па така е, експерти сме за се. Па и за Roe v Wade. Да се побунеа што во Тенеси е легално да се омажи 14 годишно девојче за постар маж? А успут забрането е да абортира?
Не бе ова не е нормално. Не можам да се изначудам што читам. Апчињата за ден потоа нудат многу повеќе. Голем број на жени ги користат како терапија, помагаат да имаш редовна менструација и полесно да ги поминеш тие денови, за цисти имам слушано дека помагаат, за поубава кожа, помалце влакна... Жената ај што е силувана или имала спонтан. После тоа трауматично искуство да му ја мисли да се докажува некому треба? Што им е на луѓево бе???
Дај ми жити се медицински доказ за ова што го напиша. Ти дете си измешала брзини. Ова што го напиша се однесува на котрацептиски пилули а не за апче за ден потоа.
Како и да е , ако пукне кондомот, жената нема право да оди и да си земе апче за ден потоа, може само да се моли на Господ и сите светци да не остане трудна. Ова стварно ќе им биде страв да легнат со некој или да шетат некаде за да не бидат силувани. Ќе почнат да апстинират од секс а погодете што ќе се случи? Бидејќи мажите не прифаќат "не" како одговор ќе се зголемат и силувањата.
Мизерија. Не знам што повеќе да кажам на темава, зашто не ме интересираат исклучоци кои одат во прилог на оние што се против абортус. Ама апсолутно IDGAF. Крајна линија, или поддржуваш жена да има право или не поддржуваш, нема измеѓу. Би сакала ниедна жена да не мора да го прави или минува низ тоа без разлика што е причината, ама поддржувам и понатаму не ми се релативизира, ама ова, ама она. А инаку квотава знам да си ја цитирам, па добивам чудни погледи, иако сите знаеме, ЗНАЕМЕ дека ова е чиста вистина.
Ич не сум политички определена, напротив и едните и другите тука ми се "исто срање со различно паковање". Ама мислам дека ако дочекаме да се вемеро пак на власт, ништо не е чудно да се сменат закони демек како мерка за зголемување наталитет и да биде понепристапен абортусот.
Хах зголемување наталитет? Е дури тогаш ќе видат какви масовни иселувања ќе има, ниедна жена и така не сака во село да живее и да раѓа по 3 4 деца, ќе си останат само старите и оние балкански заостанани мажи. После нека си купуват невести од Албанија. Мада и тие се свестија.
Поседувањето на оружје ( и полуавтоматско меѓу другото со кое можат многу цивили за кратко време да бидат убиени) , е поважно право за нив од правото на жената да одлучува дали ќе роди или не. За право да носат пиштол ќе се борат до смрт "мажиштава", а за жени, хомосексуалци, луге од друга раса, го боли патка просечен републиканец, меѓу кои секако има геј , ондак такви што затруднуваат швалерки па бегаат од признавање на детето, и други сподоби лицемерни.
А уште поинтересно ќе биде кога ќе почнат да излеват во јавност бремените швалерки на политичарите хахаха
Ма и досега излегувале , па малце ќе се покријат преку уши, и пак ќе продолжат со срања и односи без кондом. Плус евентуално развод.
За нив секако ќе се најде начин. Ќе се плати доктор, ке се оди во друга држава. За тие што имаат моќ и пари нема закони.
Чим сите имат права за држење оружје, сега треба сите жени да си купат по еден калаш. Да видиме дали ќе им се допадне тоа што милиони жени исфрустрирани во пмс се шетат со калаши хаха нели за заштита од бременост
Ете тоа е либералната демократска Америка. Каде оружјето има поголеми права од сите, каде никој не те гледа додека умираш ако немаш (доволно) пари и осигурување, каде со страв пушташ дете на училиште бидејќи можно е да се појави некој психо со оружје таму, или да те упука тебе. И сега како шлаг на тортата (ќе) се забранува абортус во 21ви век. А продаваат филм за слобода, права, демократија, изиграваат полицаец во светот. Погадни лицемери не постоеле ни ќе постојат. И после зошто никогаш не би живеела таму, ете зошто.
Имаше едно видео Што ако напаѓачите во школите беа жени или девојки? И одговорот е дека за 3 дена ќе се донесеше закон жена да не може да купи оружје.