ЛИСТАВ И НЕ ПРОНАЈДОВ РЕЦЕПТ ЗА КРОФНИ ПА ПИШЕТЕ ДОКОЛКУ ИМАТЕ ЗА НЕКОИ УБАВИ,БРЗИ И ИСПРОБАНИ РЕЦЕПТИ.
КРОФНИ 1kg brasno 2 jajca 1 kvasec 4-5lazici seker 1 pecivo 1-2 filzani zejtin seto ova se zamesuva i se ostava da stasa potoa se razmesuva i suka golema kora i se sece so casa i se przat so zerjtin
Се замесува со млеко или топла вода (тоа имаш испуштено) или во размер 1 према 3 (1 вода и 3 млеко). Моја препорака наместо цели јајца стави само 2 жолчки затоа што белката го стврднува тестото (ако не си искусна во месење ) и 1 мал филџан зејтин е доволно. јас не ставам пециво и малку сол
Еве еден рецепт за крофни кои ние дома секогаш ги правиме. Потребно: - 3 јајца -1 чаша јогурт -14 лажици брашно -1 прашок за печиво -1 ванилин шеќер Подготовка - Заедно се матат трите јајца и јогуртот.Потоа се додаваат брашното,прашокот за пециво и ванилиниот шеќер..Смесата убаво се меша. Со лажица се зема од смесата и се пржи во тава со загреано масло.
Јас ги правам по овој мој измислен рецепт: - 500 грама брашно - 2 јајца - 250 ml млеко - 50 до 100 ml зејтин - 1 квасец - 1 мала лажица сол - 1 голема лажица шеќер Сите овие состојки се замесуваат. Тестото се остава да стаса и откако ќе нарасне се формираат топчиња. Топчињата се размесуваат и се формираат кругови со дијаметар десетина центиметри. Внатре во круговите се става по една лажица крем, (по можност агроплод), истите се преклопуваат, се затвараат убаво и се пржат. Откако ќе се испржат се валкаат во прав шеќер и едно пакетче ванила.
Знае ли некоја рецепт за американски крофни-оние кои ги продаваа на лето во Охрид, мнооогу ги сакам ама никако да и успеат на мајка ми.
recepti/americki-krofni-i-americki-palacinki-t2843/ Дали некој има испробан рецепт за течно тесто за крофнички (благи, а може и за солени) што се печат во рерна во калапчиња?
Фил - Според мене најубав за разлика од оној со жолчките кој ми е потежок мада и тој не е лош. На 1л млеко зовриено варам 3 пудинга од ванила со 6 лаж шеќер и 1-2 лаж густин. Во ладен пудинг ставам пола изматен маргарин/путер со малку прав шеќер (околу 100гр. во зависност колку сакаш да е благ филот). Тесто - 2 чаши (од јогурт или 200 грамска чаша) вода, 1 чаша зејтин (не полна до врвот горе) да зоврие па се додадат 2 чаши брашно (целата филозофија е да односот меѓу вода и зејтин биде 1 према 2). Убаво се меша смесата додека не се олади. Кога ќе се олади се додаваат едно по едно 4-5 јајца (во зависност како ги прима смесата и колку се големи. Моја маана или врлина што никогаш не мерам точно до грам или број ) и убаво се мати целата смеса со миксер. Се печат во загреана релна додека не поруменат. Финта при печење е да не се отвара често релната т.е воопшто додека се печат. Гледаш од стакло а се печат 20-тина мин на 200степени Одозгора посолуваш со прав шеќер или чоколадо.
Како правите да ви излегуваат празни внатре? Пред некој ден правев ама никако да бидат празни а не сум искусна во готвење ама обожавам крофни па кажете во што е тајната или предложете рецепт ама горе-доле сличен е рецептот ако не и ист со тие погоре напишани ама до мајторот ќе да е
Мислам дека е тајната во киснењето и пржењето. Во тестото да користиш само жолчки, а не и белки од јајца. И нели, кога ќе ја сукаш кората и ги вадиш круговите со чаша, ги оставаш да киснат. Кога ги ставаш да се пржат, ги ставаш со горната страна (таа што се дигала) надолу. И тогаш би требало да бидат празни внатре.
Tајната е во тоа што не се става сол, и не треба да престасаат. Mене ми испагаат шупливи. 1/2 kило млеко 2 јајца 1квасец 1 ванила брашно колку прима сетото тоа се месе, стасува, се расукува кора,се пржат во врел зејтин и најпосле се наросуваат со шекер во прав.
Омилените... Потребно: ● 2 јајца ● 1 коцка квасец ● 1 чаша јогурт ● 1 кг брашно ● 300-350 мл вода ● ½ лажичка сол ● 5 лажици шеќер ● 200 г шеќер во прав ● 100 мл масло за јадење Подготовка: ● Во топлата вода растопете го квасецот и сипете го јогуртот. Потоа додајте ги солта, брашното, маслото за јадење и јајцата. Замесете тесто и оставете да отстои десетина минути. ● Развлечете кора од тестото во дебелина од околу 1 см и со модла (или со чаша) обликувајте крофни. Оставете ги уште десетина минути да отстојат, па потоа пржете ги во врело масло. ● Готовите крофни послужете ги со шеќер во прав, а внатре со помош на шприц наполнете ги со мармалад по вкус или со чоколадо.
Сте правеле ли печени крофни? Мислам дека тие би биле поубава варијанта како за полнење. Некој од искуство ако знае да сподели добар рецепт
јас правев едни крофни слични на овие. Mногу се вкусни и убави,и едноставни за правење па јас би ви препорачала да ги направите и пробате..ммм.. https://encrypted-tbn3.gstatic.com/...fcMEFcNzKbGWrEm7gpWKTMZKvK_62jOedXnm02U1cwONn
Ее ете тема. Ја пишав во совети за готвење. Како да направам вакви крофни. Што е тоа како фил и како?