Колку се става вода за варење на интегралниот ориз ? Јас го правам во експрес лонец, ама никако да ја погодам количината. И дали е подобро да се вари во бујон или само во вода ?
Денеска купив готови њоки, замрзнати. На нив пишуваше да се варат 2-3 мин во зовриена вода. Јас ги оставив 5мин и многу ми беа како лигави и ми се лепеа за заби. Ги преварив или сепак живи останаа?
Побарај тука https://forum.femina.mk/threads/%D0%9A%D0%B8%D1%84%D0%BB%D0%B8.3014/ Многу го пофалија рецептот на @Annath па и јас му се мислам да ги направам за празникот.
@Annath бидејќи најфален е рецептов за кифли сакам да го пробам но имам неколку прашања Не сум многу спретна во кујна, не се бројат на прсти колку теста имам фрлено... Ќе успее рецептов со сув квасец0? Ако да колку би одел и дали треба да отстои во млеко со шеќер? Свежиот квасец претпоставувам треба прво да се растопи во млекото така, да запени малку? Филџаните масло се оние малите за кафе што се? Многу сум смотана за теста но сакам да се научам. Мислам дека не ми успеваат затоа што го прекиснувам тестото или не го размесувам убаво, после печење често се цврсти кифличињата..
Ќе успее и со сув квасец, една коцка е ко една ќесичка. Имам правено, нема разлика. Или квасецот ќе го киснеш, или тестото, не и двете, а кога додаваш брашно, додавај постепено, не наеднаш целата количина. Тука пишува кг, но може да ти треба помалку или повеќе, зависи од самото брашно. Стави прво околу 700 г брашно во длабок сад, додај ги останатите состојки и замеси тесто. Не треба да е течно, ама не треба да е тврдо, значи стварно меко, може и да лепи малце. Па ќе додаваш по потреба колку ти треба за да оформиш тесто без да ти остане пола на рацете. Ама да не е пресуво и претврдо. Филџаните се малите, од 150мл што се. Ако имаш проблем со замесување, може да пробаш со миксер и маталки за тесто, ама поарно е рачно. За почеток, може и со дрвена лажица да го замешаш брашното со останатите состојки, да добиеш лепливо тесто, па полека полека со раце да го размесиш. За помеки кифлички, на секоја кифличка пред печење стави парче маргарин/путер.
Да се пофалам, супер излегоја кифлите, не за џабе е најфален рецепт Пак имав утка, ми се згрутчи квасецот па од кога го замесив тестото вадев грутчиња од него тоа е најверојатно затоа што не го измешав квасецот со брашното туку го ставиввтака директно и врз него млекото за друг пат знам. И плус на сред месење заплака малата па трчи кај неа да ја презаспијам... Фала ти многу и на појаснувањето Spoiler: Кифли
Како се добива убаво течно чоколадо за прелив на торти и слатки? Јас го мешам чоколадото со путер и го топам на пареа, белото чоколадо никогаш не ми излегува убаво течно како црното, секогаш ми е некако згрутчено, како на топчиња а истата постапка ја правам како со црното, сменив повеќе видови на чоколадо и џабе пак е исто.. Кое е најубаво бело чоколадо за прелив, од поубавите и со Милка пробав кај мене не успева
Не се меша со маснотија при топење на пареа, никогаш. И мора да пазиш капка вода да не падне во чоколадото, садот во кој топиш да не допира воопшто до водата што врие одоздола, и секогаш да биде сув. Никогаш не сум имала проблем со топење чоколадо, макар и да се шеќернине табли што се продаваат како чоколади за готвење (Леона), стално си излегувало течно и убаво.
Колку време треба да се варат пилешки коски за да добијам bone broth? На интернет читав и до 12 часа.. или можи и пократко?
Девојки ми дадоа една тегла Таан, до сега немам користено и незнам за што би можела да го искористам и како. Па ако сакате да ми кажете за што и во што можам да искористам Таан.