Полагаат предмет ,,Основи на криминалот", внатре има лекции околу тоа што треба да слушаат од музика, како да изгледаат, кои дестинации да ги посетуваат и кои политички фигури да ги издигнуваат. Откако ќе положат, го имаш Стојан кој си дава сам себе надимак ,,Цоци Кнеле", тетовира цели раце, лавови, крстови и Богородици најчесто, ултрарелигиозен е, вози бмв, од кола рока некаков аутотјунашки турбо-треп во кој се пее за бело, курве, пичке, дроге, Дубаи, ферари... Најчесто смрдат по теретани, слабо стојат со правопис и таблица за множење. Е сеа, поголемиот дел од оваквите го фураат тој сељо филм и се утрипани дека се мафијаши, шмркаат некаква сомнителна толчена креда или малтер додека квалитетното бело завршува кај вистинските мафијози (Мијалковци и слични).
Гледав подкаст кај Ландов кога гостин беше некој пензиониран началник така нешто, Ѓурчиновски се презиваше. Алал вера на човекот, стара школа, поткован со знаење скроз и најважно без влакна на јазикот Човекот си кажа јасно дека Мијалков е главен и дека овие Шеваљиве се нула за него, дека тој ги контролира Не е смешно знам, ај сама ќе се испратам
Не треба да си којзнае колку паметен за да знаеш дека дежавата е таа што дозволува влез на дрогата,или само трансфер сеедно.Како ќе поминеш ти толкави количини дрога како ќе ја продаваш без амин.
Зашо шо е лошо? Треба да се збори за тоа кој врти шо врти, или ќе се праиме на Тошо? Плаќајте вие даноци со 400€ плата, некој со 000000 не дава денар.
Стариот е тата мата. Сто години не е у МВР, ама очигледно има такви корења, шо знае поише од Панче спијачот…
не е форумов толку либерален како кајгана,.па да се збори све и свашта. Тука одма блокираат, бришат..
Во последните два часа во повеќе делови на Скопје и на Македонија се спроведува координирана акција на единици на МВР, чија цел се членови на насилни криминални групи. според првичните неофицијални информации веќе има и уапсени. Според првичните и неофицијални информации претреси се вршат во скопско Арачиново и во Чаир, а акцијата е проширена и во други градови низ Македонија. Неофицијално, веќе има и уапсени, но нивниот број и идентитет засега не се откриваат. Претходно денеска, во полициска акција во Струга и во Гостивар уапсени се четворица за кои постои основано сомнение дека планирале терористички напади во Македонија, но и во други држави. Од Обвинителството за гонење организиран криминал и висока корупција (ОЈО ГОКК) ја потврдија акцијата на полицијата, а детали најавија за утре. https://mkd.mk/nova-policiska-akcij...tresi-se-baraat-chlenovi-na-kriminalni-grupi/
Пак кај брајчава апселе, протекле информации пак забрзале малку повеќе со апсењево. Изгледа паѓањето на ДУИ од власт скапо ќе ги кошта ТВ21 дознава: Членови на групите Дуќанџик и Арачиново фатени со ПИ мерки, признале дел од убиствата во Скопје
Изгледа Груби избегал. Ако може да му се верува на Буревесник. Ќе треба изгледа темава во Актуелни политички да се премести https://www.facebook.com/1310796194/posts/10235831620153529/?mibextid=rS40aB7S9Ucbxw6v
Не би ме чудело ќе видиме, Буревесник вчера објави дека и Хеди Рамковски е приведен ама никој не го потврди тоа.
Погодете кој го бегал во Косово? Артан го бегал. Еден не им остана. ЕДЕН. Јзк. Срам невиден. И ВМРО и СДСМ се дно-дна. Сите дупки ги избушивте. Глејте ги Косоварите Е сеа ПРЦКИ кога ќе го вратат. И оние од Смиљковско да ги вратат
Дај боже сите да избегаат ако тоа ни овозможи да направиме ресет и да почнеме од почеток, како Ел Салвадор што почна.
Груби, Бајрами, Мерко, Фрчкоски... Сабајлево рејтингот на Тошковски и вмро им порасна за 300%. Ако продолжат вака да знаат дека ќе ги гласам на следни избори
Нема ова врска со ВМРО, ова директно иде од калето. Изгледа им прекипи од овие што крадеа без усул и терористиве од УЧК, и реши да ги пушти низ вода. Агелер јавно му даде зелено светло на Мицко, уште да уцвикаше требаше...