Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Критики и забелешки

Дискусија во 'За форумот' започната од bilkata, 14 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. gluvarche

    gluvarche Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    113
    Hipica далеку од тоа дека не прифаќам критика, досега сум отворила две теми и не сум се зачленила да се натпреварувам на форумот , т.е. да отворам теми по секоја цена или да коментирам по секоја цена за дастигнам до 40000.... мислења и сл., сум ги отворила зашто сум имала потреба и сл. во никој случај како што има напишано Strumfeta93 да се натпреварувам колку мислења ќе имам или слично, малце се смешни за мене одговорите на мојата забелешка, али во ред, секој си има право на свое размислување
    не ми е забелешката само за темата што ја наведов туку општо имам чувство дека некој треба да се плаши кога отвора тема или не дај боже да пише оффтопик на некоја тема...... веднаш се почнува со напад, бар така имам приметено, ова не го кажувам од лично искуство, туку од она што го читам на темите и непријатно е воопшто за читање, така да добронамерно давам забелешка се со цел форумот да биде "the best of" и на сите формуџики да им биде пријатно кога си го трошат времето на форумот :)
    јас ве подржувам и затоа сум се и зачленила и кога сакам и можам споделувам мислења на разни теми, меѓутоа примете и критика, btw ова го пишувам во тема: критики и забелешки ;)

    поззззззз
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    look who's talking 8)
    Е,да.. патем како модератори баш треба да се однесуваат покултурно од останатите смртници.
    Имам забележано кај одредени модераторки(не морам да посочувам,се знаат кои се) голема доза на дрскост.
    Како и зошто, тие си знаат.
    Само би рекла дека не ги личи.
     
    На Danilela му/ѝ се допаѓа ова.
  3. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.685
    Допаѓања:
    6.581

    Вака, извинете што се мешам и немам ни навика да пикам вака нос, но не можев да издржам. Модераторите не се богови, па да се разликуваат од останатите смртници |( туку просто речено тие имаат должност која треба да ја исполнат. И нормално дека им е смачено да бришат дупли па и трупли, неквалитетни теми и сигурно ќе ти укажат на грешката. Впрочем, веќе има правила на форумот кои треба да се прочитаат, за потоа да не дојде до забуна. ;) А Ешлинг, незнам што беше работава со циничнава забелешка твоја за Хипица. Хипица ни е една од најискусните форумџики овде и има доволно стаж за да каже нешто.. А и јас не само еднаш, го имам забележано твојот циничен став на сите нешта и твојата иронија што воопшто не ти носи добро. Уште во темата за Слаткар не сакав да се мешам и да отварам расправија за ништо. Мое мислење, иако очекувам да бидам нападната по ова. Поздрав. ;)
     
  4. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Aдминките биле дрски :^)
    А вие не сте што си поигрувате со нивните нерви со тоа што отварате по 100 теми, веќе постоечки :!:
    Е па преку такво и на нив му е од реплицирање на една иста реченица, дека темата постои, пишувајте на кирилица, прочитајте правила... |(

    И ајде еве да не делуваат дрско и НЕкултурно, ги советувам на крајот од нивниот опоменувачки пост, да ставаaт по едно смајленце, чисто онака, да разбие монотонија :yawn:
     
  5. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Рјгдм не е точно дека ние можеме да правиме што сакаме.
    Морав да ти реплицирам бидејќи гледам не си ги разбрала баш убаво правилата, никаде не пишува дека не смее да ни се испрати забелешка баш напротив, нас ни стигнуваат и барања преку ЛП .
    Ти реплицирав да те поправам, ако сме модератори сепак и ние сме обични форумџики и можеме да си постираме мислења како и пред да станеме модераторки само што имаме некои задолженија плус кои ги прифативме доброволно со пријава на конкурс за да помогнеме во уредувањето на форумот.
    Секој има право да пишува мислења КОЛКУ САКА И КОГА САКА ама да се почитуваат правилата, да не ги цитирам сега, секако дека не смееме да оставиме пет поста по ред или три мислења едно под друго пишувани на латиница.
    Лично јас секоја опомена што ја давам е на најкулутурен можен начин бидејќи треба да се има толеранција, но ако некој претера ако треба цитирам и правила и тоа пак на фин начин.
    Не е поентата да шетаме наоколу со секира и секого да го опоменуваме , затоа ако не ви се допадне некое однесување ( мислење) слободно пријавете го па дури и да е од модератор, па администраторите ќе одлучат што понатака и дали е веродостојна пријавата.

    Доколку убаво се прочитаат правилата, нема да има вакви забелешки.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Реченицава не ти одговара на мојов пост, се надевам дека си свесна за тоа ;)

    П.С. Кај што сум пишала админките, мислев на модераторките. Колку да разјаснам, мада што мислам дека повеќето ме сфатија што сакам да кажам.
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.239
    Допаѓања:
    157.292
    Па што знам,јас не се чувствувам као богиња тука право да ти кажам,изгледа ти така нас не доживуваш и ти благодарам,воопшто не се трудевме да оставиме таков впечаток.Ние не сме авторитети тука,туку ...како да ти кажам,средувачи,наречи не хигиеничарки,бришеме кој каде ќе се пок*** на темите,може така ќе ти биде полесно.Еве ако имаш проблем со авторитети,така доживувај не,јас неам ништо против.Ние бевме и сеуште сме обични форумџики,но можеби тебе би ти било доделено модераторско место нема да можеш да се соочиш со оооо толку големата моќ што ќе ти биде доделна,па ќе почнеш да се однесуваш ко кинеска кралица.Ние сме кул,си ја вршиме работата таму каде што треба,си се бришеме и самите себе,но одиме и офф топик ради жустри дискусии,па не бришат другите модераторки,тоа е.
     
    На Ema.Sk, mims-89, Angelche и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    :hai: Добра ви вечер на сите
    јас сум нова на форумов и само сакам сите да ве поздравам и да си кажам дека форумов е топ и малце онака прочиткав погоре и само си дозволувам да кажам .....луѓе, нели гледате дека децата треба утре у школо да се пофалат што и пишале и како ја нарекле модераторката на форумот?!?!?!?!?!
    ај уште ова, не им се замарајте, капата на страна и свиркајте си
    Добра ноќ :hai:
     
  9. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Kритиката беше за да се прифати исто како што јас направив во моментов.
    Благодарам на објаснувањето,но не ми менува абсолутно ништо.
    Лилит воопшто не ве доживувам како богови, вие така се поставувате.. во моите очи сте исто што е и некој штотуку регистриран член.
    И како на сите форуми и тука преовладува тоа "форумско искуство" и потценување на поновите членови.
    Барем така сум забележала.
    Ако не е така, мај бед ондак.
     
    На pufi-cufi и Danilela им се допаѓа ова.
  10. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    јап, итц јор бед, никој никого не го потценува дека е нов, ама баш никој, има мноогу форумџивки кои се претежно нови, а веќе на повеќе од половина членки ни се во листата на омилени, и обратно се разбира.
    никој не ја чита датата на зачленување, туку постот.
    и стварно не знам кој модератор се претставува како бог тука, затоа што е модератор :?: , такво било нивното изразување и пред и откако станаа модераторки, и со нивното изразување не прекршуваат ниту едно правило, тоа си е нивни стил, зарем сите тука треба постовите да ги пишуваат по шаблон |(
    и само јас ли забележувам дека во категоријата канта има најмногу теми :?:
     
  11. lovergirl19

    lovergirl19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    24
    malku me nervira koga ke se otvorat nekoi glupi temi sto ne vredi da ostavis komentar!!
     
  12. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    На фемина буквално се сакам.
    Модераторките се најдобри и најсрцки.
    Немам никаква забелешка
    Продолжете така.
     
    На Lilit му/ѝ се допаѓа ова.
  13. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    На секој форум иста приказна лелелееееее ова модераториве и администраторите се по нивно си прават, ние немаме право на збор, не бришат без причина, не банираат, не можеме теми да отвараме, се им сметаме, се понашаат како богови, на што личи ова, па јас ќе си најдам друг форум вие останете ми со здравје. |(

    На работа имаш ли шеф/директор кој ќе те надгледува?
    На училиште и факултет имаш ли професор кој ќе држи ред и дисциплина?
    За што постои полицијата во реалноста? За ред и дисциплина, а ќе не казнат ако не почитуваме.
    Па и тука мора да постои хиерархија и некој кој ќе надгледува и санкционира. |(

    Најдобри професори се оние на кои гледаме пријателски, најдобро функционираат фирмите во кои шефовите не се однесуваат доминантно и имаат коректен однос со вработените.
    Ако вие модераторите ги преценувате (и им се улизувате) или ги потценувате (и само мрчите како се занесувале), тоа е ваша грешка што не знаете да гледате пријателски кон луѓе кои имаат поголемо искуство и позиција од вашата.
     
    На Angelche, Annath и Offspring им се допаѓа ова.
  14. bilkata

    bilkata Администратор

    Се зачлени на:
    4 октомври 2008
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    1.682
    Морам да напишам неколку реда... сите модератори си ја вршат „работата“ на доброволна основа и одделуваат голем дел од своето време за да ги уредуваат категориите кои им се доделени. Тие се тука за сите нас, односно нивна задача е да го направат нашиот престој на форумот попријатен.

    За еден форум да биде лесен и пријатен за користење, не треба да постојат теми кои се повторуваат, не треба да се „упропастуваат“ темите со оф-топик дискусии, не треба да се дозволуваат навреди и препукувања, мислењата треба да се напишани прегледно, како и еден куп други работи кои се опфатени со правилата. Па, доколку не беа модераторите, форумот воопшто немаше да изгледа онака како што изгледа сега.

    Навистина, понекогаш можеби некој модератор ќе изреагира построго или ќе избрише мислење што би можело да се остави во темата (сепак, никој не е совршен), но во глобала модераторите си ја вршат работата одлично.

    rjgdm, воопшто не е така. Еве што пишува во нашите правила:

    Меѓу другото, забелешките што јас сум ги добила во врска со работата на модераторите се бројат на прсти (и тоа на една рака :lol:), што би значело дека модераторите се исклучително фер и коректни.

    За крај, уште еднаш сакам да повторам дека модераторите се тука доброволно и дека навистина даваат максимум од себе за да можеме да се дружиме и да комуницираме во убаво организиран и среден форум. Затоа, ве замолувам да имате разбирање за нивната повремена строгост. :$
     
    На Lovely, Lux, baguf4e и 6 други им се допаѓа ова.
  15. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Ако модераторите не се богови,нека не се однесуваат така.
    И се согласувам со Ашлинг,има дрски модераторки.
    И тие истите (нема потреба од именување) ја злоупотребуваат својата функција и се премногу дрско,ако некој пише нешто што е различно од нивното мислење.
    Ако пишеше нешто контра,одма си арогантен,глуп,тролаш..блаблабла.
    Епа ова е ФОРУМ и очекувајте мислења спротивни на вашите.
    *ова не важи за сите модераторки.
     
  16. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.577
    Допаѓања:
    201.782
    Пол:
    Женски
    Да бидам искрена, има членови кои мислат дека нивните мислења се точни и исправни и не прифаќаат туѓи издржани аргументи кога некој и со убаво ќе им каже нешто. Едноставно, не прифаќаат дека другите поинаку размислуваат. Секогаш имало такви и ќе ги има, ама кога упорно тролаат по темите и поттикнуваат расправи, навредувања и вулгарности (и притоа самите не штедат такви зборови), мора тогаш модераторите да стапат на сцена. И ако се каже со убаво, не чини, па и ако бидеме малку подрски, веднаш не' набедуваат дека сме дрски, дека се однесуваме како богови, итн. Па наша работа е да одржуваме ниво на култура на форумов, прегледност и достапност на истиот. Инаку, немаше да има модератори. Ама познато ми е дека, во глобала, модераторите не се многу омилени на било кој форум, впрочем, како и сите оние чија задача е да одржуваат некаков ред.

    Освен тоа, мене навистина ми пречи и однесувањето на членовите спрема оние кои отвораат дупли теми. Да, ни создаваат нам дополнителна работа, и најчесто се за некои прашања кои на многумина им се глупави, ама имајќи предвид дека повеќето такви теми се отвораат од мали девојчиња (тинејџерки) на кои ова им е прв форум, а понекогаш и постари лица кои сега навлегуваат во тајните на интернетот (иако на овој форум тоа е поретко), а има и лица кои едноставно не знаат да се снајдат, сепак, девојки - треба да бидете малку потолерантни. Не се сите информирани и едуцирани, а има кој да го среди проблемот со дуплите теми, вие само пријавете ги! ;) Важи? :) :)
     
    На Isidora-Veles, Lux, Gordana10 и 6 други им се допаѓа ова.
  18. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    ^ И сите по ред, Клуч, клуч, клуч...
     
  19. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Јас да се изнаснам за модераториве, како прво да не беа тие форумов ке беше општ хаос. И баш тие се тие кои треба да кажат што може а што не може. И не сме на бојно поле тука да се мериме кој што правел.
    Како да не бидат дрски понекогаш, кога од ништо, им се отвара многу работа. Навистина се ок според мене, а ако бришат мислења тоа е за да се запрат други препукувања и оффтопици. Значи никој не се однесува како бог овде, ова е форум, модераторите само си работат. Тоа што е грешно, и што не чини се реакциите на членовите кои не се модератори, а си земаат за сила да навредуваат на нови отворени теми. Ако сакате да помогнете навистина, а не да се правите к***ц и пол, и да негувате некој мадафака имиџ на форумов, напишете совет помогнете и пријавете, модераторите ке си избришат, ке си средат. Никој не е достоен така да навредува нови членови кои штотуку се придружиле. Форумов е супер, мислам дека сите кои пишувате така треба малку да се позамислите за таквите реакции, и да сфатите колку тоа не е во ред.
     
  20. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    лол
    [​IMG]
    Aj колку да не бидам оф-топик.
    Втора ствар шо ме нервира освен божеството е кога ќе прочитам коментар "да не И ја уништуваме темата на _____(рандом член)", "не МИ ја уништувајте темата".
    Чекај малку сега.
    Можеш да пријавиш мислење.
    Постојат модератори кои ги бришат оф-топиците.
    Зошто на пример при отворање на секоја тема не напишите какви коментари сакате да има, односно сите онака да се само read only without discussion?
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.