Кристали

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Lilit, 14 јули 2010.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.781
    Допаѓања:
    78.593
    Кристалите и нивните својства и уптребливост им биле познати уште на старите цивилизации. Па така во една од теориите за пропаѓањето на Атлантида се врзува со злоупотребата на моќта на кристалите.
    Кристалите и полудрагите камења биле употребувани како накит, за исцелување, и во магиски цели. некои кристали се користат и за складирање на информации. Во астрологијата на секој хороскопски знак му се доделува одреден камен(кристал).
    Меѓу попознатите се жад, ќилибар, горски кристал, и др.
    Секој кристал има различни својства и намена.
    Можат да се користат според хороскопскиот знак или според болеста која треба да се лечи. Во Тибетанската медицина на пример некои лекови се подготвуваат така што во нив како состојка се додава истолчен кристал/полудраг камен.
    Горскиот кристал на пример се користи за прочистување на водата.
    Пред употреба кристалите треба да се исчистат. Се чистат така што се мијат со вода(под млаз вода неколку минути) и се ставаат да се наполнат на сончева светлост или полна месечина. Друга опција е кристалот да се испразни од негативна енергија така што ќе се стави во земја на одреден период.

    Кристали за балансирање чакри

    Сите кристали во себе содржат енергии со кои што балансираат. Трикот е во тоа да откриете каде ви недостига баланс, па така да го изберете кристалот кој што најмногу ќе ви помогне. Анализирањето на чакрите е добро за почеток. Некои кристали ги поттикнуваат сите чакри, додека други се фокусираат на точно определена чакра. Кристали кои се погодни за балансирање се флугерит, жад, кијанит и серпентин.

    Кристали за енергија

    На сите ни е потребна инјекција на енергија од време на време. Изборот на кристал кој ќе ви даде енергија е одличен начин да си помогнете на себе си кога ви е тешко. Сепак, овие кристали се мошне силни и треба да бидете штедливи со нив. Добро е да ги обиколите со злато бидејќи тоа ги смирува и не треба да ги позиционирате до креветот бидејќи може да ви го расипат сонот. Кристали за засилување на енергијата се опал и топаз.

    Кристали за приземјување

    Понекогаш ви е потребно нешто, што ќе ве држи цврсто за земја и нема да ви дозволи да летате во облаците. Кристалите за приземјување ја стабилизираат вашата нестабилна енергија и ви помагаат да останете верни на своите одлуки. Во оваа група на кристали спаѓаат хелиотроп, корал и окаменето дрво

    Кристали за љубов

    Таканаречените кристали за љубов носат топлина и нежна енергија. Необично е што секогаш паѓаат во раце кога ви се најпотребни. Може да ви помогнат да привлечете љубов, како и да ја зголемите љубовта кон самите себе и сочувството со другите. Кристали за љубов се апатит, кобалт и розов кварц.


    Кристали за изразување

    Кристалите кои носат енергија за изразување се мошне силни и магични. Ви помагаат да се фокусирате на нешта кои ви се навистина важни. Овие кристали помагаат да добиете и задржите позитивен став. Кристали за изразување циртин и хелиотроп.

    Кристали за медитација
    Постојат кристали кои што се користат при вежби за медитација. Во оваа група спаѓаат алабастер, аметис, геод и јаспис.

    Кристали зa заштита

    Можеби не знаете дека кристалите може да се користат како заштитно поле. Но, доколку ги користите за тоа треба да ги носите на себе. Бидејќи тие ќе бидат во постојан контакт со кожата, потребно е да ги чистите на посебен начин. Чистењето е во зависност од самиот кристал.

    Запознаени ли сте?!Им верувате ли на овие магични камчиња?!Можеби поседувате по некое?!
    Овде можеме да подискутираме за овие енергетски камчиња кои навистина знаат да изненадат. :)
     
    На yellowflower и LivingGlam им се допаѓа ова.
  2. Krisi

    Krisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    148
    Запознаена сум со овие теории за полудрагите камчиња, меѓутоа дали верувам во нивната моќ,па и не баш, поради тоа што поседувам неколку и сум ги прочистила нели под млаз вода и со сончева енергија, ама не чувствувам никаква разлика кога ги носам. Значи како обично парче накит. Имам ѓердан од оникс, прстен од тигрово око,и комплет од амбер, мислам. Како и да е, си ги сакам и ги носам често.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  3. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.370
    Допаѓања:
    14.715
  4. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.885
    може ама и не може.Ама поубаво ке биде да се спојат.