли дека и седмото ќе е женско, иде кај жена да ѝ препорача доктор, женава ѝ вика супер немај гајле, за 3 стотки те средуе. Она рекла,,, Штоо? Јас со две стотки ќе го чувам, батали таа работа. " Пирова про лајферка. Абортус не треба целосно да се забранува, но на некои треба да им се забрани родителство додека умот не им се просветли.
Породилно имаме платени само 4 недели со нормален пораѓај, 6 недели со царски, само до 3 месеци можеме да продолжиме неплатено, после тоа снајди се па живеј, Катастрофа е тука породилното.
Сте ми лајкнале ова од 2019 и зошто го имам истиот став, сакам да залепам само една слика, зошто темата е пак актуелна. За жал. И меѓудругото, за сите мажи против абортус, имам уште нешто да ви кажам: Толку.