1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Купохоличари (Shopaholics)

Дискусија во 'Психологија' започната од blueeparadise, 8 октомври 2011.

  1. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    6.308
    Епа вака. Да не објаснувам многу што се купохоличари, ќе дадам само кратка дефиниција. Значи, тоа се луѓе што се опседнати со купување. Тоа и ми беше целта на темава, да разговараме за купохоличарите, и ете ако некоја феминка се пронајде во овој опис да ни каже па ако можеме на некој начин да и помогнеме. Ова се смета како болест, која некои луѓе за жал никогаш неможат да ја излечат. Последиците од компулсивното купување се катастрофални, најчестата последица е индивидуалецот да остане, како што се вели кај народот, без скршен денар, заглавена во кредити и слично.. Покрај тоа, тоа остава и страшни психички последици. Некоја девојка која има се што посакува, ќе отиде на шопинг да купи и нешто крајно неквалитетно, не затоа што и е потребно туку за да ја задоволи таа нејзина потреба за шопинг. Еве нешто повеќе за компулсивното купување:

    - http://en.wikipedia.org/wiki/Compulsive_buying_disorder

    Но, во оваа тема може да поразговараме и за нешто друго, но сепак слично со компулсивниот шопинг. Една девојка пред некој ден отвори тема која се однесуваше на опседнатоста со мода но сепак, темата не и беше добро формулирана па заврши во канта.

    Нормално дека скоро секоја девојка ја сака модата и сака да се поднови со некое ново парче облека - од време на време. Но, што кога ова оди во крајност? Значи сега не зборувам за неконтролирано купување, туку самата опседнатост со модата. Да сакаш секој ден да си облечен совршено и да бидеш во нова облека? Да знаеш буквално се за модата, да ги следиш светските модни ревии, да ги знаеш сите можни стилови и сите нив да сакаш да ги примениш врз себе. Ама тогаш, се испречуваат финансиите кои не дозволуваат да бидеш секогаш облечен во последната мода а тоа често доведува до депресија, нервоза и слично. Но, зашто ние жените сме толку опседнати со модата, што е толку посебно во неа што толку не привлекува? Која е причината? Дали таа се крие зад 'совршените' модели кои позираат за насловните страни на познатите списанија, кои се совршено облечени и нашминкани, без ниедна мана? Дали ние посакуваме да бидеме како нив? Еве една статија за ова прашање.

    - http://www.girlsaskguys.com/Articles/St ... shion.html

    Толку од мене, па очекувам да слушнам и мислења од другите феминки. :)
     
  2. glamour-lady

    glamour-lady Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    775
    ја сакам модата, сакам да се дотерувам, да експериментирам, да купувам... но не сум опседната со облека и со купување..
    Секогаш одам според можностите, колку ќе можам толку купувам.. сигурно ќе ми биде криво кога не ќе можам да си купам нешто што ми се свиѓа но не запаѓам во депресии, со денови да кукам и да им ја пукам главата на домашните :D

    Имам една брачеда од странство таа е опседната со купување... работи, се мачи, зема огромна плата ама џабе кога 70% од платата и оди на партали.. купувањето за неа е како за мене храната и водата, од тоа живее :D :D (не е смешно дури трагично е).. секој слободен момент го користи за купување.. а ако неколку дена нема купено нешто паѓа во депресија, за ништо не е расположена и само кука дека немала што да облече.. се и било старо и поминато од мода..
    и имам предложено да размисли да оди под хитно на психијатар, претеризам е тоа што го прави..
    и ај да не ја критикувам и јас имам ќар од нејзината "болест".. секогаш кога доаѓа МК ми носи "неколку" убави парчиња облека, накит, шминка и слично :wasntme: :wasntme:


    [​IMG]
     
    На Lolo5 и blueeparadise им се допаѓа ова.
  3. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.132
    Допаѓања:
    88.423
    Пол:
    Женски
    Признавам купохоличарка сум. Толку многу се пронајдов во истоимениот филм, што се подразмислив дали сум болна. Не, не сум. КОга и да шетам низ бутици не се враќам дома без макар едно парче. Ако ништо друго се задоволувам со едно прстенче од Битпазар. Не се задолжувам, но знам од банка да си извадам ако немам во себе доволно. Неколку пати ми се случило и да оставам капар затоа што немам доволно, за по пола час да ги однесам парите и задоволно да си излезам од продавницата. Постојано купувам и се жалам дека немам што да облечам или пак немам соодветен накит.
    Се дур ова не излезе да барам позајмица од некој не сум болна, после тоа ќе основам анонимно друштво.
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Да немаат пари ќе видиме дали ќе бидат купохоличари. Не е за во психологија темава, зашто е релативно. И јас да имам пари ќе бидам купохоличар. Нема ништо особено за разглабање овде. Кој има пари си купува, кој нема не си купува, и тоа е тоа.
    А да, мразам патетики од типот, лилеееее немам шту да убличам :( а минатиот ден купила 100 пара чевли. Аздис.
     
    На Cacy, smiley-94, x.Daisy.x и 13 други им се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.712
    Допаѓања:
    150.521
    За во психологија е затоа што е зависност како и дрогата,цигарите итн...
    Сепак,можам да разберам пушач,ама овие ваквиве,њет. И искрено,се искажав и на една тема,чинам на немам што да облечам,немам некое особено поштовање за купохоличарките. Пушач,психичка и физичка завиност и се тоа,ама оваа опсесија произлегува од комплекси,чувство на неисполнетост,некомплетност, до степен на лечење на оној комплекс на сиромаштија,па мислејќи со купување ќе го заташкаат,а повеќе навлегуваат. Коцкари и купохоличари,фуј.
    Мислам ало бре,како може еден предмет,еден партал да ти ја полни душата со задоволство. Јас имам познаничка што не може да функционира додека не го купи нештото кое го видела. Па сега,да бидам искрена и не е некоја завидна лепота,а карактер,очигледно не е,ниту пак е некоја добра по душа (па да де,штом не може да си ги собере хировите и желбите,по аналогија е болен себичњак кој секогаш ќе се става себе си пред другите,ма дури и себе ќе се продаде бре,ќе гладува за пари чевли),па си велам...и што мисли,тој партал ќе ја разубави?! Еднаш жал ми падна за татко и кој ринта ден и ноќ,едвај се воздржав да не и се развикам и да не и влепам една за освестување дека светот не е во материјалното. И не,никогаш не може да најде толкаво задоволство во ништо друго ко во купувањето.Ко да е емотивно тупава,ко да не допира ништо до неа.
     
    На Neytiri, Gordana10, crazylady и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Нема врска дали ваквиот тип на луѓе имаат пари или не.Тие во тој момент кога треба да купат нешто, го даваат и последниот денар, се запишуваат на цртка, се позајмуваат, се со цел да го добијат она што го намерачиле.
    Купувам облека доста често, меѓутоа не само за себе, туку и за малечката и за сопругот, меѓутоа кога нешто навистина ми запне за око или ако имам потреба.Работното место ми налага да се облекувам малку поедноставно отколку за секојдневно излегување, бидејќи имаме и кодекс на облекување кој треба да го почитуваме и тоа ми создава дополнителни трошоци, да е вкусно и модерно, меѓутоа едноставно, практично и да не е провоцирачко за учениците (се мисли дека не треба да се носи кратко, деколтирано, проѕирно, кратки блузички кои не го покриваат задникот и сл)
    Акцесорис купувам по потреба, за некоја комбинација или прилика, но доста ме вади тоа што мајка ми е модерна жена, имаме сличен вкус, па за икс работи се гребам и од неа (марами и чанти посебно)
     
    На mims-89 и blueeparadise им се допаѓа ова.
  7. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Можеби е болест, кој знае.
    Го гледав и филмот и се чудев, мислев дека девојката аздисува.
    Не ги разбирам ваквите личности, се задолжуваат и одат во минуси само за да си ја задоволат потребата да се профрцкаат со нешто ново.
    Разбирам да имаш пари и да можеш да си дозволиш, ама задолжување заради нов пар чевли, е тоа не разбирам.
    И јас понекогаш поминувам низ бутиците и лиги ми течат, ама удирам математиката и сфаќам дека истите ќе мораат да ме почекаат.
    Да имам доволно парички или пак златна картичка :lol: и јас ќе бидам купохоличарка, а задолжување не доаѓа во предвид.
    Еве баш неодамна го средував домашниот буџет и си одвоив за шопинг, не дека ми е ептен неопходен, ама пусто женско сакам нешто ново....а дали ќе го реализирам шопингот ќе видиме, пак ќе удрам математика :lol:
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Не сум купохоличарка и горда сум што е тоа така. Како знам? Ми се случувало да излезам со намера да си купам нешто и доколку не најдам нешто што навистина ми се допаѓа си одам со празни раце дома и не е крај на свет. Ако ми се допадне си одам и со неколку полни кеси но не гледам на тоа како мултиоргазмичен извор на сатисфакција. Ми се случило да подзинам на нешто видено во излог и влегувам го пробувам и дури и нијанса да е да не ми се допаѓа како стои (макар сосема неприметно најминимално затегнување или набирање видливо од моето критичко око :lol: ) не го купувам и готово. Исто си имам и парични лимити за било што (долна облека, чизми, чанти и се‘ останато) и над тој износ ако е парчето не го купувам колку и да е не знам какво, принцип е во прашање и кршењето на истиот ми е незамисливо.

    А често гледам „жртви„ на модата кај кои нема врска што моделот и линијата на тело се ко север и југ, приоритет е што го носат на себе последниот моден крик, макар што постои и нешто др. за кое многу не се свесни и најскапото парче делува евтино и невкусно при извештаченото носење на истото. Стил се гради со вежба, ама она држење и став е повеќе вградено ко печат од раѓање, оттаму феноменот што некоја и во вреќа за брашно изгледа ко дама и обратното и Прада ќе го претвори во нада - копирајт Лудото :D . Така да јас имам премногу селетивен пристап кон модата го бирам она што сметам дека е соодветно за мене и повеќе гледам она што го имам да е огледало на мојот личен одраз ко индивидуа, не наметнато од страна на модната шаблонска униформност и не по секоја цена. Има сезони кога цели линии ги прескокнувам без проблем ако не се пронаоѓам во нив. И не се компарирам со манекенките ни па рачунам дека се надземски битија без маани и тие се борат со акни, целулит, испукани капилари и сите маки на кои по дифолт како човечки суштества сме изложени баш сите без исклучок.

    Друго што забележав кај себе најскапите парчиња ми предизвикуваа извесно оптеретување внимавање каде седам, да не им се случи нешто во било кое опкружување, потресување да не избледат или некоја др. глупост им се случи при перење или пеглање и искрено тоа ме нервира, не сакам да робувам на нешто од нежива природа. Внимавам на своите работи, но не градам од тоа опсесија која ми го одзема мирот или сонот, едноставно - неразумно ми е.

    Инаку познавам купохоличарки, една уште како студентка го трошеше цел буџет пратен за наем и сметки на гардероба и сеуште е иста и покрај превисоката плата плива во долгови и згора на се‘ иако има материјал да опреми неколку бутици манично позајмува облека и од др. ова е навистина болест на зависност. Не ја оправдувам и дури рачунам дека мора да е човек донекаде душевно празен за да прави вакви компензации и дури деструктивен по своите најблиски реално утре и децата ќе ги остави да гладуваат бидејќи мора да ги има штиклите и чантата од последната колекција. Факт е дека сме жени и сакаме да изгледаме убаво и се чувствуваме убаво во убави парчиња, меѓутоа секое излетување надвор од контрола се знае дека не чини, јас секогаш имам едно златно правило по кое се раководам универзално - движење со мало натфрлање на просекот е во ред дури е свесно контролирано, ама скок над крајните екстремности е недозволен, :) .
     
    На MacenceEna, EleMental, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Кај нас и немаме некоја си можност за да патиме од шопинг-синдром.
    Но, не верувам дека некој ќе рече дека не се чувстува подобро кога ќе купи ново парче облека.
    Не е тоа комплекс на нижа вредност и желен за внимание.
    Тебе ти е подобро, се чувстуваш поисполнето,посамоуверено.
    Да ги изоставиме тука шмизлите и нивната болна филозофија, бидејќи тие се во пубертет.
     
    На mims-89 и blueeparadise им се допаѓа ова.
  10. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Кога ќе се рече купохоличари не мора да значи дека станува збор за облека.

    Гледав на Опра постар брачен пар, имаат 5 деца, но сите имаат свои фамилии и тие со години живеат сами.Токму кога останале сами жената почнала да купува неконтролирано-од украси за дома, рамки за слики, постелнини, уште на пролет купувала Божиќни подароци, понекогаш и за неколку години однапред.
    Беше многу јасно дека жената тоа го прави зашто се чувствува осамена и напуштена.Целата гаража им беше преполна со нови неотворени работи.

    Јас сум речиси сигурна дека барем 90% од ваквите купохоличари се такви не заради парите што ги имаат туку поради некаков скриен проблем од минатото кој создава незадоволство во сегашноста.Самите тие многу пати не се свесни дека е до тоа.Така што за мене да си купохоличар не е нешто многу, многу за фалење.

    Главно, купохоличар не сум, знам некогаш малку да збеснам и да купувам непотребни работи, но знам и да речам доста е и тие пари да ги искористам многу попаметно.
     
    На crazylady, MladaMama и blueeparadise им се допаѓа ова.
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Се согласувам со Фемина90, купохоличарите не се опседнуваат само со облека, туку со секакви материјални предмети.
    Целта им е само да излезат и да купат нешто. Да не се вратат со празни раце дома.

    Ем аздис, ем болест за мене лично.
    Ако немаат пари, кај ќе аздисуваат жити се? Ќе се зајмат еднаш, два пати, три пати, и толку. Каде понатаму? Евентуално да врзат уште една болест па да станат клептоманки за еден пар балетанки или чанта.
    Болест - зашто душата им ја исполнува парталче.
    Убаво е чувството на нешто новко, едно лабело или нов кармин ќе ти го исполни денот, ама не сфаќам зашто мора да се 20 и во сите бои и секој можен ден, а неделата да ја преколнуваш зашто сѐ е заклучено. :^)

    Моја пријателка е купохоличарка во вистинска смисла на зборот. Излегува да се прошета, не бара ништо одредено, а се враќа со ароматична свеќа, црпалка за супа, џемперче за кученцето и пар нови чевли.
    А ништо од тоа не е ниту итно, ниту потребно, едноставно колку да се купи, да се потроши, да се донесе дома.
    Ниту едно излегување не е проследено без купување.

    За мене лично е жално.
    Не можам да сфатам дали си пополнуваат време, си лечат комплекси, осамени ли се, или само патат по внимание и аздисуваат со својата куповна моќ.

    Тие што ми вриштат пред излози и изјавуваат работи од типот - не можам да живеам без тоа фустанче, па деноноќно ми бладаат за некаков партал не ми се на мојот другарски список.
     
    На Gordana10, crazylady, glamour-lady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Не ми е разбирливо купувањето на облека до фаза на зависност, до фаза на болест.
    Јас лично немам некој во близина таков, освен нормално гледан ми е Купохоличарка и се нервирав што прави така, а уште повеќе би се нервирала да имам некој како што сте напишале примери во вашите постови.
    И мене ме прави среќна купувањето на парталче како и секоја друга жена, која жена не се радува на нова облека и чевли? И сум видела чевли кои ептен ме бендисувале и сум си ги мислела. Ама немам пари и готово крај на муабетот се става последна точка.
    Е само имам примери прилично несватливи кога купува фустан од 6000 кои и се последни пари во новчаник и после кука цел месец дена нема денар. Па мора баш тој фустан од 6000 да го купи? Немаш фустани од 2000? И 4000 за останатиот дел од месецот за потребите? Претеризам.

    Овој проблем може да го имаат само лица кои се средно и одлично ситуирани. Не може финансиски слабите луѓе да станат купохоличари, тие никогаш не ни имале пари за облека па да им се јави одеднаш оваа зависност.
    Ова вајда почнува уште од младоста кога мамо тато дајте ми нови патичиња, нови дизел панталончиња и потоа проблемот се оформува кога си веќе жена а ти немаш граница кога е доста.
    Само не знам дал е тоа поради среќата што ја имаат кога ќе купат ново парче или од потребата за најголем орман на светот а притоа не си милионер.

    Како и да е никогаш нема да ги сватам.
    Секоја жена сака да купува, која не сака? Ама кога немаш услови седи си и молчи. Нема семејството да го оставам гладно за јас да имам нов фустан. Побогу.
    Да имам плата и да барам за храна и превоз само зашто сум купила 20 кеси облека? Парите заштеда што ќе останат троши ги на што сакаш, ама секогаш имај пари за основните човечки потреби, а облеката не е основна човечка потреба.
     
    На Neytiri, JuLleE и Trendafilka им се допаѓа ова.
  13. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Па сум, делумно сум купохоличарка, само што јас не трошам мои пари. :lol:
    Ги трошам парите на тато и на мама..
    Ако излезам од дома не се враќам со празни раце. Било каква ситница да купам само празна да не сум.
    За мене е бессмислен оној т.н. WindowShopping т.е. само гледање по излози знаејки дека си со празни џебови. Ако немам пари не излегувам од дома бидејки знам дека нема да можам да одолеам на нешто што ќе видам. Не сум како некој кој може цел ден да шета низ град, да влегува и излегува од продавници и да не купи ништо.
    Она што ќе го купам не мора да биде парче облека или шминка, може да биде било што. Детаљ за во соба, облека или играчки за кучето, нешто за некого... Најразлични работи, минимални или максимални не ми е битно...
    Е сега, има денови кога и јас се враќам со празни раце, од проста причина што немало ново нешто низ продавниците. И не паѓам во депресија и не очајувам. Ама подобро се чувствувам кога сепак нешто ќе купам. :)
    Не патам за внимание, не лечам комплекси со купувањето, тоа мене ми причинува задоволство и додека можам да си дозволувам ќе купувам. Ама позајмици, запишувања во продавници и сл. само за некоја неопходна работа кај мене не доаѓаат во предвид.
     
    На Lolo5, crazylady и marama им се допаѓа ова.
  14. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Aх да и ако жените овој проблем, зависност, болест што и да е купохоличарство го изразуваат најчесто преку облека, чевли, шминка тоа не значи дека мажите ептен ретко се купохоличари.
    Ги има премногу, само кај мажите ова е изразено најчесто преку купување на технологија.
    Нели он зима плата 15 илјадарки а на 6 месеци купува најнов мобилен вреден 30 илјади и го исплаќа на рати, штом го исплати купува нов. Или му нарачуваат од странство најнов што го нема тука, штом друг види да го има одма купува нов. Ново сони, нови компјутери или за оние солидно снабдени нови автомобили а уште стариот го исплаќа ...
    Реално вакви мажи купохоличари знам многу многу повеќе, него жени купохоличарки, плус нивните купохоличарски потреби се дааааалеку поголеми од женски.
    А маживе не дај боже да им спомнеш дека имаат проблем, ќе те направат ненормална. Они само сакаат технологија нели.
    Абе ај |(
     
    На crazylady, Li0ness и marama им се допаѓа ова.
  15. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Купохоличар сум делумно, искрено. Зошто сум ? Сад чу.
    Дома уште од порано не сме располагале со некоја wooooow буџет. Имало за јадење, пиење, за купување, онолку колку што е да речеме нормална граница. Јас не сум тип кој што нема да облече нешто од постари братучетки и нешто слично. Ако нив им е смалено, мене ми е таман, убаво ми стои и ми се допаѓа, си го носам. Најчесто тоа од братучетките е марка, Шевиљон и нешто слично, и видливо е за останатите. И сега ќе ми речат: “Ејјјј Лил од Шевињон ти е тоа?!“, им викам:“Не, од братучетка ми е.“ И после го имаш тој поглед као демек ја мизерна и бедна сум што сум земала од друг да носам.


    Купохоличар сум делумно, затоа што отсекогаш сум имала желба да имам многу облека, или онолку колку да не се жалам дека се едно исто носам. Нема жена која не сака да има облека, која може да ја менува, да не „кисне“ во една цело време. Купохоличар сум, затоа што парите што ќе ми останат не ги чувам за утре да си купам цигари, туку со нив ќе си земам едно лакче, прстенче и сл. Јас не сум купохоличар во смисла да се бесам и да плазам јазици по излози, а знам дека немам еб*н денар во мене. Кога знам дека имам 100 денари вишок одам на Зелено и Бит пазар и ќе ги потрошам за тие пари. Кога знам дека мајка ми ќе земе плата, и ми ветила, сме збореле за фармерки, чевли или било што, ако имам прилика ќе разгледам да видам што има низ градов, да знам кои ми се можностите.


    Јас си правам список најчесто за она што ми треба, и си го ограничувам тоа на месец, два во зависност од тоа колку коштаат тие работи што ми требаат, и искрено кога имам таков список побрзо си ги задоволувам моите потреби. Ете пример, летово имав список на кој беа: ацетон, бел лак, ташна, прслук и уште неколку работи. Постепено, како си ги купував работите, така пополека си го задоволував моето срценце дека иако мајка ми нема пари да ми даде, можам јас да си заштедам мои пари за тие потреби, или ако ми дадат брат ми, и татко ми нешто, па јас да си го дополнам буџетот. Мајка ми знае да каже, дека да имам прилика, цела нејзина плата на облека и џиџи-миџи ќе ја потрошам. Знам дека и таа сака истото, но толку можеме. Не аздисувам до таа мера, да барам да ми купува од 3000-4000 ствари затоа што знам колку и е платата, и знам колку и е тешко.


    Едвај чекам јас да имам мои приходи, и да видам дали ќе ми биде така лесно се да потрошам. Јас сум човек кој што иако ќе купи нешто за да си задоволи некоја потреба или хир, после тоа жали за потрошените пари. Влав или не, јас сум тоа. Некогаш сум стисната за да дадам пари, а некогаш мн. лесно трошам пари, ама после тоа низ нос ќе си ги извадам потрошените пари мене, или на дечко ми.
     
  16. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.989
    Допаѓања:
    279.152
    постојаното купување облека е луксуз сто секој не мозе да си го дозволи.
    скоро секоја девојка сака прекрасен плакар исполнет со облека од нејзините сониста, мегутоа како и за се друго во зивотот само за малкумина сонистата стануваат реалност.
    дел од девојките губат контрола врз себе за момент, занесени од зелбата да ги исполнат своите сониста и малку по малку стануваат купохолиЧари(без она умерено).
    не зборувам за но лимит кредитни картиЧки(дозволен минус од повеке илјади евра) зосто не секој поседува таква.
    не зборувам за записување на тевтер и сл. засто на денесницава ретко на кој му даваат роба на таков наЧин.
    знаЧи за плакање у готовина ке зедат плата, џепарлак, или била каков тип на инстант готовина одат тросат без многу да му ја мисли на останатите 29-30 дена у месецот. и после тоа ке кукаат како е на работ на презивување. мозеби неиззивеаност, мозеби зелба да се биде некој само зосто поседувас парЧе гардероба сто го има и тој...или мозеби само лосо водење финансии.

    -во втората категорија се оние девојки за кои не вази правилото плакање во готово, туку одат минус, позајмуваат...и се на пат кон криминално досие :lol:
    јас сум во онаа трета категорија купохолиЧари(умерените :lol: )зависна сум од купување али не по секоја цена и во секоја ситуација.
    испагам низ град на сопинг само ако имам задоволителна сума пари со мене.правам друство на другарки ако имам добар конто биланс. ако немам да купам не пагам во депресија или сл. мегутоа и само онака да гледам не гледам приЧина за срека,залудно потросено време. ако имам само 10 еу ке седнам на коктел и на муабет со другарка, никој со сила не не тера да одиме да гледаме Чевли кои костаат 100 еу
    секојдневната потреба за купување ке ја смирам на каса во дуканЧето кога купувам млекце и лебЧе :rofl:

    барем еднас неделно си испагам сама по дуканите и на раат си гледам :geek:
    тековни маиЧки, фармерки...набавувам на таков наЧин не се посебни марки, онака за секој ден мегутоа мора стварно да ми се допага.
    мозе да се слуЧи цел месец нисто да не купам зосто нисто го немало оној уааау ефект во моите оЧи. :rofl: :rofl: :rofl: . купувам не оти мора да купам, купувам ако стварно ми се допага, како сто писав мозе цел месец нисто да не купам, мегутоа мозе и во еден ден со 5 кеси да се вратам.
    еднас на 2-3 месеци одам(т.с одиме со сопругот и неговата картица) во аутлет центар каде има роба од светски марки по прифатливи цени. имам парЧиња од армани, калвин клеин, ралпх лореин.. не од комплекс туку оти премногу ми се допагале а биле достапни
    никогас не сум се задолзила/позајмила за да имам некое парЧе ниту сум отисла минус. купувам оти мозам да си дозволам.
    а ако не мозам да си дозволам, не се ставам свесно во таква ситуација или го земам сопругот со мене :rofl: .
    во однос на саат, тел, комп.... купувам најдоброто и тоа сто највеке ми се допага или никакво.
    ако немам у моментот нема нисто да користам, нема на рати да земам и секако нема да се заборЧам.
    ке поЧекам погоден момент, ама кога ке го купам ке биде она вистинското.
     
  17. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Да се разбереме,за да се биде купохоличарка во вистинска смисла за зборот треба да се има доста кеш.А инаку кој од нас не се радува кога ќе си купи нешто ново или пак кој од нас не сака да си купува нови работи од гардероба.
    На мене лично одењето на шопинг ми е повеќе замор и нервоза,оти тоа што го барам по некое правило никогаш не можам да го најдам.Додека пак некогаш кога сум излезена онака на прошетка ќе здогледам нешто убаво и ако имам пари во мене ќе си го купам.
     
  18. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Спред мене тие што кај нас викаат дека се купохоличарки, не се. Сите претходно спомнавте дека за тоа треба да се има многу пари и да не се гледа цена, туку го гледаш парчето во излог влегуваш и купуваш. Филмот го гледав и највеќе ме нервираше девојката кога викаше ,, Не ми треба ова парче, ама ќе го купам,,. Неконторлирано купување, секој ден и на секое можно излегување е болна работа. Ќе работат мама и тато за јас да беснеам и да си ја прчам? Крајно глупаво изгледа.
     
  19. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Не спаѓам во купохоличарите. Ни делумно.
    За мене тоа е лигавење и ништо друго. Трошење пари постојано, на непотребни работи. (најчесто)
    Многу убаво се чувствувам кога ќе си купам нешто ново, незаменливо е чувството после враќањето од шопинг со полни раце, но во се треба да се има мерка. Знам кога е доста, што ми е потребно за да купам.
    Таквите непотребни луксузирања не ги оправдувам, затоа што е крајно неблагодарно.
    Не дека јас немам купено нешто непотребно, само затоа што во тој момент така ми текнало, ама си знам до каде ми е границата.
     
  20. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.012
    Пол:
    Женски
    Баш синоќа гледав една емисија за еден маж- купохоличар.
    Човеков си пати од депресија има огромна куќа, секој ден купува, купува и купува. Во емисијава му снимаа низ дома и на една полица можеби имаше три исти сувенири, четири свеќи, и што уште не.
    Во друга просторија имаше можеби десетина кутии неотворени-последица од неговата болест.
    Во друга соба можеби имаше 20 куфери и незнам колку торбици кои што за еден човек се премногу и изјави дека бил во план да купи уште еден куфер од Луј Витон (најновиот).
    Влегува човеков во супермаркет и зема 10 четки за заби, 10 пакетчиња мастики, 10 шампони.

    На крајот кажаа дека имаш 16 кредитни картички и во банка бил задолжен околи 100.000 долари.

    Значи ова што го имаа напишано неколку феминки дека се купохоличарки нема врска со вистинската смисла на зборот. Купохоличарите се луѓе кои имаат психичко растројство и шопингот го користат како терапија.