Сакам да прашам...? Можеш да ставиш неколку мин пред да биде готово и да не ги пржиш многу јајцата... Иначе поубаво е само пипер и јајца, отколку со патлиџан... Твој избор
Сакам да прашам...? јас исто така не ставам јајца ама ако сакаш да се згусне можеш да ставиш бон апети
Сакам да прашам...? ^ фала фала на сите,ама биднаа инаку и јас сакам повеќе пипер и јајца ама ова го правам за либето он го сака,оти јас уште малку фучам на работа....п.с. не ставив јајца,додадов лук и вкусно мириса,ммм повелете
Ќе си земеш јајца колку што ти се потребни, ќе ги скршиш во некое тањирче, ќе ги посолиш и ќе ги изматиш. Во тава на шпорет или нешто слично ќе ставиш зејтин да се загрее, од кога ќе се загрее ќе ги истуриш претходно изматените јајца и ќе чекаш да се испржат, привремено и ќе ги мешаш од време на време. И готово
Најдобрата кајгана ја прави сестра ми, матиш јајца, додаваш зденка и ситно сецкан кулен, сето тоа го мешаш додека не се растопи зденката, потоа пржиш. Откако ќе се испржи се става и оригано.
Какви печурки? Ако мислиш на тие лисичарки или како се викаа што се купуваат од пазар. Измиј ги убаво исцеди ги, на тавчето стави маргарин убаво намачкај го со маргарин ( јас со кристал мачкам) и стави да се пржат, додека не заруменат не ги вади, додека се пржат врти ги да не изгорат. Температурата да не ти биде превисока
сега ја видов темава на фемина http://forum.femina.mk/recepti/pecurki-t6147/ имаш тука неколку рецепти
Дeвојки за неколку и е роденден на керка ми,ми требаат рецепти за салати,да не се тешки за јадење,оние со многу мајонез или јајца шопска и зелка знам веке Дајте некоја идеја,што правите за родендени,слави?
За мене најубава салата е француска сто се прави со рендано сирење пола калапче сецкана шунка на коцки 300гр. сецкана свежа краставица 2-3 во зависнос дали сакаш да ти биде повеке на краставица 1 чешне лук згмечено и 4 ореви ситно исецкани 1 лажица мајонез и 300 гр.павлака .Сето се меша ако е сува се додава уште малку павлака по вкус. Јас ја обожавам многу ми е лесна за јадење .
^ Јас оваа салата ја правам со урда, павлака и малку мајонез...Шунката, краставиците и оревите ги сецкам ептен ситно на блендер, лук не ставам, а додавам потпечен сусам...Без некоја посебна мерка, ставам 'од око'...Поздрав
јас си правам една салатичка со павлака, кубети, ставам и малку салама, кашкавал, кечап, се од око, и мн е вкусна можеш шо сакаш да ставиш плус
ехехех не е манџичка, ама пробај мн е убава, за прв пат ја пробав пред некој месец кај едни познаници на гости и мн ми се бендиса
Блондке , јас најчесто доварувам и компир на коцки, ги мешам, исто и со ориз исто измешано, и имам прилог баш за се, за било какво месо со компир, за риба, морски плодови, со ориз. Многу често, правам салата, додавам кашкавал само, некогаш шунка, мајонез и павлака, и имам салата набрзинка.
^^ Моиве дома се месари, така што мора да има мевце, најчесто правам плескавички или похован пилешки стек.
^ Јас до сега ја комбинирав само со пржени компирчиња и поховано пикешко, понекогаш но многу ретко со ориз ако имам останато од претходниот ден (да не се фрла )+пире. Што да правам кога мажето ми е прибирливо и не јаде баш се Ама решена сум да го научам да јаде барем пола од тоа што треба да јаде.