Кромид за здрава коса

Дискусија во 'Коса' започната од milagirl, 3 април 2011.

  1. milagirl

    milagirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2010
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    2
    Исечкајте еден кромид и ставете го во шишето со шампон. Оставете го да стои 15 дена и почнете нормално да го користите шампонот. Ваквиот шампон не само што го забрзува растот туку дава неверојатен сјај.

    Дали оваа некој го има пробано ако го има де кажете ми дали потоа мириса косата од кромидот ? :)
     
  2. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.675
    Допаѓања:
    9.756
    Пол:
    Женски
    Немаше, мислам, потреба од нова тема за ова.
    Има многу теми за коса, каде ќе ти одговореа на прашањето.


    Што се однесува до “рецептов“ не сум пробала.
    А и скептик сум дека ваквите работи делуваат.
    Отстоен кромид во шампон 15 дена, не фала :shake:
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Marina89

    Marina89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2010
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    42
    Кромид бееееееееееее.....една капка вода на косата и има сите да бегаат од тебе,а можи и без капката хихих ....тоа е чиста глупост за мене хихихи
     
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.277
    Допаѓања:
    5.158
    Ма смрди тоа а и кој би ставил. Сум чула дека против опаѓање прават некој лек со лук па луѓето од мака ставаат и се затвараат по дома, ама ова неееее.
    Ај ти пробај па ни кажи :^)
     
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.327
    Допаѓања:
    75.658
    Пол:
    Женски
    ^ тоа со лукот се користи при косопаст (лично јас го имам користено) и не мириса пошто не се става на цела коса, само на делчето каде опаднала косата, меѓутоа за ова со кромидот чисто сумњам дека нема да мириса :^)
     
    На TutiFuti му/ѝ се допаѓа ова.
  6. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    2.676
    Пол:
    Женски
    погрдо нешто амин кромид на коса никад не би стаила
     
  7. MoreNa-22

    MoreNa-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    74
    отстоен кромид во шампон 15 дена несакам ни да помислам каква миризба има а камоли со тоа чудо да ја мијам косата бљак... кој пробал нека кажи баш ме интересира :D :D
     
    На Lile_05 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. smurffi

    smurffi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Женски
    Колку и да е добар за косата.. сепак не би ставила.
     
  9. Traveler$

    Traveler$ Нов член

    Се зачлени на:
    22 декември 2018
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Jas go koristam samponot, go cuvav 15 dena , na pocetokot imase mn los miris ama posle 15 den iscezna mirisot na kromidot, i mirisa isto kako i prethodno samponot, i efektot e stvarno dobar, kosata mi e mnogu sjajna i so volumen. Vi go preporacuvam.