Пребарав по темите и не најдов нешто за крлежите. Ние чуваме куче дома па често пати наоѓаме крлежи на неа...некогаш се закачени на неа, ама некогаш лазат по неа, па често се плашиме да не некој од нас има закачено на себе. Има ли некој кој знае кои се симптомите ако крлеж се закачи на човек?
Црно топче како младушка-бемка и црвенило од околу. Прво и основно правило е да не се вадат дома зашто може да го скинете и дел да остане внатре во човечкото тело. Бабин лек знам дека се става зејтин на местото да одстои малку па потоа полека со чупалица се вади. АЛИ, ако не знаеш не експериментирај туку трк до најблиската болница, брза помош... Оваа лето имаше некоја најезда од крлежи па тоа беше страшно, да не можеш дете надвор да пуштиш. Многу блиски пријатели маки видоа со децата па дури и инекции примаа децата. Носат многу лоши болести, бактерии...
Таму каде што има убод од крлеж има црвенило. Но ако навреме не го откриеш и некое време стои таму, можеш да исфрлиш цела. Исто како сипаница да имаш фатено. Има покачена температура и малаксаност. Ако навреме отидеш во болница и го најдат каде е, ќе го расчепкаат местото, и ќе го извадат. Можеби ќе отидеш еднаш до двапати на преврски со бетадин и асепсол ќе ја чистат раната, и толку. Но ако не го откриеш навреме како погоре што напишав може да се јават такви симптоми. Тогаш се останува во болница се додека не се повлече исфрленото и температурата. И како што ти кажа Славица. Сама но пробавај да го извадиш зошто можат некои делови да останат внатре а ти да не ги видиш. Отиди на доктор, и таму ќе ја завршат целата работа.
Јас како мала фатив крлежи од едно куче.Како мала бемка беше,штом ми ја открија веднаш правец болница и таму го извадија.Среќа што беше навреме откриено .
Еве ти линкови за убод од крлеж, ама ако приметиш убод и ти е страв да го вадиш сама појди на кожно, за да не си направиш беља. Внимавајте на убодите од крлеж како да се отстранат крлежи Време на крлежи, што можете да направите?
ОК фала на сите... муабетот ми беше што ако не се открие на време, пр. ако се закачи на глава под косата , многу е тешко да се најде, па затоа прашував за симптоми. Инаку знам дека ако се закачи за да се извади треба да се врти во обратен правец од стрелките на часовникот. ОК во секој случај фала ми помогнавте многу
Крлежот никако не смее да се вади со рака затоа што можеда остане дел од него во телото .Се вади исклучиво со памукче натопено со топол оцет,само поминете со него преку крлежот и тој сам паѓа,ова важи и за крлеж кај човек икај куче.
Крлежот не можеш да не го забележиш, независко каде се наоѓа. Тој се осеќа и на допир, а и многу брзо расте така да сигурно ќе се забележи. За вадење и јас мислам дека најдобро би било да го извади доктор.
Крлежот се забележува првенствено затоа што ќе се појави црвенило на местото каде што е фатен и ќе почне да ве чеша. Најдобро се вади со зејтин, или некоја крема. Намачкајте околу него и тој сам ќе излезе затоа што ќе почне да се гуши. Но, ако не сте ваделе претходно, најдобро е да отидете на лекар затоа што може да биде многу ризично ако го откинете. И да напоменам дека вадење крлежи кај куче и кај човек не е исто. Кучето нема пори, па кај него многу полесно се вади.
Нема шанси да не приметиш ако ти се закачи крлеж бидејќи ужасно многу чеша. Кога бев мала ми се закачи крлеж и ме однесоа одма во градска, ми го вадеа на живо и мислам дека цела болница во воздух ја кренав
Мене кога ми влезе крлеж не ме чешаше туку покачив висока температура ,пиев секакви апчиња да ми се симне и ништо,потоа почна да ми се врти и да ми се повраќа мислам дека тоа ми беше најгрозниот одмор до сега,кога си отидов дома го забележав помеѓу прстите на ногата,отидов на лекар и на живо ми го вадеа и многу ме болеше,инаку после само два саата се вратив во нормала,изгладнета бев цела недела на одмор ништо не јадев од се ми се надигнуваше
Јас имам многу лошо искуство на оваа тема.Значи прво на сите препорачувам, седења на трева после врнежлив период никако, бидјеќи тој период крлежи се размножуваат од влажното.Јас фатив пред едно 5 години, и од тогаш фала богу, не ми се има десено тоа пак.Инаку лесно се приметува дека имаш крлеж, неверојатно многу чеша и местото околу него е црвено.Јас имав на грбот, и на мајка ми и беше страв сама да ми го извади и ме однесе на дежурен во болница.Кои болки ги претрпев тогаш, мислам господ во пижами го видов На живо ме копаше буквално, не можеше убаво да го извади бидејќи на незгодно место ми беше и имаше ризик да ми остане дел од пипците,и нормално без анестезија. И да најтопло препорачувам да пробате од дома да го потопите со зејтин бидејќи така самиот ќе падне, па доколку не излезе дури тогаш да отидете на лекар, инаку тешки болки и трауми ве очекуваат.
Јас имам многу лошо искуство на оваа тема.Значи прво на сите препорачувам, седења на трева после врнежлив период никако, бидјеќи тој период крлежи се размножуваат од влажното.Јас фатив пред едно 5 години, и од тогаш фала богу, не ми се има десено тоа пак.Инаку лесно се приметува дека имаш крлеж, неверојатно многу чеша и местото околу него е црвено.Јас имав на грбот, и на мајка ми и беше страв сама да ми го извади и ме однесе на дежурен во болница.Кои болки ги претрпев тогаш, мислам господ во пижами го видов На живо ме копаше буквално, не можеше убаво да го извади бидејќи на незгодно место ми беше и имаше ризик да ми остане дел од пипците,и нормално без анестезија. И да најтопло препорачувам да пробате од дома да го потопите со зејтин бидејќи така самиот ќе падне, па доколку не излезе дури тогаш да отидете на лекар, инаку тешки болки и трауми ве очекуваат.
Мало,ама опасно животинче. Кога ќе го забележите,што е можно побрзо вадете го,зошто колку повеќе останува во вас,толку повеќе опасности носи за телото и организмот. Ако не сте во состојба да одите на лекар,ставете ацетон во мало капаче,и држете го на местото каде што е крлежот,одма ќе искочи.(од искуство) Најбитно е главата да му искочи.
Сами немојте да го вадите со теглење уље,нафта,бензин,лук,газге-нешто што смреди да се намачка крлежот и околното место доколку сакате да вадите крлежи дома(треба сам да падне од местото зошто нема да ја поднесува миризбата лоша)....ако не на лекар под хитно (еден мој комшија го правеа операција поради тоа што : позади увото нешто многу го чешало си се чешал и го извадил крлежот и викал некоја засирена крв извадов -му останале"нозите" од крлежот)
случки: ете на една жена крлеж и се закачил во вагината...и од тогаш се почна назад да и оди не јадеше од 120 на 50 кила падна на секакви испитувања се здрава права таа проопаѓа-отиде на гинеколог и внатре да и се закачил крлеж .... јас лани летото имав на препони го забележав како се движи и го тргнав
се ежам од овие грозноморни инсекри како мала имав во главата и мајками ми го извади со пинцета да чукнав во дрво одтогаш немам сретненои да не сретнам никогаш многу се опасни