Jas go imav toj problem. imav problemi so nepravilno zatvaranje na vilicata ama se sredi so nosenje proteza kaj Denta Es vo Kisela Voda. Mislev deka taka ke mi ostane i iskreno bev mnogu isplasena, srekja se se sredi pa ne e loso da gi posetite na edna kontrola i mal razgovor da vi kazat sto kako se slucuva. Se se poprava samo dajte mu vreme. Celo moe detstvo nosev protezi kaj razlicni doktori ama nemozea toa da go resat, samo si lapaa pari i gajle im bese. Jas kaj denta es togas prv pat slusnav za ova. Sega sum mirna dusa.
@Annath Да си го цитирам муабетов од јануари 2014. Гумицата ја имам носено на почетокот само, дали 3-4 пати само. Ама после секое носење голема болка имав. Затоа од тогаш, еве години се поминати немам храброст да почнам да ја носам гумицата повторно. А направена ми беше според мерка. Осеќам потреба да носам таква гумица, зашто многу ги стискам забите додека спијам. Инаку не чкрипам. Од стискањето цело време имам отисоци ,,ѓерданчиња". А и се плашам дека забите ќе ги оштетам така. Но, што да правам како да ја носам гумицата, а да немам болки?
Ќе направиш нова сега, ако не ти лежи старата. Инаку болката е од стискањето на вилиците, оти и гумицата е пречка, особено ако не можеш да ја затвориш устата и му прави проблеми на зглобот. Б6 две таблети, плус магнезиум, обавезно пред спиење за опуштање на мускулатурата.
@Annath кога сте веќе на оваа тема би те замолила за совет . На дете му препорачаа да носи ваква гумичка од причина што нема доволно сменето млечни заби за протеза .А има потреба од неа пред се поради кецовите горе му израснаа малку на внатре и има преклоп со долната вилица која му е поиспапчена и има благо накривување на долната цела вилица . Е сега ме интетесира дали вреди што ја земавме и дали ќе има некое подобрување од неа додека не дојде време за протеза ?
Искрено, не сум баш упатена во таа област, ама ако рекле дека ќе помогне, веројатно би помогнала. Мислам дека од 8-9 години може да се прави мобилен апарат кај деца, битно е 6ките да се изникнати колку што знам. Ама сепак, не можам да кажам точно бидејќи, како што реков, баш и не се среќавам со такви случаи во пракса, само ги упатувам пациентите кај специјалист.
Ти благодарам . Само кецови и двојки има сменето и само 2 шестки излезено а има веќе 9 полни.Може затоа сметаат дека е рано . Како и да е ,ние ја зедовме веќе една недела ја носи ,се надевам на резултати.Сега за сега е доста дисциплиниран ,ја носи не прави проблем. @cresa-jagoda биди упорна, слушај ги советите на @Annath и еве син ми нека ти биде репер дека има 9 а ја носи
Чувствувам дека ми е морална одговорност да ги предупредам сите коишто имаат проблеми со виличниот зглоб НИКАКО да не одат во ДентаЕС во Кисела Вода кај др. Елена. Јас имав ужасно искуство од 4 месеци со носење оклузален сплинт од таму. Болките не само што не ми се намалија, туку и зголемија. Тотална незаинтересираност од нејзина страна за пациентот. За повеќе детали за мојот таканаречен третман, спремен сум на детални одговори, само прашајте. Уште еднаш, ИЗБЕГНУВАЈТЕ ја оваа ординација и оваа докторка. Одете си на клиника, ги имаат сите методологии да се справат со овој проблем.
Брат, а што симптоми имаш ? јас се справувам со истиот проблем односно ТМЗ откако ја вадев 8цата и не можам повеќе од 2 прста да ја отворам устата, а ги имам следните симптоми: главоболка, зуење на ушите, губење рамнотежа а највеќе ме боли вратот. Едино што помага е да се јаде помека храна :/
Пред носењето на тврд оклузален сплинт десниот виличен зглоб ми прескокнуваше и пукаше при отварање, што значи дека дискот помеѓу зглобот и лежиштето се изместил нанапред пред зглобот. На гугл тоа се вика "anterior disk displacement with reduction". Не сум имал проблеми со целосно отварање на устата, само имаше момент во десниот зглоб кога внатре нешто мораше да се "поднамести" пред да продолжам да ја отварам целосно. Имав силни главоболки коишто траеја секој ден по 2-3 месеци, силни болки во ушите, како некој да ми буши со бормашини во нив. Имав и силна болка во лицето, позади носот и позади очите. Понекогаш имав и трнење во рацете. Додека го носев сплинтот ми се појави и периодично зуење во ушите кое траеше 5-10 секунди... После 4 месеци носење на тој сплинт, движењето на зглобовите сега е глатко, не крцка, нема пукање, нема веќе болки во ушите или чувство на затнатост, но остана голема болка и притисок во носната празнина и позади очите со којашто се будам и заспивам секој ден веќе скоро 9 месеци. Болката варира во интензитет, некогаш имам и добри денови, а некогаш имам и многу лоши денови. Максилофацијален хирург ми кажа дека се работи за бруксизам, дека ги стискам забите навечер. Она што неколку ортодонти со коишто се консултирав ми го предложија како третман е следново: во суштина имам неразвиена горна вилица и тоа предизвикува цел домино ефект. Неразвиена горна вилица значи дека горните предни заби не и дозволуваат на долната вилица да оди нанапред и ја присилува да стои назад. Кога долната вилица седи наназад, кондилите (виличните зглобови) ги притискаат ткивата во лежиштето, што може да доведе до дислокација на дискот (што се случи кај мене). Toa е причинителот на главоболки, болки во уши, зуење, болка позади лице, стегнати џвакални мускули итн... Оттука, ќе треба да ми се рашири горната вилица со некаков експандер, да може долната вилица да оди нанапред, па после ќе се премине на фиксна протеза за да се усогласи загризот. Јас најверојатно ќе го продолжам мојот третман на државна клиника. Моментално носам мек штитник за заби којшто не ми даде некакви извонредни резултати. Следно како што ми кажа ортодонтката ќе ми направат снимки на двата зглоба, па ми спомнаа носење на некаков миофункционален апарат. После тоа веројатно ќе се оди на носење повторно сплинт, веројатно за да ја смирам мускулатурата во лицето, а потоа можеби и експандер. Навистина исцрпувачка состојба којашто не би му ја посакал никому, буквално го уништува квалитетот на живот. Еве еден линк којшто многу ќе ти користи мислам: https://mskneurology.com/true-cause-solution-temporomandibular-dysfunction-tmd/
Жал ми е што ги имаш горенаведените симптоми, само тој што има проблем со ТМЗ знае како е, мада се се мислам дека мене почна откако го "пукав" вратот на лева страна, честа навика ми беше да го пукам вратот и последен пат кога го пукав почнав да слушнам како "snapping noise", после неколку дена почнав да имам кликање на левата страна на вилицата а откако ја вадев 8мицата неможев повеќе од 2 прста да ја отворам устата. Сум бил на ортопед и ми направија магнетна резоранца на вратот и докторот рече дека немам дегенерација на вратните пршлени и дека лигаментите се добри, но тоа што јас имам направено истражување е дека ваљда лошо сум шинал вратен мускул или тетив и оттаму нестабилност и предизвикување проблеми со вилицата, а ортодонтот вели дека знае и од вилицата да ме боли вратот и стварно не знам кај терам.
Прво, не сум доктор, но од опширното истражување што го направив на Интернет, можам да претпоставам дека најверојатно си го истегнал или повредил стерноклеидомастоидниот (SCM) мускул, кога си го "пукал" вратот. Тоа е тој голем мускул на вратот што лесно се гледа и опипува ако ја свртиш главата во профил. Сум читал дека реферира болка во главата. Еве линк: https://www.beverlyhillstmjheadache...atterns/muscles-that-refer-pain-into-the-tmj/ Tој мускул во неговиот горен дел се закачува на черепот (insertion point) во близина на виличниот зглоб. Истражи ја малку анатомијата на овој мускул на Интернет. Можеби со тој потег кога си го пукал вратот се случило нешто внатре во зглобот и штом се слушнало како пукање на ластик, претпоставувам дека се изместил дискот од неговото правилно место. Исто така сум читал и дека со вадење на осмицата може да се случи влошување, што не значи дека било директен причинител, туку само нешто што ја "прелеало чашата". Мој совет е да отидеш на државна, на клиника за ортодонција, објасни им го проблемот, веројатно е дека ќе те пратат на клиника за вилица, лице и врат (максилофацијална) за да го снимаат зглобот и да ја испитаат целата ситуација. Како што пишав погоре, мојот план е најверојатно да го продолжам третманот на клиника, бидејќи има многу доктори коишто комуницираат меѓу себе и се консултираат и можат да направат поцелосен третман. Исто така бев и кај д-р. Маргарита Мешкова, од чијшто преглед и однос сум исто задоволен. Те советувам да одиш и кај неа да те прегледа.
Држи вода, имаш право. ти благодарам многу што си истражувал на интернет за да ми помогнеш, сум приметил дека кога не ја вртам главата на лева страна некако осеќам олеснување на вилицата, па најверојатно тоа е тоа, инаку ми препорачаа колеген тип 1, помагал за опоравување на сите повреди на ниво на мускул, лигамент и тетива односно за меките ткива, нарачав Телешки Колаген Тип 1 и ќе го конзумирам секој ден, а не е лошо и ти другар да земеш вакво, од 2 до 15 грама е сигурна доза и се меша со било каков пијалок, ваљда ќе ти помогне и на тебе.
Сум пиел колаген прашок од Виталиа, исто така пиев и Cartinorm + BioCollagen, којшто дополнително содржи глукозамин сулфат и хондроитин сулфат коишто се препорачуваат за здрави зглобови. Би рекол дека има подобрување. Зглобовите ми се многу "поподмачкани", нема веќе крцкање откако го пијам.
Супер, инаку дедо ми (татко на сопруга) е стоматолог по професија и имаат приватна ординација, со него сум се консултирал за проблемот и долго време сме правеле муабет, според него многу сум шкрипал со забите и тоа е факт бидејќи кога студирав на факулет и кога учев многу ги стискав забите од нервова незјаејќи дека ќе ми создадат проблем и тоа на некој начин предизвикала микро-трауми и тензии на виличните мускули, мускулите на главата и вратот и веќе кога сум го пукал вратот мускулите биле тензионирани и довело до влопшување (шинување) на одреден вратен мускул, он ми има направено мек-сплинт пред 2 години, помаѓаше ама како многу бавно и се нервирав уште повеќе што требаше цело време да стои во уста а ефектот малце се осеќаше и плус кога зборував луѓето ме гледаа околу устата дека зборовите не ми бе јасни поради сплинтот, ама изгледа треба да го носам, подобро бавно да се среди отколку никогаш.
Здраво.. Веќе со месеци го имам проблемов ама никако да отидам на лекар/забар. Ми пука вилицата и на двете страни, особено многу и дури и гласно се слуша на десната страна. Пукањето е едно по друго, не е одеднаш... прво десна пука, па лева по неа (во истата секунда ама осеќам дека е едно по друго, не е наеднаш). Плус на допир се осеќа како отскокнување по две крцкања на едно отварање...До скоро само пукањето беше проблем, а сега веќе приметувам дека некогаш немам целосна контрола на вилицата (пример сакам да ја отворам устата, поспоро ја отворам - со закаснување). Од што може вака, уплав имам да отидам до лекар...
Најдобро би било да одите на максилофацијална (ЈЗУ за лице, вилици и врат) на државна клиника и да видите што ќе ви кажат. Можно е да ве препратат на ортодонција. Не чекајте.
Andrej Zdravo, se nadevam deka sega si mnogu podobro se sozivuvam so tvojata situacija celosno, bi sakal da stapam vo kontkat so tebe poradi nekolku informaciju. Ti blagodaram